
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Укинувањето на пресудата за „организаторите“ на 27 април е последниот во низата случаи за високи функционери кои се вратени на повторено судење. Јавноста е збунета, а Кривичниот суд и скопска Апелација се објаснуваат јавно кој е во право. Адвокатот Тортевски критикува дека има „пропусти“ заради системска грешка во целиот правосуден процес. Судскиот предмет за организаторите на 27 април или познат како „Собрание“, „Таргет-Тврдина“, „Трезор“, ...
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се соочува со обвинение за тајни исплати на порно ѕвезда, но се соочува со правни битки и за изборна измама, нападот врз Капитолот, задржување на класифицирани документи, а против него има и прекршочни и граѓански парници. Њујоршките обвинители минатиот четврток направија историски исчекор поднесувајќи обвинителен акт против Доналд Трамп, што е првпат тоа да му се случи на поранешен американски ...
Пандемија, онлајн настава, маски, губење настава поради штрајк и поради бомби го обележаа образовниот процес на актуелна генерација матуранти. Дел од нив може да имаат потешкотии во иднина поради специфичните услови во кои го поминале средното образование, сметаат експертите. Оваа година матурира генерацијата на која уште во прва година ѝ се случи пандемија со Ковид-19 и онлајн настава. Пред тоа губеа часови и поради штрајкот на просветните ...
Владата ја задолжи општината Радовиш да и продаде на фирмата во која една од сопственичките е сопругата на премиерот, државна парцела за изградба на фотоволтаична централа. Владата не кажува по која цена ја продала парцелата, но според тафирникот, цената е 70 денари за метар квадратен. Фирмата во која сопственички удел има сопругата на премиерот Димитар Ковачевски ќе добие државно земјиште по цена од 70 денари за метар квадратен за изградба на ...
Апелацискиот суд ја укина првостепената пресуда со која на вкупно 25 години затвор беа осудени организаторите на „крвавиот четврток“, спикерот Трајко Вељаноски, поранешните министри, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Предметот е вратен на повторно судење. Апелациониот суд Скопје денеска ги уважи жалбите на обвинетите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски и ...
Неполн месец по замрзнати цени ќе се продаваат домати, пиперки, грав, банани... Анализите покажале дека овие производи се продавале со маржи и над 200 отсто. Бизнисмените негодуваа, а економските аналитичари не гледаат никаква стратегија и велат дека се работи за популистички мерки. Од сега по замрзнати цени ќе може да се купат и банани, лимони, карфиол... По замрзнувањето на цената на лебот, па потоа и тестенините, млечните производи, јајцата, ...
Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красничи и Реџеп Селими се изјаснија за невини пред судот во Хаг. Тие се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучително и прогон, убиства, тортура. Специјалното обвинителствто тврди дека има доволно докази за да ги докаже обвиненијата. Во близина на судот протест во знак на поддршка за обвинетите. Поранешниот претседател на Косово Хашим Тачи се изјасни за невин на почетокот на судењето ...
Македонското Министерство за надворешни работи лансираше нова регионална платформа за целосно усогласување со надворешната и безбедносната политика на ЕУ. Србија и БиХ не се дел од иницијативата. Официјално Скопје и Подгорица уверуваат дека не загрозува друга регионална иницијатива, а Тирана и Приштина без коментар. Европска четворка или „ЕU Quad “. Вака е именувана најновата иницијатива или неформален форум во кој главни актери се Северна ...
Сите политички лидери излегоа на гласачките места, но анкетите сугерираат дека и ова гласање нема да даде резултат што ќе го запре политичкиот ќорсокак во Бугарија. Излезноста на изборите се стравуваше дека може да биде загрозена по серијата закани со бомби во училиштата, но денеска нови закани. Гласачите во Бугарија излегуваат на петтите по ред парламентарни избори во земјата во последните две години. Сите лидери на партиите кои учествуваат на ...
Црна Гора во вториот круг од претседателските избори избира меѓу Мило Ѓукановиќ и Јаков Милатовиќ. Првиот е актуелен шеф на државата и 33 години е на водечки државни функции. Вториот е поранешен министер и три години е во политиката. Во Црна Гора денеска се одржува вториот круг од редовните претседателски избори. Граѓаните избираат меѓу Мило Ѓукановиќ, актуелен претседател и кандидат на Демократската партија на социјалистите и Јаков Милатовиќ, ...
