HMD, кои изминатите години беа познати како сопственици на легендарниот бренд Nokia, ги претставија првите три смартфони од нивниот нов бренд, Pulse. Дека од компанијата планираат вакво нешто најавија минатиот септември, па сега еве ги имаме и првите смартфони од промената на правецот на компанијата. Претставени се телефоните HMD Pulse Pro, HMD Pulse+ и HMD Pulse. Како што се очекуваше, HMD ќе конкурира на пазарот кој има многу повеќе корисници, ...

Исклучувањето на поддршката за „колачиња“ од трети страни во Google Chrome, процес кој конечно започна на почетокот од оваа година, повторно се одложува. Причината за тоа е забелешката која ја има британското регулаторно тело, CMA – Competition and Markets Authority за Privacy Sandbox функцијата од Google која треба да ги замени „колачињата“, барем во делот за реклами. Според CMA, оваа алтернатива на „колачињата“ сепак не овозможува заштита на ...

Скопје, 25 април 2024 г. – Samsung Electronics детално ја претстави својата линија на телевизори и soundbar-звучници на овогодишниот настан Unbox & Discover, вклучувајќи ги најновите Neo QLED 8K и 4K и OLED телевизори и soundbar-звучници. Понудата на Samsung, како водечки производител на телевизори веќе 18 години по ред, го збогатува искуството за домашна забава на овогодинешниот настан со серија моќни решенија базирани на вештачка ...

Meta ја најавија најновата верзија од нивниот Meta AI сега направен на основа на Llama 3 големиот јазичен модел. Со ова доаѓа и проширување на достапноста во повеќе земји, поточно во уште 13 земји надвор од САД, но тоа е се’ уште далеку од масовна достапност во целиот свет. Meta AI е асистент кој е направен на основа на големите јазични модели и генеративната вештачка интелигенција, а беше претставен за првпат минатата година во рамките на ...

Скопје, 17.04.2024 – Демократијата е систем на владеење, кој го обезбедува најмоќното право за секој граѓанин да има право на глас, промовирајќи еднаквост. Правото на глас, освен што е привилегија, истовремено е и обврска и одговорност која произлегува од нашата улога како активни членови на демократското општество. Во држава во која секој има иста можност, со која може да влијае на одлуките кои ги засегаат сите во општеството, ниеден граѓанин ...

Германскиот пребарувач Ecosia, кој не е толку популарен како конкурентите, е познат по својата работа за заштита на планетата. Од компанијата главниот акцент го ставаат на садењето на дрва, нешто што го прават со помош на заработката која ја имаат од пребарувањата, односно од рекламите. Сега од компанијата претставија уште еден интернет прелистувач кој сигурно не му е баш потребен на пазарот, а посебно поради фактот што е направен на основа на ...

Корисниците на Google Workspace пакетот за бизнис корисници кои ја користат Google Chat апликацијата во нивната работа, сега можат да разговараат со корисниците од другите апликации без потреба од нивна инсталација. Google Chat ја доби можноста да функционира со Microsoft Teams и Slack, две конкурентни апликации од истата категорија, па корисниците ќе можат цела нивна бизнис комуникација да ја прават преку една апликација. Оваа можност досега ...

Apple ќе има целосно различен пристап кон генеративната вештачка интелигенција во споредба со конкурентите, а посебно Microsoft кои ги наметнаа новите функции секаде каде што може. Според Марк Гурман, преку неговиот неделен билтен, Apple развива големи јазични модели, кои се „позадината“ кај генеративната вештачка интелигенција, кои ќе функционираат директно од уредот, наместо преку серверите од компанијата. Иако ова ќе значи дека тие нема да ...

Скопје, 22.04.2024 – Во годината кога најпознатиот македонски бренд на пиво „СКОПСКО“ слави 100 години од своето постоење, култниот знак СКОПСКО кој стои гордо на врвот на една од најубавите згради во Скопје – Ристиќева Палата, денес доби ново руво. Веќе 30 години, знакот на СКОПСКО гордо ги поздравува минувачите на скопскиот плоштад секој пат кога восхитено ќе погледнат кон врвот на Ристиќева плата. Првиот знак е поставен некаде помеѓу ...

Во август минатата година одличниот Марк Гурман најави дека наредната верзија од Apple Watch ќе добие одреден редизајн, со оглед на тоа што се работи за јубилејна десетта верзија. Нешто подоцна тој најави и нови функции покрај освежениот изглед, а тие би требало да вклучуваат нов сензор за мерење на крвниот притисок, како и дополнителна мерка при спиењето со мерењето на апнеја. Сега за првпат излегуваат и неофицијални слики од новата верзија од ...

По најавата на новиот Snapdragon X Elite чип од страна на Qualcomm минатата година, оваа недела конечно можеме да ги очекуваме и првите лаптоп компјутери кои треба да им донесат вистинска конкуренција на Apple со нивните М чипови и MacBook компјутери. Од компанијата преку објава на X ја означуваат датата 24 април, а тоа е оваа среда. Тогаш можеме да ги очекуваме првите лаптоп компјутери, а тие треба да бидат претставени најверојатно од Lenovo и ...

