
Скопје
32ᴼ /
32ᴼ



Сојузот констатираше дека нашите четири предлог-мерки за подобрување на состојбата со менталното здравје на средношколците се прифатени од страна на Министерството за образование и наука. Тие се преточени во деветтата и десеттата препорака на Владата. Имено, се укажува на секое училиште да обезбеди просторни услови за стручните соработници со цел да бидат отворени за ученици и доколку имаат потреба учениците да можат да закажат и тет-а-тет ...
Почнувајќи од крајот на оваа година, Google сметките кои не биле користени две години, може да бидат избришани, заедно со сите нивни податоци кои може да се дел од нив. Google го најави овој план како дел од нивната заложба на зачувување на безбедноста на сметките. Тие кои не биле користени долго време имаат многу поголем ризик од пробивање, а потоа искористување за крадење на идентитетот, како еден посериозен пример. Исто така, овие сметки ...
Во коментарите од објавите, како и одговорите на тие коментари, корисниците конечно ќе можат да ги користат „gif“ анимираните слики. Ова е нешто што е одамна достапно на другите мрежи, а и е доста популарно. Сликите кои ќе може да се користат во коментарите се од Giphy сервисот, кој е и најпознат. Оваа компанијата беше купена од страна на Meta, но CMA регулаторното тело од Обединетото Кралство побара од истата да биде продадена. Коментирањето со ...
Brave прелистувачот добива нова функција која го продолжува угледот, но и политиката на компанијата за овозможување највисок степен на заштита на корисниците. Ова иако звучи добро, мора да се истакне дека знае да се претера и да не се земе во предвид дека многу веб страни живеат од реклами, кои се тука за да интернетот биде бесплатен во најголем дел. Forgetful Browsing, функција која ќе стане дел од Brave 1.53 на десктоп 1.54 на Android, ...
Вториот дел од еден од најпопуларните филмови Avatar, ќе стане достапен за „стримување“ преку Disney+ од 7 јуни. Avatar: The Way of Water стана достапен во кината од крајот на минатата година, а според бројките тој е еден од најгледаните филмови со заработка од 2,32 милијарди долари. Приказната во вториот дел од филмот се случува повеќе од десет години по првиот и ги следи животот на „Џејк, Нејтири и нивните деца. Да не откриваме повеќе за тие ...
Скопје 16 мај 2023 – Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, ја промовираа услугата за граѓаните во однос на издавање на Уверение за државјанство на Република Северна Македонија во електронска форма. Како што беше истакнато, граѓаните на Македонија можат да добијат Уверение за државјанство во електронска форма на е-маил адреса и мобилен телефон. ,,Иднината на ...
Скопје, 16 мај 2023 година – Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП во соработка со Регионалниот центар на УНДП во Истанбул е домаќин на меѓународната конференција „Урбана отпорност и подготвеност за земјотреси“, на која присуствуваат околу 100 претставници од 19 држави. Експерти од национални институции од целиот свет, градови од регионот, меѓународни организации, претставници на академската заедница, креатори на политики, ...
Phone Link апликацијата, порано наречена Your Phone, од март оваа година конечно почна да има поддршка и за iPhone. Апликацијата со години е одлична алатка за поврзување на Android телефоните со Windows компјутерите, а главната придобивка е тргањето на потребата да се проверува телефонот кога корисникот е внесен во работата на својот компјутер. При крајот на минатиот месец оваа новина почна да им станува достапна на сите корисници, првично беше ...
WhatsApp е една од најкористените апликации за разговори во светот, а една од главните карактеристики и е заштитата на разговорите преку нивно „од-крај-до-крај“ шифрирање. Ова значи дека пораките се достапни само за учесниците во разговорите, но за никој друг, дури не ни WhatsApp, односно Meta. Апликацијата сега добива дополнителна заштита, која е повеќе поврзана со приватноста на корисниците кои често го даваат телефонот на некого, па не би ...
Во 2017 Microsoft најави интересна функција за Windows 10, која требаше да овозможи отворање на било која апликација во нов „таб“, наместо во нов прозор, исто како што се отвораат во денешно време веб страните. Оваа функција, која беше наречена Sets, беше откажана во 2019, но корисниците не останаа без можноста за групирање на прозорите во еден прозор, во различни табови. Познатата компанија Stardock, која стои зад развојот на одличните Start ...