Неможноста некое дете да следни настава или да подготви одговор, да се надоградува со знаење во училиште со помош на учебно помагало претставува сериозна повреда на правата на детето, вели советничката на Народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа. Условна казна доби струшкиот лекар што извади матка на пациентка, потоа на жена од Тетово и ги извадија градите и потоа се утврди дека таа немала рак и не требало да се направи таква ...
Осомничен за дискредитација на руските воени сили, затоа што стоел со транспарент „Гушни ме ако си против војната“.Ризик од затворска казна поради објава на Фејсбук. Ова се дел од примерите на 149 Руси кои јавно проговориле против режимот на рускиот претседател Владимир Путин. Автор: Роберт Коалсон Од околу 5,5 милиони луѓе кои живеат во Санкт Петербург, вториот по големина град во Русија и родниот град на претседателот Владимир Путин, осум во ...
За модернизација на армијата во наредната деценија ќе бидат потрошени скоро 1 милијарда евра. Министерката за одбрана вели дека дел од таа опрема ќе биде донација од сојузниците од НАТО. Со тоа старото оружjе од советско и југословенско производство ќе се менува со ново од западно производство. Македонија ќе потроши околу 900 милиони евра за модернизација и опремување на армијата во периодот 2019 – 2032 година, соопшти министерката за одбрана ...
Ако ВМРО-ДПМНЕ одбие да се вклучи во работната група за уставните измени, тоа ќе биде негативно за процесот кој треба да ја одреди иднината на државата, но со таков чекор партијата ќе го загуби и правото потоа да се жали за формулацијата на уставните амандмани, сметаат аналитичари. Ова тело се очекува да биде формирано за десетина дена. Работната група за уставните измени ќе биде формирана по секоја цена, дури и ако опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема ...
Борбата за гласовите на дијаспората, па дури и обиди да се попречи нивното доаѓање на гласање во Црна Гора, го обележаа предизборието пред вториот круг од претседателската трка меѓу Мило Ѓукановиќ и Јаков Милатовиќ Кампањата, пред вториот круг од претседателските избори во Црна Гора, за кои на 2 април ќе се одлучува меѓу Мило Ѓукановиќ и Јаков Милатовиќ, е одбележана со борба за гласовите на дијаспората, како и обиди да се попречи нивното ...
Њузлетер 31.03.2023 - Кремљ најави распоредување тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, министерот за правда Кренар Лога најави можни и други измени во Уставот освен внесувањето на Бугарите, па рече не бил разбран. Средношколците и медицинскиот персонал на протести, Владата со нови „замрзнувања“, правната држава пред предизвик со запленетиот имот на Сашо Мијалков... Најмногу од се неделава го слушавме зборот „минималец“, а тој на крајот излезе ...
Oд почетокот на годината Агенцијата за вработување издала работни дозволи на две лица од Непал и 10 од Пакистан, од Бангладеш немало заинтересирани. Најмногу дозволи се издаваат на работници од соседството и од Турција. Во Македонија има сè помалку луѓе кои може да работат, па еден од начините е да се увезат работници од странство. Но за тоа е потребен добар план. Нема да биде лесно во Македонија ни да се увезат работници од странство. Потребна ...
Ученичка во средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ од Битола беше полесно повредена кога падна таванот во училишните тоалети. Ако имаме проблем со безбедноста, тогаш воопшто и не е битно што нема учебници, коментираат граѓаните на социјалните мрежи. Други прашуваат како има пари за коли, а нема за книги. Трети, пак, велат – со оглед на грешките, децата нема да изгубат многу. Има пари за скапи службени коли и ручеци, има за сомнителни ...
Со безжична слушалка, од тајни ливчиња, од скриен телефон или од етикета на шише, се дел од начините на кои препишуваат средношколците. Професорите велат дека методите се сѐ понапредни, но и дека не може цел живот да бидат препишувачи и шверцери и дека некогаш ќе треба своето знаење да го покажат. Новите генерации на средношколци уште ги користат „старите добри“ начини на препишување на тестови како оној со скриени ливчиња. Но, во денешно време ...
Главната работа што го одредува односот на Русите кон војната е возраста, покажува новата анкета. Има деца кои се обидуваат да ги спасат своите родители, отруени од телевизиската пропаганда која им влијае на ставовите за војната Постарите Руси се понаклонети кон поддршка на војната што Русија ја води во Украина, покажува анкета на населението една година по почетокот на руската инвазија. Девет од десет испитаници постари од 70 години велат дека ...
