Случувањата во Судскиот совет се аномија, непочитување на закон и отсуство на морални норми, вели поранешната врховна судијка Вера Коцо во интервју за Радио Слободна Европа. Таа вели американската амбасадорка со право реагираше за Апелициониот суд, а оправдувањето на Апелација не „држи вода“. Судијке, за помалку од пет месеци се сменија две претседателки на судскиот совет. И двете претседателки и Павлина Црвенковска и Весна Дамева обвинија за ...

Њузлетер 05.05.2023 - Урбан хаос во Националниот парк Маврово, случувањата во Судскиот совет, слободни, но непрофесионални и медиуми под политичка контрола. Како Маврово стана бетонска џунгла? Беззаконие според Закон, но и со заобиколување на законите е она што се случува со години во Националниот парк Маврово. Се гради наголемо, што легално, што на диво, па се легализира, а надлежните си ја префрлаат вината за уништувањето Маврово. Ова почна ...

Еден ден по пукањето во белградското училиште, луѓето носат цвеќе за настраданите во центарот на Белград, пред школото кое ден претходно беше место на нападot. Тринаесетгодишен ученик на 3 мај пукаше и уби осум деца и еден чувар, а рани шест ученици и еден наставник. Граѓани и ученици денеска палеа свеќи, полагаа цвеќе и плишани мечиња пред основното училиште во Белград, на местото на масовното пукање во кое тинејџер уби осуммина негови ...

Во Северна Македонија новинарите не работат во непријателско опкружување, но поради дезинформациите и недостигот на професионализам опаѓа довербата на јавноста во нив, што ги изложува независните медиуми на закани и напади, наведува во својот извештај „Репорери без граници“. Годинава има скок во рангирањето, но тоа не треба да не залажува, велат од новинарските организациии. Северна Македонија се враќа во групата на земји во кои има ...

Актуелниот амбасадор на САД во Србија и поранешниот во земјава, Кристофер Хил вели дека местото на Северна Македонија е во ЕУ и дека процесот за остварување на таа цел е одговорност на политичките лидери тука. Според него отворените прашања во регионот треба да се решаваат на мирен начин, бидејќи последиците ги чувствуваат сите други Пораки за поголема соработка меѓу земјите од Западен Балкан, потреба од справување со корупцијата и водење ...

Многу млади спијат со телефонот до глава за случајно да не пропуштат нешто и да бидат 'аут' наместо 'ин'. Иако живееме во дигитално време, не треба да дозволиме мобилниот телефон да го диктира начинот на живот, вели психологот Софија Георгиевска. Единасетгодишната ќерка на скопјанецот Сашо поминува најмалку три часа дневно со телефонот во рака. „Имаме контрола на тоа што гледа, но на некои видеа има реклами кои не можеш да исконтролираш кога ќе ...

Децата од генерација Алфа, или родените по 2010-та, не избрале да живеат во дигитално време кога вештачката интелигенција го менува светот кој го гледаат преку екран. Што ги разликува од генерацијата Z? Треба да ги разбереме, да го извадиме позитивното кај нив, порачува професорката Тамара Ќупева. Четиринаесетгодишниот Гоце од Скопје според возраста припаѓа на Генерација Z (зет) каде влегуваат млади родени од 1996-та до 2010-та година. Неговиот ...

Граѓански движења, невладини организации, фракции бараат свое место на политичката сцена во земјава. За трета политичка опција има простор, оценуваат политичките коментатори, но само ако се обедини, за да не се разлеат гласовите и да не им се дозволи на големите партии пак да доминираат. Тоа што ниедна од големите партии нема рејтинг повисок од 20 отсто остава голем простор за трета опција, но новите сили треба да се окрупнат, за да не им се ...

Црна Гора повторно се свртува кон кинеска компанија за изградба на нов пат, иако пред девет години контроверзниот автопат, финансиран и изграден од Кина, ја втурна оваа балканска држава длабоко во долгови. Црна Гора потпиша меморандум за разбирање со кинески конзорциум кон крајот на март за изградба на автопат од 54 милиони евра (59 милиони американски долари) што подобро ќе ги поврзе крајбрежните градови Будва и Тиват, обезбедувајќи нова рута ...

Њузлетер 28.04.2023 - Највисоките функционери за април ќе добијат речиси дуплирани плати. Администрацијата е пренатрупана, но ќе нема отпуштања, а квалификувани работници заминуваат во странство. Дигитализација без отпуштања од работа Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу најави дигитализација во државата, а истовремено тврди дека има недостиг од вработени во јавниот сектор. Донекаде е точна оваа констатација на ...

Судскиот совет ја одложи седницата на која требаше да се гласа за нов претседател, откако вчера беше разрешена претседателката Весна Дамева во постапка која правосудната фела ја оцени како незаконска. Претседателот Пендаровски оцени - вакви сцени не му доликуваат на тело со многу одговорна улога. Седницата на Судскиот совет за избор на нов претседател е одложена за 2-ри мај откако за тоа се изјаснија седум членови, а четворица беа против. ...

