Претседателот Стево Пендаровски ги потпиша измените на законите за изградба на коридорите 8 и 10д, кои минатата недела ги усвои Собранието по скратена постапка. Тој на 29 мај рече дека секој што се сомнева во уставноста на некои од усвоените закони, може да поднесе иницијатива пред Уставниот суд. Текстот на измените на Законот за работни односи не ја содржат формулацијата за 60 работни часа, изјави денеска претседателот на државата Стево ...

Министерот за правда се сомнева во доделување предмети на „вистинскиот обвинител“ преку електронскиот систем во Обвинителството. Обвинителството тврди дека преку „Case маnаgement“ системот не може да се манипулира со предметите, затоа што тој служи за управување, а не распределување на предмети. Електронскиот систем во обвинителствата под името „Case management system“ со кој се распределуваат предмети е лесен за манипулирање и се отвара сомнеж ...

Локалните срби во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток повторно се собираат за да ги спречат новите градоначалници да влезат во општинските згради. Присутен е КФОР како и косовската полиција. Косовската полиција употреби солзавец за да ги растера граѓаните, откако КФОР им дозволи да се соберат пред зградата на општината во Звечан, денеска, 29 мај. Блокиран е и патот до општинската зграда каде е поставена метална ограда, јавуваат новинарите на Радио ...

Над 64 милиони гласачи во Турција денеска, на 28 мај повторно гласаат во вториот круг од претседателски избори. Гласаа и двајцата кандидати, актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган и опозициски кандидат Кемал Киличдароглу. И двајцата ги повикаа граѓаните да го дадат својот глас. Избирачките места во вториот круг од претседателските избори во Турција беа отворени на 28 мај 08:00 часот по локално време, а ќе бидат затворени во 17:00 часот. ...

Менувањето на Преамбулата на Уставот е гаранција за почеток на новата фаза од преговарачкиот процес на Северна Македонија со ЕУ, уверува холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп. Во неделното интервју за РСЕ, тој жестоко ги критикува состојбите во судството и борбата против корупцијата. Амбасадорот зборува за политички влијанија во сите сфери од правосудниот систем, за лошите резултати во спроведување на реформите, за злоупотребата на ...

Верувам дека кланската војна за престолот на Путин започна, но тоа не значи дека ќе го урнат, вели во интервју за РСЕ Роман Анин - руски истражувачки новинар кој работел за Новаја Газета и бил меѓу основачите на независното издание „iStories“ во 2020 година. Роман Анин предавал новинарство во Москва и работел со меѓународни мрежи, вклучително и Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ICIJ) и Проектот за известување за организиран ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ издаде наредба за подигнување на борбената готовност на војската на Србија, откако косовската полиција употреби солзавец и шок бомби за да ги растера граѓаните собрани пред општинската зграда во Звечан. До ова дојде откако новите градоначалници на Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток се обидоа да влезат во службените објекти на општините, но наидоа на отпор од српските граѓани, вработени во привремените органи на ...

Демократскиот сенатор од САД, Крис Марфи, ги повика пратениците да гласаат за уставните измени, за да ја отворат можноста за членството на земјата во ЕУ. Премиерот Ковачевски ја потврди одлучноста за продолжување на европската интеграција. Лидерот на опозицијата Мицкоски повтори дека во овој парламентарен состав уставни измени нема да има. Во време кога Русија е сериозна закана за НАТО алијансата, но и за европските демократии, уставните измени ...

Сериозни критики за правосудниот систем упати холандскиот амбасадор во Скопје Дирк Јан Коп во неделното интервју на РСЕ. Според него, Судскиот совет во земјава стана нелегитимно тело. Холандија стави „во мирување “ голем проект со Судскиот совет . Ова за Радио Слободна Европа го открива холандскиот амбасадор во Скопје, Дирк Јан Коп кој остро ги критикуваше последните случувања во Советот, кој избира и назначува судии и чија задача е да ја ...

Кетрин Ештон, поранешна висока претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи, ги повика Косово и Србија да седнат на преговарачка маса и да најдат одговори за нивните разлики. Таа рече дека нивната иднина зависи од односите што ќе ги воспостават со ЕУ и од односите на земјите од регионот. Во интервјуто за Радио Слободна Европа кое беше спроведено преку е-маил, таа се осврна на времето кога посредуваше во дијалогот меѓу овие две ...

Њузлетер 26.05.2023 - Граѓаните се разочарани и од домашните и од меѓународните политички елити. Професорската фела предупредува на опасност од создавање неписмени генерации. Демократијата тапка во место. Државата се почесто вели „Дај“ отколку што „дава“. „Државата да си плати“ За 8 месеци треба да се заменат околу милион важечки пасоши на граѓаните. Според МВР само 40 отсто пасоши се со новото име „Република Северна Македонија“. Народниот ...

