
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



Руската платеничка група Вагнер, киднапирала казахстански студент во Русија и го пратила да војува во Украина, обвинува семејството на студентот. Неговата мајка бара руските и казахстанските власти да помогнат тој да се врати дома. Не е првпат Вагнер да е обвинет дека испраќа луѓе во борба без нивна согласност. Некаде околу 18 март, 23-годишниот син на Алмира Бекенова исчезна. Откако цела недела не се чула со синот Маргулан Бекенов, студент на ...
Криумчарите им наплаќаат високи суми на мигрантите за транзитот низ земјава, но често тие и физички ги малтретираат. Ситуацијата е потрагична за ониe мигранти кои настрадале во сообраќајни несреќи додека шверцерите бегале од полицијата, со што загубиле раце или нозе. Mал број мигранти побарале азил во земјава, но поголемиот број од нив тоа го направилe токму поради тешките повреди кои ги добиле во земјава. Голем број мигранти или бегалци кои ...
Контрадикторни се одлуките на Советот на обвинители и Судскиот совет во однос на постапките околу обвинителката Ленче Ристоска и претседателката на Советот Весна Дамена, вели во интервју за РСЕ Министерот за правда Кренар Лога Министре, како ги коментирате во целост случувањата во Судскиот совет, телото кое е надлежно за избор и разрешување на судии? Со многу загриженост ги следиме сите настани таму. Веќе го имаме кажано нашиот став – Дека ова ...
Свечената церемонија за крунисување на Чарлс Трети е славење на традиција стара над илјада години во британската монархија. Со кралска позлатена кочија до Вестминстерската Опатија пристигнаа Чарлс Трети и неговата сопруга кралицата Камила во последната милја од седумдецениското патување од наследник до монарх. „ Не дојдов за да ми служат, туку за јас да служам“ беше првата порака што Чарлс ја испрати за време на чинот на крунисувањето. ...
Судскиот совет повторно ја одложи седницата за избор на претседател, со што дополнително ја зголеми загриженоста за независноста на судството. Причината за одложувањето на денешната седница на Судскиот совет засега е непозната. За помалку од пет месеци, две претседателки на Судскиот совет беа сменети, што предизвика сериозна загриженост за независноста на судството во Северна Македонија. И двете обвинија дека причина за нивната смена е политички ...
Со европско знаменце ќе се носат измени на закони за изградба на автопатиштата што треба да ги гради конзорциумот „Бехтел -Енка“. Тоа што се носат на овој начин, откако претходниот обид во собранието е блокиран од опозицијата, не значи дека „роковите не газат“, вели првиот вицепремиeр Артан Груби. Владата предлага со европско знаменце во Собранието да се носат измените на законите потребни за побрза и поевтина изградба на автопатите од ...
Вооружени напади во училишта се честа појава во САД, но Балканот не памети вакви трагедии. И во Европа низ годините се случија грозоморни убиства на деца во училишта и градинки Додека училиштата треба да бидат најбезбедното место за учениците, каде на децата ќе им биде обезбедена максимална заштита, посведочивме на незапаметен масакар во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, каде навидум еден обичен училишен ден заврши погубно за 9 ...
„Прекувремената работа ги убива работниците, ќебапи за работниците, а бифтеци за функционерите, пратениците нека работат 60 часа неделно“. Ова се дел од пораките на двата синдикални протести во Скопје кои се оддржаа пред Владата по повод денот на трудот Први мај. По сто и педесет години битката за основни работнички права во земјава се враќа отпочеток, со барање за ограничување на работното време на 40 часа неделно. Синдикалците кои денеска ...
Изборот на „колегиум“ на нов претседател на Судски совет по десетдневно „натегање “ околу процедурите за разрешување на претходниот, повторно го става во фокус на јавноста прашањето за дисциплинската но и кривичната одговорност на судиите кои се огрешиле во вршењето на функцијата. Со многу загриженост ги следиме настаните во Судскиот совет, ова нема да придонесе во зголемувањето на довербата во правосудниот систем, изјави министерот за правда ...
Ова е повторен масовен злосторнички напад по нападот врз нашите деца- напад врз нашата земја, ова е терористички чин, изјави срспкиот претседател Александар Вучиќ во вонредното обраќање до јавноста по убиствата во Младеновац. Полицијата го уапси напаѓачот кој уби осум, а рани 14 лица. Терористички чин. Вака српскиот претседател Александар Вучиќ го нарече масовното убиство кое се случи синоќа во околината на Младеновац, кај Белград. „Вчерашниот ...
