
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Како што се очекуваше, од оваа недела Apple ги пушти првите јавни бета верзии од нивните оперативни системи кои веќе неколку недели се тестираат од страна на програмерите. Првите јавни бета верзии ги донесуваат досега достапните новини од третата бета верзија за програмерите, па од сега, па се до септември додека бидат пуштени финалните верзии, корисниците ќе можат да ги користат новите системи пред другите. Достапни за тестирање за корисниците ...
Во текот на вчерашниот ден Samsung во Париз организира панел дискусија на која од неколку експерти на темата се говореше за вештачката интелигенција. Тема која е доста актуелна, а и интересна за нас изминатиот период, па можноста да се присуствува на оваа дискусија беше одлична можност. Дискусијата беше поделена во три дела, односно пристап кон мобилната вештачка интелигеција насочен кон луѓето, иновација водена од отворена соработка и ...
На Филомена Пљаковска Аспровска, главната извршна директорка и претседателка на УО на Касис АД, единствениот македонски процесор за картични плаќања и пионер компанија во платежната индустрија, финтек и електронската трговија во земјава и регионот, денес ѝ беше доделено признание за сертифициран експерт за дигитална трансформација на македонските микро, мали и средни претпријатијa. Како експерт, Филомена Пљаковска Аспровска продолжува да ...
Скопје, 10 јуни 2024 г. – Samsung Electronics денеска ги претстави новите Galaxy Z Fold6 и Galaxy Z Flip6, како и безжичните слушалки Galaxy Buds3 и Buds3 Pro на настанот Unpacked во Париз. На почетокот на оваа година, Samsung зачекори во ерата на мобилната вештачка интелигенција преку моќта на Galaxy AI. Со претставувањето на новата серија Galaxy Z, Samsung го отвора следното поглавје на Galaxy AI, користејќи разновиден и флексибилен формат, ...
Samsung денеска го одржа нивниот Galaxy Unpacked, оваа година во Париз. Смартпортал е присутен на овој настан, па имавме шанса веднаш да ги пробаме новите уреди кои беа претставени. Очекувањата од наша страна за новите уреди беа големи, па можам слободно да кажам дека од компанијата се покажаа одлично. Настанот како и секогаш беше одлично организиран, а Samsung дефинитивно го дава потребното значење на начинот на презентација на нивните ...
Скопје, 10 јули 2024 г. – Samsung Electronics денеска ги претстави новите носиви уреди Galaxy Watch7 и Galaxy Watch Ultra. Со новите паметни часовници, компанијата ја проширува достапноста на Galaxy AI и обезбедува комплетни велнес искуства на уште поголем број заинтересирани корисници. Новите членови на семејството на носиви уреди се клучни за визијата на Samsung во која Galaxy AI поддржува подобрување на дигиталното здравје, обезбедува ...
Скопје, 8 јули 2024 г. – Samsung е лидер во дигиталните здравствени иновации, со цел да ја поедностави грижата за здравјето и благосостојбата преку обединување на увидите и метриките за да понуди поефективно и поедноставено велнес искуство. Овој пристап започнува со подобрување на пристапот до едноставно и прецизно следење на здравјето преку сензорот BioActive на Samsung, кој ви обезбедува пообемни, персонализирани и прецизни здравствени ...
Во новообјавеното видео, повеќе лица се осветлени со зрак светлина, симболизирајќи го отворањето на еден сосема нов свет и откривањето на новите можности овозможени со револуционерната иновација. Преку кампањата, Samsung ги поканува фановите ширум светот да ги надминат границите и да уживаат во нови, уникатни искуства. Подгответе се да ја видите следната граница на технологијата Galaxy AI, која нуди нови начини за зголемување на креативноста, ...
OpenAI ја пушти за сите корисници својата прва ChatGPT десктоп апликација минатата недела. Истата како што беше и најавено прво е достапна за корисниците на macOS, по што до крајот на годината може да се очекува и на Windows. Нешто слично како што беше случајот со Recall функцијата кај Windows 11, дел од Copilot+ функциите, ChatGPT апликацијата ги чува своите податоци на компјутерот, конкретно разговорите, во обичен текст формат. Поради тоа ...
Apple покасно се приклучуваат на „пазарот“ на генеративна вештачка интелигенција, но тие сепак конечно се приклучија. Apple Intelligence ќе им стане достапен на корисниците подоцна во годината, а минатиот месец беа презентирани функциите кои ќе ги има оваа новина. Една работа која не ги интересира повеќето обични корисници е од каде моделите на вештачката интелигенција ја добиваат својата „способност“, односно на која содржина се тренирани. Со ...
