
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



После одличните оценки на екранот кај Galaxy S24 серијата, а посебно слојот против одблесок, сега неофицијалните информации најавуваат дека и Apple ќе отиде во тој правец кај своите идни модели. Оваа промена изгледа нема да може да биде постигната за оваа година, односно за iPhone 16 серија, но затоа оваа серија наводно ќе добие дополнително намалување на веќе доста мали рамки околу екранот. Apple наводно ќе користи технологија која е наречена ...
За своите активности на полето на општествената одговорност, „Макпетрол“ доби признание од СОС Детско Село. Оваа организација ја награди компанијата и ја вброи меѓу најголемите донатори и поддржувачи за изминатата година. Во 2023 „Макпетрол“ стана кум на куќата што го носи името „Верна“ и во која живеат деца со нивните згрижувачки родители. Компанијата донира средства со кои беше обезбедена потребната финансиска поддршка на згрижувачкото ...
Скопје, 21.03.2024 – Иднината им припаѓа на новите генерации и доколку сакаме да создадеме поубаво место за живеење, треба да им се посветиме на децата, затоа што секое дете заслужува да ги научи вистинските вредности, да биде свесно за околината што го опкружува, да се грижи за природата и за луѓето околку себе. Токму затоа, неколку години по ред Општина Аеродром, Нула Отпад и Капитол Мол имаат заедничка еко мисија, насловена Е-Капитолијада. Со ...
Скопје, 21 март 2024 г. – Samsung Electronics денес ја претстави функцијата 3D Map View, која првпат беше претставена на саемот CES 2024, а сега е достапна во сите земји со пристап до апликацијата SmartThings. Функцијата 3D Map View го поедноставува управувањето со домот претворајќи ги реалните нацрти на домот во виртуелни слики во апликацијата SmartThings. Корисниците можат јасно да ги видат своите уреди и лесно да го приспособат осветлувањето, ...
Европската Унија можеби ги натера Apple да овозможат неколку работи кои тие никогаш не би ги овозможиле самите, но тоа не значи дека проблемите на програмерите се решени. Apple ќе им овозможат на програмерите да користат други системи за наплата, односно да не мора да го користат тој на Apple, но и во таквите ситуации од компанијата ќе продолжат со наплата на процент од трансакциите. Овој процент ќе варира зависно од големината на компанијата и ...
По бета тестирањето, од денеска официјално станува достапна четириесет и шестата верзија од GNOME десктоп околината која е можеби и најпознатата во Linux „светот“. GNOME 46 ќе биде дел од најновата верзија од Ubuntu, поточно Ubuntu 24.04, па ова е еден одличен начин како да се пробаат новините кои ги донесува оваа верзија. Иако се работи за целосно нова верзија, сепак истата не донесува некои драстични новини. Во главно се работи за подобрувања ...
Општина Кочани ќе биде дел од општествено одговорната кампања преку која „Макпетрол“ дава придонес во решавањето на проблемот со булингот. Учениците кои посетуваат настава во основните училишта во општината ќе се стекнат со знаења за врсничко насилство. Тие ќе учествуваат во работилници со психолог којшто, врз основа на своето долгогодишно искуство на справување со проблемот, ќе сподели најразлични едукативни информации за булингот. Оваа ...
Стандардно за почетокот од годината, вниманието кога се во прашање смартфоните го привлекува новата серија од највисоката класа од Samsung. Galaxy S24 серијата беше претставена во втората половина од јануари, па помина доволно време за да може да се каже дека добив добра претстава за какви уреди се работи. На тест изминатите месец дена го имав најголемиот и најскапиот од серијата, Galaxy S24 Ultra, а намерно не сакам да го наречам најдобар ...
BitTorrent протоколот, кој пред 20 години држеше 35% од вкупниот интернет сообраќај, во денешно време веќе не го држи тоа убедливо прво место. Иако голем дел од корисниците, посебно во овој дел од светот, се’ уште го користат овој протокол, сепак тој е заменет од нешто што би се очекувало. Корисниците го трошат интернет сообраќајот, а посебно тој за прикачување на податоци, на „стриминг“ сервисите како YouTube, TikTok и слични, а тука исто така ...
Во рамките на Google I/O 2023, Google најавија Find My Device мрежата која треба да овозможи лоцирање на сите видови на уреди со помош на мрежата од Android телефони. Оваа нова функција не беше пуштена кога беше планирано, а според некои Apple се причината за истото и нивното пуштање на известувањата за следење од непознати уреди. Со Android 15, Find My Device ќе добие нова можност, која не беше најавена минатата година. Истата ќе овозможи ...
