Apple вчера пушти нови верзии од нивните оперативни системи, па достапни се iOS 16.3, iPadOS 16.3, macOS 13.2, како и watchOS 9.3. Како што би претпоставиле, ова се мали надградби и не донесуваат скоро ништо ново, па во главно се работи за мали исправки на грешки, како и безбедносни подобрувања. Тоа што сепак е големо како новина, а минатиот месец им беше пуштено на корисниците во САД, е функцијата Advanced Date Protection. За оваа функција ...

Microsoft се едни од најголемите инвеститори во OpenAI компанијата која првично стана позната поради нејзиниот ко-основач Елон Маск, а при крајот на минатата година со пуштањето на јавната верзија од ChatGPT, нешто за кое нема кој не прочитал. Од компанијата веќе имаат инвестирано во 2019 и 2021 година, а сега најавуваат продолжување, односно ја најавуваат третата фаза на инвестиции кои ќе бидат долгорочни. Со ова станува јасно дека од Microsoft ...

Google се приклучува на неколку други големи ИТ компании во САД кои почетокот на годината решија да го започнат со намалување на бројот на вработени. Во случајот на оваа компанија се работи за 12.000 работни места, кои според информациите треба веднаш да почнат да бидат отпуштани во САД. Во остатокот од светот, процесот ќе потрае нешто подолго, а тоа ќе зависи од процедурите и законите кои ги има секоја посебна земја за вакви ситуации. Google се ...

WhatsApp апликацијата, која сепак кај нас е под Viber по популарност, доби една мала, но за доста корисници корисна новина. Корисниците на WhatsApp сега ќе можат да започнат разговор со самите себе, па на тој начин да си испраќат одредени пораки со цел истите да им се достапни на други уреди. Ова е нешто што корисниците обично го практикуваат кога сакаат да си испратат некој линк за да го отворат на друг уред или кога сакаат да си остават некоја ...

iPad Pro може да се каже дека се едни од подобро дизајнираните таблет компјутери на пазарот, а со вклучувањето на М серијата на чипови од Apple, тие се можеби и најдобри кога се во прашање перформансите. Сепак, дизајнот на iPad Pro не е променет веќе неколку години, што значи дека време е да се очекува нешто на тој план од Apple. Според Марк Гурман од Bloomberg, кој е еден од најмеродавните за вакви информации, промена во дизајнот не треба да се ...

Windows 10 беше претставен во 2015 година, а официјалната поддршка ќе му заврши за две години, односно до крајот на 2025. Овој оперативен систем доби доста голема популарност и ги исправи повеќето од забелешките кои корисниците ги имаа за не толку добриот Windows 8. Крајот на Windows 10 полека почнува уште од оваа година, а тоа не треба да чуди со оглед на тоа што од Microsoft своите ресурси ги насочуваат кон Windows 11, кој според нас е доста ...

Концептот којшто Samsung го користи уште од самиот почеток, односно од првата верзија на Galaxy Z Fold серијата, е екран кој се преклопува на едната страна, но не може на другата. Со тоа се добива уред кој се затвора како книга, но екранот не може да се преклопи до 360 степени. Ваквиот концепт вклучува потреба од втор екран, како што е случајот со Galaxy Z Fold, за да корисниците имаат можност да го користат уредот затворен, во тој случај како ...

Скопје, 20 јануари 2023 – Samsung Electronics го претстави својот најнов сензор за слика ISOCELL HP2 200 мегапиксели (MP), со напредна технологија за пиксели и висок капацитет за неверојатни слики на идните врвни паметни телефони. „Samsung ISOCELL HP2 ги користи технологиите на Samsung за сензори за слика со висока резолуција и најсовремените знаења за најдобрите детали“, изјави Јунсо Џим, извршен потпретседател на деловниот тим за сензори во ...

Дојче Телеком за прв пат стана највредниот бренд во Европа. Во севкупното рангирање на студијата „Brand Finance Global 500“, објавена на 18 јануари, 2023, експертите ја ставија Групацијата на силното единаесетто место во светот. Тоа значи искачување за шест места во однос на претходната година. Според истражувањето ДТ групацијата е на второто место меѓу глобалните телекомуникациски компании – зад Verizon и далеку пред AT&T и Orange. Телеком ...

Податоците на Аналитика покажуваат дека преваленцата на пушење во земјата изнесува 48,4%. За споредба во европските земји, преваленцата на пушење е далеку пониска – ЕУ просекот е 29%. Во Шведска таа изнесува 8.7 %, во Грција и Бугарија 27%. Аналитика тинк-тенк заедно со Универзитетот Илиноис од Чикаго во 2020 годинa спроведе големо регионално истражување за употребата на тутун во земјата и регионот. Ова е една од првите студии во Северна ...

Ниските температури Ве спречуваат да бидете активни? Потрагата по одличен статичен велосипед во кој може да уживате од удобноста на Вашиот дом, може да заврши. Веќе богатиот каталог на фитнес уреди во Смартус, се збогатува со новиот статичен велосипед Yesoul S3. Bluetooth поврзувањето, магнетниот отпор, можностите за прилагодување, како и впечатливиот, модерен дизајн, се само некои во низата карактеристики. Возењето е секогаш тивко и непречено и ...

