За наредната iPhone серија, односно iPhone 16, се најавува дека ќе донесе мали измени во големината на екраните кај четирите модели. Ова неколку пати досега е достапно како гласина, а сега Сони Диксон има и слика со точните големини, наводно. Од тоа што може да се види од сликата, промени ќе има кај Pro моделите, односно тие добиваат зголемување на екраните. iPhone 16 Pro наводно ќе има екран со големина од 6,3 инчи, што е за 0,2 повеќе од ...

Најновата „опционална“ надградба на Windows 11, која за сите корисници ќе биде достапна идниот месец, со себе донесува нешто што одамна веќе се очекува. Microsoft ќе почне да прикажува реклами преку Старт менито, а тие ќе бидат во форма на препорачани апликации. Сепак, треба да сме среќни што не се работи за класични реклами кои сериозно би го нарушиле корисничкото искуство, па истите само ќе бидат тука да им откријат на корисниците апликации ...

Скопје, 29.04.2024 – Минатата среда на првиот круг Претседателски избори, 49,93% од населението го оствари правото на глас и постапи одговорно кон најважната граѓанска обврска. Вкупно 905.958 граѓани знаат дека нивниот глас е нивното најмоќно оружје и единствено средство за изразување на нивните убедувања и очекувања, односно 905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“. Секој од овие 905.958 гласа, директно влијае во формирањето на ...

Можноста за симнување на само една апликација во исто време на Android преку Play Store е нешто што одамна чекаме да биде променето. Google конечно им овозможи на корисниците да можат да симнуваат повеќе од една апликација паралелно, а за почеток може да се симнуваат две апликации. Според информациите, планирано е да се овозможи симнување на до пет апликации во исто време, но таа информација е неофицијална, па не може да знаеме дали ќе се ...

После месеци на шпекулирање и наводно одложување, Apple конечно ја закажа датата кога ќе ги претстави новите верзии од нивните iPad таблет компјутери. Претставувањето ќе биде идната недела, односно 7 мај, а настанот ќе биде еден час порано од обично, во 18:00 часот по македонско време. Главната новина поради која ова претставување е доста важно е очекувањето дека Apple ќе почне да користи OLED панели кај iPad Pro серијата, а се надевам дека тоа ...

Стартап Македонија е организатор, додека пак универзитетот за информатика “Св. Апостол Павле” е домаќин на овој настан, кој што е најголем настан од ваков тип во државата. По отварањето на настанот во петок попладне, првата активност која што ја имаа учесниците беше пичирањето на идеите. Околу 20 идеи беше бројката на презентирани идеи од страна на младите професионалци пред менторите и останатите учесници на настанот. Откако сите си ги ...

Фондот за иновации и технолошки развој денеска го објави јавниот повик „Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации”, преку кој се обезбедени 8 милиони евра за поддршка на проекти за комерцијализација на иновативноста кај македонските компании. Повикот е наменет за компании кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие и/или установа која врши високообразовна, односно ...

Оваа година е десетгодишнината од претставувањето на Apple Watch, па гласините засега најавуваат дека од компанијата планираат одредени новини кај часовникот кој можно е да биде наречен Apple Watch X. Веќе ги видовме и првите слики и видео од тоа како може да изгледа овој часовник, а кратко кажано, Apple ќе ги искористи голем дел од дизајн новините кои ги претстави кај Watch Ultra. Сега нова информација исто така оди во правец на можните промени ...

Canonical официјално ја пушти најновата верзија од Ubuntu, која стандардно ја пуштаат во овој период од годината. Оваа година на ред е да биде пуштена верзијата која добива долгорочна поддршка, а корисниците сега ќе можат да добијат дури до 12 години на поддршка. Ubuntu 24.04 LTS е најновата верзија која го носи името „Noble Numbat“. За истата од Canonical истакнуваат дека донесува доста големи подобрувања кај перформансите, а тука е и ...

Познатиот шведски производител на електрични автомобили, Polestar, чија сопственост сепак завршува во Кина, претстави смартфон кој ќе биде достапен само за кинеските корисници. Polestar Phone е тука да им конкурира на производителите на смартфони кои се почесто се одлучуваат да влезат на пазарот на електрични автомобили, а тоа посебно е случајот во Кина со Huawei и Xiaomi. Телефонот е од високата класа, а ќе се продава по цена од околу 1000 ...

Скопје, 26.04.2024 – Пораката „Не е до нив, до тебе е“ пристигна до многумина, затоа што караванот од оваа кампања отпатува низ повеќе градови низ Македонија. Утре (27.04.2024), диџеј Мац и актерот Бојан Кирковски доаѓаат во Скопје, во Градски парк, фонтана „Лотосов цвет“ во 12:00 часот. Веднаш потоа, караванот оди до својата следна станица – Плоштадот ‘’Св. Климент Охридски‘‘ во Охрид. Бојан Кироковски и Диџеј Мац им закажуваат средба на ...