Владата се фали со зголемувањето на просечната плата, но голем број вработени во јавниот сектор и натаму се на ниво на минималец. Додека платите на функционерите се зголемија за 78 отсто, просветните работници со мал фонд на часови земаат 12.000 денари месечно. Синдикатите велат дека пресметките на платите за функционерите се прави со коефициент, а за работниците со бодови. Иако просечната нето плата во март годинава е зголемена и изнесува ...

Дел од младите не штедат зборови кога сакаат да ги навредат врсниците, велат средношколците, а потврдуваат експертите. Како да им се помогне на жрвтите на булинг, но и на насилниците? Ме задеваа во основно бидејќи имав подобри оценки, а бев и малку повлечена. Јас сум покрупно дете, па од мал бев жртва на булинг. Соучениците ми велеа дека мојата облека не е модерна или дека не е добро да се носи истата облека секој ден. Ова се дел од сведоштвата ...

Сонер Чагаптај е директор на Турската истражувачка програма на Институтот во Вашингтон. Тој има пишувано опширно за американско-турските односи, турската внатрешна политика и турскиот национализам, во научни списанија и големи меѓународни печатени медиуми. Чагаптај беше редовен колумнист за Хуриет Дејли Њуз, најстариот и највлијателниот весник на англиски јазик во Турција, и соработник на блогот на на Си-Ен-Ен (Global Public Square). Редовно се ...

Австралија го елиминира ракот на грло на матка благодарение на високата стапка на вакцинација против ХПВ и скринингот, додека во Македонија вакцинацијата опаѓа, а секоја година над 150 жени заболуваат од овој канцер вели др Игор Алуловски од УК за гинекологија. Колку карциномот на грло на матка е застапен кај нас? За жал бројките со цервикалниот карцином во државата се лоши односно не покажуваат тренд на намалување, дури можам да кажам дека низ ...

Руските доброволни единици усогласени со Украина го извршија најголемиот напад на руска територија од почетокот на инвазијата на Москва во февруари минатата година. Нападот, во кој проукраинските сили за првпат се обидоа да окупираат дел од Русија, е извршен додека Украина се подготвува за долгоочекуваната офанзива чија цел е ослободување на територија под руска окупација, пишуваат светските медиуми. Кремљ го минимизира инцидентот Гувернерот на ...

Демократијата во Северна Македонија тапка во место, има длабока политичка поларизација и блокада во Собранието која го попречува носењето на закони, а граѓаните имаат се помалку доверба во институциите. Ова се главните заклучоци за земјава во новиот извештај на Фридом хаус. Во сите земји од Западен Балкан граѓаните се разочарани од политичките елити. Во време кога руската инвазија врз Украина претставува најзначајната закана за европскиот мир од ...

Македонски граѓани во петок ќе отпатуваат во Србија да му дадат поддршка на српскиот претседател Александар Вучиќ. Луѓето кои го организираат превозот тврдат дека тоа го прават без поддршка од партии и влади. Комуниколот Петар Арсовски смета српските власти работат на силна промоција во регионот. Најмалку 300 граѓани од Тетово, Неготино, Куманово и Скопје се подготвуваат в петок рано наутро да заминат со вкупно 6 автобуси во Белград откако се ...

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, последниот протест во Белград „Против насилство“, го нарече обид за обоени револуции. Дел од опозицијата во Србија, која ги организира протестите, во изјавата на Вучиќ гледа манипулација. Доведоа до пад на авторитарните режими во Киргистан, Украина, Грузија, Северна Македонија... Овие денови, „обоените револуции“ ги споменува и српскиот претседател Александар Вучиќ. „Обоена револуција“ е термин кој се ...

Дел од просветните работници бараат соработка од родителите и предупредуваат на опасноста од создавање неписмени генерации во иднина. Резултатите од Меѓународната студија за читање (PIRLS 2021) покажаа дека учениците во четврто одделение се на дното на листата со потпросечен резултат во читање. „Мамо, те молам прочитај ми неколку страници од лектирата, сакам побрзо да ја завршам“. Вака мајка на десетгодишен ученик од Скопје ни раскажува како со ...

За 8 месеци треба да се заменат околу милион важечки пасоши на граѓаните. Според МВР само 40 отсто пасоши се со новото име „Република Северна Македонија“. Народниот правобранител Зибери ја критикува Владата зошто сите трошоци за замена на личните документи кои произлегуваат од Договорот со Грција, мора да ги платат граѓаните. Министерството за внатрешни работи (МВР) до 12 февруари 2024 година треба да издаде околу еден милион пасоши со новото ...

