
Скопје
11ᴼ /
11ᴼ



По празниците работната група за уставни измени ќе излезе со предлози. За ВМРО-ДПМНЕ учеството во неа е затворено прашање. Градоначалникот на Куманово, Димитриевски вели дека отсуството на опозицијата е неприфатливо, а уставните измени треба да се направат со соодветен реципроцитет. Работната група за уставните измени ќе се состане после празниците, а во неа како што веќе е познато, нема претставници на опозицијата, ниту од македонскиот ниту од ...
Њузлетер 14.04.2023 - Борба со дезинформации од странство, манипулации со информации дома. Загадувачи на медиумскиот простор Западен Балкан е „затруен“ од дезинформации, главно од Русија и Кина, а Србија е една од главните бази од каде тргнуваат дезинформациите во регионот. Ова е главната порака од специјалниот американски пратеник Џејмс Рубин, кој неделава ги посети Подгорица, Приштина и Скопје. Ниту односите меѓу Скопје и Софија и дебатата за ...
Празничната трпеза на пензионерите и работниците на минималец ќе биде поскромна, и покрај тоа што месецов добија повисоки плати и пензии. Зголемувањето за нив е минимално, за разлика од платите на функционерите кои се зголемија за 78 отсто. Првите со покачувањето ќе може да си дозволат по кило месо, јајца и малку зеленчук, функционерите, пак, може богато да се почестат. Со покачувањето на платите и пензиите, пензионерите ќе може да си купат плус ...
Владата го промовираше првиот дигитален асистент во јавниот сектор АДА. Кога ќе сфати дека само таа работи во администрацијата, и вештачката интелигенција ќе извади бугарски пасош и ќе замине во Германија, се шегуваат граѓаните на социјалните мрежи. Само во првите 48 часа откако беше пуштен во употреба, првиот дигитален асистент во јавниот сектор АДА услужил 1321 граѓани, се пофали вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Тој соопшти ...
Северна Македонија ги имплементира сите рестриктивни мерки во однос на Русија и кога ќе се донесе конкретна мерка или забрана за користење на Касперски на ниво на ЕУ, тогаш ќе ги применат, велат од македонската Влада. РСЕ пишуваше дека рускиот софтвер се користи во институциите, иако е на „црна листа“ во многу земји. Кога ЕУ ќе го забрани рускиот антивирусен софтвер Касперски, „ќе бидат преземени соодветни мерки на национално ниво“, одговорија ...
Колку минути пладневниот брифинг се осврна на прашањето за патувањето на унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто во Москва? Нула минути Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто не можеше да избере подобар датум за посета на Москва, веднаш по долгиот викенд на католичкиот Велигден и контроверзното патување на францускиот претседател Емануел Макрон во Пекинг. Ако за нешто се зборуваше во јавноста, тоа беше за ...
Лагите и дезинформации го отежнуваат водењето на нормална политичка дебата за промена на Уставот, смета американскиот специјален пратеник Џејмс Рубин. Претседателот Стево Пендаровски предупредува дека дезинформациите имаат потенцијал да влијаат врз крупни политички и граѓански процеси и кај нас. Ниту македонско-бугарските односи или уставните измени не се имуни на дезинформации, рече во Скопје специјалниот пратеник и координатор на Центарот за ...
Деловна тајна е договорот со Бехтел и Енка за коридорите 8 и 10-д, изјави координаторот на проектот и вицепремиер Артан Груби. Тој објаснува дека државата нема да плаќа пенали, туку дополнителни трошоци ако не се изменат осум закони. Условите за 60 - часовна работна недела Владата ги договорила пред да се донесат законски измени со кои ќе се спроведе. Тројца министри, неколку директори и десетина претставници на министерства и институции пред ...
Србија, една од ретките земји во Европа која одби да ја санкционира Русија поради нејзината инвазија врз Украина, се согласила да испорача оружје на Киев или веќе го испратила, стои во еден од доверливите документи на Пентагон, објави агенцијата Ројтерс на 12 април. Документот во кој имала увид агенцијата Ројтерс, резиме на одговорите на европските влади на барањата на Украина за воена обука и „воена помош“ или оружје, е меѓу десетиците ...
Дали економското зближување на Србија, Македонија и Албанија со Кина е придобивка или ваквата соработка носи ризици, бидејќи сите три земји-членки на Отворен Балкан се кандидати за членство во ЕУ Заедничката иницијатива на трите земји од Западен Балкан се почесто го споменува Пекинг како своја шанса. Од друга страна, Западот, како и некои соседи, не гледаат позитивно на оваа тенденција. „За секое шише вино што го произведуваме оди во Кина“, беа ...
