На почетокот на новата учебна година, РСБСП на сите ученици им посакува среќна и успешна учебна 2024/2025 година и апелира за зголемување на безбедноста на децата во сообраќајот на патиштата. Секој учесник во сообраќајот особено внимателно треба да се однесува во близина на училиштата и градинките. Но, не само возачите на моторни возила, во сообраќајот внимателни треба да бидат и децата и нивните родители. РСБСП препорачува родителите и ...

Според извори на The Wall Street Journal, Apple, како и Nvidia, се во преговори за инвестирање во OpenAI. Ова не е некое изненадување кога ќе се земе во предвид соработката која Apple и OpenAI ја започнаа оваа година. Како што е веќе познато, ChatGPT доаѓа како една од функциите на Apple Intelligence, односно корисниците можат да изберат одредени активности да се извршат со помош на овој „четбот“, наместо со јазичните модели од Apple. Оваа ...

Spotify продолжуваат со своите несогласувања кои ги имаат со Apple, сега со прекин на функционирањето на една можност кај Spotify Connect функцијата. Оваа функција им овозможува на Premium корисниците да пуштаат музика на други уреди, како на пример од својот мобилен на компјутерот или телевизорот, а дел од оваа можност е и контролата на звукот со копчињата за звук на телефонот. Корисниците на Spotify од почетокот на септември веќе нема да можат ...

По пуштањето на можноста за симнување на повеќе од една апликација во исто време во април оваа година, Google оваа доста важна можност сега ја проширува и на процесот на ажурирање на апликациите. При ажурирањето на апликациите, тие ќе се симнуваат по три во исто време, наместо само една по една како што беше случајот досега. Оваа новина треба доста да го забрза процесот на ажурирање, па корисниците дефинитивно ќе ја забележат разликата. Со ...

Доколку се погледнат бројките од Statcounter за јули, односно од изминатите година дена, може да се види дека Linux има пазарен удел од 4,45%, со што слободно може да се очекува надминување на 5% во наредните месеци. За споредба, Linux пред само две години имаше удел од 2,7%, што значи дека гледаме скоро дуплирање на бројот на корисници од 2022, па наваму. Достигнувањето на пазарен удел од 5% се очекува до февруари идната година, доколку ...

Овогодинешната Galaxy A серија, со која покрај Galaxy A55 5G беше претставен и Galaxy A35 5G пристигна соподобрена динамична функција Nightography, со која ноќните фотографии достигнуваат нови димензии кога станува збор за нивниот квалитет, без оглед во какви услови на осветлување ќе сликатее или снимате. Доколку се одлучите за Galaxy A55 5G, добивате уред со напредна обработка на сигналот на сликата со вештачка интелигенција кој дава ...

Apple изгледа конечно ќе ја зголеми најмалата меморија која им ја нуди на корисниците кај нивните Mac компјутери, па истата веќе нема да изнесува 8GB RAM. Ова е нешто за кое од компанијата се често критикувани, а тие дури се обидоа да тврдат дека 8GB RAM кај Mac е исто како 16GB кај Windows компјутерите. Корисниците секако секогаш ја имаа можноста да изберат модел со повеќе RAM, но тоа додаваше доста на веќе високата цена по која се познати ...

Без разлика дали се работи за работа или за забава, повеќето од нас користат интернет со часови секој ден. И кога тоа го правиме, ние сакаме да бидеме мирни затоа што знаеме дека сè што правиме онлајн, без разлика дали пребаруваме за следниот „шопинг“ или работиме на важен документ, ќе остане безбедно и сигурно. Со Samsung Galaxy ние Ве заштитивме за да можете да го користите интернетот побезбедно каде и да одите. Secure Wi-Fi: Со Secure Wi-Fi ...

Традиционалниот еко настан „Sound of Green“ годинава ќе се одржи во петок, на 30 август во МКЦ, во организација на Друштвото за управување со отпад од пакување Пакомак, а во соработка со Швајцарската амбасада во нашата земја. Годинава, пред скопската публика од 20:30 часот на две сцени, во паркот зад МКЦ и пред бифето, ќе настапат младата локална група Moira, Игор Џамбазов и Гуру Харе со бендот, како и гостите од Швајцарија, ORPHIA и DJ ALEX ...

Скопје, 29 август 2024 г. – Samsung Electronics го најави претставувањето на своите најнови иновации во домашната забава – проекторите The Premiere 9 и The Premiere 7. Овие проектори со исклучително кратко растојание на проекција, дизајнирани да понудат непроценливо искуство на гледање, го трансформираат секој животен простор во врвно домашно кино со неверојатна 4K резолуција, импресивен звук и други напредни функции. „Линијата The Premiere го ...