При крајот на вчерашниот ден излегоа гласини дека Microsoft се подготвува за големо отпуштање на вработени. Директорот на компанијата, Сатја Надела, ја потврди оваа одлука денеска и најави дека ќе бидат отпуштени 10.000 вработени. Ова е едно од поголемите отпуштања во компанијата, а станува и очекувано кај големите ИТ компании поради кризата во која се наоѓа светот. Објаснувањето за отпуштањата е прилагодување на трошоците во време на намалени ...

Mozilla оваа недела ја пушти 109тата верзија од нивниот Firefox интернет прелистувач. Една од главните новини кај оваа верзија е поврзана со системот за додатоци, иако тоа не е нешто што повеќето од корисниците ќе можат баш да го забележат. Првата новина поврзана со додатоците ќе им направи разлика на корисниците, барем на дел од нив. Firefox добива ново копче за додатоците на главната лента. Вакво копче веќе одамна има на Chrome и Edge, па на ...

Скопје, 18. јануари 2023 – Мобилните уреди секоја година стануваат сè помалку фокусирани на продолжување на нашите технолошки навики, а се повеќе и повеќе на суштината на тие навики, како клучни уреди на кои луѓето се потпираат за да направат повеќе. Ние создаваме и користиме содржина што нè поврзува, инспирира или едноставно нè забавува. Остануваме нурнати во светот на играта дури и кога сме во движење. Одржуваме контакт со колегите и ги ...

Apple денеска ги претстави M2 Pro и M2 Max чиповите, кои фановите со нетрпение ги чекаа. Заедно со овие чипови, како и обично, од компанијата претставија и компјутери кои доаѓаат со новите чипови. Mac mini доби надградба на M2, а за првпат доби и посилна M2 Pro верзија. Вистинските претставници на новите чипови се сепак новите MacBook Pro модели кои доаѓаат со M2 Pro и со M2 Max чиповите. Надградбата ја добиваат 14 и 16 инчните верзии, односно ...

Нешто што го чекавме уште кога беше претставен M2 чипот, сега конечно доаѓа на пазарот од страна на Apple. Нова генерација од Mac mini која е посилна, а овој пат со дополнителна верзија која е наменета за корисниците на кои им е потребна поголема моќ при работата. Mac mini сега доаѓа со избор од M2 и М2 Pro чиповите, што значи дека на корисниците ќе овозможи одлично десктоп искуство со одлични перформанси, а посебно за малото пакување ...

Иако имаше најави, може слободно да се каже дека до некаде изненадно, Apple ги претстави Pro и Max верзиите од нивниот M2 чип, кои сепак ги очекувавме на крајот од минатата година. Со овие нови чипови Apple ги претстави и Mac mini со М2 и M2 Pro, како и MacBook Pro 14 и 16 инчи со M2 Pro и М2 Max. Овие чипови исто така се направени во 5nm технологија, односно нејзината втора генерација како што е случајот со M2 чипот. Тоа значи дека поголемите ...

Најновата верзија од Netflix на iOS донесува целосен редизајн на апликацијата за кој може да се каже дека изгледа одлично. Тука придонесуваат и одличните нови анимации кои се прикажуваат при работата со апликацијата, како и боите кои се прелеваат и прилагодуваат соодветно на боите кои се моментално на сликите од филмовите и сериите. Главната разлика се забележува на почетната страна од апликацијата, каде сега со големи букви е прикажано името на ...

Microsoft го најави нивниот нов Azure OpenAI сервис, преку кој на корисниците ќе им овозможат пристап до алатките кои ги развива познатата OpenAI компанија. Иако за оваа компанија може да се прочита со години, Елон Маск е еден од основачите, таа сепак стана доста популарна изминатите години со пуштањето на најновата и јавна верзија од ChatGPT. На корисниците ќе им бидат достапни алатки како GPT-3.5, Codex, DALL-E 2 и слични, кои се едни од ...

Google работи на развој на сопствен паметен „таг“ за следење на работите, како што се на пример клучевите, ранците, а некои корисници ги ставаат дури и на нивните миленичиња. Интересно, според изворот на информацијата, Twitter корисникот Kuba Wojciechowski, кодното име на уредот којшто е во развој е „grogu“. Ова е името на бебето Јода, односно baby Yoda од познатата серија The Mandalorian која во нашата земја може да се гледа преку Disney+ ...

Galaxy Z Fold серијата на Samsung е една од најдобрите на пазарот, а очекуваме дека времето на овој телефон тек ќе дојде во годините што следат. Потребен е уште мал напредок на технологијата за дополнително намалување на дебелината на ваквите уреди, па нема да биде мала бројката на корисници кои би сакале да во џебот носат смартфон кој лесно се претвора во мал таблет. Една маана која ја има Galaxy Z Fold4, која со најновата верзија е прилично ...