Има луѓе во регионот и во Русија на кои не им одговара Северна Македонија да влезе во ЕУ. Тие седат и размислуваат каков проблем да направат, рече американскиот специјален пратеник Џејмс Рубин во Скопје. Тој вели дека Западен Балкан е „затруен“ од дезинформации од Русија и Кина, а Србија е една од главните бази од каде тргнуваат дезинформациите во регионот. Сигурен сум дека политичките лидери во Северна Македонија уште еднаш ќе покажат политичка ...
СДСМ „Рамо до рамо“ до граѓаните. ДУИ под слоганот „Заедно за Европа“. Владејачките коалициони партнери се растрчаа на терен, иако парламентарните избори се закажани за наредната година. ВМРО-ДПМНЕ велат цело време се во кампања, а минатиот месец излегоа и со слоган „Заедно со народот“. „Јас три месеци дома не одам. Три месеци ќе одам таму кај што ќе ми каже генералниот секретар и неговиот тим определиле дека треба да се оди. Ќе ги посетиме сите ...
Ниедна опозициска партија не предложила свои претставници во Работната група за уставните измени која ја формира Министерството за правда. Власта ги претставува измените како избор „за или против ЕУ“, а опозицијата не сака ни да разговара, само бара предвремени парламентарни избори. Работната група за уставните измени ќе работи без ниеден претставник на опозицијата, ниту од македонскиот ниту од албанскиот блок. Внесувањето на Бугарите во Уставот ...
Рускиот антивоен активист Алексеј Семјонов ги одби понудите за адвокат во неговото судење за наводно „дискредитирање“ на руската војска. Тој признава дека е „целосно виновен“ но според, како што вели „нелегитимен“ закон. Семјонов се соочи со повеќекратни казни и апсења затоа што се спротиставил на руска инвазија на Украина. Во септември 2022 година, само неколку дена откако рускиот претседател Владимир Путин објави национална мобилизација за ...
По скратена постапка во Собранието ќе се носат осум закони за да може американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка брзо и без отежнати процедури да ги гради автопатиштата од коридорите 8 и 10. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата и најави суштински амандмани. За конзорциумот Бехтел и Енка нема да важат одредби од Законите за шуми, за земјоделско земјиште, експропријација, работни односи и уште неколку други за да може изградбата на ...
Докторите во Центарот за менаџирање на дебелина во болницата „8-ми Септември“ едвај постигнуваат да ги прегледаат сите пациенти кои минатиов месец добиле упат од матичен со дијагноза - обезност. Една третина од прегледаните се тинејџери. Центарот за менаџирање на дебелина кој се отвори во рамки на градската општа болница „8-ми Септември“ работи турбо. За нешто повеќе од еден месец откако се отвори, прегледани се над 260 пациенти. За да дојдат ...
Длабока пенетрација на американските разузнавачки служби во руските безбедносни системи открија доверливите документи кои протекоа на социјалните мрежи. Сепак тие, исто така, укажуваат дека САД ги шпионирале пријателските и сојузничките земји, каде предизвикаа чудење и лутина. Доверливите документи на американските разузнавачки служби кои протекоа на социјалните мрежи, покажаа дека американските шпиони навлегле длабоко во руските разузнавачки и ...
Партиските статути на најголемите партии во државата не дозволуваат постоење на фракции. Но и покрај тоа, обиди за такво дејствување имало и во минатото. Почнувале како фракции, но најчесто завршувале или како нови политички субјекти или надвор од матичната партија. Аналитичарите велат дека македонските и албанските партии не се доволно зрели за ваков вид на демократско дејствување По неколкумесечни несогласувања и препукувања пред јавноста, ...
За два објекти коишто се планирани за отстранување во последниот месец, ни беа потребни околу 5 милиони денари за да ги оневозможиме да бидат функционални. А за да го отстраниме целите објекти потребни се неколкупати повеќе средства, вели градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски. Господине Герасимовски, поднесовте иницијатива до ЗЕЛС за конфискација на дивоградби изградени на државно земјиште. Какви се вашите очекувања од оваа иницијатива? ...
Москва останува на ставот дека во украинскиот новогодишен напад во градот Макиивка во Донбас загинале 89 луѓе. Украина тврди дека биле убиени до 400 руски војници. РСЕ истражуваше и по име ги идентификуваше 140-те војници загинати во инцидентот. „Никогаш не се пожали“, вели една жена од рускиот регион Средна Волга за својот партнер, кој беше убиен борејќи се во Украина на 1 јануари 2023 година. „Тој ни кажа дека сè е во ред. Кон крајот на ...
