
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



После месеци на поминати во очекување на овој настан, како и стандардните неофицијални информации, конечно дојде и денот кога ќе ги видиме новите телефони од Galaxy S23 серијата. Можевме доста да прочитаме за овие телефони, а како главно очекување е потврдата дека и во Европа, односно нашата земја, ќе се користи Snapdragon 8 Gen 2 чипот, нешто што ќе направи голема разлика во оценките на телефоните и нивната популарност. Настанот може да го ...
1 февруари 2023 – Членките на ЦЕФТА започнуваат со примена на преодните правила за преференцијално потекло на стоките, заедно со правилата на Пан-евро-медитеранската (ПЕМ) конвенција. Додека се чека на ревизијата на ПЕМ конвенцијата, повеќето договорни страни, вклучително и ЦЕФТА страните, ЕУ и ЕФТА, одлучија да им дозволат на компаниите да ги користат модернизираните и поедноставените правила за потекло и започнаа со примена на преодните ...
Една од најпознатите Linux дистрибуции, која е направена на основа на Debian, е познатата Ubuntu. Оваа верзија од Linux со години е одлична алтернатива за корисниците кои не сакаат да го користат Windows, па дури ни macOS. Покрај како алтернатива за корисниците, Ubuntu веќе одамна е главниот избор на голем број компании, а посебно тие кои работат со сервери, апликации, програмирање и слично. Пуштена минатиот октомври во бета верзија, Ubuntu оваа ...
Дека познатиот кинески бренд OnePlus ќе влезе на пазарот на уреди кои се преклопуваат, може да се смета како повеќе од сигурно. Покрај тоа што вакви уреди веќе неколку пати се претставени од компанијата мајка Oppo, директорот на OnePlus прикажа мал уред кој наликува на механизам за уреди на преклоп. Според ново регистрирани имиња во кинеското регулаторно тело за интелектуална сопственост CNIPA – China National Intellectual Property ...
Samsung утре ќе го одржи нивниот Galaxy Unpacked настан на кој ќе бидат претставени неколку нови производи, меѓу кои главни ќе бидат уредите од Galaxy S23 серијата. Настанот се одржува со присуство во живо, првпат после 2019, а ќе се одржи на истото место како тогаш, во Сан Франциско. По македонско време настанот ќе започне во 19:00 часот, а ќе може да се следи во живо како и секогаш преку страната на Samsung, односно преку нивниот YouTube ...
Huawei, водечкиот светски производител на паметни уреди за носење, го претстави Smartwatch Market Insight Report – извештај заснован на интерно истражување и партнерства со реномирани агенции како што се Ipsos Poland, Pollster и GfK. Извештајот дава длабинска анализа на однесувањето на потрошувачите во контекст на паметните часовници. Паметните часовници се издржливи, мобилни и лесни за користење, а тоа се покажува како клучно за ...
Сојузот на средношколци апелира што побрзо да се реши проблемот во Математичко информатичката гимназија бидејќи апсурдно е учениците од оваа гимназија да имаат по само еден до два часа дневно. Непречениот образовен процес е уставно и законско право на секој ученик и државата истото мора да го почитува и запазува. Недозволиво е поради неможноста МОН и Министерството за финансии да најдат заедничко решение учениците да немаат настава за 8 стручни ...
Уште од излегувањето на првите информации дека оваа година Galaxy S23 серијата ќе работи на Snapdragon 8 Gen 2 во целиот свет, можеше да се прочита дека тоа нема да биде единствената новина. Наводно, Samsung и Qualcomm имаат договорено соработка која ќе резултира со посебна и посилна варијанта од чипот ексклузивно за телефоните од Samsung. Сега, неофицијално објавена слика прикажува дека гласините се изгледа точни, а чипот ќе има и посебен ...
После достапност во тест верзиите од Windows 11, сега сите корисници можат да го прошират „widgets“ делот да се прикажува на целиот екран. Интересно, ова не личи како некоја голема промена, а Microsoft ја прикажува на слики уште пред официјалното пуштање на Windows 11, па дури сега после година и пол, оваа можност им станува достапна на сите корисници. За да се прикажат виџетите на целиот екран достапно е ново копче поставено на горниот дел, до ...
Остануваат уште само два дена до претставувањето на Galaxy S23 серијата, претставување кое треба да привлече поголемо внимание од обично. Како и секоја година, новата Galaxy S серија доаѓа со понова верзија од оперативниот систем One UI, а сега ги имаме и новините кои се дел од One UI 5.1. Како што би се очекувало, промените не се нешто големи, односно во главно донесуваат одредени исправки или подобрувања на достапните функции. Со надградба, ...