Случувањата во Судскиот совет се аномија, непочитување на закон и отсуство на морални норми, вели поранешната врховна судијка Вера Коцо во интервју за Радио Слободна Европа. Таа вели американската амбасадорка со право реагираше за Апелициониот суд, а оправдувањето на Апелација не „држи вода“. Судијке, за помалку од пет месеци се сменија две претседателки на судскиот совет. И двете претседателки и Павлина Црвенковска и Весна Дамева обвинија за ...
Њузлетер 05.05.2023 - Урбан хаос во Националниот парк Маврово, случувањата во Судскиот совет, слободни, но непрофесионални и медиуми под политичка контрола. Како Маврово стана бетонска џунгла? Беззаконие според Закон, но и со заобиколување на законите е она што се случува со години во Националниот парк Маврово. Се гради наголемо, што легално, што на диво, па се легализира, а надлежните си ја префрлаат вината за уништувањето Маврово. Ова почна ...
Еден ден по пукањето во белградското училиште, луѓето носат цвеќе за настраданите во центарот на Белград, пред школото кое ден претходно беше место на нападot. Тринаесетгодишен ученик на 3 мај пукаше и уби осум деца и еден чувар, а рани шест ученици и еден наставник. Граѓани и ученици денеска палеа свеќи, полагаа цвеќе и плишани мечиња пред основното училиште во Белград, на местото на масовното пукање во кое тинејџер уби осуммина негови ...
Во Северна Македонија новинарите не работат во непријателско опкружување, но поради дезинформациите и недостигот на професионализам опаѓа довербата на јавноста во нив, што ги изложува независните медиуми на закани и напади, наведува во својот извештај „Репорери без граници“. Годинава има скок во рангирањето, но тоа не треба да не залажува, велат од новинарските организациии. Северна Македонија се враќа во групата на земји во кои има ...
Актуелниот амбасадор на САД во Србија и поранешниот во земјава, Кристофер Хил вели дека местото на Северна Македонија е во ЕУ и дека процесот за остварување на таа цел е одговорност на политичките лидери тука. Според него отворените прашања во регионот треба да се решаваат на мирен начин, бидејќи последиците ги чувствуваат сите други Пораки за поголема соработка меѓу земјите од Западен Балкан, потреба од справување со корупцијата и водење ...
Многу млади спијат со телефонот до глава за случајно да не пропуштат нешто и да бидат 'аут' наместо 'ин'. Иако живееме во дигитално време, не треба да дозволиме мобилниот телефон да го диктира начинот на живот, вели психологот Софија Георгиевска. Единасетгодишната ќерка на скопјанецот Сашо поминува најмалку три часа дневно со телефонот во рака. „Имаме контрола на тоа што гледа, но на некои видеа има реклами кои не можеш да исконтролираш кога ќе ...
Децата од генерација Алфа, или родените по 2010-та, не избрале да живеат во дигитално време кога вештачката интелигенција го менува светот кој го гледаат преку екран. Што ги разликува од генерацијата Z? Треба да ги разбереме, да го извадиме позитивното кај нив, порачува професорката Тамара Ќупева. Четиринаесетгодишниот Гоце од Скопје според возраста припаѓа на Генерација Z (зет) каде влегуваат млади родени од 1996-та до 2010-та година. Неговиот ...
Граѓански движења, невладини организации, фракции бараат свое место на политичката сцена во земјава. За трета политичка опција има простор, оценуваат политичките коментатори, но само ако се обедини, за да не се разлеат гласовите и да не им се дозволи на големите партии пак да доминираат. Тоа што ниедна од големите партии нема рејтинг повисок од 20 отсто остава голем простор за трета опција, но новите сили треба да се окрупнат, за да не им се ...
Црна Гора повторно се свртува кон кинеска компанија за изградба на нов пат, иако пред девет години контроверзниот автопат, финансиран и изграден од Кина, ја втурна оваа балканска држава длабоко во долгови. Црна Гора потпиша меморандум за разбирање со кинески конзорциум кон крајот на март за изградба на автопат од 54 милиони евра (59 милиони американски долари) што подобро ќе ги поврзе крајбрежните градови Будва и Тиват, обезбедувајќи нова рута ...
Њузлетер 28.04.2023 - Највисоките функционери за април ќе добијат речиси дуплирани плати. Администрацијата е пренатрупана, но ќе нема отпуштања, а квалификувани работници заминуваат во странство. Дигитализација без отпуштања од работа Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу најави дигитализација во државата, а истовремено тврди дека има недостиг од вработени во јавниот сектор. Донекаде е точна оваа констатација на ...
