Драстично намален број на ученици годинава има во поголемите општини како Битола, Охрид и Прилеп. Повеќе ученици се запишани само во Аеродром и Чаир. Секоја година сè повеќе деца на македонски државјани се раѓаат во странство, а Северна Македонија е меѓу 20-те земји со најголема стапка на иселување. Новата учебна година во четири населени места околу Струмица ќе започне без ниту едно прваче. Станува збор за селата Раборци, Попчево, Габрово и ...

Русија зборуваше за можностите за „дедоларизација“, а Бразил ја претстави идејата за заедничка валута БРИКС на самитот на овој блок, кој сака да го предизвика Западот и да ја намали важноста на американскиот долар во трговијата и финансиите. Заменик-директорот на одделот за истражување на Меѓународниот монетарен фонд, Џан Марија Милези-Ферети за РСЕ вели дека такво нешто е малку веројатно Блокот БРИКС, група на земји во развој за кои се смета ...

На 1 септември, државата нема да им подели учебници на сите учениците. Тие што нема да добијат ќе учат од помошни материјали во електронска форма, оти Министерството за образование годинава не планира да ги достави во печатена. Родители стравуваат дека и годинава ќе мора тајно да ги копираат и принтаат заменските „учебници“. Учениците кои нема да добијат учебници, ќе може да учат од заменски материјали, но во електронска форма. За наставниците ...

Владата одлучи да отвори 8 нови национални установи годинава, додека во јавноста тврди дека работи на проект за реорганизација и намалување на бројот на институции. Во изминативе седум години пак се отворени 74 нови институции, покажуваат извештаите на Министерството за информатичко општество. Под капата на Министерството за култура година се отворени седум нови национални установи за кои министерката за култура Бисерка Костадиновска Стојчевка ...

По смртта на познатата авганистанска јутјуберка, која наводно била отруена, голем број инфлуенсерки стравуваат за својот живот во оваа земја. Многу познати личности на социјалните мрежи, вклучително и мажи, избегнуваа да ги критикуваат Талибанците или да коментираат политика. Јутјуберката Хора Садат доби голем број следбеници на социјалните мрежи со нејзините забавни видеа за животот во Авганистан. Дури откако Талибанците ја презедоа власта во ...

Украински беспилотни летала гаѓале шест руски региони во средата рано наутро во најголемиот координиран напад со беспилотни летала од почетокот на војната. Во Псков, каде беа оштетени четири воени авиони, регионалниот гувернер Михаил Ведерников ги откажа сите летови до и од аеродромот додека не се процени штетата. Непотврдени извештаи наведуваат дека меѓу 10 и 20 дронови го нападнале аеродромот. „Неколку беспилотни летала беа соборени над Ориол, ...

Проширување на ЕУ до 2030, според претседателот на ЕС, Мишел или „Европа со повеќе брзини“ на францускиот претседател Макрон, истовремени изјави, збунувачки за земјите кандидати. Домашните аналитичари гледаат исто барање - прво внатрешни реформи во ЕУ, но дали тоа пак ќе го одложи проширувањето? Надеж дека земјава до 2030 година ќе стане дел од ЕУ, но и страв од ново закочување на евроинтеграцискиот пат на земјава во иднина, предизвикаа пораките ...

Неколку дена откако патничкиот авион „Ембраер 600“ поврзан со Евгениј Пригожин се урна северно од Москва, сѐ уште не е целосно позната судбината на основачот на групацијата Вагнер. Претседателот Владимир Путин на 24 август сугерираше дека Пригожин е мртов, зборувајќи за него во минато време, потсетувајќи се на нивниот прв состанок во Санкт Петербург во раните 1990-ти и упатувајќи му комплименти за неговата деловна способност. Но исто така рече ...

Вработените во Центарот за социјални работи имаат мали плати, дел од вработените работат во катастрофални услови, а имаат огромна одговорност, вели Изеир Мемеди, директор на Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје. Тој вели дека работи на тоа вработените да имаат добри услови, за да може и граѓаните да бидат задоволни. Неодамна беа изгласани законски измени со кои треба да им се реши статусот на таканаречните луѓе фантоми, ...

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на Бледскиот стратешки форум во Словенија на 28 август го изнесе својот став за проширувањето на ЕУ: „Верувам дека мора да бидеме подготвени, од двете страни, до 2030 година за проширување“. Тој е уверен дека „ е време да се ослободиме од нејаснотиите. Време е да се соочите со предизвиците со јасност и искреност. За да бидеме веродостојни, верувам дека мора да зборуваме за тајмингот и домашната ...

Судењето на поранешниот француски претседател Никола Саркози под обвинение дека ја финансирал својата претседателска кампања со пари добиени од поранешниот либиски моќник Моамер Гадафи, ги зголеми правните проблеми на конзервативниот политичар кој беше на власт од 2007 до 2012 година. И покрај тоа, обвинението дека добил пари од лидер поврзан со терористички акти е најсериозното со кое се соочува Саркози, но, е и тест за способноста на ...