Како и повеќето веб страни, YouTube својата заработка во главно ја вади од реклами, иако последните години голем фактор во тоа игра и Premium претплатата која овозможува тргање на рекламите и уште неколку други предности. Од овој аспект разбирливо е зошто достапноста на рекламите е важна за останување на бесплатната форма на поголемиот дел од интернетот, но сепак се смета дека Google претерува со бројот на реклами кои ги прикажува на YouTube. ...
Њујорк, Њујорк (11 мај 2023 година) – Асоцијацијата на светските трговски центри® (WTCA®) – меѓународна трговска организација која поврзува над 300 локации на Светски трговски центри® (WTC®) во скоро 100 земји – и Светскиот трговски центар (WTC) ) Акра успешно го организираа 53-тото Генерално собрание на WTCA во Акра, во Гана. Овој петдневен собир, кој се одржа од 23 до 27 април, ги собра лидерите и членовите на глобалната мрежа на локации на ...
Иако има уште време до претставувањето на наредната, поточно трета, генерација од M чипот од Apple, веќе ги гледаме и првите информации за што може да донесе на пазарот истата. Apple секако мораат да ги тестираат своите производи и со апликации кои не се нивни, па ова е добар начин да излезе по некоја неофицијална информација. Марк Гурман, врз основа на информација од програмер, ги дава можните карактеристики на M3 Pro чипот кој најверојатно ќе ...
Минатата недела се одржа Google I/O конференцијата на која видовме доста интересни работи, како што е првиот уред на преклоп од компанијата, Pixel Fold, првиот таблет после повеќе години, Pixel Tablet и новини поврзани со вештачката интелигенција. Сепак и помалите новини го привлекуваат нашето внимание, а една таква новина е поврзана со Find My Device апликацијата на Android. Со помош на милијардите Android уреди во светот, Find My Device ќе ...
Линда Јакарино е новиот директор на Twitter. Еден ден по најавата од страна на Елон Маск дека тој ја има избрано неговата замена, денеска го објави името на новата директорка. Како што најави, тој ќе остане важен дел во компанијата и ќе функционира како нејзин директор за технологија, како и извршен претседател на одборот на директори. Во денешната најава Маск истакна дека Јакарино ќе се фокусира примарно на бизнис делот од работата, додека тој ...
Годинешната Google I/O е меѓу подобрите изминатите години, дефинитивно може да се донесе ваков заклучок. Google покрај тоа што претставија неколку нови уреди, меѓу кои и нивниот прв уред на преклоп, Pixel Fold, имаа што да презентираат и за нивните сервиси и други системи. Дел од конференцијата беше и наредната верзија од Wear OS, оперативен систем за паметните часовници кој стана многу подобар по почетокот на соработката на Google со Samsung. ...
Уште малку и ќе заборавевме дека Елон Маск во декември минатата година објави анкета за тоа дали да остане на позицијата главен извршен директор на Twitter. На анкетата гласаа повеќе од 17 милиони корисници од кои скоро 58% гласаа „за“, по што Маск најави дека ќе ги послуша корисниците и ќе се повлече од позицијата, но кога ќе најде некој кој е доволно „будалест“ да ја прифати работата. Во текот на вчерашниот ден Маск објави дека има вработено ...
Еден од главните извори на финансирање на Mozilla интересно отсекогаш бил Google и договорите со оваа компанија за поставување на нивниот пребарувач како главен во Firefox интернет прелистувачот. Одреден период од организацијата се обидуваа да ја намалат зависноста од Google, па главен пребарувач беше Yahoo!, зависно од регионот, додека во некои земји, како Русија и Кина, беа поставени локални пребарувачи. Сепак, во 2017 Google повторно „се ...
Android не остана без интеграција со вештачката интелигенција на Google I/O конференција и тоа е нешто што беше целосно очекувано, а посебно по најавата на новата верзија на Bard и Google Search. Google презентира неколку делови од Android кои ќе бидат помогнати од ВИ, како што е пишувањето пораки, прилагодувањето на позадината, како и на екранот додека е заклучен уредот. Messages од Google апликацијата добива интеграција со вештачката ...
По најавата од Елон Маск вчера, Twitter денеска започна со пуштање на можноста за шифрирани разговори. Ова е првпат оваа мрежа да понуди вакво нешто и претставува доста важен дел за иднината каква што ја замислува Маск. Денеска Маск го најави пуштањето на функцијата со објавата „Почетна верзија од шифрираните директни пораки само што беше лансирана. Пробајте ја, но не и верувајте се’ уште.“ Од тоа што можевме да прочитаме во објаснувањето на ...