NASA одлучи да ги врати двајцата астронаути кои останаа на Меѓународната Вселенска Станица по проблемите кои се појавија со Starliner леталото до Boeing, со главниот конкурент, SpaceX. Астронаутите, чија мисија требаше да трае осум дена, сега ќе мора да чекаат до февруари идната година за да се вратат назад на Земјата. Се работи за астронаутите од NASA Буч Вилмор и Суни Вилијамс кои се поранешни тест пилоти во армијата. Тие времето кое ќе мора ...

Во писмо до Џим Џордан, кој е претседател на Комитетот за правосудниот систем како дел од Домот на претставниците во Конгресот на САД, Марк Закерберг „призна“ практика за која веќе одамна знаеме дека се случува. Тоа што ќе остане нејасно е зошто Закарберг сега се одлучува на ваков чекор, а дека тој може да почне да оди во овој правец видовме при пофалбата за начинот на којшто изреагира претседателот Доналд Трамп по обидот за негов атентат. Тоа ...

Apple официјално го најави настанот на кого ќе биде претставена наредната генерација од iPhone, односно iPhone 16 серијата. Датата кога ќе се одржи настанот е 9 септември и е еден ден порано од неофицијалните најави. Настанот ќе може да се следи во живо со почеток во 19:00 часот по македонско време, а се очекува да трае два часа. Како што е случајот изминатите неколку години, настанот е претходно снимен, а мал број на луѓе ќе можат да го следат ...

Со објава преку X, Елон Маск информира дека проверките за Polaris Dawn мисијата се завршени, што значи може да се очекува лансирањето на Falcon 9 ракетата која ќе го однесе Crew Dragon леталото во орбитата на Земјата. Polaris Dawn мисијата привлекува посебно внимание поради неколку причини. Првата е што четворицата астронаути кои треба да полетаат во текот на утрешниот ден ќе бидат првите кои ќе ја направат таканаречената „вселенска прошетка“, а ...

Додека чекаме официјална потврда и закажување на есенскиот Apple настан, гласините информираат дека овој настан ќе се одржи исто како минатата година, односно на 10 септември. На оваа дата Apple ќе ја претстави новата iPhone 16 серија, како и десеттата генерација од Apple Watch и нови AirPods слушалки. Според информациите од Марк Гурман, Apple веќе го има завршено видеото од настанот, кој веќе неколку години не се одржува во живо со публика како ...

Google обично своите нови Pixel генерации ги претставува во октомври, па оваа година дојде некако чудно што тоа го направија во август, околу два месеци порано. На 13 август Google го одржа својот настан на кој ги претстави Pixel 9, Pixel 9 Pro, Pixel 9 Pro XL, Pixel 9 Pro Fold, како и Pixel Buds Pro 2 и Pixel Watch 3. На настанот беа презентирано и новите функции со Gemini кои привлекоа големо внимание. Поради претставувањето на уредите два ...

Скопје, 26.08.2024 – Виз Ер Скопски маратон оваа година со гордост го одбележува своето 20-то јубилејно издание – настан кој го поставува Скопје на картата на светските маратонски градови. Од својот почеток до денес, Виз Ер Скопски маратон прерасна во најзначајниот спортски настан, собирајќи илјадници тркачи од Македонија, но и од други држави ширум светот, кои заедно ја слават енергијата, духот и посветеноста кон спортот. Пријавувањето за ...

Tensor G чиповите од Google досега не се покажаа баш најдобро во споредба со конкуренцијата, иако корисниците на телефоните од Google не пријавуваат некои посериозни недостатоци во корисничкото искуство. Годинешната нова Pixel 9 серија доаѓа со новиот Tensor G4 чип, но првите тестирањата покажуваат дека чипот продолжува да заостанува доста зад конкуренцијата. Дека вакво нешто ќе биде случајот можевме да претпоставиме со оглед на информациите ...

Скопје, 21 август 2024 г. – Samsung Electronics денес го најави претставувањето на своите најнови гејминг монитори на саемот Gamescom 2024 во Келн, Германија, со посебен акцент на револуционерниот Odyssey 3D кој нуди гледање во 3D без очила. Саемот Gamescom 2024, кој се одржува од 21 до 25 август, е најголемата гејминг изложба во светот и вклучува повеќе од 1400 изложувачи, вклучувајќи производители на хардвер, софтвер и на гејминг содржини. ...

Арун Маини, односно Mrwhosetheboss е еден од најпознатите „јутјубери“ за технологија кој конечно успеа да ја надмине бројката на следбеници кои ја имаат Apple на YouTube. Ова е нешто со кое Маини се шегуваше долго време, па сега тој има повеќе од 19 милиони следбеници на овој сервис. Неговите рецензии за производите се навистина едни од најдобрите, а голем фактор во ова мислење е и уникатниот стил кој го има при снимање на видеата. Маини објави ...

По светската премиера на DOC NYC, документарниот филм „Патување пеш“ [The Walk], денес, 22.08.2024, ќе ја доживее својата премиера дома, пред македонската публика, на затворањето на 15-то издание на Македокс во Куршумли Ан. Документарниот филм на македонската режисерка Тамара Котевска, го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка што патува преку сириската граница во Турција, низ Европа, во обид да си најде дом. ...