Политичката коректност и пристојна комуникација меѓу пратениците одамна не е случај за македонското Собрание. Наместо аргументирана дебата, говорницата се користи за меѓусебни навреди и обвинувања. Професорката од Правниот факултет Ана Павловска-Данева вели дека на граѓаните им се потребни свежи идеи и конкретни мерки за подобар живот, а не лични пресметки. Лични навреди и дискредитации, јавно читање на доверливи психијатриски извештаи, ...
„Не веруваме во системот“, вели таткото на 6 годишната Јана која почина неколку часа откако била примена во битолската клиничка болница. И по една недела од смртта не се готови извештајите од обдукцијата и стручниот надзор. Министерството за здравство и по една недела од смртта на девојчето, тврди дека се уште не се готови извештаите од обдукцијата и стручниот надзор. Родителите воопшто и не веруваат во системот, но велат одлучиле јавно да ...
Оваа година имаше неколку знаци пред почетокот на академската година дека милитантите ќе ја поништат својата забрана за авганистанските тинејџерки да одат во училиште, но сепак тоа не се случи. Во декември, талибанците исто така го забранија и универзитетското образование за жените Оваа недела во Авганистан започна новата учебна година, но на девојчињата над шесто одделение сè уште им е забрането да одат на часови. Минатата година, талибанците ...
Во здравството се зголеми само минималната, но не и другите плати, па сега и медицинските сестри се на минималец. Административците во културата бараат исто покачување од 30 отсто како и за нивните колеги во Министерството за финансии. Во финансии, пак, велат дека нивните плати се зголемени „поради специфичните работни задачи и посебна одговорност“. Вработените во јавниот сектор, кои добија многу мало или никакво покачување на платите по растот ...
Власта не излегува со план како да се задржат сегашните работници во земјава, во услови на голем одлив на квалификувани кадри. Синдикатите бараат големи промени во пензискиот систем, а бизнис заедницата можност работникот да продолжи со работа преку старосната граница. Егзодусот на работници од Македонија во Западна Европа не покажува знаци на намалување. Во обид да се запре бранот, синдикатите бараат сеопфатна реформа на пензискиот систем, како ...
Во 2023 година се одбележуваат 75 години од Универзалната декларација за човековите права. Да не чекаме светот повторно да гори за вистински да живееме според слободите и принципите кои дојдоа по цена на милиони животи, наведува Амнести во извештајот за човекови права во 2022 година Меѓуетничките тензии влошени со говорот на омраза, Законот за заштита на жените од насилство не беше целосно спроведен, Ромите се подложени на сегрегација во ...
Владата анализира дали да ги замрзне цените на земјоделските производи. Земјоделците порачуваат дека во случај на таква одлука државата ќе треба да помогне во трошоците за производство. Граѓаните се жалат на високите цени, но според Министерството, нив ги креваат маржите на трговците и откупувачите. Земјоделците не се против замрзнувањето на цените, но во случај на таква одлука бараат државата да интервенира во производството. Откако ...
„Штракањето“ со нуклеарно оружје нема нужно да ја промени ситуацијата во врска со војната во Украина, пишуваат светските медиуми, откако Путин објави дека ќе складира и распоредува оружје со осиромашен ураниум во Белорусија Најавата на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија е последниот обид на Москва да се закани со ескалација на тензиите со САД и Европската унија. Сепак, „штракањето“ со ...
Приоритет е Преамбулата во делот на вметнување на помалите заедници во државата, но се размислува и за други потребни измени на Уставот, вели новиот министер за правда Кренар Лога. Тврди дека е само прашање на денови кога ќе биде формирана работната група за уставни измени. Измените на Уставот може да значат отворање на пакет други прашања, иако приоритет останува Преамбулата, односно внесувањето на Бугарите и другите етнички заедници во ...
Ученичката организација „Orce Talks“, од гимназијата „Орце Николов“ ја отвори дилемата која ги мачи дел од средношколците - дали да останат дома за студии или да заминат во странство? По дискусијата, некои се откажале од идејата да си одат, но има и такви кои ништо не ги предомислува. Ако заминам ќе биде беља, а ако останам ќе биде бетер - велат лондонските панкери Клеш во нивната култна „Should I stay or should I go“ (Да останам или да си ...