Продолжува стратешкото партнерство помеѓу Мен Енд Маунтен, Пивара Скопје и Пакомак, поддржано од Шпаркасе Банка и Нула Отпад, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во третата по ред еколошка акција – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД. Акцијата годинава се спроведува во 53 општини и 450 училишта низ државата со повеќе од 16.000 волонтери. Во рамки на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 од 12-ти до ...
Во рамките на Google I/O беше презентиран новиот јазичен модел PaLM 2 со чија помош конкурентот на Google на ChatGPT и Microsoft Bing, Bard, ќе треба да функционира многу подобро од претходната верзија, а и донесува неколку нови можност. Google има нешто поразличен пристап кон интеграцијата на вештачката интелигенција во Search, за разлика од Microsoft, па тие нема да ги насочуваат корисниците директно кон Bard, односно кога се во прашање ...
Можеби ова не е првиот таблет компјутер од Google, но помина толку време што се чини дека е така. Pixel Tablet, кој е првиот таблет од компанијата под овој бренд, конечно е официјално претставен, а од компанијата го најавуваат уште од минатата година. Претставувањето се случи во рамките на Google I/O конференцијата на која беше претставен и првиот уред на преклоп од Google, Pixel Fold, а презентирана беше и нова верзија од Bard, како и ...
На Google I/O конференцијата Google најави нова верзија од нивниот Bard, за кого имаше критики кога првпат беше презентиран и ги доведе од компанијата да после долго време ја бркаат конкуренцијата, наместо тоа да биде обратно. Bard сега работи на PaLM 2 јазичниот модел, кој исто така беше презентиран на Google I/O. Овој јазичен модел е најавен како доста поспособен од претходната верзија, кој доаѓа со напредни математички и расудувачки вештини, ...
Можно е да нема друг уред на кој се чекало повеќе години, со стандардните шпекулации и неофицијални информации. Дека чекањето е завршено дознавме минатата недела кога Google го прикажа Pixel Fold предвреме, а сега конечно го имаме и официјалното претставување на уредот, во рамките на Google I/O конференцијата, како што се очекуваше. Уште од првиот поглед на Pixel Fold може да се види дека се работи за посебен уред кој ќе донесе добра ...
Discord платформата, која во 2015 започна во главно како место за „гејмерите“, веќе неколку години е многу повеќе од тоа. Едно време имаше и преговори истата да биде купена од страна на Microsoft, но на крајот не испадна ништо. Кратко кажано, Discord може да се опише како Slack или Microsoft Teams за обичните корисници, каде тие можат да креираат различни сервери на кои ќе „се соберат“ за одредени интереси, на почеток во главно за играње на ...
Последните неколку верзии од највисока класа на Dimensity чипови од MediaTek започнаа да нудат вистинска конкуренција на другите, односно во главно на Qualcomm. Ланскиот Dimensity 9200 чип дојде со Cortex-X3 јадрото, нова ARM архитектура, како и поддршка за „ray tracing“ технологија кај игрите. Чипот слободно може да се каже дека се’ уште е сериозна конкуренција на Snapdragon 8 Gen 2, но сепак од компанијата сакаат да имаат на пазарот нешто што ...
Huawei продолжува да претставува одлични телефони и покрај неможноста тие да бидат со Google апликациите и сервисите. Факт е дека продажбата не може ни да се спореди со времето пред блокадата која започна во времето на Трамп, но компанијата продолжува да функционира. Два нивни уреди, кои беа претставени во март оваа година, излегуваат од Кина и ќе станат достапни во остатокот од светот, вклучувајќи ја и Европа. Не сме сигурни за нашиот пазар, па ...
Еден од програмерите во Twitter, пред неколку денови објави информација дека WhatsApp апликацијата на неговиот Google Pixel смартфон, го има користено микрофонот без истата да била вклучена. Поточно, микрофонот бил користен во позадина за време на ноќта додека тој спиел. Елон Маск се приклучи со свој коментар, кој беше краток и гласеше „На WhatsApp не може да и се верува“. По денешната најава дека од утре може да очекуваме Twitter директните ...
Скопје, 10 мај 2023 – Дигиталната трансформација на локалните самоуправи во Македонија е еден од клучните предизвици кој ќе придонесе за поефикасно и поквалитетно испорачување на општинските услуги кон граѓаните, како и поголема транспарентност и одговорност во работењето на општинските власти. Овој процес, од друга страна, носи директни придобивки и за локалните самоуправи, преку намалување на трошоците и автоматизација на работните процеси. ...