Маркез Браунли важи за еден од најдобрите, а секако е еден од најпопуларните рецензенти на технологија на YouTube. Иако може да се најдат повеќе видеа кога ќе излезе некој нов телефон, Браунли и уште неколку други се тие чии мислења се следат како најважни. Една споредна работа на одличните видеа од Браунли која доста од корисниците ја забележуваат е дека тој секогаш има интересни и доста добри позадини на уредите кои ги тестира. Едно од ...

Nothing денеска го претстави нивниот најнов производ, нови слушалки наречени Ear (open). Името доаѓа од видот на слушалки, а тоа е отворениот систем на пуштање на звукот, односно „open wearable stereo“. Овој систем овозможува слушање на звукот од слушалките со целосна „свесност“ за околината, што може да се каже дека се целосно спротивни од најпопуларните слушалки со активно придушување на бучавата. Предизвикот кај ваквите слушалки е да се ...

Директорот на OpenAI, Сем Алтман, преку неговиот личен блог пишува за неговите очекувања од вештачката интелигенција во годините што следат. Периодот што следи, како и насловот на објавата, ги нарекува Ера на интелигенцијата, а очекува дека развојот на ВИ ќе дојде до суперинтелигенција многу побрзо од што очекуваме, односно во наредните неколку илјади денови. Алтман верува дека човештвото ќе има големи придобивки од развојот на вештачката ...

Не читаме баш нешто често за проектите на кои работи познатиот Џони Ајв по излегувањето од Apple и основањето на неговата Love From компанија. Имаше неколку проекти за кои се пишуваше, но можеби најновиот ќе биде тој преку којшто ќе може повторно да дојде до израз неговата позната способност. Во интервју за The New York Times, Ајв открива дека најновиот клиент на Love From e OpenAI. Тој ќе работи на дизајн на нов мобилен уред, но и покрај ...

По апсењето на сопственикот на познатата Telegram апликација, Павел Дуров, од компанијата направија промени со кои воведоа можност за пријавување на приватните разговори до модераторите. Сега Telegram го зголемува бројот на информации кои се подготвени да ги дадат на властите, па од компанијата ќе ги откриваат IP адресата и телефонскиот број на корисниците за кои е поднесено официјално барање од страна на властите и судовите. Од компанијата ...

Со одговор на објава на X, Елон Маск потврди дека оваа мрежа ќе направи доста голема промена кај можноста за блокирање на сметките од страна на корисниците. За разлика од досега, кога се блокира некоја сметка, односно некој корисник, тој корисник веќе не може да ги гледа објавите од корисникот, а се што може да види е дека е блокиран, па ги нема дури ни бројот на следбеници и слично. Со новата промена, корисниците кои се блокирани сега ќе можат ...

Според извори на The Wall Street Journal, Qualcomm сакаат да го купат големиот Intel. Компанијата се’ уште нема дадено официјална понуда, но според информациите, тие се сериозни во намерата да ја преземат оваа некогаш главна компанија на пазарот на процесори. Intel се’ уште држат огромен дел од пазарот, но со префрлувањето на Apple на нивните ARM чипови, а и конечното следење на овој тренд од страна на Windows страната со новите Snapdragon X од ...

Google најде уште едно место каде што може да ги „бутне“ своите реклами на нивниот YouTube сервис. На ред за реклами е времето кога видеото е ставено на пауза, а од тоа што може да се види, не прави разлика од кој вид на уред се гледа. Гледањето на YouTube без Premium претплатата е станато скоро неподносливо, а како што гледаме работите нема да се подобрат. Прикажувањето на реклами додека видеото е паузирано е дури и добра работа, но ќе беше ...

Apple добива доста критики што оваа година основните iPhone 16 модели, кои не се баш евтини, повторно не го добијат ProMotion екранот, односно екранот со стапка на освежување од 120 херци. Критиката е разбирлива и јасна, за телефони кои се продаваат по цените на iPhone, не иде да немаат карактеристика која дури и поевтините Android смартфони ја имаат веќе со години. Епа изгледа од идната година Apple конечно ќе го донесе нивниот ProMotion екран ...

Викендов Скопје славеше 100 години Скопско. Големата увертира која траеше цело лето и прошета низ сите поголеми градови од земјата кулминираше со спектакуларен настан на отворено во Скопје. Насмеани лица, видно расположени посетители од различни генерации можеа да се забележат на секој агол од прославата, кои прославувајќи и наздравувајќи со нивното омилено Скопско создадоа неверојатна роденденска атмосфера. Целодневната прослава зазема ...