Судскиот совет ја одложи седницата на која требаше да се гласа за нов претседател, откако вчера беше разрешена претседателката Весна Дамева во постапка која правосудната фела ја оцени како незаконска. Претседателот Пендаровски оцени - вакви сцени не му доликуваат на тело со многу одговорна улога. Седницата на Судскиот совет за избор на нов претседател е одложена за 2-ри мај откако за тоа се изјаснија седум членови, а четворица беа против. ...
Претседателите на државата, на Собранието и на Владата за неколку дена ќе добијат повисоки плати за околу 70 илјади денари. Платите на претседателот на Уставниот суд и потпретседателите на Собранието ќе бидат повисоки за околу 60 илјади денари, а на министрите и пратениците за околу 56 илјади. Функционерите за неколку дена ќе почнат да добиваат плати повисоки по околу 1000 евра, по одлуката на Уставниот суд, според која платите на функционерите ...
Пациентите се жалат дека со месеци чекаат за термин за одредени специјалистички прегледи. Многу пациенти кои немаат време да чекаат и по неколку месеци се приморани да си платат приватно или се вртат телефони и се фаќаат „врски“. Здравствените власти најавуваат измени во “Мој термин“. Во недостиг на термини во јавното здравство, единствена опција за пациентите кои немаат време да чекаат по три месеци за преглед е да си платат приватно. Пациентка ...
ЕУ ќе го почне безвизниот режим за Косово од јануари 2024 година. Дали тоа ќе го „омекне“ српското отфрлање на косовските пасоши или ќе се задржи вербата во „нашата земја Србија“, бидејќи визната либерализација не важи за пасоши издадени од Координативната управа на Србија? Дали српското отфрлање на косовските пасоши ќе омекне сега кога ЕУ го либерализира визниот режим? Некои Срби во Косово веќе сигнализираат неволно менување на мислењето во ...
Косовската претседателка Османи-Садриу во Скопје побара од ЕУ да направи притисок врз Србија да го почитува Договорот меѓу двете земји. Претседателот Пендаровски им предложи да учат од Охридскиот рамковен договор и дека Северна Македонија има ист однос кон двата соседа. Стабилизацијата на Балканот зависи од влезот на сите земји во Европската Унија, се согласија претседателот Стево Пендаровски и претседателката на Косово Вјоса Османи - Садриу, ...
Во последните два месеци, кај еден до двајца случаи дневно, кожните лекари дијагностицирале шуга, болест за која се веруваше дека е минато. Лекарите велат дека бројот на заразени е поголем од официјално пријавените во Институтот за јавно здравје, а најчеста причина за тоа е стигматизацијата. Кога Марко од Скопје почувствувал чешање по кожата минатиот месец, не ни помислувал дека има шуга. Но, кога чешањето станало неподносливо, побарал лекарска ...
Владини претставници велат дека секоја година во земјата се вршат од 300.000 до 600.000 абортуси, повеќето од нив нелегални. Дел од медицинските лица стравуваат дека бројката е и до милион абортуси годишно Во обид да го поттикне растот на населението во Иран, владата одобри контроверзен закон во 2021 година со кој дополнително ги заостри ограничувањата за медицински абортуси и ја забрани бесплатната дистрибуција на контрацептивни средства, ...
Повеќе од половина од работите на автопатитштата што ќе ги градат Бехтел и Енка ќе ги прават домашни комапнии, што значи дека кај нив ќе завршат околу 600 милиони евра, вели координаторот на проектот Артан Груби. Домашните бизнисмени бараат да не се „измеќари за свои пари“. Домашните бизнисмени прашуваат - Зошто македонските компании не се вклучени повеќе во проектите за изградба на автопатиштата од Коридорите 8 и 10 Д , што ќе ги гради ...
Потребна е централизирана агенција за борба против сајбер нападите, препорачува безбедносните експерти. Ќе може ли државата да најде професионалци за новата Агенцијата за дигитализација? Според вработените во ИТ секторот, ќе биде многу тешко кога овие луѓе недостасуваат на глобално ниво. Македонската влада најави формирање на нова Агенција за дигитализација како одговор на зачестените сајбер напади на институциите, но сепак останува прашањето ...
Новите градоначалници и да положат заклетва, тоа ќе биде само формалност и нема да има ефект во пракса, вели за РСЕ, Еуген Чаколи од Косовскиот демократски институт. Новоизбраните градоначалници во општините на северот на Косово, кои потекнуваат од редовите на албанската заедница, се свесни дека ќе имаат проблеми со пристапот до новите канцеларии, бидејќи тие најчесто се наоѓаат во зградите на Привремените oпштински органи кои работат во ...