
Скопје
17ᴼ /
17ᴼ



Скопје, 10 мај 2023 – Дигиталната трансформација на локалните самоуправи во Македонија е еден од клучните предизвици кој ќе придонесе за поефикасно и поквалитетно испорачување на општинските услуги кон граѓаните, како и поголема транспарентност и одговорност во работењето на општинските власти. Овој процес, од друга страна, носи директни придобивки и за локалните самоуправи, преку намалување на трошоците и автоматизација на работните процеси. ...
Јавниот повик „Стартапувај” е петти по ред ваков повик, кој обезбедува олеснети услови за аплицирање и олеснет финансиски пристап за старт-ап и спин-оф компаниите. Целта е да се поттикне иновативноста кај новооснованите компании преку обезбедување на неопходната финансиска поддршка за активности поврзани за истражување и развој. Поддршката преку овој повик е наменета за проекти кои имаат најмалку „потврден концепт” и јасна амбиција на ...
Едни од најпознатите апликации за работа со видео и аудио, Final Cut Pro и Logic Pro од Apple, од овој месец стануваат достапни на iPad. Со ова, професионалците ќе можат да работат во секакви услови, односно и во ситуации кога не им одговара да го носат својот лаптоп. Овие апликации во некои ситуации се и причината зошто одредени корисници воопшто купуваат Apple компјутери, односно нивната популарност е до толку голема во овој бизнис. Final Cut ...
Елон Маск денеска објави дека од утре може да се очекува воведување на една доста важна функција на Twitter. Директните пораки на корисниците ќе станат шифрирани, а со тоа никој нема да може да ги прочита, освен другата страна од разговорот, секако. Шифрирањето на разговорите е важно за оваа мрежа, а посебно по откривањето на Маск дека властите често добивале пристап до разговорите на одредени корисници. Сега, дури ни Маск самиот нема да може да ...
Philips го претстави мониторот 24B1D5600, нема да ја коментираме маркетинг логиката зад именувањето на производите кои не доаѓаат од Apple. Овој монитор сепак се издвојува од поголемиот дел од конкуренцијата со тоа што на десната страна има прикачено втор екран, но овој е направен со eInk технологијата. eInk екранот може да се прилагодува, односно не мора да остане само како продолжение на LCD екранот, а со тоа може да се погоди аголот на ...
Една мала, но доста барана можност, конечно е овозможена од страна на Instagram. Корисниците веќе не се ограничени да можат да стават само еден линк на нивниот профил, односно во описот на нивниот профил. Корисниците сега можат да додадат до пет линкови, што повторно ги ограничува тие што сакаат повеќе, но оваа бројка веќе е прифатлива. Додавањето на линковите се прави како и досега, односно со одење во „Edit profile“ делот. Оваа можност ...
Microsoft можеби се најпознати по Windows, Office, па и Azure брендовите, но сепак тие на пазарот ги имаат и едни од најдобрите додатоци за компјутерите, односно тастатури, глувчиња, веб камери и слични. Овие уреди го носат брендот на Microsoft, но тоа веќе нема да биде така. Компјутерската галантерија, кратко кажано, од компанијата ќе почне да го користи брендот на Surface линијата на производи, а може да се каже дека тоа и има логика. Surface ...
Најновата верзија од Windows 11 во Dev каналот од Windows Insider програмата донесува не толку мала листа на новини кои ни покажуваат што може да очекуваме за сите нас во иднина. Не сите новини од Dev каналот мора да бидат пуштени во другите верзии, но голем дел од овие веруваме дека ќе бидат. Една доста корисна новина која доаѓа со оваа верзија е можноста да се исклучат апликациите кои се закочени директно од „таскбарот“. Тоа се прави преку ...
Скопје, 9 мај 2023 год. – Samsung на македонскиот пазар ја претставува новата димензија на искуството со OLED телевизорите за што подготви специјална понуда за преднарачки. Доколку направите преднарачка на 195 cm (77″) S95C OLED 4K HDR Smart TV (2023 ), Samsung ви овозможува заштеда од 19.000 денари и подарок по ваш избор. Можете да изберете од пакетот „Freestyle“, кој вклучува „Freestyle“ пренослив проектор, торбичка и футрола за него, или ...
Уште чекаме на претставувањето на наредната генерација од iPhone, поточно iPhone 15 серијата, кое ќе се случи стандардно во септември. Има доста информации како и обично за овие телефони, па во главно знаеме што можеме да очекуваме, а има и време да излезат дополнителни неофицијални информации. Познатиот и најчесто сигурен извор, Рос Јанг, ни дава информација за моделите од идната година, поточно за iPhone 16 Pro серијата. Според него, Apple ...