Под годинешниот слоган „Како е? Викај ура“, летните скопски филмски вечери ќе ги пресретнуваме во паркот зад Младинскиот културен центар, киното Фросина и летното кино на отворено во Кинотека. Отворањето на овогодинешниот CINEDAYS ќе го одележи македонскo-данската соработка на данскиот бенд Ефтеркланг и Македониум бенд. Оваа соработка ја обележа својата концертна премиера во април 2023 година пред споменикот Македониум во Крушево и својата ...
Поминати се три години од претставувањето на Windows 11, но оваа верзија од Windows не е главната кога е во прашање пазарниот удел. Голем дел во тоа има и ограничувањето кое Microsoft го постави за процесорот на компјутерот, но не е само тоа проблемот. Windows 11 во мај дури забележа пад на пазарниот удел кој беше пренесен кај Windows 10, а трендот на користење на постарата верзија е доста популарен. Windows 11 во мај падна на 26% од Windows ...
Веќе можевме да прочитаме дека оваа година сите iPhone модели ќе го користат истиот чип, за разлика од ланските модели кога Apple ги подели, па поновиот чип го вгради само кај Pro верзиите. Сега MacRumors објавуваат дека потврда за оваа промена доаѓа преку код од Apple каде се гледаат ознаките на се’ уште не претставените iPhone 16 уреди. Сите ја носат истата бројка како ознака, а бројката се користи зависно од чипот. Тоа значи дека сите четири ...
Во верзијата Build 22635.3790 од бета каналот на Windows 11, достапна е новина поврзана со Старт менито која можеби нема да биде баш најдобро прифатена од страна на корисниците. Оваа веќе не толку нова верзија од Старт менито има различни „оценки“ од корисниците, па не е толку мал бројот на корисниците кои едноставно не им се допаѓа. Додавањето на дополнителни функции кај ова мени можеби не е начинот како да се подобри корисноста на Старт ...
Според неофицијалните информации, Apple ја има зголемено нарачката за чипови од TSMC за оваа година. Од тоа може да се заклучи дека од компанијата очекуваат зголемена продажба. Дел од неофицијалните извори истакнуваат дека Apple планираат да продадат од 90 до 100 милиони iPhone уреди, што е повеќе во споредба со досегашните 80 до 90 милиони уреди од септември, па навака. Очекувањата за зголемена продажба доаѓаат изгледа најмногу поради ...
Современото живеење не може да се замисли без користење на мобилен телефон. Но, наспроти предностите и функционалноста, неговата употреба додека сте вклучени во сообраќајот на патиштата може да биде причина за несакани ситуации. Користењето на мобилен телефон додека управувате со моторно возило во прв ред го одвлекува вниманието (зборувањето на телефон одвлекува внимание, додека пишувањето пораки на телефон е двојно поопасно затоа што не само ...
Корисниците на Windows 11 може да очекуваат повеќе реклами да им бидат прикажувани од страна на Microsoft на нивниот компјутер. Како што повеќе пати досега можевме да прочитаме, од компанијата планираат или веќе прикажуваат реклами во Старт менито, File Explorer, како и најново се планираат реклами во Settings. Во тест верзиите од Windows 11 може да се видат реклами на главната страна од Settings, конкретно примерот кој е прикажан моментално е ...
Изминатиот период од повеќе места наидов на верзија од Windows 11 која наводно е посебно прилагодена од страна на Microsoft за владините корисници. Оваа верзија очекувано доаѓа без „следењето“ на активностите на корисникот од страна на Microsoft, а тука влегува и достапноста на Windows Defender. Оваа верзија од Windows исто така не ги вклучува повеќето апликации од Microsoft, а посебно е интересно што го нема ни Microsoft Edge. Сепак излезе дека ...
По пуштањето на својата iOS верзија, познатите Blackmagic Design сега ја пуштија и Android верзијата од нивната Blackmagic Camera апликација. Со оваа апликација корисниците добиваат доста понапредни прилагодувања за камерата на својот смартфон кои можат да се споредат со дигиталните камери кои ги имаат од компанијата. Blackmagic Design, покрај тоа што се познати по своите камери, на пазарот ја имаат и една од најпознатите апликации за ...
Google во 2022 година го промени начинот на којшто ги прикажува резултатите од пребарувањата на нивната Search страна. Наместо кога корисниците ќе им бидат прикажани одреден број на резултати, по што ќе треба да преминат на втората страна, резултатите почнаа да се прикажуваат континуирано кога ќе се стигне до крајот. Ова е начинот на којшто функционираат друштвените мрежи, па на корисниците им е познат. Сега, две години подоцна, изгледа од ...