Брзиот напредок во вештачката интелигенција во последниве месеци поттикна повици за поголем надзор на голем број апликации. Лидерите на Г7 за првпат на Самитот во Јапонија разговараа за регулација и стандарди за вештачката интелегенција. Покрај темите за на продолжување на помошта за Украина, дополнителни санкции против Русија и намалување на влијанието на Кина, лидерите на Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7), на тридневниот самит ...

Русија тврди дека победила во Бахмут, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека борбите за разурнатиот град во источна Украина продолжуваат. Зеленски се сретна со американскиот претседател Бајден во Јапонија каде што се одржа Самитот на Г7. Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека руските сили не го окупирале источниот град Бахмут, велејќи дека украинските војници останале во тој град во источна Украина. ...

ССМ ќе ја оспори законската одлука со која работната недела би траела повеќе од 40 часа, уверува претседателот на Синдикатот за градежништво, Иван Пешевски. Во неделното интервју за РСЕ, тој порачува дека имаме доволно домашни работници за изградба на автопатите и нема потреба да увезуваме. Господине Пешевски, проектот за изградба на автопатите стана најактуелно прашање, што поради низа недоречености, што поради непопуларните измени на законот ...

Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ го започна петгодишниот мандат. Се закола дека ќе биде вистински претседател на сите граѓани. На инаугурацијата присустуваати досегашниот претседател Мило Ѓукановиќ, српскиот претседател Александар Вучиќ и американскиот дипломат Габриел Ескобар. Јаков Милатовиќ на 20 мај, напладне, и официјално ја презеде должноста претседател на Црна Гора. Тој даде заклетва пред пратениците од црногорскиот Парламент, ...

За 60 отсто е зголем процентот на Македонци кои бараат работа летово во Хрватска во однос на истиот период лани. „Од секаде заминуваат па дури имавме пример на двајца судии од помали судови во внатрешноста да напуштат држава, да работат како камионџии во Германија“. Оваа неодамнешна изјава за РСЕ на Трпе Деановски претседателот на Синдикатот на вработените во државната администрација сликовито го покажува разочарувањето од состојбите што ...

Сè погласни се пораките од меѓународните партнери за поддршка за уставните измени потребни за евроинтеграцијата на Северна Македонија. Од САД порачуваат дека можеби овие измени изгледаат минорни, но се политички тешки. Германија порачува дека ова е европски договор, друг нема да има. Поддршка од стратешкиот партнер на Македонија, Соединетите Американски Држави (САД) за уставните измени изразија високите американски дипломати, советникот во Стејт ...

Експропријацијата на земјиштето што Владата на Косово ја започна на северот на Косово, за дел од жителите е „узурпација или одземање на личен имот“. Од Владата на Косово пак велат целта на експропријацијата е „реализација на инфраструктурни проекти од јавно значење“ и дека се работи согласно законот. За Машан Јоновановиќ, од Лепосавиќ на северот на Косово, експропријацијата на земјиштето што Владата на Косово ја започна во овој регион со ...

Њузлетер 19.05.2023 - Кога не функцинираат алатките за транспарентност на владините функционери и на институциите, кога се пласираат дозирани информации, се множат дезинформации и шпекулации. „Отворена влада – отворени податоци“ – без податоци скоро три години Владата, предводена од СДСМ, по доаѓањето на власт во 2017-та, вети отчетност на владините функционери и транспарентност во работењето. За таа цел, беа изработени и неколку веб алатки, ...

Како да се стигне до работа? Ќе има ли државна матура? Како да се најде термин за лекар или да се заврши работа на шалтер без „врски“? Ова се дел од маките на граѓаните. Неефикасните институции, проблемите во здравство, образование...се високо на листата причини зошто луѓето се иселуваат од земјата. Потешко е да стигнеш до центарот на главниот град, отколку да фатиш автобус за надвор од земјата, вели Весна од скопската населба Железара. Иако ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
67%
1017
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
85%
1018
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
47%
1021
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1016
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
1.67
78%
1017
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
1.03
81%
1021
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
2.24
53%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
67%
1015
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
5.14
48%
1015
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
6.26
73%
1018
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
4.63
57%
1019
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
8.23
59%
1015
Currency

61.525

Currency

54.6226

Currency

72.5882

Currency

35.0525

Currency

39.3474

Currency

65.9858

Currency

7.58851

Currency

0.66459

Currency

0.37613

Currency

0.52851

Currency

1.41594

Currency

0.63798

Иридиум

134266.78

Алуминиум

2.41

Кобалт

42.99

Никел

15372.50

Рутениум

19869.16

Калај

31.87

Сребро

1050.40

Злато

107132.47

Бакар

9.24

Паладиум

30993.32

Платина

31450.19

Родиум

172810.26

Цинк

2.56