Познатиот аналитичар Минг-Чи Куо, кој најчесто може да му се верува на предвидувањата, најавува дека Apple идната година ќе претстави iPad со екран на преклоп. Овој iPad би претставувал влез на компанијата на пазарот на уреди со екрани кои се превиткуваат, а при крајот на минатата година можевме да прочитаме дека Apple планира вакво нешто пред истата технологија да ја примени кај iPhone. Куо не е првиот кој овој iPad го најавува за идната ...
Познатиот Ice universe излезе со информација дека основниот Galaxy S23, поточно првиот и најевтин модел, ќе дојде со побавен простор за податоци. Според него, чипот со капацитет од 128GB ќе биде направен на основа на UFS 3.1 стандардот, но не новиот UFS 4.0 кој треба да е дупло побрз, но и поефикасен во потрошувачката на батеријата. Причината за ова е фактот што Samsung нема верзија со 128GB од нивните чипови кои ги прави на основа на новиот UFS ...
Во периодот што следи, Microsoft ќе започне со постепена надградба на компјутерите кои уште работат на првата верзија од Windows 11, односно верзијата 21H2. Надградбата на компјутерите ќе биде автоматска и се однесува на Windows 11 Home и Pro верзиите, но не и на компјутерите кои се менаџирани во компаниите. Ова значи дека корисниците кои уште ја немаат инсталирано ланската и најнова верзија од Windows 11, односно 22H2, тоа за нив автоматски ќе ...
Скопје, 27.01.2023 — Дигиталната трансформација постојано создава нови трендови, од начинот на кој ги примаме информациите, стекнуваме нови вештини, комуницираме, ги организираме нашите дневни состаноци, до тоа како го поминуваме слободното време. Без разлика дали се работи за интеракција, едукација, транспорт или забава, дигиталните услуги, апликациите и платформите се дел од нашите животи. Според најновата анкета на Visa „Нови дигитални ...
Microsoft работи на редизајн на нивниот Edge прелистувач со цел да тој повеќе се разликува од останатите, а посебно од другите Chromium прелистувачи. Оваа информација е неофицијална и наводно работата на редизајнот внатре во компанијата го има кодното име Phoenix. Редизајнот вклучува повеќе елементи направени во стилот на Windows 11, како и поголема интеграција со овој оперативен систем. Дополнително, планирани се заоблени табови, како и можност ...
За некои непотребна функција, но за други еден од најголемите недостатоци на Windows одамна, е можноста лесно да се сними екранот. Корисниците обично мора да бараат апликација за оваа намента, а Xbox Game Bar апликацијата која ја има оваа можност, не може да се користи за снимање на било што, туку само одредени апликации. Ова е нешто што macOS одамна го има и со едно притискање на кратенка на тастатурата, веднаш може да се започне со снимање на ...
Две години по суспендирањето на профилите на Доналд Трамп на двете друштвени мрежи од Meta, Facebook и Instagram, од компанијата донесоа одлука да ги тргнат суспензиите и да ги вратат профилите да бидат јавно достапни. Оваа одлука беше донесена како што беше најавено пред година и нешто, односно дека суспензијата ќе биде поставена со рок од две години, по што во јануари 2023 ќе се разгледа случајот повторно. Од компанијата сега најмногу се ...
Windows 11 донесе неколку клучни новини во споредба со Windows 10, а една од нив е делот за „виџети“ кој се појавува од левата страна на екранот по притискање на копчето поставено на долната лента од системот. Овој дел не би бил ни приближно корисен ако на него бидат достапни само виџетите од Microsoft, кои иако не се непотребни, сепак се малку. Од компанијата најавија конечно дека ќе дозволат програмерите да креираат сопствени виџети кои би им ...
Помеѓу сите приказни кои ги слушаме деновите, наоѓаме и онакви кои ни покажуваат колку многу можеме да направиме ако само работиме со заеднички сили. Во градот Пехчево, по иницијатива на Здружението за жени на овој град. беа собрани 76.000 пластични капачиња како продолжение на акцијата „Едно капаче, една надеж“ на Пакомак. Во акцијата „Едно капаче, една надеж“ на Пакомак, жителите на Општина Пехчево заедно со градското Здружение на жени успеаја ...
Изминатите неколку месеци ChatGPT алатката, поточно нејзината најнова верзија, од OpenAI доби посебна популарност, а во главно поради тоа што повеќето корисници можеа да ја пробаат и да ги видат можностите и способностите на оваа ваштачка интелигенција, кратко кажано. Подоцна дојдоа најави дека Microsoft планира да ја користи оваа алатка во нивниот Bing пребарувач, а алатките од OpenAI може да се очекуваат во повеќе сервиси од компанијата, која ...
