Сигурно повеќето од вас имаат забележано мала разлика во логото на Facebook, па можеби и се прашувавте дали воопшто има некоја разлика или на вас така ви изгледа. Ова е така пореди тоа што промените се толку мали, доста од корисниците може и нема да ги забележат. Главната разлика е кај логото на мрежата, а тоа останува исто. Главната разлика е во бојата, која сега е во потемна, односно похрабра како што истакнуваат од компанијата. Со промената ...

Една од најпознатите апликации за шифрирани разговори, односно разговори до кој никој освен учесниците нема пристап, најави надградба на нивниот протокол за шифрирање. Signal со надградбата на нивниот протокол треба да овозможат заштита од идно дешифрирање на разговорите и тоа од ризикот за тоа да биде направено до страна на квантните компјутери. Во оваа фаза од развојот на овие компјутери, ризикот се’ уште не е голем и сериозен, но во иднина ...

Иако Microsoft дава нешто поголемо внимание на нивната едноставна и стара Paint апликација, сепак не очекував дека би продолжиле со нејзина посериозна надградба. По најавата дека Paint ќе добие можност за автоматско отстранување на позадината од сликите, сега од Microsoft најавија дека апликацијата ќе добие уште две нови понапредни функции. Paint ќе добие можност за работа со слоеви или повеќе познати на англиски како „layers“, функција која ...

Корисниците на X, поранешна Twitter, не треба да бидат изненадени доколку од сите нив биде побарано да плаќаат претплата за да можат да ја користат оваа мрежа. Повторно, како причина за една ваква одлука се истакнува борбата со „ботовите“, по кои мрежата е одамна позната. Трошоците за одржување на мрежа на ботови би биле значително зголемени на ваков начин, а дополнително, секој од овие профили ќе треба да има посебна сметка, затоа што не би ...

Погубен и деструктивен за бизнисот и за стопанството во целата држава е Законот за данок за екстра оданочување, популистички наречен данок на солидарност. Покрај што во самото создавање на законот воопшто не беа земени во предвид забелешките на тие што треба да го плаќаат, вака како што е донесен ќе направи непоправлива штета за компаниите. Законот пред сѐ се коси со начелата на бизнисот, со правата на инвеститорите и со исплатата на дивиденда. ...

Скопје, 19.09.2023 – Полека, но сигурно наближува најголемиот спортски настан за оваа година. Уште 12 дена нѐ делат од најпознатата трка во Македонија и на Балканот, Виз Ер Скопски маратон, кој ќе се оддржи по 19ти пат. Маратонот е сертифициран од страна на АИМС и Светска атлетика и е дел од квалификациските трки за Светско првенство во старосни категории, под капата на ABBOTT WORLD MARATHON MAJORS, кое ќе се одржи во Чикаго на 8 октомври оваа ...

Панос Панај е едно од најпознатите и најрепрезентативните лица на Microsoft. Познат по одличните презентации во кои секогаш го користи терминот колку е „возбуден“ за новите производи, Панај е човекот кој стој зад тимовите кои ги развиваат Surface уредите, а изминатите години и Windows 11. Новоста дека развојот на Windows 11 оди под капата на Панос Панај ги зголеми надежите и очекувањата за одличен оперативен систем, каков што е Windows 11. Во ...

Скопје, 18 септември 2023 – Samsung осмисли нова програма за обука која на гејмерите со различни способности им помага своите вештини да ги подигнат на уште повисоко ниво. Гејминг порталот Samsung Embrace Your Game и глобалниот YouTube канал на Samsung ќе ги опфатат објасненијата и стручното водење на врвните професионални гејмери и креатори на содржини. Станува збор за интерактивни сесии на обука со активно учество, видео работилници и ...

Корисниците на Premium претплатата на X добиваат уште една нова ексклузивна можност, а може да се каже и дека полека почнува да има смисла постоењето на оваа претплата. Делот од профилот каде може да се видат сите објави кои ги има „лајкнато“ корисникот, сега ќе може да се сокрие, односно да се тргне и да не се гледа. Видливоста ќе остане само за корисникот, а објавите ќе бидат сокриени и од API алатките на мрежата. Оваа нова можност е одлична ...

Изминатите неколку недели мојот главен телефон стана новиот Galaxy Z Flip5 од Samsung, кој беше претставен на 26 минатиот месец на настан за првпат во Сеул, Јужна Кореа. Од една страна петтата генерација од овој телефон може да се каже дека е само надградба од ланскиот, но затоа неколку новини ја прават доста важна надградба и сериозна конкуренција на неколкуте други производители кои имаат на пазарот вакви телефони. Galaxy Z Flip е телефон кој ...

Tracking Protection не е нешто што би се очекувало да се види како дел од прилагодувањата на Google Chrome. Сепак, компанијата која најголемиот дел од своите пари ги прави од реклами, не може да се очекува дека ќе воведе нешто што ќе го отежне и намали тој бизнис. За нивна среќа, тие го имаат прелистувачот број 1 во светот, а се’ уште никој не успева ни малку да им се доближи. Во canary верзијата од Chrome достапна е нова можност наречена ...

