Нова информација од Bloomberg тврди дека Microsoft се обиделе да го продадат својот пребарувач Bing на Apple. Овие преговори наводно стигнале до одреден степен, но сепак не ги поминале првите чекори, односно фазата на размислување дали воопшто да се продолжи понатаму. Една од главните причини зошто од Apple воопшто не биле заинтересирани за вакво нешто е договорот кој го имаат со Google, нивниот пребарувач да биде главниот кај iPhone и iPad. ...

Honda во САД го претстави својот прв целосно електричен SUV автомобил. Се работи за веќе познатиот Prologue модел, а ќе биде достапен од идната година како Honda Prologue SUV. Овој автомобил треба да има можност од поминување скоро 500 километри, поточно околу 480, со едно полнење, а можноста за полнење е достапна и со брзите полначи. Треба да се истакне дека оваа километража е достапна за моделот со погон на предните тркала, односно со еден ...

По Netflix, кој веќе не може да се споделува со пријателите од јули оваа година, сега и Disney+ сака да ги претвори сите овие корисници во нови корисници кои плаќаат посебна претплата. Дека вакво нешто се размислува во компанијата можевме да прочитаме минатиот месец, па еве сега планот започнува со реализација. За почеток, ограничувањето на можноста на гледање на сервисот од страна на корисници кои не се дел од истото домаќинство, е започнато ...

Vivaldi е прелистувач кој е направен од страна на поранешниот директор во Opera, по малите несогласувања за користењето на Chromium и намалувањето на функциите на овој прелистувач. Vivaldi може да се каже дека го продолжува стилот на стариот Opera прелистувач, па на фановите им овозможи да продолжат да користат една ваква апликација. Беше претставен во 2015 и се карактеризира со повеќе вградени функции, како што се имејл клиент, календар, доста ...

Пред десетина денови, доста ненадејно, Панос Панај најави дека после скоро 20 години во Microsoft, ја напушта оваа компанија. Панај беше лицето на компанијата, а посебно кога се во прашање Surface уредите, а изминатите години и Windows. Неговиот стил на презентација ги привлекуваше фановите, а тој се сметаше како директно одговорен за успехот на оваа линија на производи во компанијата. Информациите веднаш почнаа да одат во правец на тоа дека ...

(Скопје, 28 септември 2023) – Сеавус официјално се ребрендира и ќе работи под името Киншифт (Qinshift). Оваа значајна промена е дел од најавената трансформација на технолошкиот столб на KKCG Групацијата, која на почетокот на летото објави дека ќе работи под два главни бренда, за да ја утврди својата позиција како меѓународен лидер во областа на информатичката технологија (ИТ). Компаниите кои се фокусирани на развој на наменски софтвер ќе ...

Меѓународниот балкански универзитет беше домаќин на претставници од образовни институции од земјата и регионот кои учествуваат на Министерската конференција за Западен Балкан за квалитет во високото образование. Оваа високообразовна институција беше избрана за посета бидејќи претставува најдобар пример за приватна високообразовна институција во земјава. Во делегацијата што ја посети МБУ беа претставници од Министерството за образование и наука ...

Современ и функционален изглед, како и исполнување на највисоките технички и безбедносни стандарди, има обновената бензинска станица на „Макпетрол“ во Кавадарци која што е пуштена во употреба. Достапност кон квалитетните производи и услуги потрошувачите имаат 24 часа секој ден во неделата. На обновената бензинска станица во Кавадарци се достапни сите квалитетни ULTRA горива на „Макпетрол“, базирани на технологијата Dual Action Technology, ...

Valve официјално ја пушти Counter-Strike 2 која од вчера веќе може да се инсталира, како надградба на претходната верзија или целосно од почеток за тие кои би сакале дури сега да ја пробаат. Се работи за огромна надградба на една од најпознатите игри во светот, а разликата може да се забележи уште при самото вклучување на играта. Надградбата, како и самата игра досега, е бесплатна, што значи дека од компанијата не го менуваат моделот на ...

Размена на добри практики за просторно планирање, регионален развој и давање приоритет на јавниот интерес при планирање и искористување на земјиштето беа главната тема на денешната дебата со наслов „Поврзаноста на Националната Развојна Стратегија со просторното планирање и регионалниот развој“, организирана од Програмата за развој на Обединетите нации и Амбасадата на Обединетото Кралство. „За развој на добри практити и политики на просторно ...

LG, кои веќе се познати по својата работа со панели, како и такви кои се превиткуваат, за корејскиот пазар го претстави Gram Fold. Ова е нивниот прв „лаптоп“ компјутер кој се преклопува, па овој пазар полека ќе почне да добива на значење, како што е случајот со смартфоните на преклоп. LG Gram Fold во основа е екран со големина од 17 инчи и резолуција од 2560 на 1920 пиксели. Тој може да се поврзе со тастатура и глувче и да се користи како ...