Во кодот на Android „се крие“ мал показател кој ни открива една промена која би требало да стане дел од од наредната верзија од системот, односно од Android 14. Оваа промена во основа би овозможила блокирање на инсталирање на апликациите кои не се на PlayStore, односно се симнати преку интернет и се постари. Целта на една ваква новина е да овозможи подобра заштита на корисниците, поради поголемиот ризик од инсталирање на апликација со малициозен ...
Пред две недели, преку разгледување на кодот на тест верзиите од Windows 11, беше откриено дека Microsoft работи на нова и редизајнирана верзија од веќе стариот File Explorer. Оваа апликација која ја користат сите корисниците, без разлика за што го користат нивниот компјутер, веќе одамна и е потребен редизајн, а добро е што барем минатата година ја доби една од најмногу бараните функции, табови. Сега дечките од Windows Central објавија ...
Messenger од Facebook веќе одамна има можност за користење на „од-крај-до-крај“ шифрирање на разговорите, но оваа функција не е интегрирана во сите разговори, па корисниците треба да започнат посебен разговор за да ја користат. Целта на Meta е да на крај сите разговори се шифрирани, односно корисниците да не мора да ја бираат оваа можност, нешто што е одамна случајот кај WhatsApp, на пример. Процесот на вклучување на шифрираните разговори за ...
Дел од сервисите на Microsoft, како на пример Teams, OneDrive for Business, Outlook, Exchange Online, SharePoint Online, PowerBI, Microsoft 365 Admin Center, но се верува дека и други сервиси, не им беа достапни на голем број корисници во светот. Проблемот сега е решен, па сервисите треба да им се достапни без проблеми на сите корисници. Од компанијата прво пријавија дека истражуваат проблем со повеќе Microsoft 365 сервиси, по што објавија дека ...
Во моментов, еден од најдобрите и најпосакуваните уреди, несомнено е екосистемот на уреди на Samsung составен од паметните телефони со преклопување Samsung Galaxy Z Flip4 и Galaxy Z Fold4, безжичните слушалки Galaxy Buds2 Pro, како и паметниот часовник Galaxy Watch5. Сè на сè, овие уреди работат беспрекорно заедно и се привлечни поединечно. За неуморните работохолици совршен е Galaxy Z Fold4, додека за младите и енергични бунтовници, совршен ...
Во тест верзиите од Microsoft Edge достапна е за вклучување нова функција наречена Split Screen. Како што може да се претпостави, оваа функција овозможува прикажување на две веб страни во еден „таб“, со поделување на половина на тој таб. Вакво нешто може да се постигне со отворање на два различни прозори и поставување на половината од екранот, но секои нови функции кои ги скратуваат чекорите за правење нешто, на еден клик, се секогаш ...
Во продолжение можете да погледнете доста интересно видео од претставувањето на „Compact Disk“, кој може да се каже дека направи своја мала револуција во квалитетот и достапноста на музиката во квалитетен формат во домовите. Овој диск остана во употреба уште доста години, а почна да се користи за складирање на повеќе видови на датотеки, не само музика. Дискот е развиен од страна на Phillips и Sony во 1982 година, а првиот диск е произведен во ...
Според информации од ShrimpApplePro, Apple планира мала промена во дизајнот на екранот кај Pro верзиите од iPhone 15 серијата. iPhone 15 Pro телефоните наводно ќе дојдат со помали рамки во споредба со актуелните модели, а исто така овие рамки би требало да бидат и заоблени од страните. Екранот би ја задржал рамната форма, па само страните би биле заоблени. За најдобро да се добие претстава како би можел да изгледа екранот кај iPhone 15 Pro, може ...
На Pickbox NOW овој месец доаѓаат дури 18 нови филмови, а ние ви ги препорачуваме овие четири романтични комедии за да се загреете за месецот на љубовта. Забавни, топли, љубовни, духовити и весели, овие филмови ќе го загреат секое срце. Ви ги претставуваме четирите романтични комедии кои топло ви ги препорачуваме. Тест за привлечност (The Attraction Test, 2022) Сентименталната и интересна приказна се врти околу фалената универзитетска професорка ...
Согласно најновите објавени податоци за безготовински платежни трансакции на виртуелните места на продажба на Народната банка на Република Северна Македонија во првите девет месеци од 2022 година вкупната вредност на онлајн трансакциите реализирани во земјата и во странство со домашни и странски картички, изнесува 25,3 милијарди денари (2,8 милијарди денари просечно месечно) што претставува пораст од 28,2% во однос на истиот период минатата ...