Најдобриот извор на информации за се поврзано со Apple, Марк Гурман, веќе најави дека годинешната надградба на watchOS ќе биде најголемата уште од претставувањето на Apple Watch. Подоцна тој излезе со дополнителни информации, што точно мисли со тоа најголемата досега, односно какви новини треба да очекуваме. Дали е во право ќе дознаеме идниот месец, односно за време на WWDC 2023 конференцијата на која ќе ги видиме новите верзии од сите ...
Според извори на Windows Central, Microsoft работи на воведување на можноста корисниците да ги постават „виџетите“, моментално достапни само во посебен дел за тоа, на десктопот. Вакво нешто не би било првпат достапно кај Windows, а доста од вас сигурно ги паметат познатите и доста користени „геџети“ во Windows 7. Овие мали информативни картички, така да ги наречеме, повторно се вратија во Windows со Windows 11, но достапни се само во посебниот ...
Во соопштение објавено од страна на Apple, од компанијата информираат дека во соработка со Google, имаат започнато со иницијатива за воведување на стандарди поврзани со мали уреди за следење, каков што е AirTag. Овие уреди се поврзуваат преку Bluetooth со телефонот и се замислени корисниците да ги постават на својот приврзок за клучеви, во чантите, а има корисниците што ги ставаат и на ремчето од своите домашни миленици. На овој начин тие лесно ...
Google во среда ја започнува својата позната Google I/O конференција на која, меѓу другите работи, се очекува претставување и на неколку уреди. После долго време на шпекулации, од компанијата конечно го потврдија претставувањето на нивниот прв уред на преклоп и директен конкурент на Samsung, Pixel Fold, а тука е и претставувањето на Pixel 7a. Уште еден уред кој треба да биде претставен е Pixel Tablet, уред за кого Google неколку пати има по ...
Концепт замислите за одредени производи се одличен начин да видиме како би можеле тие да изгледаат замислени од корисниците, не само од нивните производители. Windows 11 за мобилните концептот од AR 4789, кој е споделен на Discord групата од Windows Central, прикажува како би можел да изгледа оперативен систем од Microsoft за мобилните. Направено е прилагодување на Windows 11 за малите екрани, а концептот го поставува прашањето зошто и Microsoft ...
Изразуваме длабоко жалење и сочуство со семејствата на насраданите и граѓаните на соседна Србија. Во јавноста од неколку извори се споменува иницијатива за забрана на социјалната мрежа ТикТок во државата, и до нас стигнуваат прашања на таа тема. Најпрвин, цензурата е регулирана со уставот на Република Македонија. Така да конечен став околу таква мерка, може да следи само по координирана активност со правосудните институции и со останатите ...
Airbnb најави посебно издвојување на можноста за изнајмување на соби преку нивната апликација, во дел наречен Airbnb Rooms. Со ова може да се каже дека од компанијата се враќаат на нивните почетоци, односно на идејата сервисот да овозможува изнајмување на соби во домот на „домаќинот“. Може да се забележи дека мотивацијата зад оваа новина е овозможувањето на сместување со пониски цени, нешто што во време на светска криза секако е пожелно. ...
Најдобар начин да се тестира некоја промена кај сервисите е да се пушти на кратко за мал број на корисници, па потоа да се видат реакциите, пред да се продолжи во наредната фаза. Вака Twitter корисникот Sindowne има забележано редизајн на YouTube, поточно на десктоп верзијата од овој сервис. Од сликата која ја има објавено, може да се види доста голем редизајн, односно донесува доволно промени за да може да се каже дека драстично излегува од ...
Здружението за социјални иновации „АРНО“, испраќа апел до сите постоечки и идни зелени и социјални претприемачи да се пријават на последната работилница од натпреварот „Зелени идеи 2023”, најдоцна до 09-ти мај, преку пополнување на формуларот на овој линк. Работилницата е наменета за сите што веќе ја подготвуваат апликацијата и сакаат помош од консултант, или се во потрага по одговор на некое прашање. Повеќе информации поврзани со натпреварот ...
Во најновите верзии од бета и дев каналите од Windows Insider програмата, Microsoft додаде три нови функции кај новата Photos апликација. Оваа апликација беше редизајнирана минатата година, а меѓу другите работи, беше додадена и интеграција со iCloud. За новите функции Microsoft истакнува дека се доста барани од корисниците, па во месеците што следат сите ќе ги добијат овие подобрувања. Првата новина е можност за разгледување на сликите во форма ...