Претседателите на државата, на Собранието и на Владата за неколку дена ќе добијат повисоки плати за околу 70 илјади денари. Платите на претседателот на Уставниот суд и потпретседателите на Собранието ќе бидат повисоки за околу 60 илјади денари, а на министрите и пратениците за околу 56 илјади. Функционерите за неколку дена ќе почнат да добиваат плати повисоки по околу 1000 евра, по одлуката на Уставниот суд, според која платите на функционерите ...

Пациентите се жалат дека со месеци чекаат за термин за одредени специјалистички прегледи. Многу пациенти кои немаат време да чекаат и по неколку месеци се приморани да си платат приватно или се вртат телефони и се фаќаат „врски“. Здравствените власти најавуваат измени во “Мој термин“. Во недостиг на термини во јавното здравство, единствена опција за пациентите кои немаат време да чекаат по три месеци за преглед е да си платат приватно. Пациентка ...

ЕУ ќе го почне безвизниот режим за Косово од јануари 2024 година. Дали тоа ќе го „омекне“ српското отфрлање на косовските пасоши или ќе се задржи вербата во „нашата земја Србија“, бидејќи визната либерализација не важи за пасоши издадени од Координативната управа на Србија? Дали српското отфрлање на косовските пасоши ќе омекне сега кога ЕУ го либерализира визниот режим? Некои Срби во Косово веќе сигнализираат неволно менување на мислењето во ...

Косовската претседателка Османи-Садриу во Скопје побара од ЕУ да направи притисок врз Србија да го почитува Договорот меѓу двете земји. Претседателот Пендаровски им предложи да учат од Охридскиот рамковен договор и дека Северна Македонија има ист однос кон двата соседа. Стабилизацијата на Балканот зависи од влезот на сите земји во Европската Унија, се согласија претседателот Стево Пендаровски и претседателката на Косово Вјоса Османи - Садриу, ...

Во последните два месеци, кај еден до двајца случаи дневно, кожните лекари дијагностицирале шуга, болест за која се веруваше дека е минато. Лекарите велат дека бројот на заразени е поголем од официјално пријавените во Институтот за јавно здравје, а најчеста причина за тоа е стигматизацијата. Кога Марко од Скопје почувствувал чешање по кожата минатиот месец, не ни помислувал дека има шуга. Но, кога чешањето станало неподносливо, побарал лекарска ...

Владини претставници велат дека секоја година во земјата се вршат од 300.000 до 600.000 абортуси, повеќето од нив нелегални. Дел од медицинските лица стравуваат дека бројката е и до милион абортуси годишно Во обид да го поттикне растот на населението во Иран, владата одобри контроверзен закон во 2021 година со кој дополнително ги заостри ограничувањата за медицински абортуси и ја забрани бесплатната дистрибуција на контрацептивни средства, ...

Повеќе од половина од работите на автопатитштата што ќе ги градат Бехтел и Енка ќе ги прават домашни комапнии, што значи дека кај нив ќе завршат околу 600 милиони евра, вели координаторот на проектот Артан Груби. Домашните бизнисмени бараат да не се „измеќари за свои пари“. Домашните бизнисмени прашуваат - Зошто македонските компании не се вклучени повеќе во проектите за изградба на автопатиштата од Коридорите 8 и 10 Д , што ќе ги гради ...

Потребна е централизирана агенција за борба против сајбер нападите, препорачува безбедносните експерти. Ќе може ли државата да најде професионалци за новата Агенцијата за дигитализација? Според вработените во ИТ секторот, ќе биде многу тешко кога овие луѓе недостасуваат на глобално ниво. Македонската влада најави формирање на нова Агенција за дигитализација како одговор на зачестените сајбер напади на институциите, но сепак останува прашањето ...

Новите градоначалници и да положат заклетва, тоа ќе биде само формалност и нема да има ефект во пракса, вели за РСЕ, Еуген Чаколи од Косовскиот демократски институт. Новоизбраните градоначалници во општините на северот на Косово, кои потекнуваат од редовите на албанската заедница, се свесни дека ќе имаат проблеми со пристапот до новите канцеларии, бидејќи тие најчесто се наоѓаат во зградите на Привремените oпштински органи кои работат во ...

Бизнис заедницата бара да се намали бројот на вработени во јавната администрација наместо да им се воведуваат нови даноци. Новиот министер Азир Алиу најавува дигитализација, а сепак смета дека има недостиг од луѓе во јавниот сектор. Можни ли се реформи за вработувања според заслуги? И покрај плановите на Владата за дигитализација и повиците од бизнис заедницата за намалување на вработените, јавната администрација во Северна Македонија нема да се ...