Сите корисници, кои не се програмери, сега можат да ги пробаат функциите од Apple Intelligence. Од компанијата ги пуштија јавните бета верзии од iOS 18.1, iPadOS 18.1 и macOS 15.1, што значи сега поголем број на корисници имаат пристап до првите верзии кои доаѓаат со функции со вештачка интелигенција од Apple. Како што е познато, Apple Intelligence не е дел од првите официјални верзии од iOS 18 и другите, па дури и новите iPhone 16 телефони не ...

Самитот на Берлинскиот процес официјално доби нов визуелен идентитет, за кој е заслужен тим од шест млади дизајнери од Западен Балкан. Избрани во јуни годинава во рамки на јавниот повик што го објави Регионалната канцеларија за млади (RYCO) во соработка со Сојузното министерство за надворешни работи на Германија, младите дизајнери во изминатиот период заеднички работеа на создавање на логото, кое отсега ќе служи како трајно визуелно обележје на ...

Македонски Телеком воведува иновативна услуга за сајбер безбедност: Безбедносен оперативен центар (SOC – Security Operation Center), современа алатка за деловните корисници којашто нуди највисоко ниво на заштита, 24 часа на ден, 365 дена во годината. Ова напредно дигитално решение во реално време ги детектира потенцијалните закани и инциденти поврзани со информатичката безбедност. Покрај детекција, системот овозможува и превенција на ...

На почетокот од овој месец Microsoft официјално ја претстави нивната нова апликација која е замислена да ги собере во една апликациите како Remote Desktop, Azure Virtual Desktop, Windows 365, Microsoft Dev Box и слични. Во основа, апликацијата наречена Windows App, е замислена да биде едно унифицирано место од каде корисниците ќе пристапуваат до нивните оддалечени компјутери, без разлика дали се работи за бизнис компјутери, сопствени компјутери ...

Сателитите од SpaceX на Елон Маск, Starlink, во ниската орбита на Земјата ги има повеќе илјади, а на корисниците им овозможуваат брз интернет пристап од било која локација. Кинески научници развиле метод како да ги искористат овие сателити за да можат да откријат „невидливо“ летало, односно „стелт“ летало. Овие летала секако не се навистина невидливи, па поради материјалите кои се користат и нивната поставеност успеваат да бидат невидливи за ...

Македонски Телеком продолжува да ги поддржува гејмерите во Македонија. Со својата единствена понуда на пазарот, Gaming Booster им овозможува на гејмерите да уживаат во супериорно гејминг искуство, искористувајќи ги сите предности на најбрзата мрежа во Македонија, без дополнителни трошоци. Корисниците можат брзо и лесно да активираат Gaming Booster пакет преку апликацијата Telekom MK и веднаш да го подобрат своето гејминг искуство. Сите корисници ...

Со пуштањето на финалната верзија од iOS 18 за сите корисници оваа недела, корисниците на iPhone официјално добија пристап до RCS протоколот кој на Android страната веќе со години го заменува стариот SMS протокол. Додавањето на поддршка за RCS кај Messages апликацијата беше најавено минатата година, а беше резултат на повеќе години кампања од Google, како и новите европски закони. Со оваа новина, корисниците на iPhone и Android можат да ...

Скопје, 18.09.2024: Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија – AETСM, објавува Jавен повик за бесплатни верификации за стекнување со симболот на доверба во е-трговијата – Беџ за верификуван е-трговец, во рамки на кампањата насловена „Градиме доверба во онлајн купувањето”, која се реализира во партнерство со компанијата Visa. Јавниот повик е отворен за сите микро, мали и средни компании, кои веќе ги продаваат своите производи или услуги ...

Новите iPhone 16 телефони, кои дојдоа со новата iOS 18 верзија донесуваат една новина која треба да им ги олесни малку ситуациите кога нивниот телефон е „закочен“, односно не се вклучува. Досега кога ќе се случеше ова кое на англиски е популарно како „bricking“ и телефонот ќе влезе во таканаречениот „recovery“ режим, корисниците требаше да го поврзат својот телефон со Mac и Windows компјутер за да можат да го вратат во функција. Новите телефони ...

Neuralink на Елон Маск ја отвори можноста за пријавување на пациенти за тестирање на нов уред. Досега компанијата беше позната по овозможувањето на лицата со инвалидитет на целото тело да можат да контролираат компјутер со нивниот ум. Новиот уред, наречен Blindsight, исто така е поврзан со мозокот на пациентот, но во овој случај треба да им овозможи вид на луѓето кои го имаат изгубено или се родени така. Од Neuralink објавија дека имаат добиено ...

Една од најпознатите авиокомпании во САД, United, склучи договор со Starlink за овозможување на брз интернет за своите патници, преку екраните на седиштата и преку уредите од патниците. Договорот ја вклучува целата флота од повеќе од 1000 авиони, а процесот на имплементација се планира за наредните неколку години. Тестирањето ќе започне од почетокот на идната година, додека првите патници ќе можат да го пробаат интернетот во текот на годината. ...