Првично неофицијално најавувани за крајот на март или почетокот од април, сепак на крајот „префрлени“ за мај, новите iPad верзии сега и официјално ќе ги видиме идниот месец. Apple секако не кажа за што точно се работи, но закажа настан за 7 мај кој го носи името „Lest Loose“. Настанот ќе започне нешто порано од обично, па ќе може да се следи со почеток од 18:00 часот по македонско време. Дека настанот е поврзан со iPad може да се види и од ...

Светот во кој живееме станува сѐ подигитален – сите решенија, сите процеси и важни податоци стануваат дигитални, а предизвикот кој го имаат претпријатијата е да се адаптираат на современата бизнис клима. Повеќе од кога било досега, особено на малите и средни претпријатија им е потребен сигурен придружник за да го совладаат своето патување кон поголем раст и oдржливост. Дигиталните решенија на Македонски Телеком се креирани за да им помогнат на ...

HMD, кои изминатите години беа познати како сопственици на легендарниот бренд Nokia, ги претставија првите три смартфони од нивниот нов бренд, Pulse. Дека од компанијата планираат вакво нешто најавија минатиот септември, па сега еве ги имаме и првите смартфони од промената на правецот на компанијата. Претставени се телефоните HMD Pulse Pro, HMD Pulse+ и HMD Pulse. Како што се очекуваше, HMD ќе конкурира на пазарот кој има многу повеќе корисници, ...

Исклучувањето на поддршката за „колачиња“ од трети страни во Google Chrome, процес кој конечно започна на почетокот од оваа година, повторно се одложува. Причината за тоа е забелешката која ја има британското регулаторно тело, CMA – Competition and Markets Authority за Privacy Sandbox функцијата од Google која треба да ги замени „колачињата“, барем во делот за реклами. Според CMA, оваа алтернатива на „колачињата“ сепак не овозможува заштита на ...

Скопје, 25 април 2024 г. – Samsung Electronics детално ја претстави својата линија на телевизори и soundbar-звучници на овогодишниот настан Unbox & Discover, вклучувајќи ги најновите Neo QLED 8K и 4K и OLED телевизори и soundbar-звучници. Понудата на Samsung, како водечки производител на телевизори веќе 18 години по ред, го збогатува искуството за домашна забава на овогодинешниот настан со серија моќни решенија базирани на вештачка ...

Meta ја најавија најновата верзија од нивниот Meta AI сега направен на основа на Llama 3 големиот јазичен модел. Со ова доаѓа и проширување на достапноста во повеќе земји, поточно во уште 13 земји надвор од САД, но тоа е се’ уште далеку од масовна достапност во целиот свет. Meta AI е асистент кој е направен на основа на големите јазични модели и генеративната вештачка интелигенција, а беше претставен за првпат минатата година во рамките на ...

Скопје, 17.04.2024 – Демократијата е систем на владеење, кој го обезбедува најмоќното право за секој граѓанин да има право на глас, промовирајќи еднаквост. Правото на глас, освен што е привилегија, истовремено е и обврска и одговорност која произлегува од нашата улога како активни членови на демократското општество. Во држава во која секој има иста можност, со која може да влијае на одлуките кои ги засегаат сите во општеството, ниеден граѓанин ...

Германскиот пребарувач Ecosia, кој не е толку популарен како конкурентите, е познат по својата работа за заштита на планетата. Од компанијата главниот акцент го ставаат на садењето на дрва, нешто што го прават со помош на заработката која ја имаат од пребарувањата, односно од рекламите. Сега од компанијата претставија уште еден интернет прелистувач кој сигурно не му е баш потребен на пазарот, а посебно поради фактот што е направен на основа на ...

Корисниците на Google Workspace пакетот за бизнис корисници кои ја користат Google Chat апликацијата во нивната работа, сега можат да разговараат со корисниците од другите апликации без потреба од нивна инсталација. Google Chat ја доби можноста да функционира со Microsoft Teams и Slack, две конкурентни апликации од истата категорија, па корисниците ќе можат цела нивна бизнис комуникација да ја прават преку една апликација. Оваа можност досега ...

Apple ќе има целосно различен пристап кон генеративната вештачка интелигенција во споредба со конкурентите, а посебно Microsoft кои ги наметнаа новите функции секаде каде што може. Според Марк Гурман, преку неговиот неделен билтен, Apple развива големи јазични модели, кои се „позадината“ кај генеративната вештачка интелигенција, кои ќе функционираат директно од уредот, наместо преку серверите од компанијата. Иако ова ќе значи дека тие нема да ...