Последниот попис покажа дека населението старее. Младите се иселуваат, а постарите остануваат сами. Оние кои не се во состојба да живеат сами, можат да се сместат во јавен или приватен дом. Граѓаните пак се жалат на високи цени во приватните домови, а јавните се само пет и немаат доволно кадар. „Се бара негувателка за чување стара жена“... „Барам жена за чување на стар родител“... „Се бара жена за чување постар човек за 12 часа“...Овие се дел од ...

Протестите на невработените жители на Мангистау ги истакнаа системските проблеми на регионот. Дописниците на казахстанскиот сервис на РСЕ поминаа неколку дена во селото Жетибаи за да ги разберат барањата на сè понемирното население. И покрај тоа што во Мангистау се произведува околу четвртина од нафтата во Казахстан, регионот се бори со сиромаштија, а Даулет Калнијазов се жали на проблемите со кои се соочуваат и кои веќе неколку години и се ...

Додека некои земји ги одржуваат своите засолништа за итна употреба, други ги трансформираа во музеи. Во Северна Македонија има 100 јавни засолништа, но дали и колку се подготвени за евакуација на население и на одговор во случај на вонредна ситуација? Зад пазарчето во населбата Аеродром се наоѓа едно од дваесеттината јавни засолништата во Скопје. Речиси два метри под земја, засолништето има капацитет да засолни 200 луѓе во случај на вонредна ...

Во четири општини во северно Косово, со мнозинство на српско население денеска се одржaa вонредни локални избори. Oдѕивот на гласањето беше слаб. Од 45 000 гласачи на изборите гласале 1570. Движењето Самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти победи во трката за градоначалници на општините Северна Митровица и Лепосавиќ, додека опозициската Демократската партија на Косово (ДПК), победи во Звечан и Зубин Поток, покажуваат прелиминарните ...

Во четири општини во северно Косово, со мнозинство на српско население денеска се одржуваат вонредни локални избори. Претпладне одѕивот на гласањето е слаб. Додека косовските власти ги повикаа граѓаните да гласаат, оние во Србија апелираа на бојкот. Над 45.000 граѓани кои живеат во северот на Косово денеска можат да го остварат своето право на глас за да изберат градоначалници на Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток. Граѓаните ...

Имаме јавни претпријатија кои со години бележат длабоки минуси од десетици милиони евра. Сметаме дека има огромен простор за рационализација, намалување на јавната администрација, а не да се продуцираат нови даноци за прибирање пари, вели претседателот на Сојузот на стопански комори Трајан Ангелоски Господине Ангеловски, цените на храната на светските берзи паѓаат цела година и се пониски за 20 отсто од лани. Кај нас храната е за 20 отсто ...

Со оглед на тоа што турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган слабее на многу анкети пред изборите во мај, неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу ветува дека ќе ги поправи заладените врски со западните сојузници на Турција. Аналитичарите велат дека тоа би можело да биде лоша вест за Москва. Автор: Дориан Џоунс, ВОА Со турската економија во криза, претседателскиот предизвикувач Кемал Киличдароглу е во предност во многу анкети на актуелниот ...

Пограничните региони може да се офајдат, но преку поволноститите што ги нуди Отворен Балкан, од Македонија може да си заминат работници оти платите, на пример во Србија, се поголеми. Ако сакаме да ги задржиме работниците, треба да сме поконкуренти, велат бизнисмените. Невработен од Врање, соседна Србија или од Пешкопеја во Албанија, со еден клик ќе може да провери што се нуди на пазарот на труд во Македонија и доколку сака да работи тука, да не ...

Новиот концепт за основно образование на шестооделенците ќе им донесе помалку предмети за учење. Ова создава ризик за работните места и платите на учителите, како и помалку стекнато знаење за децата, велат синдикатите. Бирото за развој на образование смирува, наставниците нема да бидат отпуштени. Вселена, сончев систем и планети, планетата Земја, читање на глобуси, воздушната, водената и копнената обвивка на земјата, природни фактори и појави ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
49%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
4.63
64%
1019
weather icon

Загреб

19ᴼ / 16ᴼ
1.54
65%
1021
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
67%
1019
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.45
49%
1016
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 20ᴼ
0.51
73%
1020
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
3.58
34%
1015
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
73%
1017
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
0.51
57%
1017
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
1.03
54%
1014
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
7.2
76%
1018
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
46%
1016
Currency

61.53

Currency

53.1365

Currency

72.3797

Currency

34.6011

Currency

39.1925

Currency

65.5421

Currency

7.41462

Currency

0.66745

Currency

0.36954

Currency

0.52501

Currency

1.35252

Currency

0.61785

Алуминиум

2.50

Кобалт

42.99

Никел

14965.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.61

Сребро

1167.75

Злато

109182.85

Бакар

9.69

Паладиум

33661.83

Платина

40385.41

Родиум

179240.41

Цинк

2.56