Потребата за паркинг места е сѐ поистакната заради континуираниот пораст на бројот на моторни возила во Македонија, зголемениот број на жители во населените места и модерните навики на луѓето за почесто користење на индивидуално моторно возило наместо јавен превоз или разни форми на одржлива мобилност (пешачење, возење велосипед и сл.). Кога паркирањето не е регулирано, може да предизвика низа неповолности за возачите, како на пример: Заради ...
Членовите на скопскиот клуб „Макпетрол“, Петар Заборски и Петар Спасеновски, остварија солидни резултати на неодамнешниот турнир од Светската 1 карате премиер лига што се одржа во Анталија. Заборски се пласира на седмата позиција во категоријата под 75 килограми. Тој во четвртфиналето загуби од Абилмансур Батиргали од Казахстан (0-2). Спасеновски, пак, во елиминацискиот дел заврши како втор во седмата група во категоријата до 84 килограми. ...
Скопје, 19.03.2024 – Време е за поинакво саемско доживување и одлична можност да го освежите вашиот дом. Од утре, 20 март започнува Саем на мебел и ќе трае до 24 март. Саемот ќе се одржува во комплексот „Борис Трајковски“ со работно време од 10:00 до 20:00 часот во среда, четврток, петок и сабота, а во недела од 10:00 до 17:00 часот. Веќе е сѐ подготвено за Саемот и од утре започнуваат деновите на големи саемски попусти и неверојатни понуди од ...
Qualcomm денеска го претстави Snapdragon 8s Gen 3 чипот. Од компанијата првпат го користат ова име кај нивните чипови, па за корисниците не е веднаш јасно што може да очекуваат. Snapdragon 8s Gen 3 е чип кој е нешто послаб од најдобриот од компанијата во моментот. Тоа значи дека тој е наменет за нешто „послабите“ смартфони од највисоката класа или за тие од средно високата. Поради тоа, чипот доаѓа со нешто послаби карактеристики од Snapdragon 8 ...
До крајот на годината Sony треба да претстави нова верзија од нивната играчка конзола и истата ќе го носи името PlayStation 5 Pro. Иако името асоцира на нешто помала надградба, наместо целосно нова конзола, тоа што ги имаме како информација за карактеристиките покажува дека се работи за доста сериозна нова верзија. Детали околу PlayStation 5 Pro излегоа пред три дена преку YouTube каналот „Moor’s Law is Dead“, а од порталот „Insider Gaming“ сега ...
Како што можевме да прочитаме неофицијално во јули минатата година, Spotify започна со тестирање на нова можност која сервисот ќе го стави во поголема конкуренција со YouTube. Spotify добива музички видеа, односно целосни видеа, за разлика од кратките видеа и досега достапни. Корисниците ќе можат да го видат целосното видео од конкретната песна која ја слушаат, а не само исечок кој трае до 10 секунди. За почеток оваа новина е во бета фаза, па е ...
Google Chrome на десктоп и на iOS, а подоцна во месецот и на Android, добива доста подобрена заштита од потенцијално опасните веб страни, односно „фишинг“ страните кои може да содржат малициозен софтвер и слично. Од компанијата ова го постигнуваат со воведување на проверка на страните во вистинско време и кога корисникот ја користи Safe Browsing функција во стандарден режим, односно не го вклучува напредниот режим. Досега стандардниот режим ...
Apple ќе го претстави iOS 18, како и другите системи, на WWDC 2024 во јуни како и секогаш, а за оваа верзија од iOS веќе се најавуваат доволно големи промени за да биде наречена најголемата надградба на системот досега. Иако има најави за промена на корисничкиот интерфејс, сепак во голем дел овие најави се однесуваат на очекувањата за претставување на доста нови функции со генеративна вештачка интелигенција. Сега, според Марк Гурман, Apple ...
Неколку месеци по претходното, второто тест лансирање на Starship, од SpaceX во текот на вчерашниот ден го направија третото тест лансирање. За разлика од претходните, ова лансирање помина многу поуспешно и издржа за првпат до орбитата на Земјата, но за жал слетувањата не беа успешно изведени. Лансирањето започна вчера, 14 март, во 14:25 часот по македонско време, односно 8:25 часот по локално време од Starbase во Тексас, САД. Исто како и ...
Meta продолжува да додава доста нови функции кај нивната WhatsApp, па иако апликацијата е во сопственост на оваа компанија, сепак важи за една од побезбедните на пазарот. Најновата функција е поврзана со приватноста на корисниците, поточно со можноста да се направи слика од нивната профилна слика. WhatsApp ќе го блокира правењето на слика од екранот (screenshot) кога истата се прави од сликата на корисникот. Кога некој ќе проба да направи слика ...
