Скопје, 09.03.2023 – Ниту една технолошка револуција не донесе толку неочекувано брзи и радикални транзиции, како што тоа го направи дигитализацијата. Тоа суштински ги промени нашите животи, нашите преференци, нашите навики, а исто така и нашите можности. Дигитализацијата продолжува да се развива брзо, а веќе можеме да заклучиме и предвидиме како таа ќе ја обликува иднината на сите нас. The Digital Global Overview report за 2023 година покажува ...

Живот во Македонија со американски плати, токму ова им се случува на 100-на млади лица кои работат за американскиот пазар, а живеат во Македонија. Предноста е во тоа што не ја напуштаат татковината, а компанијата во која работат нуди високи плати примамливи за наши услови. Станува збор за македонската компанија Пантелеон ГС која работи како поддршка на компаниите на американскиот пазар. Работните процеси се прилагодени на американските ...

Поминаа нешто повеќе од месец дена од пуштањето на новиот Bing, како што го нарекуваат од Microsoft, па сега од компанијата споделија и неколку позитивни за нив статистики. Иако Bing се’ уште е многу далеку од приближување до Google Search, сепак бројките одат во позитивен правец. За првпат пребарувачот од Microsoft ја поминува бројката од 100 милиони дневни активни корисници, но од компанијата признаваат дека тие сепак уште се мал играч на ...

Јасно беше дека ова ќе се случи, па еве го и првиот смартфон кој доаѓа со функција слична на таа кај iPhone 14 Pro наречена Dynamic Island. Realme C55 телефонот кој е претставен во Индонезија, доаѓа со Mini Capsule, односно функција која овозможува прикажување на информации околу дупката за камерата заедно со интересни анимации. Нема да навлегуваме во тоа дали треба да се копираат вакви функции, на крајот корисниците се тука да изберат кој ...

Бета верзијата од WhatsApp на iOS открива нова функција која ќе стане дел од оваа апликација. Наречена „Expiring Groups“, како што може да се заклучи од самото име, ќе овозможи ставање на рок на траење на групните разговори. Рокот може да биде поставен на еден ден, една недела или корисникот сам да ја избере датата. Достапна е и можноста да се тргне рокот, доколку групата продолжи да е важна за корисникот. Од тоа што може да се види, ...

Според извештајот од компанијата Counterpoint Research, iPhone 13 е најпродаваниот смартфон во светот за 2022 година. Овој телефон држи 5% од светскиот пазар, а исто така претставува 28% од продажбите на iPhone. iPhone 13 го има првото место во светот од јануари до август минатата година, по што паѓа на второто место во септември, па го држи четвртото место до крајот на годината. Тоа што е посебно интересно е што повеќето места на топ 10 листата ...

Windows 11 минатиот месец доби поголема надградба, односно надградба која донесува неколку нови функции и не е пуштена само за исправка на грешки и безбедносни проблеми. Главните новини кои се дел од оваа надградба ги вклучуваат новиот Bing, нова форма на полето за пребарување на „таскбарот“, можност за снимање на екранот преку Snipping Tool, а најавено беше и работењето на Phone Link апликацијата со iPhone. Корисниците можеа да ја инсталираат ...

Поминаа доста години, поточно 9, од кога Facebook одлучи дека за разговори корисниците треба да ја користат посебната Facebook Messenger апликација. После неколку години на постоење на апликацијата, од компанијата го тргнаа делот со пораки од Facebook, па корисниците мораа да ја инсталираат Messenger. Оваа одлука беше донесена во 2014, а сериозноста на Facebook можеше да се види и две години подоцна кога го тргна пристапот до пораките и од ...

Google официјално ја закажа нивната конференција за програмерите, познатата Google I/O. Ова е местото од каде што Google ги претставуваат и најавуваат најважните работи поврзани со нивната работа. Оваа година може да се очекува и голем дел поврзан со вештачката интелигенција, поточно јазичните модели кои наеднаш станаа многу популарни и интегрирани во скоро се. Google го претстави својот конкурент на GPT моделот од OpenAI, кој на големо се ...

Microsoft Outlook десктоп апликацијата, која е една од најмногу користените апликации за „имејл“ пораки, а посебно од страна на бизнисите, отсега за корисниците на Mac е достапна бесплатно. Ова значи дека корисниците веќе не треба да имаат Microsoft 365 претплата за да можат да ја користат оваа апликација, а истата на Windows се’ уште доаѓа како дел од овој платен пакет. Преку Outlook апликацијата корисниците можат да ги поврзат било кои од ...

Почнувајќи од 6ти идниот месец, односно април, на корисниците веќе нема да им го попречуваат гледањето на видеата на YouTube рекламите кои се прикажуваат во форма на лента во долниот дел од видеото. Овој видео формат, кој беше достапен само на десктоп верзијата од YouTube, ќе биде тргнат од мрежата, а акцентот ќе биде ставен повеќе на другите формати на реклами. Ова од една страна е добра вест за корисниците, кои веќе нема да бидат попречувани ...