Apple вчера ги пушти финалните верзии од iOS 18, macOS Sequoia и другите, а тоа ќе требаше да биде официјалниот влез на компанијата на трендот со функции со вештачка интелигенција. Сепак, веќе со недели е јасно дека ова е одложено за идниот месец со пуштањето на iOS 18.1 идругите системи, па корисниците на Apple ќе почекаат уште некоја недела за да ги добијат презентираните Apple Intelligence функции. Тоа што можеби повеќето не го знаат е дека ...

Од денеска официјално се достапни новите верзии од оперативните системи од Apple. После неколку месеци стандардно тестирање од страна на програмерите, како и од обичните корисници преку јавната бета програма, сега сите корисници можат да го надградат својот уред со финалните верзии од системите. Достапни се iOS 18, iPadOS 18, macOS 15 Sequoia, watchOS 11 и tvOS 18. Како и секогаш, сите корисници можат да проверат за нови верзии преку нивниот ...

На почетокот од минатата година Microsoft најави редизајн на нивниот интернет прелистувач Edge. Година и пол подоцна, овој редизајн е откажан, односно од компанијата веќе не планираат да го пуштат. Edge во меѓувреме доби доста мали подобрувања и освежувања на корисничкиот интерфејс, дел како тие од најавата минатата година, но главните промени сепак нема да бидат воведени. Доколку Microsoft продолжеше со плановите, Edge ќе добиеше доста повеќе ...

За време на претставувањето на новата iPhone 16 серија, Apple ја претстави и четвртата генерација од AirPods слушалките кои сега доаѓаат со верзија со ANC. Pro моделот кој е стигнат до втората генерација не доби нова, но затоа доби неколку нови функции кои може да се каже дека ќе бидат доста популарни кај корисниците. Apple презентираа три нови функции за AirPods Pro 2 кои се поврзани со слухот, кои вклучуваат заштита на слухот со намалување на ...

НЛБ Банка од денеска повторно ги отвора вратите на својата експозитура „Центар“ (Палета) во Скопје која по само неколку неделното, но сепак обемно реновирање е трансформирана од традиционален во модерен банкарски објект, нудејќи зголемена удобност и иновативни услуги. Станува збор за деловен концепт кој на клиентите ќе им овозможи пристап до ново дигитално искуство, пришто досегашното благајничко работење на експозитурата е заменето со ...

Апликацијата TelekomMK слави пет години успешна работа и повеќе од 340.000 задоволни корисници. Создадена за дигитално корисничко искуство и дополнителна вредност, апликацијата во текот на годините се дополнуваше и се збогатуваше со нови функционалности, од кои особено значајна е програмата Magenta Moments, којашто за само една година стекна над 213.000 корисници. „Искуството на корисниците за нас е најважно. А дигиталното корисничко искуство ...

Во тест верзиите од Android 15 наменети за програмерите, Google започна со тестирање на можноста за користење на апликациите кај таблет компјутерите исто како на десктоп. Тоа значи дека корисниците ќе можат да ги користат апликациите во форма на прозори чија големина се менува, а и да користат повеќе апликации во исто време. Од компанијата се повикуваат на Samsung DeX и ChromeOS како нешто што веќе е достапно за корисниците и им овозможува вакво ...

Apple за време на презентацијата на новата iPhone 16 серија не најави ништо ново поврзано со брзината на полнење на новите телефони кои имаат нови и подобри батерии. Мерките кои тие ги презентираа се стандардно направени со нивниот 20W полнач, па не изгледаше дека има нешто ново на овој план. Сепак, врз основа на документи за сертификација од Кина, се доаѓа до информацијата дека новата серија може да се полни доста побрзо од претходните ...

Секоја година во третата седмица од месец септември РСБСП, во соработка со МВР и Факултетот за безбедност Скопје, реализираат кампања за одржлива урбана мобилност по повод Европската недела на мобилност во сообраќајот. Целта на оваа кампања е формирање на здрави животни навики, чиста животна средина, побезбеден сообраќај и поддршка на алтернативните форми на мобилност. Во рамки на Европската недела на мобилност се спроведуваат активности за ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
94%
1013
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
3.09
75%
1008
weather icon

Загреб

17ᴼ / 15ᴼ
1.54
76%
1007
weather icon

Софија

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
61%
1014
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
1.25
73%
1011
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
89%
1007
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
1.03
87%
1013
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
82%
1012
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
0.51
100%
1012
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
0.51
76%
1009
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 13ᴼ
1.79
67%
1006
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
88%
1013
Currency

61.615

Currency

53.0811

Currency

70.9961

Currency

34.5177

Currency

37.94

Currency

66.7611

Currency

7.462

Currency

0.65009

Currency

0.35037

Currency

0.52585

Currency

1.26609

Currency

0.60589