Mozilla Firefox оваа недела, поточно вчера, 26 септември, ја доби својата 118 верзија. Истата не донесува нешто многу новини, а тоа е стандардно по забрзувањето на „темпото“ на пуштање надградби, но затоа донесува една функција на која Mozilla одамна работи. Mozilla го пушти својот систем за преведување на веб страните кој функционира локално од самиот уред, без поврзување со серверите од компанијата. Ова како начин на функционирање е секако ...

Apple ја претстави новата генерација од нивниот iPhone, на 12 септември, а стана достапна во продажба на 22, барем во САД. Кај нас пред-нарачките започнаа на таа дата, а телефоните ќе станат достапни од 29 септември. Тоа ни дава простор да ги видиме искуствата на американските корисници за да можеме подобро да одлучиме дали веднаш да го купиме најновото од Apple. Од пријавите на одреден број на корисници, во главно преку друштвените мрежи, ...

Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски, кој неодамна ја имаше својата светската премиера на филмскиот фестивал во Венеција, влезе во групата на филмови кои ја комплетираат овогодинешната селекција за 36. издание на Европските филмски награди, соопшти денеска Европската филмска академија (ЕФА). Кон крајот на август, најпрвин беа избрани 19 играни филмови, а сега во потесниот избор се додадени уште ...

Недела дена подоцна од iOS 17, Apple ја пушти финалната верзија од нивниот оперативен систем за компјутерите, macOS 14, односно macOS Sonoma. Како што видовме при презентацијата на системот, како и преку достапната бета верзија, Sonoma не е голема надградба, но сепак донесува неколку интересни новини. Како најголема новина се смета додавањето на поддршка за „виџети“ на самиот десктоп. Истите досега беа достапни само на лентата која се прикажува ...

Почнувајќи од вчерашниот ден, корисниците можат да ја инсталираат најновата верзија од Windows 11. Истата е надградба на ланската поголема верзија, но се’ уште не е новата поголема надградба за оваа година, односно верзијата останува на 22H2. Како главна новина на септемвриската надградба на Windows 11 е интеграцијата на генеративната вештачката интелигенција, односно Copilot. Корисниците со ова го добиваат, кратко кажано, новиот Bing директно ...

Од денеска, 26 септември, Microsoft ја пушта својата септемвриска надградба за Windows 11 која како главна новина ја има вештачката интелигенција која сега е интегрирана во системот преку Copilot. Може да се каже дека дојде до мала забуна, па очекувавме дека оваа надградба е на верзијата 23H2, но сепак се работи за додавање на функции на 22H2, а наредната верзија може да се очекува во наредните неколку месеци. Без разлика, оваа верзија е ...

Оваа традиција да се испратат две семејства на пат од соништата е резултат на посветеноста на Ладна за негување на креативноста и здравите навики особено кај најмладите. За децата уметници освојувањето на првото место на ликовниот конкус на тема „Играта на овошјето и на зеленчукот“ беше момент на чиста возбуда. Не се работеше само за победа туку и за прекрасната порака што ја пренесоа уметничките дела на децата за тоа како треба да се храниме ...

Ровињ, 25 септември 2023 г. – Првиот HR.Weekend, кој беше создаден како одговор на растечката потреба и промените во рамките на HR индустрија, заврши со неколку поучни предавања, одлично дружење и забава и многу новитети во светот на човечките ресурси. Настанот беше наменет за сите професионалци, менаџери за човечки ресурси и работодавачи, како и за сите заинтересирани за развој и имплементација на иновативни стратегии во управувањето со ...

Од утре започнува пуштањето на годишната поголема надградба која Windows стандардно ја добива во есен. Како дел од не така малата листа на новости е и една поврзана со безбедноста на интернет преку конечното „пензионирање“ на лозинките. Ова е нешто што со години е во изработка, а поддршка има од сите поголеми ИТ компании, што значи може да се користи на било која платформа. Се работи за таканаречените „passkeys“ кои овозможуваат најава на ...

Најновата бета верзија од Android 14, која е меѓу последните пред официјалното пуштање на системот, донесува една доста корисна функција која овој пат ги става корисниците на Android во ситуација да добијат нешто што веќе е достапно на iPhone. Android телефоните ќе можат да се користат како веб камера на компјутерите, а со тоа Continuity Camera функцијата на Apple добива конкуренција, а за корисниците една причина помалку да се префрлат на ...

Времето кога корисниците мораа да направат целосно различни Facebook сметки, со различни имејл адреси и целиот процес кој доаѓа со тоа, сега е завршено. Од мрежата сега овозможуваат корисниците да имаат пет различни профили и сето тоа од едната главна сметка. Првата помисла секако која доаѓа со ова е можната злоупотреба од страна на корисниците кои и порано правеа различни сметки за не толку „стандардни“ цели. Сепак, начинот на кој ја ...