Каратистот на „Макпетрол“, Стефан Стојановиќ, освои сребрен медал на турнирот од Светската младинска карате-лига (У21) што моментно се одржува во Пореч, Хрватска. Во финалето во категоријата над 84 килограми тој се бореше со претставникот на Египет, Хусин Камел Хасан. Конечниот резултат беше без бодови, 0-0, но членот на скопскиот клуб не го освои првото место како резултат на судиското изјаснување, што беше во полза на египетскиот спортист. До ...
СКОПЈЕ, 28.06.2024: Под мотото „E-commerce: Untangling Potential“ на 12 ноември во Националната опера и балет во Скопје ќе се одржи седмата по ред годишна конференција за е-трговија, која веќе трета година има регионален карактер и која е во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ. Оваа година, конференцијата ќе се фокусира на аспектите во е-трговијата каде е достигнат потенцијалот, но и на оние каде сè уште треба да се ...
Galaxy Watch FE е новиот паметен часовник кој споделува многу функции со врвниот и веќе докажан по квалитет Galaxy Watch 6, вклучувајќи следење на спиењето, следење на вежбањето, сензор за состав на телото и др. Можете да го имате во црна, розово-златна или сребрена боја и нови ремчиња со јасни сини и портокалови шевови, со веќе познатиот и препознатлив Galaxy кружен дизајн. Со Super AMOLED екран и оценка IP68, Galaxy Watch FE нуди врвна ...
Еден од најпознатите светски автомобилски брендови, Volkswagen Group, ќе формираат заедничка компанија со американската Rivian преку која ќе развиваат софтверски решенија за идни електрични автомобили. Како дел од оваа соработка, Volkswagen ќе инвестираат во Rivian околу 5 милијарди долари во наредните години, од кои 1 милијарда треба да биде инвестирана наскоро. Соработката треба да им донесе предности на двете компании, а Rivian ќе можат да ...
Google започна со испраќање на покани за нивниот Made by Google настан кој обично го одржува во есен. Сега овој настан ќе се одржи на 13 август, а ќе може да се следи во живо со почеток во 19:00 часот по македонско време. На овој настан и во самата најава се гледа дека ќе бидат претставени нови Pixel уреди, а на ред се уредите Pixel 9 серијата. Доста порано од обично, а изгледа Google сака оваа година да ја промени малку стратегијата. Покрај ...
Дојче Телеком во 2022 година претстави два смартфони кои го носат нивниот бренд, односно T Phone и T Phone Pro. Очекувањата за овие телефони беа дека ќе донесат добри карактеристики во средната класа, а по цени кои се доста прифатливи и подобри од конкурентните. Со оглед на тоа што и тогаш имав шанса да го тестирам еден од двата модели, можам да кажам дека од компанијата ја постигнаа најавената цел, па без разлика за кој телефон од двата се ...
Скопје, 27 јуни 2024 г. – Samsung Electronics, водечкиот производител на полуспроводнички технологии, денеска претстави три нови сензори за слики, дизајнирани за главните и секундарните камери на паметните телефони – ISOCELL HP9, ISOCELL GNJ и ISOCELL JN5. Со оглед на тоа што очекувањата на корисниците за квалитетот и перформансите на камерата на паметните телефони продолжуваат да растат, најновите сензори за слики на Samsung ќе даваат ...
Синоќа Скопје беше центар на настани. Во индустрискиот амбиент на Лабораториум, а во друштво на многубројните гости, БАТ со стил ја прослави својата најнова иновација – уредот за загревање на тутун glo HYPER PRO. На тој начин, корисниците во Македонија се придружија на скоро девет милионите полнолетни корисници на glo ширум светот. Како што потврдија од компанијата, полнолетните корисници во Македонија добија можност да бидат дел од помал број ...
Samsung официјално го закажа годинешниот Galaxy Unpacked настан кој го одржуваат во текот на летото. Оваа година тој ќе биде нешто порано, па ќе се одржи на 10 јули. Настанот оваа година ќе биде во Париз, а покрај можноста да се следи во живо преку YouTube каналот од компанијата, Смартпортал ќе биде директно присутен и ќе известуваме за сите претставени новини. На Galaxy Unpacked стандардно за изминатите години можеме да ги очекуваме новите ...
Заедно со главните стратешки партнери Пивара Скопје и Пакомак, Мен енд Маунтен оваа година по четврти пат ја организираше GENERALKA WEEKEND, најголемата еколошка акција во Македонија и на Западен Балкан, во која беа собрани рекордни над 300 тони отпад. „Нашите партнери од приватниот сектор, поддржувачите во општините и институциите, училиштата, градинките, невладините организации, спортските и пензионерските клубови, месните и урбани заедници, ...