Скопје, 22.04.2024 – Во годината кога најпознатиот македонски бренд на пиво „СКОПСКО“ слави 100 години од своето постоење, култниот знак СКОПСКО кој стои гордо на врвот на една од најубавите згради во Скопје – Ристиќева Палата, денес доби ново руво. Веќе 30 години, знакот на СКОПСКО гордо ги поздравува минувачите на скопскиот плоштад секој пат кога восхитено ќе погледнат кон врвот на Ристиќева плата. Првиот знак е поставен некаде помеѓу ...

Во август минатата година одличниот Марк Гурман најави дека наредната верзија од Apple Watch ќе добие одреден редизајн, со оглед на тоа што се работи за јубилејна десетта верзија. Нешто подоцна тој најави и нови функции покрај освежениот изглед, а тие би требало да вклучуваат нов сензор за мерење на крвниот притисок, како и дополнителна мерка при спиењето со мерењето на апнеја. Сега за првпат излегуваат и неофицијални слики од новата верзија од ...

По најавата на новиот Snapdragon X Elite чип од страна на Qualcomm минатата година, оваа недела конечно можеме да ги очекуваме и првите лаптоп компјутери кои треба да им донесат вистинска конкуренција на Apple со нивните М чипови и MacBook компјутери. Од компанијата преку објава на X ја означуваат датата 24 април, а тоа е оваа среда. Тогаш можеме да ги очекуваме првите лаптоп компјутери, а тие треба да бидат претставени најверојатно од Lenovo и ...

Директорот на Google и Alphabet, Сундар Пичаи, испрати писмо до вработените преку кое ги информира за промени во структурата на компанијата која може да се каже ја донесува една од поголемите досега. Промените се истакнува дека се направени за зголемување на брзината и извршувањето на задачите и плановите во компанијата, а очекувано, во центарот на сите овие промени е вештачката интелигенција. Може да се види дека реорганизацијата вклучува доста ...

Институтот за комуникациски студии (ИКС) го објави петтиот извештај во рамките на истражувањето „Мерење на политички штетни наративи“ (ШТЕТ-НА), којшто претставува сублимат на податоците од мониторингот на комуникациските практики на политичките актери во кои се идентификувани штетни наративи и нивното пренесување во медиумите во март 2024. Ова е прв едномесечен извештај од почетокот на мониторингот во септември 2023 година, кој се прави со цел ...

Децата се една од најранливите категории учесници во сообраќајот. Токму затоа неопходно е да се вложат заеднички напори за унапредување на нивната безбедност во сообраќајот. Треба да се има предвид дека тие се рамноправни учесници во сообраќајот на патиштата и да се посвети особено внимание на нивната едукација од областа на сообраќајните правила и прописи. Неопходноста за помош и едукација од возрасните посебно е изразена кај децата од помала ...

Скопје, април 2024 — Серија динамични промоции се одржаа во маркетите низ Скопје, како дел од проектот „Вкусот на Праските“, финансирана од Европската Унија. Во периодот од 28 март до 11 април, 2024 година на 12 клучни локации во Скопје беа реализирани дегустации кои значајно придонесоа во доближувањето на европскиот квалитет и безбедност на храна до свеста на потрошувачите и истовремено ги воодушевија со вкусот на праските. Во текот на ...

По првичните информации пронајдени во кодот од апликацијата, па официјалната најава од страна на компанијата, TikTok конкурентот на Instagram сега е и официјално претставен. Апликацијата е наречена TikTok Notes и ќе им биде достапна на ограничен број на корисници во Австралија и Канада. Од компанијата ја најавија апликацијата преку објава на X, каде истакнаа дека во оваа фаза се работи за ограничен тест на истата. TikTok Notes го претставува ...

Македонски Телеком е прогласен за најпосакуван работодавач во категоријата на телекомуникациски оператори од страна на „Вработување.ком“, врз основа на следните критериуми: следење на интересот за објавите и за огласите на компаниите од страна на посетителите , интересот на апликантите и спроведената анкета на тема „Во која компанија би се вработиле без размислување?“ „Чест ми е да ја прифатам оваа награда во име на секој вреден член на тимот ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
77%
1011
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
93%
1009
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
71%
1011
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
93%
1011
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
0.71
88%
1012
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 8ᴼ
1.54
95%
1011
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
1.79
59%
1009
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
67%
1012
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
88%
1010
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 12ᴼ
5.14
81%
1012
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 9ᴼ
3.09
85%
1012
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1011
Currency

61.525

Currency

54.2314

Currency

72.3411

Currency

34.9893

Currency

39.3371

Currency

66.0463

Currency

7.52996

Currency

0.67484

Currency

0.37844

Currency

0.52704

Currency

1.40608

Currency

0.64154

Алуминиум

2.43

Кобалт

0.53

Никел

0.48

Рутениум

19869.16

Калај

31.97

Сребро

1049.50

Злато

108919.31

Бакар

9.35

Паладиум

31523.81

Платина

31329.64

Родиум

172810.26

Цинк

2.58

Иридиум

134266.78