И народниот правобранител за заштита на правата на децата за РСЕ вели дека е зголемен бројот на пријави со говор на омраза кон деца со попреченост, додека родителите пак бараат одговорност и санкции за оние кои шират вакви пораки кон хендикипираните лица Лицата со попреченост речиси редовно се соочуваат со најразличен вид дискриминација од најмала возраст, родителите постојано се нивен заштитник, но како што вели Зоран Мијалков од Штип, чии деца ...

Руските истражители соопштија дека по завршувањето на генетските испитувања Пригожин бил меѓу десетмината патници кои загинаа во уривањето на авионот во средата близу Москва. Смртта на Евгениј Пригожин, шефот на паравоената група Вагнер, по авионската несреќа во средата, е потврдена со формална генетска анализа, објави Рускиот истражен комитет во неделата, 27 август. Според соопштението на рускиот Истражен комитет, генетското тестирање потврдило ...

Во образованието се незадоволни од тоа што не им се почитува колективниот договор, од ниските плати, од најавените промени кои се против законот, па постои можност учебната година да почне со штрајк, вели Томислав Гиевски, претседател на Независниот синдикат на образование и наука. Господине Гиевски, ќе почне ли учебната година на 1 септември. Можен ли е штрајк на наставниците со оглед на тоа што ни Независниот синдикат на образование, ниту ...

Украина тврди дека руските воени сили се прегрупираат и ги засилуваат офанзивните напади. Москва,пак, тврди дека спречила украински беспилотни летала да извршат напади врз руска територија од кои најмнигу врз Крим Руските сили се прегрупираат и испраќаат засилувања во подготовка за продолжување на нивната офанзива на истокот на Украина, изјави на 25 август генералот Олександр Сирскиј, командант на копнените сили на Украина. Дури и додека ги ...

„На Европа и на САД им требате во ЕУ“ е дел од денешните пораки на американскиот висок претставник Габриел Ескобар на средбите со македонскиот премиер Димитар Ковачевски и опозицискиот лидер Христијан Мицкоски. Ескобар е задоволен што отпочнал процесот за уставни измени и очекува да продолжи. Европската Унија и Соединетите Американски држави имаат потреба од вас, вие сте стратешки партнер и близок пријател, некој кој имал директна корист од тоа ...

Што знаеме за падот на авионот на Пригожин и за други руски воздухопловни катастрофи во минатото, кои исто така ве тераат да си ги кренете веѓите? Патничкиот авион „Ембаер Легаси 600 се изгубил од екраните на радарите околу 18:11 часот по московско време на 23 август, не долго по полетувањето од московскиот аеродром Шереметјево на пат за Санкт Петербург. Спасувачите ги пронашле остатоците од авионот неколку часа подоцна во близина на градот ...

Њузлетер 25.08.2023 - За уставните измени, за личните документи, за пропаднатите проекти, за бунтот во Русија... Кој ќе го плати цехот за закочените уставни измени? Власта, во средата, промовираше кампања „Ние сме Европа“, која ќе чини 80 илјади евра, се разбира, пари од буџетот, односно, за наши пари ќе не убедува за нешто што го знаеме. „Целта е на граѓаните да им ги претставиме бенефитите од брзо членство во ЕУ, реформите кои треба да ги ...

Рускиот претседател Владимир Путин во своето прво обраќање по падот на авионот во кој се претпоставува дека се превезувал основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин, изрази сочувство до семејството на водачот на оваа група платеници. „Тој (Пригожин) беше талентиран човек“, рече Путин, нарекувајќи ја „трагедија“ несреќата што се случи еден ден претходно северно од Москва. „Моето искрено сочувство до семејствата на сите загинати. Се чини дека во ...

Првата средба во Скопје на Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави беше со претседателот на државата Стево Пендаровски. Ескобар допатува во дводневна посета на Северна Македонија, а утре треба да ги има останатите средби во Владата и со опозицијата. „Тој се надева на продуктивни и заеднички дискусии со владините лидери за време на неговата посета, особено поврзани со идната интеграција во ЕУ и ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го пофали својот народ за борбата за „слобода“ по повод Ден на независноста на земјата за време на руската инвазија, во обраќањето на 24 август. „Денес ја славиме 32 годишнината од нашата независност - независноста на Украина. Празник на слободните луѓе“, рече Зеленски во изјавата на социјалните мрежи. Слободата „е вредност за секој од нас и ние се бориме за неа“, рече Зеленски додека војната во Украина ...