Од 19 часот денеска корисниците ќе можат да ја инсталираат најновата верзија од iOS која беше достапна во бета форма изминатите неколку месеци. iOS 17 ќе можат да го инсталираат сите корисници на iPhone XS или некој од поновите модели, што значи мали се шансите некој корисник да не може да ја добие оваа надградба. iOS 17 не е драстична надградба, односно не донесува многу промени, па повеќето корисници нема ни да забележат некоја голема разлика. ...

HMD Global компанијата стана една од најпознатите во светот во 2016 година кога го откупи брендот Nokia од тогашниот сопственик Microsoft. Тоа беше одлична новост за фановите кои оправдано беа многу разочарани од Microsoft. Првите Nokia уреди од новиот сопственик ги видовме истата година, а од тогаш може да се каже дека компанијата сепак не направи некој посебен впечаток на пазарот, но сепак брендот продолжува да постои. Главниот директор, ...

Почнувајќи од 2025 година корисниците ќе можат да користат „драјвери“ за печатари кои се од Microsoft. Од компанијата веќе нема да ги додаваат овие мали софтверски додатоци од трети страни, односно од производителите на печатарите. Microsoft веќе нема да ги сертифицира и прифаќа „драјверите“ од компаниите, па печатарите ќе функционираат само преку неколку од Microsoft. Производителите ќе можат да продолжат да овозможуваат сопствен софтвер, но ...

Скопје, 14 септември 2023 – Ширењето дезинформации и лажни вести, манипулирањето со фактите и искривувањето на реалноста стана секојдневие. Имајќи ја предвид изложеноста на граѓаните на дезинформации, како и претстојните избори во земјата, неопходно е да се работи на позитивни практики за креирање поголема општествена отпорност на погрешните информации, заклучија учесниците на денешната панел дискусија насловена „Демократијата на коцка: ...

На настанот којшто Apple го одржа вчера, на кој ги претстави iPhone 15 серијата, Apple Watch Series 9 и Apple Watch Ultra 2, се очекуваше дека ќе биде претставена и нова генерација од AirPods слушалките. На самата презентација слушалките воопшто не беа споменати, а причината за тоа е што од истите немаше нова генерација. Сепак, AirPods Pro не останаа без ништо оваа година, па од компанијата ги надгради со USB-C приклучок. Се работи за втората ...

Apple на нивниот настан вчера ја претставија втората генерација од нивниот Apple Watch Ultra. Мислам дека се очекуваше повеќе од тоа што беше претставено, барем дополнителен избор на боја, но тоа не беше случајот. Apple Watch Ultra 2 изгледа исто како ланскиот модел, а тоа е случајот и со Apple Watch Series 9, па главните новини повеќе се поврзани со неколку карактеристики „внатре“ во уредот. Главната новина доаѓа со користење на новиот S9 чип ...

Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија на Горан Столевски е годинашниот македонски кандидат за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм“. Одлуката денеска ја донесе Комисијата за избор при Друштвото на филмските работници на Македонија, прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, во состав: Игор Иванов – режисер и претседател на Комисијата, Кастриот Авдили – ...

На вчерашниот Apple настан, на кој секако главната улога ја има iPhone 15 серијата, беше претставена и наредната генерација од паметниот часовник од компанијата. Apple Watch Series 9 беше претставен и како што се очекуваше врз основа на достапните неофицијални информации, нема нешто посебно многу новини кај оваа нова генерација. Истата е доволна за купување од страна на корисниците кои имаат постари модели, повеќе од една година, како и ...

Apple го одржа нивниот настан закажан за денеска на кој беше претставена новата генерација од нивниот iPhone. На ред беше iPhone 15 серија која дојде со четири модели, односно iPhone 15, iPhone 15 Plus, iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max. iPhone 15 Pro серија Главните на настанот секако беа моделите со Pro додатокот во нивното име, а овие два модели добија и нешто повеќе новини. Големината на екраните останува иста како и досега, 6,1 и 6,7 инчи, ...

Intel официјално го претстави Thunderbolt 5, две години по претставувањето на Thunderbolt 4 и тоа што може да се заклучи од најавата е дека дефинитивно се работи за вредна и забележителна надградба. Од тоа што може да се види, слободно може да се каже дека Intel на пазарот ќе овозможи решение за корисниците кое ќе им овозможи да користат еден кабел за сите нивни потреби. Брзината на пренос на податоци е зголемена дупло, од 40 на 80 Gbps, но со ...