На сениорското балканско карате првенство, што во Тирана се одржа од 22 до 24 септември, членовите на карате клуб „Макпетрол“ се закитија со четири сребрени и две бронзени медали. Како дел од македонската репрезентација, Викторија Јовановска од скопски „Макпетрол“ се закити со сребрен медал. Таа е вицешампион во категоријата под 61 килограм. Петар Заборски (-75 кг.), пак, освои бронзен медал. На ова најсилно регионално првенство земаа учество 11 ...

Microsoft вчера го одржа нивниот Surface настан кој сепак може да се каже дека помина со вниманието насочено кон ненадејното напуштање на компанијата, после 20 години, на човекот кој беше лицето на Surface, Панос Панај. Според неофицијалните информации, причината за оваа одлука на Панај е неможноста за развој на нови Surface уреди и отпуштањата на голем број на луѓе кои биле дел од неговиот тим. Како и да е, од компанијата претставија четири ...

Новата iPhone 15 серија доби уште една можност која одреден период им е достапна на Android корисниците. Истата е замислена да го продолжи векот на батеријата преку ограничување на нејзиното полнење максимум до 80%. Се смета дека држењето на батерија од околу 40% до 80% го подобрува нејзиниот век, а ова им е важно на корисниците на iPhone 14 серијата кои пријавуваа доста побрзо намалување на капацитетот за разлика од претходните генерации. ...

Зошто да не ти започне оваа школска или студентска година со нов телефон? Веќе извесно време посакуваш да го смениш стариот телефон со нов, и сега е одличен тајминг за тоа – период на нови почетоци во кој и ти можеш да ја започнеш својата приказна со Samsung Galaxy A54 5G и Samsung Galaxy A34 5G. Твојата генерација Зи (Gen Z) веќе некое време ужива во паметните телефони од серијата А, и ако се прашуваш зошто овие телефони така добро им легнаа на ...

Microsoft официјално ја најави датата од која ќе стане достапна годишната поголема надградба на Windows 11. Корисниците ќе можат да почнат да ја инсталираат почнувајќи од 26 септември, а како и обично први ќе ја добијат тие кои ќе проверат самите за достапни нови верзии преку Windows Update. Како што веќе ни е познато, главната новина во оваа верзија од Windows 11 ќе биде генеративната вештачка интелигенција, односно Copilot функцијата. ...

Со месеци пред официјалното претставување на iPhone 15 серијата, кога полека стана јасно дека Apple оваа година конечно ќе го префрли нивниот смартфон на USB-C приклучок, започнаа гласините за можното ограничување на истиот. Причината поради која се веруваше дека од компанијата ќе ги ограничат „перформансите“ на USB-C приклучокот, зависно од кабелот кој се користи, е во таквата практика со Lightning приклучокот. Користењето на кабли и додатоци ...

ПроКредит Банка вчера организираше прослава по повод 20 годишното постоење на македонскиот пазар. Во прекрасниот простор на ПроКредит Академијата на Велешко Езеро со над 850 гости, менаџерскиот тим на Банката беше домаќин на своите клиенти, видни личности од македонската банкарска индустрија, партнери и медиуми, меѓу кои и гувернерката на Народна банка на РСМ Анита Ангеловска-Бежоска и германската амбасадорка во земјава Петра Дрекслер. ...

Физичкото, вербалното, односно, психичкото, социјалното и сајбер-насилството се дел од животот на децата во Македонија, уште од најрана возраст. Ваквото секојдневие изминативе години е потврдено од низа истражувања, а случаите за кои што медиумите често известуваат, потврдуваат оти состојбата со овој проблем полека станува алармантна. Со цел да укаже на важноста на оваа горлива тема, но и да понуди пат како постепено да се дојде до решение, ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
4.63
76%
1025
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
2.57
91%
1027
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
93%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
2.57
73%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
2.39
92%
1025
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 2ᴼ
0.08
97%
1027
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
0.89
84%
1020
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
87%
1021
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
81%
1023
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
3.6
90%
1023
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
2.57
93%
1026
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
3.09
82%
1022
Currency

61.5417

Currency

52.4451

Currency

70.2442

Currency

35.0049

Currency

38.1166

Currency

66.0155

Currency

7.43341

Currency

0.65873

Currency

0.33656

Currency

0.52433

Currency

1.22888

Currency

0.57921

Кобалт

58.42

Рутениум

29192.88

Бакар

10.99

Цинк

3.32

Злато

139455.71

Алуминиум

2.89

Никел

464385.38

Калај

40.69

Родиум

256402.20

Сребро

2065.03

Паладиум

48644.08

Платина

57093.34