Ни казни, ни жолти ленти, па ни решенија за уривање не спречуваат одредени инвеститори да се откажат од узурпирање на државниот имот и градење дивоградби, вели градоналникот на Горан Герасимовски кој бара измени на закон за конфискација на дивоградби. Архитектите велат дека овој предлог е популистички и ја покажува немоќта на институциите да ги спроведуваат веќе постоечките закони, па затоа навидум бараат нови решенија. Градењето на диво не ...
Земјоделците од Источна Европа се вознемирени од евтините украински житарки и други производи кои го преплавија пазарот, откако ЕУ се откажа од царинските давачки и увозните квоти за украински производи. Тие сега прават притисок да се реши проблемот. Земјоделци во бугарскиот град Русе минатата недела со трактори ги блокираа главните гранични премини со Романија, за да спречат камиони да го преминат главниот мост што се протега на Дунав. Тие ...
Македонски институции го користат софтверот на рускиот производител „Касперски“, иако тој е на „црна листа “ во многу земји. Дел од институциите се Министерството за образование, за внатрешни работи, за животна средина, Централен регистар... Кривичен суд го има инсталирано, но не го користи, оти е претежок за старите компјутери. Касперски се користи и во државните институции во дел од земјите во регионот. Државни институции, болници, судови во ...
Њузлетер 07.04.2023 - Неделава замрзнати цените на зеленчук и овошје, но функционерите никако да си ги замрзнат платите. Добива ли Артан Груби преголема моќ? Распродажба на државно земјиште По „замрзнати“ цени се продава државно земјиште, се по закон, правилник, тарифник и некои други, помалку познати услови. Фирмата, во која сопственички удел има сопругата на премиерот Димитар Ковачевски, ќе добие државно земјиште по цена од 70 денари за метар ...
Додека Обвинителството и Антикорупциската комисија истражуваат дали има прекршувања на законите во постапката за проектот за изградба на коридорите 8 и 10, првиот вицепремиер Груби доби нова улога - координатор на активностите поврзани со проектот. Слаѓана Тасева од „Транспаренси интернешнал“ вели дека сега се на потег институциите, кои треба да ги расчистат предметите и да и дадат одговори на јавноста. Артан Груби, првиот вицепремиер во Владата ...
Во записници од состаноци одржани зад затворени врати во 2017 и 2019 година меѓу официјални лица од Управата за сајберпростор на Кина и Роскомнадзор, до кои дојде РСЕ, се открива нивото на соработка меѓу Кина и Русија во контролата и цензурирањето на нивнот Интернет простор. Години пред кинескиот лидер Си Џинпинг и рускиот претседател Владимир Путин да прогласат партнерство „без ограничувања“ и Кремљ да започне широка кампања за цензура по ...
Лажен сајт на УЈП, лажни меилови од полиција, лажни наградни игри на социјалните мрежи, лажни награди на мобилните телефони... Граѓаните треба да отвораат четири очи пред некаде да го пишат бројот на платежните картички или своите лични податоци. Ако некој ви нуди награда за ништо, веројатно лаже. Блаже Конески пишуваше дека ќе дојде време на лажни пророци, а дојде време на лажни сајтови. Некој уште пред еден месец регистрирал интернет страница ...
Повеќе пари за помалку производи. Кафеаните стануваат луксуз. Поради поскапувањата, граѓаните го стегаат ременот. Купуваат само она што им е неопходно и бираат поевтини брендови. Другото ќе почека. Цените се зголемени за 17 отсто, а приходите од ДДВ само 1 отсто во првите два месеци од годинава. Ако граѓаните лани купувале поскап шампон или кашкавал, сега ги бираат поевтините брендови или ги чекаат на попуст, па дури и тие чинат повеќе отколку ...
Руската инвазија на Украина ги убеди Шведска и Финска да се откажат од долгогодишната политика на воено неврзување. Финска и официјално стана 31 членка на НАТО, но Шведска ќе почека на зелено светло од Турција и Унгарија. Официјална Анкара смета дека Стокхолм не ги сфаќа сериозно нејзините забелешки, а Будимпешта се жали на непријателски однос кон премиерот Орбан. Патот на Шведска кон членство во НАТО останува блокиран од Турција и Унгарија, ...
Или нема цитостатици, или нема апарат за радиотерапија, а кога има апарат нема кој да работи со него. Ова се основните проблеми со кои се соочуваат пациентите заболени од рак, а ги нотира државниот ревизор. За сите нив последнава деценија известуваше Радио Слободна Европа, но се уште не се решени. Скопската Клиника за онкологија е во топ десет должници на листата на Министерството за финансии. Заклучно со декември минатата година, оваа болница ...