Не би била интересна било која информација за тоа кој телефон го користи Бил Гејтс, односно да се работеше за iPhone или били кој друг стандарден смартфон. Телефонот што го користи Гејтс е еден од најдобрите на пазарот, а на корисниците им овозможува да завршат нешто повеќе работа од класичен смартфон. Телефонот којшто го користи Гејс е Galaxy Z Fold4, истиот му го има дадено претседателот на одборот на директори на Samsung, како замена за ...

Марк Гурман, стандардно со неговите информации и предвидувања, сега најавува дека Apple работи на сопствен дизајн за MicroLED екран. Овој вид на екрани се сметаат за можеби и најдобри, овозможувајќи доста подобра светлина, бои и агли на гледање, заедно со одличниот контраст кој обично се асоцира со OLED. Според Гурман, Apple целосно ќе го дизајнира овој екран, исто како и нивните чипови, а со тоа ќе престане да зависи од нивните конкуренти за ...

Microsoft минатата година најави дека неколку апликации од Apple ќе станат достапни на Windows, па еве сега ги гледаме првите тест верзии од тие апликации. Достапни се Apple Music, Apple TV и Apple Devices, но за почеток само за корисниците во САД. Кога ќе бидат пуштени официјалните, односно финалните верзии од апликациите, истите треба да им станат достапни на сите корисници. Од трите апликации, Apple TV не е важна за нашата земја затоа што ...

Скопје, 12. јануари 2023 – Денес, Samsung Electronics Co., Ltd. воведе нови верзии на софтвер за слушалките Galaxy Buds2 Pro и серијата Galaxy Watch кои го подобруваат искуството со содржина за корисниците на Galaxy уредите каде и да се. Паметните телефони Samsung Galaxy одамна го нудат најдоброто искуство со фотографии и видео, овозможувајќи им на корисниците да создаваат, снимаат и да ги споделуваат нивните најдобри моменти. Сега, кога е ...

Microsoft ја започнува новата година со претставување на нова претплата, односно нов пакет кај нивниот Microsoft 365 сервис, поранешен Office 365. Новиот пакет е наречен Microsoft 365 Basic и во основа го менува досегашниот пакет кој вклучуваше само простор на OneDrive. Microsoft 365 Basic доаѓа со цена од само 1,99 долари, односно 19 долари годишно и вклучува 100GB простор на OneDrive, како и пристап до Outlook.com сервисот без реклами. ...

Марк Гурман од Bloomgerg, кој ретко кога има згрешено со некоја од информациите, најавува можност Apple да претстави Mac компјутер со екран на допир. Ова би било промена на досегашниот цврст став на компанијата дека компјутерите не треба да имаат екран на допир и дека тие тоа не планираат да го воведат. Компјутерот кој наводно би бил првиот Mac со екран на допир е MacBook Pro во 2025 година, а овој компјутер треба да дојде и со OLED екран. ...

Извори во Microsoft на Windows Central, најавуваат промена во стилот на третата верзија од Surface Duo уредот со двоен екран. Нема информации дека двете верзии од овој уред се покажаа нешто посебно популарни, па од компанијата иако веќе го имаат завршено дизајнот на Surface Duo 3, плановите за негово пуштање биле откажани. Новите планови на Microsoft вклучуваат уред со екран кој се превиткува, односно нешто како Galaxy Z Fold серијата, наводно. ...

Twitter, почнувајќи прво со својата iOS верзија од апликацијата, воведе нов начин за префрлување од стандардното прикажување на објавите или само од сметките кои корисикот ги следи. Ова досега беше достапно, но потребни беа неколку кликови, а и копчето не може да се каже дека беше баш лесно видливо. Промената на листата со објави сега се прави преку два нови таба, кои покрај со притискање, може да се променат и со повлекување лево или десно. Ова ...

СКОПЈЕ, 11.01.2023: Годинава по втор пат се организира изборот за најдобрите во е-трговијата “Ecommerce Awards 2022” преку кој ќе бидат наградени и препознаени најдобрите македонски е-трговци за 2022 година. Покрај препознавање на успешната работа на е-трговците, целта на овој избор е поттикнување и унапредување на растот и развојот на македонската е-трговија во целина. Најдобрите е-трговци за 2022 година ќе се одбираат во 23 категории поделени ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.25
60%
1018
weather icon

Белград

7ᴼ / 7ᴼ
0.63
75%
1019
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
0.71
61%
1019
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.48
91%
1018
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
1.19
68%
1017
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 7ᴼ
0.35
82%
1018
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
1.34
67%
1013
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.97
81%
1014
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
4.01
64%
1017
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
0.89
66%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
0.45
73%
1017
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.68
71%
1016
Currency

61.535

Currency

54.9881

Currency

73.0477

Currency

35.306

Currency

39.6877

Currency

65.6796

Currency

7.69221

Currency

0.68415

Currency

0.37503

Currency

0.52503

Currency

1.42807

Currency

0.6539

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.47

Кобалт

42.99

Никел

15680.00

Рутениум

19869.16

Калај

32.75

Сребро

1050.28

Злато

104174.99

Бакар

9.39

Паладиум

30060.95

Платина

31335.09

Родиум

172810.26

Цинк

2.69