Радио Слободна Европа (РСЕ) ги пренесува најзначајните точки од документот за формирање Заедница на општини со српско мнозинство Три нацрт-статути и една визија. Толку документи во моментов постојат за формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство на Косово, што беше договорено пред десет години како дел од дијалогот меѓу Приштина и Белград за нормализација на односите. Меѓународната заедница инсистира на формирање на Заедницата, која ...

Организациите кои го следат правосудството, ги поздравуваат оставки на судиите Мирјана Радевска – Стефкова и апелацискиот судија Зоран Герасимовски во Судскиот совет и очекуваат дека нивниот чекор ќе го следат и останатите. Предлагаат новите членови да се избираат со програми и јавни интервјуа. Оставки на сите членови во Судски совет, формирање на нов состав и иницирање на законски измени кои ќе го унапредат работењето на тоа тело, ова се ...

Граѓаните кои плаќаат здравствено осигурување во никој случај нема да бидат на каков било начин во подредена состојба да плаќаат за странците, велат од Министерството за здравство. Странците ќе може да се лекуваат во државните клиники во земјава по цена што ја плаќаат македонските државјани кои немаат осигурување и плаќаат приватно. Македонските државјани кои немаат здравствено осигурување и странците кои ќе сакаат да се лекуваат во земјава ќе ...

Њузлетер 09.06.2023 - Што по лидерската средба за уставните измени? Каков ќе биде развојот на војната во Украина по уривањето на браната на Дњепар? Предлози и контрапредлози кон решение или ќорсокак? Бидна и тоа. Се состанаа премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, изнесоа предлози за уставните измени и за предвремени избори, па се вмеша и ДУИ преку фејсбук статус на Бујар Османи. Што може да се заклучи од ...

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари негира дека бил во комуникација со пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски при купувањето на куќата во Тафталиџе. Во договорот за купопродажба, сепак, стојат имињата и на Таравари и на Јахоски, кому лидерот на АА му исплатил 75.000 евра за неговиот дел. Резултати и нулта корупција. Ова се очекувањата кои лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари јавно ги побара од сопартијците кои станаа државни ...

Која и каква Влада ќе ги предложи уставните измени за вметнување на Бугарите во Преамбулата и дали прво ќе се донесат во Собрание уставни измени или ќе има предвремени избори се клучните прашања по вчерашната лидерска средба на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Брзиот позитивен одговор на Демократската унија за интеграција( ДУИ) на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за широка владина коалиција без ДУИ во замена за ...

Која од страните во војната би ја уништила браната Нова Каховка, како тоа ќе влијае на украинската контраофанзива и на другите планови на бојното поле, зборува пензионираниот американски генерал Кевин Рајан за грузискиот сервис на РСЕ. Тој ги согледува и неуспесите на Западот во одвраќање против можната употреба на нуклеарно оружје од страна на рускиот претседател Владимир Путин. Пензионираниот американски генерал Кевин Рајан е висок соработник ...

Ранливите категории граѓани државата ги третира како „слепо црево“, реагираат здруженијата за заштита на правата на лицата со попреченост. Тие на протест побараа покачување на примањата за попреченост, образовни асистенти, ортопедски помагала, но и подобрување на инфраструктирата во градот. Гневни поради неисполнетите ветувања на владата и општините, лицата со попреченост денеска се собраа на протест пред Владата во Скопје. Со чувство на длабока ...

СДСМ предложи широка коалиција со сите партии кои се за евроинтеграција. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ прифати со услов - без ДУИ. ДУИ ја прифати ракавицата, ама само до избори. Разликите се во деталите, кога и како да се гласа во Собрание за уставните измени и од кога да стапат во сила. Што може да се заклучи од лидерската средба Ковачевски – Мицкоски? 1. Постои согласност за Уставни измени 2. Евентуална широка владина коалиција 3. Политичка волја за ...

Уништувањето на бранта Нова Каховка предизвика порои од вода, поплавувајќи села и градови и предизвикувајќи евакуација на илјадници граѓани, поплавени полиња и обработливи површини. Сепак, генерално, уништувањето на браната ќе има долгорочни ефекти во начинот на кој Украина ја складира и дистрибуира водата, не само за производство на електрична енергија, туку и за земјоделството. Браната Нова Каховка, хидроелектрана стара неколку децении, која ...

Министерот за здравство вели дека доктор Сашко Јовев е разрешен од функцијата директор на Клиниката за кардиохирургија поради утврдени пропусти во неговото работење. Јовев вели дека пропустите биле „ситни“, и дека се сомнева дека тоа е главната причина за негово разрешување. Кардиохирургот и директор на Клиниката Сашко Јовев во 2022 дежурал повеќе во болницата, а некогаш за тоа и без да добие дозвола од тогашниот министер за здравство. Ова е ...