Google официјално ја најави датата кога ќе ја одржи нивната главна годишна конференција, Google I/O. Исто како што е случајот со Apple и нивната WWDC, Google I/O е пред се конференција наменета за програмерите, но на истата има доволно презентации кои ги интересираат и обичните корисници. 14 мај е датата на годинешната Google I/O и на истата очекуваме дека ќе видиме неколку новини кои не интересираат. Стандардно, очекуваме дека Google ќе ја ...
Proton Mail сервисот, познат по шифрирањето на пораките и приватноста на корисниците, официјално ја пушти својата десктоп апликација која беше најавена во бета форма минатата година. Апликацијата изгледа скоро исто како веб верзијата од сервисот, па од тоа што можев да видам најверојатно се работи за апликацијата направена на основа на веб технологиите. Истата ги има истите можности како на веб, што значи корисниците добиваат исто корисничко ...
Microsoft Teams сервисот како што е познато е достапен за бизнис корисниците со повеќе функции, но и за приватните корисници во бесплатна форма со нешто помалку функции. Поради тоа, Teams моментално има две верзии од апликациите, па за активните корисници ова може да претставува мал проблем. Од компанијата добро е што конечно се сетија, па до крајот на годината ќе ја унифицираат понудата во една апликација која ќе функционира со три видови на ...
Samsung оваа недела ги претстави Galaxy A55 5G и Galaxy A35 5G кои како главна новина ја донесуваат подобрата безбедност помогната од Samsung Knox. Оваа класа на уреди од Samsung е веќе доста позната и популарна кај корисниците кои не ги купуваат телефонот од највисоката класа. „Со серијата Galaxy A ги претставуваме нашите најнови технологии на поширока публика, за повеќе луѓе да имаат придобивки од истите“, рече Т.М. Рох, претседател и ...
После години на огромна популарност поради која беа претставени Reels кај апликациите од Meta и Shorts кај YouTube, TikTok сега ќе бидат тие кои ќе се обидат да земат од пазарот на нивните конкуренти. Од компанијата изгледа се подготвуваат да претстават посебна апликација за споделување на слики, која би била конкурент на Instagram. TikTok Photos е името кое се верува дека ќе се користи за оваа апликација. До оваа информација доаѓаат од ...
Достапноста на мали игри и апликации кои се „вградени“ директно во Discord во периодот што следи може да се очекува доста да се зголеми. Од компанијата ја отвораат можноста за развој на овие игри и апликации за сите програмери, а не само за ограничен број од нив како што беше досега. Discord ја најави новата Embedded App SDK алатка преку која програмерите ќе можат да ги развиваат своите игри и апликации. Истите се „вградуваат“ во Discord ...
Со пуштањето на iOS 17.4 минатата недела, Apple ги донесе и промените кои се наметнати од новите закони во ЕУ, а со тоа се отвори за првпат можноста корисниците да инсталираат апликации од алтернативни продавници, не само од App Store. Ова се само дел од новините кои ги донесе оваа верзија на iOS, која вклучува уште неколку „европски“ новини, но во овој случај нас на интересира таа за инсталација на апликациите. Apple најави уште една можност ...
Повторно како резултат на промените кои ги наметнуваат новите европски закони, Microsoft овозможи бришење на една од апликациите кои најмногу ги „натура“ на корисниците во секоја можна шанса. Корисниците ќе можат да ја оневозможат или целосно избришат OneDrive, а од компанијата објаснија и како се прави истото. Бришењето на OneDrive се прави едноставно, односно како и било која друга апликација во Windows. Корисниците треба да го отворат „Add or ...
Airbnb ја промени својата политика во однос на поставувањето на безбедносни камери, кои досега беа дозволени да ги има внатре, поточно во просториите како дневната соба, ходниците и слично, но не и во спалните соби или бањите. Новите правила целосно ја забрануваат употребата на камери во внатрешниот дел од просторот кој се изнајмува, но се поставува прашањето дали ова ќе може да го реши проблемот со поставување на скриени камери. „Нашата цел ...
Интересно е што Android телефоните се’ уште имаат проблем со прикажување на точната ориентација на уредот, односно неговата насоченост. Ова посебно прави проблем во апликациите како Google Maps кога се добиваат насоки за движење пешки. Овој проблем конечно ќе биде решен со претставувањето на новата API алатка од страна на Google, наречена Fused Orientation Provider или кратко FOP. Новината кај оваа алатка е што ги собира информациите од повеќе ...