Microsoft во Windows Insider, програмата за тестирање на нови функции во Windows, додаде уште еден канал. Сега програмата има четири канали, а новиот е наречен „Canary“. Ова име се користи и кај интернет прелистувачите, па не треба да се измеша, односно само името е исто, а останатите работи имаат разлики. Една од главните разлики е тоа што Microsoft не планира да пушта нова верзија секој ден од Windows Canary верзијата. По најавата на Canary ...

Почнувајќи од денес, па се до 25 март, сите корисници на Google, ќе го добијат редизајнот на веб апликациите Google Drive, Google Docs, Google Sheets и Google Slides. Овие апликации сега ќе бидат направени според правилата на Material дизајнот од компанијата, па дефинитивно може да кажеме дека ќе изгледаат доста подобро од сегашниот веќе застарен изглед. Со овој редизајн исто така повеќето апликации од компанијата, поточно од Google Workspace ...

За време на MWC 2023 саемот за технологија, основачот и директор на Nothing заедно со директори од Qualcomm, го најавија претставувањето на Phone (2) за подоцна оваа година. Со најавата беше истакнато дека втората генерација од телефонот од ко-основачот на OnePlus ќе работи на чип од Snapdragon 8 серијата, за разлика од ланскиот кој работеше на Snapdragon 778G+. Со оваа промена во класата на чипот, Nothing Phone (2) треба да има доста подобри ...

Минатата година Apple конечно воведе една функција која Android корисниците ја имаат со години. Истата наводно зависела од користење на LPTO екран кај iPhone, кој овозможува прилагодлива стапка на освежување од 1 до 120 херци. Се работи за „always-on“ екранот, кој како што сигурно ви е познато, продолжува да прикажува одредени информации по заклучувањето и исклучувањето на екранот. Оваа нова функција беше достапна само кај Pro моделите, па ...

Македонски Телеком продолжува со интензивно ширење на оптичката мрежа насекаде низ Македонија. Во делови од Скопје (Аеродром) услугите веќе се исклучиво на оптика, а старата технологија на бакар е демонтирана. Оваа година се планира масовно мигрирање на корисниците од бакар на оптика во поголемиот дел од главниот град, како и во сите делови на државата каде што има оптичко покривање. Македонски Телеком ја има најголемата оптичка мрежа во ...

Планот на Apple, кој уште е неофицијален, да идната година го премести Face ID сензорот под екранот, според информациите од The Elec, останува и нема некои проблеми поради кои би бил одложен. Планот првично го објави Рос Јанг минатата година, а тој досега барем точно се остварува. Според овој план, iPhone 14 Pro требаше да има два исечоци, односно едниот за Face ID во форма на „апче“ и уште еден за камерата, во форма на мала „дупка“. Ова така и ...

Оваа година, а и годините што следат, се очекува дека ќе донесат повеќе компании на пазарот на очила и уреди за проширена и виртуелна реалност. За Apple веќе одреден период читаме дека работат на вакви очила, а наводно истите конечно ќе ги видиме овој јуни, а пуштен во јавноста беше и планот на Meta за неколку видови на вакви очила во годините што следат. Според регистрација во САД, поточно во канцеларијата за патенти и трговски марки, Samsung ...

Во декември минатата година, кога уште чекавме да видиме дали Galaxy S23 дефинитивно ќе работи на Snapdragon 8 Gen 2, можевме да прочитаме дека Samsung планира да развие сопствен чип за телефоните во иднина. Со оглед на тоа што од компанијата веќе имаат сопствен чип, Exynos, се мисли на нов чип развиен од делот од Samsung кој е задолжен за развојот на смартфоните. Информацијата тогаш беше пуштена од The Elec, а сега истата повторно излегува во ...

Главниот извор на сигурни информации поврзани со Apple, Марк Гурман од Bloomberg, ги објави неговите најнови, поврзани со неколку Mac компјутери кои треба да бидат претставени оваа година. Два нови компјутери може да се каже дека ќе го привлечат главното внимание, а во главно поради тоа што одамна не се надградени. Првиот е одличниот „се-во-едно“ компјутер од Apple, iMac, кој последен пат беше надграден во 2021 година со М1 чипот. Штета што беше ...

Повеќе од една третина од панелите ќе бидат посветени на целиот регион и на предизвиците со кои се соочуваат државите од Западен Балкан, со учество на реномирани експерти и еминентни имиња од регионалната економска и политичка сцена. Централната тема на форумот ќе биде Отпорноста на економијата во неизвесни времиња – Клучни предизвици за Србија и Западен Балкан, за што во текот на 4 дена ќе зборуваат скоро 200 панелисти, претставници на ...