Кратките видеа во стилот на TikTok се можеби најпопуларни кај корисниците овој период, додека не дојде нешто ново. Овие видеа ги има во скоро сите познати сервиси, па тука се Reels кај Instagram и Facebook, како и Shorts кај YouTube. Google тестира да ги донесе Shorts видеата, иако во најавата на ги нарекува така, кај нивната продавница за апликации на Android. На почетокот од новиот „For you“ дел корисниците би го гледале познатиот за нив ...

Во кодот од бета верзиите од Google Messages откриен е планот на компанијата да го подобри функционирањето на апликацијата за корисниците кои имаат повеќе уреди. Ова посебно корисно ќе биде за корисниците кои имаат таблет компјутер, па комуникацијата која ја имаат преку Messages би можеле да ја имаат без проблеми и преку овој уред. Засега, корисниците можат да ја користат Messages преку веб апликација која корисниците ја користат на десктоп, а ...

Apple денеска го одржува нивниот настан на кој стандардно се претставува наредната генерација од iPhone. На ред е iPhone 15 серијата и иако не се очекуваат некои драстични промени, сепак нив ќе ги има доволно, а посебно кај Pro моделите. Оваа година целата серија ќе го има ланскиот Dynamic Island исечок, а во наредните неколку години Apple ќе го менува се до целосно тргање, по што ќе остане само екран. Кај Pro моделите се очекува првиот 3nm чип ...

Европската Комисија го објави списокот од шест компании кои според Digital Markets Act законот донесен минатата година, се сметаат како „чувари“ и со тоа мора да почитуваат одредени правила на функционирање. Очекувано, една од тие компании е Meta, заедно со нивната WhatsApp апликација, меѓу другите. Едно од правилата кое ќе мора да се почитува од компаниите чувари е овозможувањето на разговор помеѓу различните сервиси или со други зборови, ...

Префрлувањето на развојот на Microsoft Edge на основа на Chromium кодот беше вистинската одлука на Microsoft. Edge од до некаде чуден и не до крај компатибилен прелистувач стана одлична апликација како и конкурентите, па корисниците реално веќе немаа причини зошто да не го користат овој прелистувач кој и така доаѓа инсталиран на нивниот Windows компјутер. Меѓутоа, Microsoft е тука да ги даде овие причини за инаку одличниот Edge. Една од тие ...

Со една лименка или пластично шише како влезница, благодарение на Пакомак, во петок 15 септември, во 20:00 часот, можете да влезете на концерт на NATALEE, Фолтин, а потоа и да го проследите настапот на SIZ и KEM кој ќе се одржи на платото пред Македонска опера и балет (плоштад Мајка Тереза), како дел од фестивалот „Звукот на Скопје“. Овој еко-фестивал веќе традиционално се одржува, па и оваа година има цел да го поттикне зачувувањето на ...

Европската Комисија назначи шест компании кои според Digital Markets Act законот ќе се сметаат како „чувари“ и поради тоа ќе мора да следат листа на правила. Овие шест компании се Alphabet, Amazon, Apple, ByteDance, Meta и Microsoft, а набројани се 22 од нивните сервиси поради кои се дел од оваа листа. Тука се TikTok, Facebook, Instagram, LinkedIn, WhatsApp, Messenger, YouTube, Google Search, Android, iOS, Windows, Chrome, Safari, Google Maps, ...

Microsoft на една од поедноставните апликации за цртање и работа со слики, старата Paint, додаде функција која ќе ја направи доста помодерна и корисна. Background Removal, како што кажува и самото име, овозможува тргање на позадината од сликите, по што ќе остане само главниот објект од истата. Оваа можност стана популарна кога истата ја воведе Apple кај нивната Photos апликација, а покрај во Paint, може да се очекува и кај Photos апликацијата од ...

iOS 17 треба да биде официјално пуштен за корисниците овој месец, по претставувањето на iPhone 15 серијата идниот вторник на 12 септември. Покрај новини поврзани со апликациите од Apple и слични, системот добива и повеќе мали новини за кои ретко се говори на презентациите. Една таква е можноста да се ресетира кодот кој се користи за отклучување на екранот доколку корисникот го има заборавено. Можноста да се ресетира кодот е овозможена преку ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
3.09
81%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

3ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
2.06
72%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
2.52
91%
1026
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 0ᴼ
1.03
100%
1028
weather icon

Атина

14ᴼ / 10ᴼ
0.89
85%
1021
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1022
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
87%
1023
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
4.12
91%
1024
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
94%
1027
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
2.57
87%
1022
Currency

61.5417

Currency

52.4451

Currency

70.2442

Currency

35.0049

Currency

38.1166

Currency

66.0155

Currency

7.43341

Currency

0.65873

Currency

0.33656

Currency

0.52433

Currency

1.22888

Currency

0.57921

Калај

40.69

Рутениум

29192.88

Паладиум

48644.08

Бакар

10.99

Злато

139455.71

Платина

57093.34

Иридиум

145787.60

Никел

464385.38

Алуминиум

2.89

Цинк

3.32

Сребро

2065.03

Кобалт

58.42