Apple се’ уште нема iPhone кој доаѓа со USB-C приклучок, но се верува дека оваа година тоа ќе се промени. Причините се познати, а тоа е законот во ЕУ кој бара од производителите да го користат овој приклучок поради можноста на корисниците да со еден полнач и кабел, ги полнат сите нивните уреди, кратко кажано. Оваа година излегоа информации дека Apple планира да ја задржи контролата и заработката која ја има со Lightning приклучокот, па да ...
Google Chrome во септември со верзијата 117, заедно со редизајн на корисничкиот интерфејс, ќе добие и промена кај катанец иконата која одамна е дел од лентата за адреси. Причината за оваа промена е слабата запознаеност на корисниците со значењето на оваа икона, како и честото погрешно верување дека веб страната која е отворена е безбедна и не може да содржи вируси или да е „фишинг“ страна. Во основа, оваа икона се што кажува е дека веб страната ...
Шпекулациите се покажаа како точни, Google има работено на претставување на првиот уред на преклоп и истиот е наречен Pixel Fold. Од компанијата го прикажаа уредот и со тоа ги потврдија и неофицијални слики, а целосното претставување ќе се случи идната недела на 10 мај за време на Google I/O конференцијата. Ова значи дека покрај изгледот, немаме дополнителни информации за Pixel Fold. Објавено е кратко видео на Twitter профилот од Made by Google, ...
Скопје, 03.05.2023 – Доколку ги рангираме и разгледуваме најздравите навики, коишто може да ги поседува модерниот човек, која би била на прво место? Во дигитално доба со намален фокус и примање на информации, најздравата навика на човекот дефинитивно би требало да биде токму читањето. Но зошто само модерниот? Читањето е и би требало да биде бeзвременска навика во секоја претстојна година, декада, век. Главната причина? Читањето нѐ прави луѓе. ...
Скопје, 03 Maj 2023 – Вчера, 2 мај, се отвори настанот СРЕДНОЛЕНД на Плоштад Македонија кој ќе трае до сабота на неколку локации низ градот. Настанот е во организација на ЈУ Универзална Сала, поддржан од Град Скопје, инициран од деца и професори од средните училишта. Настанот го отвори градоначалничката град Скопје – Данела Арсовска, а присуствуваа и директорот на ЈУ Универзална Сала – Горјан Христовски, еден од иницијаторите Марина Иванова како ...
За Nothing Phone (2) веќе знаеме дека може да се очекува оваа година, иако основачот на компанијата истакна дека не планираат чести нови верзии како останатите компании. Намерно или не, се дозна и дека овој телефон ќе работи на Snapdragon 8+ Gen 1, па со тоа може да се очекуваат одлични перформанси, но повторно пониска цена поради користењето на лански чип. Дополнително, се најавува и дека Nothing Phone (2) ќе биде повеќе премиум во споредба со ...
Google официјално го овозможи креирањето на „passkeys“ кај сметките од корисниците и со тоа „започна крајот на лозинките“, како што истакнуваат. На овој начин корисниците ќе можат да се најавуваат без користење на лозинка, а преку користење на отпечатокот за прст, како еден пример. Passkeys претставуваат криптографски клучеви кои се чуваат на уредот од корисникот преку кои тој се најавува на својата сметка.Со користењето на биометриските функции ...
Новиот Bing официјално е пуштен во „open preview“, што во основа значи дека веќе нема листа на чекање, па сите корисници можат да го користат. Ова доаѓа по пуштањето на Bing за сите корисници, односно скратувањето на времето на чекање по приклучувањето на листата на чекање. За да се користи новиот Bing сепак има неколку услови, односно корисниците мора да се најават со нивната Microsoft сметка и страната мора да ја отворат преку Edge ...
Роботската правосмукалка Q7 Max+ се придружува на семејството Roborock со исклучително ефикасни функции за вшмукување и миење на подот. Со своите напредни функции, смарт технологија како и целосно автоматизираната станица Auto-Empty Dock Pure, го носи на ново ниво автоматизираното чистење на домот. Правосмукалката Q7 Max+ може да се пофали со подобрена моќ на вшмукување која достигнува до 4200 Pa, со што се обезбедува темелно чистење на ...
CAPTCHA системите, кои на доста страни се’ уште го користат „сложувалка“ системот за докажување дека сте човек, кратко кажано, навистина се досадни и не би ни сметало доколку ги нема. Иако поновите системи функционираат со едноставно притискање на едно копче, сепак Google има решение кое ќе ги намали ситуациите во кои и овој начин на верификација им се прикажува на корисниците. Во Canary, тест верзиите од Chrome, Google започна со тестирање на ...