Кој ќе биде нов претставник на македонските средношколци? Сојузот бира претседател, а РСЕ ве запознава со кандидатите Ива и Берин. Сојузот на средношколци бира нов претседател или наследник на Лука Павиќевиќ. Во официјална трка за иден средношколски лидер се средношколците Ива Трпески и Берин Мухамед. Ива е ученичка во прва година во кичевското средно училиште „Мирко Милески“ и е младински амбасадор на Кичево. Редовна е на натпревари по ...

Лидерските средби ретко резултираат со договор, ако на тоа не инсистира меѓународниот фактор. Овој пат надеж дава изјавата на лидерот на опозицијата дека е подготвен за национално единство, вели поранешниот собраниски спикер Тито Петковски. Лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ треба да се договорат за уставните измени од кои зависи интеграцијата во ЕУ. Внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав е главна тема за која на 8 јуни ќе разговараат ...

Незаконско е решението за назначување на дипломираниот детектив Никола Алексов за в.д. директор на МКЦ, утврди Управниот суд. Од Градот Скопје побара да го поништи решение. Но, Алексов и натаму си доаѓа на работа велат вработените. Од Градот нема одговор дали ќе ја спроведат судската одлука. Управниот суд донесе пресуда со која го поништува решението на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска за именување на привремен директор на Младинскиот ...

Украина ја обвини Русија за кревање во воздух на голема брана Каховка на реката Дњепар во област окупирана од Москва. За украинскиот претседател Володимир Зеленски, ова е чин на „терор“. Властите наредија евакуација на населението. Уништувањето на браната Нова Каховка на реката Дњепар од страна на руските сили доведе до целосно или делумно поплавување на неколку населби кои се наоѓаат покрај реката, рече гувернерот на јужниот украински регион ...

По скоро две години, завршница доби судскиот процес за пожарот во тетовскиот Ковид центар, во кој загинаа 14 луѓе. Двајцата поранешни директори на Клиничкиот центар во Тетово, Етеми и Бесими, добија условни казни затвор, а докторот Вучевски доби ослободителна пресуда. Клиничката болница во Тетово треба да плати парична казна од еден милион денари. Условни казни добија поранешниот директор на тетовската болница Флорин Бесими и поранешниот ...

Блокадите од Грција и Бугарија, долги години чекање и губењето надеж дека работите ќе се подобрат, ја зголемија недовербата на граѓаните во ЕУ, велат од невладината организација „Евротинк“. Но, порастот на евроскептични граѓани не треба да им биде алиби на политичарите за незавршените реформи на патот кон ЕУ, укажуваат меѓународните претставници во земјава Барањето вина во Европската Унија за долгото чекање на Македонија пред вратите на Унијата ...

Понижувачки е да се слушаат критиките кои доаѓаат од САД и ЕУ, но тие претходно направија стратешка грешка и го заборавија Западниот Балкан и овие директни критики доаѓаат дури сега, вели во интервју за Радио Слободна Европа, претседателот Стево Пендаровски. Тој зборува и за ситуацијата на Косово. Зошто ги потпишавте законите поврзани со Бехтел и Енка, кои беа усвоени со европско знаменце иако ЕУ тоа го критикуваше и дали имате сомневања во ...

Причината за големата железничка катастрофа во источна Индија, во која учествуваа три воза, во која загинаа стотици луѓе, е излетувањето од шините на неколку вагони на патнички експресен воз, соопшти извршниот директор на државната компанија „Индиски железници“, Амитаб Шарма. Властите очекуваат бројот на жртви да биде се зголемува. Најмалку 288 луѓе загинале, а 850 се повредени во повеќекратни судири на возови во источната индиска држава Одиша, ...

Војниците од компанијата позната како Редут беа меѓу првите кои влегоа во Украина кога Русија ја започна големата инвазија на 24 февруари 2022 година. Но не е само таа. Редакцијата на англиски јазик на РСЕ направи краток преглед на некои од другите, помалку познати играчи во рускиот растечки бизнис за приватно обезбедување. Некои од нив испратија војници да се борат во Украина, а други станаа озлогласени на свој, уникатен начин. Евгениј ...

Европската Унија најави нов развоен план кој би требало да ја забрза интеграцијата на земјите од Западен Балкан. Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски е убеден дека новиот пристап на Унијата нема да ја забрза еуинтеграцијата на земјава. Аналитичарот Сефер Селими пак гледа сигнал за зголемено влијание на Унијата врз регионот во однос на идното проширување. Не верувам во нови форми на асоцирање и членување во Европска Унија, изјави ...

Петти ден од протестите на Србите во северно Косово против албанските градоначалници во општините со мнозинско српско население. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја обвини косовската власт, а сенаторот Крис Марфи побара поагресивно учество на САД на Балканот Стотици српски демонстранти се собраа во петокот, 2 јуни, во раните утрински часови во Звечан, за да го продолжат протестот против стапувањето на функција на албанските ...