Директорот на Google и Alphabet, Сундар Пичаи, испрати писмо до вработените преку кое ги информира за промени во структурата на компанијата која може да се каже ја донесува една од поголемите досега. Промените се истакнува дека се направени за зголемување на брзината и извршувањето на задачите и плановите во компанијата, а очекувано, во центарот на сите овие промени е вештачката интелигенција. Може да се види дека реорганизацијата вклучува доста ...

Институтот за комуникациски студии (ИКС) го објави петтиот извештај во рамките на истражувањето „Мерење на политички штетни наративи“ (ШТЕТ-НА), којшто претставува сублимат на податоците од мониторингот на комуникациските практики на политичките актери во кои се идентификувани штетни наративи и нивното пренесување во медиумите во март 2024. Ова е прв едномесечен извештај од почетокот на мониторингот во септември 2023 година, кој се прави со цел ...

Децата се една од најранливите категории учесници во сообраќајот. Токму затоа неопходно е да се вложат заеднички напори за унапредување на нивната безбедност во сообраќајот. Треба да се има предвид дека тие се рамноправни учесници во сообраќајот на патиштата и да се посвети особено внимание на нивната едукација од областа на сообраќајните правила и прописи. Неопходноста за помош и едукација од возрасните посебно е изразена кај децата од помала ...

Скопје, април 2024 — Серија динамични промоции се одржаа во маркетите низ Скопје, како дел од проектот „Вкусот на Праските“, финансирана од Европската Унија. Во периодот од 28 март до 11 април, 2024 година на 12 клучни локации во Скопје беа реализирани дегустации кои значајно придонесоа во доближувањето на европскиот квалитет и безбедност на храна до свеста на потрошувачите и истовремено ги воодушевија со вкусот на праските. Во текот на ...

По првичните информации пронајдени во кодот од апликацијата, па официјалната најава од страна на компанијата, TikTok конкурентот на Instagram сега е и официјално претставен. Апликацијата е наречена TikTok Notes и ќе им биде достапна на ограничен број на корисници во Австралија и Канада. Од компанијата ја најавија апликацијата преку објава на X, каде истакнаа дека во оваа фаза се работи за ограничен тест на истата. TikTok Notes го претставува ...

Македонски Телеком е прогласен за најпосакуван работодавач во категоријата на телекомуникациски оператори од страна на „Вработување.ком“, врз основа на следните критериуми: следење на интересот за објавите и за огласите на компаниите од страна на посетителите , интересот на апликантите и спроведената анкета на тема „Во која компанија би се вработиле без размислување?“ „Чест ми е да ја прифатам оваа награда во име на секој вреден член на тимот ...

Посетителите на специјализираниот интернет-портал за пребарување работни места Вработување.ком за 2023 година го прогласија „Макпетрол“ за најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании. Како резултат на стабилноста, платите што се меѓу највисоките во секторот, но и големиот број можности за професионална надградба и развој на вработените, „Макпетрол“ е избран меѓу најуспешните. Компанијата го доби ова признание на свечена манифестација ...

Sony ја претстави линијата на производи за 2024 која вклучува нови телевизори и звучни ленти, но оваа година посебно внимание привлекуваат телевизорите. Иако Sony продолжува да прави нови OLED телевизори, сепак, кога ќе помислите на најдоброто од компанијата, оваа година тоа ќе биде Mini LED технологијата. Напредокот кој го имаат постигнато од Sony овозможува да оваа веќе одлична технологија, а посебно кога е во прашање светлината, може да ...

Apple беа приморани да дозволат инсталација на апликации надвор од App Store за првпат од претставувањето на iPhone. Оваа обврска е дел од новите европски закони, веќе познати на повеќето, а сега ја имаме и првата таква апликација за корисниците во Европската Унија. Апликацијата е наречена AltStore PAL и истата не е нова, односно достапна е неколку години, но корисниците требаше да „се помачат“ малку за да ја инсталираат. Сега истата функционира ...

Посетителите на специјализираниот интернет-портал за пребарување работни места Вработување.ком за 2023 година го прогласија „Макпетрол“ за најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании. Како резултат на стабилноста, платите што се меѓу највисоките во секторот, но и големиот број можности за професионална надградба и развој на вработените, „Макпетрол“ третпат е избран меѓу најуспешните. Компанијата го доби ова признание на свечена ...

Скопје, 18.04.2024 – Пораката „Не е до нив, до тебе е“ пристигна до многумина, затоа што караванот од оваа кампања отпатува низ повеќе градови низ Македонија. А во недела, диџеј Мац и актерот Бојан Кирковски доаѓаат во Скопје, во Градски парк на Школка. Затоа, доколку сакате да се забавувате, да се насмеете до солзи и на позитивен начин да донесете вистинска одлука, дека ВИЕ сте тие што ќе учествуваат во креирањето на вашата држава, не наоѓајте ...