Меѓународниот Аеродром Скопје повторно ја доби Наградата за квалитет на аеродромски услуги (Airport Service Quality Award),овој пат за изминатата 2022 година, од страна на Меѓународниот совет на аеродроми (Airports Council International World), известуваат од ТАВ Македонија. Реномираната организација, со седиште во Монтреал, Канада, денеска, 6-ти март 2023 година, ги објави аеродромите добитници од сите континенти, региони и држави на светско ...

Преку тест верзијата од Microsoft Edge, поточно „canary“ верзијата, Microsoft тестира нова функција која треба да го подобри изгледот на видеата со лоша, односно слаба резолуција. Според компанијата, едно од три видеа кои се гледаат преку Edge се со резолуција од 480p или пониска. Продолжуваат да ги истакнуваат причините за ова, но на крајот не е ни важно. Новата Video Super Resolution функција треба да го реши овој проблем, па ваквите видеа да ...

Тест верзиите од Windows, а посебно тие од „dev“ каналот, се одличен начин да се види што подготвуваат од Microsoft за некоја од идните верзии на овој систем. Најновата dev верзија од Windows 11 е 25309, а покрај неколку новини кои се дел од неа, донесува и нов „volume mixer“. Оваа новина донесува доста добро унапредување на овој дел од „Quick Settings“, кој е замислен да корисниците имаат пристап до одредени прилагодувња, без потреба од ...

Еден од најпознатите „шпекуланти“ кога е во прашање мобилната индустрија, а посебно Apple, Минг-Чи Куо, излезе со информација дека Apple се имаат премислено за откажување на SE серијата на iPhone. Куо оваа информација ја даде на почетокот од годината, но сега има нови информации. Според него, iPhone SE 4 може да се очекува идната година, а овој модел овој пат ќе биде подобар од претходните. Во основа тој најавува дека се работи за изменета ...

Наредната генерација од Galaxy Watch може да се очекува дека ќе има нешто подобра издржливост на батеријата, односно истата ќе може да трае нешто повеќе со едно полнење. Овие очекувања се врз основа на неофицијалните информации дека Samsung планира да вгради поголеми батерии кај новите часовници, кои сепак не се толку поголеми за да овозможат денови повеќе при користењето. Според информациите, батеријата кај поголемиот 44 инчен модел треба да ...

Google Phone е одлична алтернатива на апликацијата за правење повици, односно на делот од телефонот кој се користи за најстарата функцијата кај овие уреди. Корисниците кои сакаат малку да го изменат своето искуство, наместо вградената апликација од производителот на телефонот, можат да користат други апликации, а Google Phone е можеби и една од најдобрите. Најновата верзија од Google Phone донесува мал редизајн, доволен за да се каже дека го ...

Познатиот интернет пребарувач DuckDuckGo, кој сака да му конкурира на Google преку ветување за многу поголема приватност за корисниците, од минатата година почна да развива прелистувачи за десктоп компјутерите. Мобилните апликации веќе се достапни, а на десктоп корисниците може да го инсталираат DuckDuckGo додатокот кој овозможува заштита од „тракери“ и слично. Од компанијата најавата дека работат на десктоп прелистувачи ја објавија при крајот ...

Новиот Bing, помогнат од вештачката интелигенција, поточно алатките на Microsoft и OpenAI, функционира веќе неколку недели. Корисниците можат да скратат доста време на истражување и Bing да го најде одговорот кој го бараат, сумиран од повеќе извори. Тука се и алатките за креирање на содржина, а ги гледаме само почетоците на нешто што ќе стане нормален дел од технологијата. Поради појава на одредени проблеми при разговорите со Bing, поточно тие ...

Motorola продолжува со развојот на еден од своите најпознати модели на смартфони, RAZR. Нова верзија од овој телефон кој се преклопува по ширината на екранот, како стариот и познат RAZR, ќе видиме и оваа година. Информацијата доаѓа директно од директорот на Lenovo, во чија сопственост е брендот Motorola изминатите години. Тој не открива многу информации, па покрај тоа што новиот RAZR може да се очекуван наскоро, Јуанкинг Јанг додава и дека оваа ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
2.35
56%
1013
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
3.54
45%
1016
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.42
49%
1016
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
2.61
67%
1014
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
3.41
59%
1015
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 17ᴼ
1.05
49%
1016
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
3.13
80%
1012
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.77
75%
1012
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
0.71
72%
1012
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 14ᴼ
1.34
43%
1015
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
1.34
46%
1016
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
5.85
55%
1015
Currency

61.535

Currency

55.5002

Currency

73.0477

Currency

35.306

Currency

39.6877

Currency

65.6796

Currency

7.69221

Currency

0.68415

Currency

0.37503

Currency

0.52503

Currency

1.42807

Currency

0.6539

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.47

Кобалт

42.99

Никел

15680.00

Рутениум

19869.16

Калај

32.75

Сребро

1050.28

Злато

104174.99

Бакар

9.39

Паладиум

30060.95

Платина

31335.09

Родиум

172810.26

Цинк

2.69