Њузлетер 02.06.2023 - Зошто тензиите на Косово дојдоа до работ на конфликт? Во Македонија, тролови тераат политичка кампања и креираат јавно мислење, а младите изчезнуваат од државата. Опасни „игри“ на Косово И покрај предупредувањата од претставници на Соединетите Американски Држави и Европската Унија, косовскиот премиер Албин Курти реши насила да ги инсталира новите градоначалници, Албанци, во општините на северот на Косово каде мнозинство се ...

МОН распиша оглас за нови учебници во основно и средно образование за наредните две учебни години. Рокот за пријавување на огласот е до крајот на оваа учебна година. Но, хаосот со учебниците продолжува: стари учебници треба да се модернизирааат, во новите има бројни пропусти. Некои учебници доаѓаат на крајот на годината, други се повлекуваат, а останува прашањето како ќе започне следната учебна година? Со повлекувањето на учебникот по Историја и ...

Педесет лидери на европските земји и на Европската унија, вклучително и Србија, се во молдавското село Булбоака кај Кишињев, на вториот самит на европската политичка заедница. Ова е прв самит во земја која не е членка на ЕУ и која граничи со Украина, што е симбол на поддршка за Молдавија. Молдавската претседателка Маја Санду денеска (1 јуни) е домаќинка на Самитот во Кишињев каде меѓу другото ќе се разговара за ситуацијата во Косово на 1 јуни, ...

Договорот за Законот меѓу американскиот претседател Џо Бајден и претседателот на Претставничкиот дом Кевин МекКарти за подигнување на лимитот на задолжувањето од 31,4 билиони американски долари, како и постигнување нови кратења на федералните трошоци ја помина најважната пречка, напредувајќи кон Претставничкиот дом на дебата и очекувано гласање за усвојување. Извор: Ројтерс Кога беше достигнат „плафонот“ на задолжувањето? Вашингтон редовно ...

Под команда од партијата или по лично политичко убедување тие пишуваат пофалба на секоја објава на Фејсбук од лидерот или критикуваат под секој твит на политичкиот противник. Сите имаат по една фејсбук дивизија која, во недостаток од медиумска писменост и критички став кај граѓаните, лесно „врбува нови деца“ Модерната технологија ги модернизираше и политичките партии во Северна Македонија, па старите лепачи на плакати станаа дигитални лепачи на ...

Најголемата српска партија на Косово соопшти дека ќе продолжи со протестите се додека не им бидат исполнети барањата. Меѓународната заедница повикува на смирување на тензиите, а од косовскиот премиер Албин Курти бара да се откаже од поставувањето градоначалници Албанци во општините со мнозинско српско население. Претставниците на Српската листа, најголемата партија на етничките Срби во Косово, денеска, на 31 мај изјавија дека ќе продолжат со ...

Деловникот на Собранието предвидува строги рокови за дебата за измените на Уставот. Претседателот на Собранието Талат Џафери посочува дека може да има мало скратување, но само ако нема доволно пријавени за дебата. Тој очекува процедурата за уставни измени да трае најмалку 4, а најмногу 6 месеци. Од моментот на доставување на иницијативата за уставни измени во Собранието до нивното усвојување минимално се потребни 4,5 месеци, рече на денешниот ...

И европските и македонските официјални бројки покажуваат дека низ годините бројот на невработени млади се намалува. Кои се причините за ваквиот пад? Лука од Скопје е средношколец во трета година кој работи како келнер. „Не е најплатена работа, ама тоа е, не можам да се жалам. И тоа е нешто. Не е некоја шефовска позиција која сите ја бараат и затоа нема вработеност и бегаат. Искрено не им се работи. Сакаат да земаат големи пари, а не сакаат да ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
63%
1017
weather icon

Белград

21ᴼ / 18ᴼ
1.54
70%
1015
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
73%
1015
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
72%
1018
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.97
56%
1015
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
1.19
80%
1016
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
0.89
42%
1012
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
82%
1015
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
0.0
73%
1016
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
1.03
64%
1014
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 18ᴼ
0.89
67%
1014
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
3.09
46%
1013
Currency

61.525

Currency

53.0265

Currency

71.9019

Currency

34.4218

Currency

38.6408

Currency

65.2709

Currency

7.38335

Currency

0.67526

Currency

0.36442

Currency

0.52469

Currency

1.33664

Currency

0.61478

Алуминиум

2.58

Иридиум

142715.99

Кобалт

42.99

Никел

14601.50

Рутениум

21637.45

Калај

32.80

Сребро

1139.77

Злато

106347.80

Бакар

9.81

Паладиум

34176.24

Платина

41304.38

Родиум

174417.80

Цинк

2.65