Доста време помина од претставувањето на новата и модерна Settings апликација во Windows 8 која беше замислена да ја замени старата Control Panel. Сепак, Microsoft промената не ја направи веднаш, па со години малку по малку ги додава прилагодувањата за компјутерот во Settings, а познати се не толку ретките ситуации кога мора да се вклучи Control Panel за да се заврши одредена работа. Во најновите верзии од Windows 11 повеќето прилагодувања се ...

И така, омиленото пиво на овие простори сега ќе има етикета на која пишува не само Скопско, туку и Битолско, Штипско, Охридско, Струмичко, Гевгелиско… На овој начин, Скопско сака да им се заблагодари на луѓето кои се дел од заедничката приказна, со кои заедно помина 100 години вредни за паметење и со кои ќе се радува во следните 100. Бидејќи иако адресата му е во Скопје, Скопско својот дом го наоѓа секаде каде што луѓето уживаат во неговиот ...

По одложувањето поради критиките од безбедносните истражувачи, Microsoft го најави пуштањето на Recall функцијата која беше за првпат презентирана со најавата на Copilot+ компјутерите. Овие компјутери работат со ARM чипови, за почеток ексклузивно со Snapdragon X серијата, а како главна карактеристика им се функциите со вештачка интелигенција, каква што е Recall. Оваа функција во основа прави слика од се што корисникот го прави на компјутерот со ...

Бизнис корисниците кои имаат OneDrive сметки за кои веќе не плаќаат лиценца, ќе бидат автоматски архивирани почнувајќи од јануари идната година. Со тоа корисниците ќе го изгубат пристапот до датотеките кои се зачувани, а Microsoft планира да наплати и трошок од 0,05 долари по гигабајт месечно за архивираните сметки. Доколку корисниците сакаат да го добијат пристапот назад до овие сметки, ќе треба да платат 0,6 долари по гигабајт, по што ќе можат ...

Microsoft Teams досега како апликација беше достапна во две верзии, едната за бизнис корисниците и тие од образовните институции, како и уште една за приватните корисници. Ова секако може слободно да се каже дека немаше потреба да е така, па сега „грешката“ е исправена. Microsoft Teams сега функционира како една унифицирана, односно „обединета“ апликација без разлика за каков вид на корисник се работи, односно без разлика дали се работи за ...

Во тест верзиите на Windows 11 достапна е нова можност која на корисниците ќе им овозможи едноставно и брзо префрлување на датотеки помеѓу нивниот компјутер и Android телефон. Ова секако и сега е можно, но не на вака едноставен и брз начин, односно не на начинот карактеристичен за Apple производите преку AirDrop функцијата. Една од поголемите предности на користење повеќе Apple производи е ваквата интеграција помеѓу нив, па добро е што гледаме ...

Во најновата Insider Preview верзија од Canary каналот од Windows 11, Microsoft најави мала промена која влегува во категоријата на промени кои требало да бидат направени одамна. Од компанијата го зголемија ограничувањето на големината на дисковите, односно „партициите“ кои се форматираат во FAT32 системот за датотеки. Ова ограничување одамна е поставено на 32GB, па сега истото се зголемува на 2TB. За жал, оваа новина е достапна само кога се ...

Некои апарати за домаќинство – како што е фрижидерот – работат 24 часа дневно, додека другите – како што е машината за перење – обично се користат интензивно во одреден временски период. Овие апарати се осмислени различно за различни намени, но едно им е заедничко: без нив е тешко да се замисли животот денес. Samsung има богата традиција на поместување на границите на иновациите со крајна цел да ги примени напредните функции за да го подобри ...

Pickbox NOW носи вистински деликатес за љубителите на кулинарските емисии и интересни филмови во август. Од возбудливи патувања до инспиративни приказни за светот на кулинарството, гледачите ќе можат да уживаат во разновидната содржина која ќе ги инспирира за сопствени авантури. Освен низата вкусни рецепти, Pickbox NOW подготви и напнати филмски приказни кои ќе ве држат приковани за екранот каде и да се наоѓате. Летното гастро патување може да ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
94%
1013
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
3.09
75%
1008
weather icon

Загреб

17ᴼ / 15ᴼ
1.54
76%
1007
weather icon

Софија

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
61%
1014
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
1.25
73%
1011
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
89%
1007
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
1.03
87%
1013
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
82%
1012
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
100%
1012
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
0.51
76%
1009
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
1.79
67%
1006
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
88%
1013
Currency

61.615

Currency

53.0811

Currency

70.9961

Currency

34.5177

Currency

37.94

Currency

66.7611

Currency

7.462

Currency

0.65009

Currency

0.35037

Currency

0.52585

Currency

1.26609

Currency

0.60589