Групата БРИКС на Самитот во Јоханесбург покани шест земји да се приклучат. Поканата е упатена до Аргентина, Египет, Иран, Етиопија, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати да станат нови членки на блокот, изјави на 24 август, јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоса. Премиерот на Индија рече дека неговата земја ќе придонесе за градење консензус со другите земји кои изразиле желба да се приклучат. Претседателот на Кина, Кси Џимпинг ...

Евгениј Пригожин, шефот на озлогласената платеничка група Вагнер, кој стана клучна фигура во руската војна против Украина, пред да организира бунт што го потресе Кремљ и ги донесе бунтовничките борци до прагот на Москва, се верува дека загинал во авионска несреќа северно од Москва. Приватен авион на Вагнер кој превезувал 10 луѓе се урна на 23 август, соопшти руското Министерство за вонредни состојби. Името на Пригожин беше на списокот на летот. ...

Деловен авион на пат од Москва кон Санкт Петербург се урна во средата, при што загинаа сите десет лица во авионот, соопштија руските власти за вонредни состојби. Началникот на платеници Евгениј Пригожин бил на списокот на патници, рекоа официјални лица, но веднаш не беше јасно дали тој бил во авионот. „Приватен авион „Ембраер Легаси“ се урна пред населеното место Куженкино во регионот Твер. Во авионот имало десет лица, меѓу кои и тројца членови ...

Американскиот дипломат Ескобар доаѓа во Скопје каде ќе се сретне и со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски. Тој пак се жали дека „светот прави стратегија како да го скрши ВМРО ДПМНЕ“ за да гласа за уставните промени со кои бугарското малцинство ќе влезе во Уставот. Нова кампања на власта од 80 илјади евра Во време кога власта тргнува во кампања под мотото „Ние сме Европа“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски уште посилно го нагласува ...

Албанските политичари во земјава, цела деценија промовираат пат од Тетово до Призрен и се сликаат со косовски политичари. Премиерот Димитар Ковачевски пак, вели и комшии може да разговараат за патишта, ама само Влади реализираат. Институциите молчат за тоа колку ќе чини и кој ќе го плати. Ако од ветениот автопат од Скопје кон Косово е завршено само промотивното видео како би изгледал, за најавуваниот пат од Тетово до Призрен нема ни видео, ...

Ревизионистичките интервенции на историските факти преземени од Кремљ со цел да се оправда инвазијата на Украина, отворено влегуваат во училишниот систем од септември, во новата учебна година во Русија. На почетокот на август беа објавени четири учебници по историја наменети за средношколци од 11 одделение на возраст од 16 до 18 години. Во учебниците се претставени ревидирани толкувања на распадот на Советскиот Сојуз, периодот од кога Владимир ...

Дали државата издаваше лични документи со неуставното име по промената на името во 2019 година? Зошто за промената на важечки документи граѓаните сами ги плаќаат трошоците? Ова се прашањата за кои нема одговор од институциите, а рокот до 12 февруари за промена на документите со новото име тече. Уставните измени за промена на името во Северна Македонија во Собранието поминаа на 11 јануари 2019, по што се очекуваше и да се започне со издавање на ...

Полаовина плата оди за храна и пијалоци. Храната за две години поскапела за 40 проценти, а има и нови најави за поскапувања. Граѓаните се жалат на празни фрижидери, земјоделците прстот го вперуваат во откупувачите. Некогаш фрижидерот ни беше полн, сега пазарите се полни, а фрижидерите празни, вели Игор Стојановски од Скопје. Педесет и осум годишниот скопјанец заклучува дека до пред некоја година се живеело полагодно и барем за зеленчук и овошје ...

По бавниот напредок на украинските сили во првите два месеци од контраофанзивата што Киев ја започна за ослободување на териториите контролирани од Русија, во САД се зголемува сомнежот дека Украина ќе ги постигне целите на своите офанзивни операции оваа година. Поради слабиот напредок на фронтот, но и немањето остварливи цели на конфликтните страни, војната во која, според американските податоци, речиси 500.000 украински и руски војници се ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
1.03
29%
1015
weather icon

Белград

30ᴼ / 27ᴼ
2.57
45%
1016
weather icon

Загреб

31ᴼ / 29ᴼ
3.6
41%
1015
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
3.09
28%
1016
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
4.32
19%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
2.06
52%
1016
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
5.14
26%
1013
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
30%
1016
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
3.09
37%
1016
weather icon

Букурешт

34ᴼ / 32ᴼ
5.14
25%
1012
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 27ᴼ
8.23
41%
1014
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
4.12
26%
1014
Currency

61.525

Currency

53.6698

Currency

71.9019

Currency

34.4218

Currency

38.6408

Currency

65.2709

Currency

7.38335

Currency

0.67526

Currency

0.36442

Currency

0.52469

Currency

1.33664

Currency

0.61478

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14765.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.50

Сребро

1166.02

Злато

108528.29

Бакар

9.63

Паладиум

3440.13

Платина

41386.03

Родиум

176025.34

Цинк

2.61