СКОПЈЕ, 17.04.2024: Вчера се одржа тркалезна маса посветена на „фриленсерството” во Македонија, организирана во рамки на проектот „Проширување на можностите за претприемништво на младите и економско зајакнување на жените“, поддржан од Амбасадата на САД. На тркалезната маса се дискутираше за новите нестандардни форми на „вработување”, со фокус на промоција на фриленсерството преку дигитални платформи, како можност за само-вработување и генерирање ...

Мнозинството млади луѓе ги одбираат Инстаграм, Фејсбук и Јутуб како најинтересни за следење вести, а вестите за образование, наука и технологија им се најпривлечни. Иако веруваат дека само некои од информациите на социјалните медиуми се вистинити, а речиси една четвртина се загрижувачки пречесто на социјалните мрежи, за младите активното пребарување и реагирање на информациите не е вообичаено. Се сметаат за способни да препознаат дезинформации ...

Скопје, 17 април 2024 г. — Компанијата Samsung Electronics денеска за прв пат на нашиот пазар претстави нови уреди од категоријата бела техника кои се веќе достапни за купување, но и дискретно најави нови ТВ приемници и паметни звучници, кои на пазарот ги очекуваме кон средината на мај. Ова беше можност компанијата, која е пионер во технолошките достигнувања, да потсети за практичната примена на вештачката интелигенција, која не е само тема за ...

Скопје, 17.04.2024 – Во секоја демократска држава, граѓаните имаат привилегија и одговорност да учествуваат во изборниот процес. Секој од нас има граѓанска должност да излезе на избори и да гласа. Гласањето не е само право, туку и обврска, која произлегува од нашата улога како активни членови на демократското општество. Преку гласањето, не само што ја изразуваме нашата индивидуална волја, туку го користиме правото на избор, како најсилно оружје, ...

За разлика од Microsoft кои нивниот Copilot го интегрираа секаде каде што може, Google одат малку подобро со нивниот Gemini. Chrome прелистувачот не е пренатрупан со функции, а нема ни очигледно истакнати функции со генеративната вештачка интелигенција. Со верзијата 125 од прелистувачот корисниците изгледа сепак ќе добијат интеграција со ВИ, но доста подискретно и подобро од конкурентот Microsoft Edge. Интеграцијата ќе дојде во форма на можност ...

Египетскиот главен град Каиро ќе биде домаќин на третиот турнир од Светската 1 Премиер карате-лига. Единствени учесници од Македонија ќе бидат членовите на „Макпетрол“, Петар Заборски (-75 кг.) и Петар Спасеновски (-84 кг.). Само тие од земјава обезбедија норма за да бидат дел од реномираното натпреварување. Каратистите на скопскиот клуб се пласираа во топ-32 каратисти на ранг-листата на ВКФ (Светската карате федерација), што беше пресуден услов ...

Тоа што започна како тест во Нов Зеланд и Филипините, сега изгледа може да се очекува во повеќе земји, ако не и во сите. X во основа планираат да им наплаќаат на сите нови корисници, односно ново креирани сметки, за да можат да објавуваат, да „лајкуваат“, да зачувуваат објави или да одговараат на објавите. Сумата која би била поставена треба да е мала, во тест земјите истата изнесува 1 долар месечно, а причината за оваа претплата е справувањето ...

Во основните училишта во Берово ќе се одржат едукативни средби за булинг кои што ќе ги овозможи „Макпетрол“. Активностите отпочнуваат со меморандум за соработка потпишан меѓу општината и компанијата. Беровските ученици, како и нивните наставници, педагози и психолози, ќе учествуваат на работилници предводени од психолог којшто има долгогодишно искуство со булингот. Знаењата стекнати на овие средби, стручните служби потоа ќе можат да ги применат ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.24
83%
1019
weather icon

Белград

9ᴼ / 5ᴼ
0.45
72%
1015
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
1.74
74%
1014
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.3
84%
1018
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.12
78%
1016
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
0.9
91%
1015
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
4.02
62%
1016
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.99
85%
1020
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.77
85%
1020
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
3.13
88%
1013
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.68
77%
1011
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
0.82
79%
1015
Currency

61.53

Currency

55.1097

Currency

73.024

Currency

35.3694

Currency

39.4472

Currency

65.7987

Currency

7.64669

Currency

0.6798

Currency

0.3776

Currency

0.52479

Currency

1.41825

Currency

0.6438

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.47

Кобалт

42.99

Никел

15435.00

Рутениум

19869.16

Калај

32.99

Сребро

1037.98

Злато

102972.02

Бакар

9.23

Паладиум

3054.32

Платина

31427.29

Родиум

176829.11

Цинк

2.68