
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Бројот на загинати во рускиот напад врз градот Краматорск, во источна Украина, се искачи на осум, соопшти на 28 јуни Украинската Државна служба за вонредни состојби, додавајќи дека 56 лица се повредени. Два руски проектили го погодија Краматорск вечерта на 27 јуни, од кои едниот погоди преполн пица ресторан во центарот на градот, а вториот погоди село во предградието на градот во источниот украински регион Доњецк. Три деца се меѓу загинатите во ...
Епископот Јаков Стобиски тврди дека законот за матична евиденција е во собраниска процедура, а законот за родова еднаквост е на чекор до тоа. Тоа не е точно, категорична е министерката за труд и социјала Тренчевска. Предлог законот за матична евиденција владата го повлече лани во март, а за Законот за родова рамноправност трае јавна дебата и е далеку од собраниска процедура. Отворање на Пандорината кутија од која секојдневно ќе излегуваат ...
„Цивилна заштита“ и „Бригада Север“, според косовските власти, стојат зад немирите на северот на Косово и може да бидат прогласени за терористички организации. Оваа можност ја најави министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, еден ден откако соопшти дека во автомобил со белградски таблички, на околу 100 метри од општина Звечан, бил пронајден арсенал оружје, панцири, чанти и маски. Меѓу муницијата се пронајдени и ознаки „Бригада ...
Водачот на паравоената група Вагнер, Евгениј Пригожин, кој го започна, па го запре бунтот против руската армија, би можел да побара простор за регрутирање надвор од Русија или Белорусија, а Западен Балкан е една од опциите, вели Ана Матвеева, од Институтот РУСИ и истражувач на Кралскиот колеџ во Лондон. Таа во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) ги разјаснува околностите кои доведоа до бунт. РСЕ: Можете ли да предвидите какво влијание и ...
Внукот на лидерот на ДУИ, Дрин Ахмети, албанскиот бизнисмен Владимир Пјетерѓокај и досегашниот мнозински сопственик на трговскиот центар „Соравија“ , Хано Соравија не откриваат колку чини купувањето на трговскиот центар. Објавија само дека има долг од над 20 милиони евра. „Господинот Али Ахмети ми е вујко и Господ да го благослови, тој беше мотивација за мене низ целиот живот. Горд сум што Али Ахмети ми е вујко, но тој нема никаква врска со ...
Во шестото крило во затворот Идризово казни за учество во паравоени формации отслужуваат повратници од боиштата во Сирија или Ирак. Од Министерството за правда за РСЕ тврдат дека крилото се радикализира, но во затворот негираат. Одбиваат комуникација и со Исламската верска заедница. Единаесеттемина од шестото крило во КПД „Идризово“. Тоа се осудените за учество во странска војска или паравоени формации кои ја издржуваат затворската казна во ...
Бунтот на Пригожин отвора низа прашања. Дали тоа беше државен удар и ако е така, дали тој не успеа? Дали е ова почеток на крајот на Путин? И што е со војната во Украина, конфликт кој резултираше со стотици или илјадници ранети и убиени? На 17 август 1991 година, група офицери на КГБ, тврдокорни комунисти и највисоки советски владини функционери кои себеси се нарекуваа Државен комитет за вонредна состојба се придвижија за да го приведат ...
Партијата на Кирјакос Мицотакис победи на парламентарните избори во Грција. Неговата партија Нова демократија добива 40,52 отсто од гласовите, или 158 пратенички места во 300-члениот парламент, со што Мицотакис ќе може да формира еднопартиска Влада. Нова Демократија освои двојно повеќе од второпласираната Сириза. Конзервативната партија Нова демократија убедливо победи на денешните парламентарни избори во Грција, покажуваат првичните официјални ...
Белорускиот сервис на РСЕ побара од познати личности да дадат поддршка за новинарот Ихар Лосик и неговата сопруга, кои се во затвор. Лосик беше осуден на 15 години затвор по неколку точки, вклучително и „организирање масовни немири и поттикнување социјална омраза“. Тој тврди дека е невин Поминаа три години откако е затворен Ихар Лосик, познат блогер и новинар на белорускиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ). И додека и неговата сопруга Дарја ...
Кремљ потврди дека постигнал договор со Пригожин за ставање крај на бунтот. Пригожин ќе се пресели во Белорусија, а кривичното дело против него ќе биде отфрлено. Борците кои му се придружија нема да бидат кривично гонети, а тие кои не учествуваа на маршот ќе бидат под контрола на руската војска. Рускиот претседател Владимир Путин се согласи да дозволи моќниот шеф на платениците на групата Вагнер, Евгениј Пригожин да се ослободи и да замине за ...
Заборавени од инситуциите, минимум чувари, долг што расте. Со сето ова се соочува од неодамна првиот човек на затворот Идризово Зоран Јовановски, чија институција повторно влезе во фокусот на јавноста со прогласената кризна состојба. Господине Јовановски, во моментов тука трае кризна состојба. Која е причината и зошто е прогласена и има ли опасност по безбедноста? Да, кризната состојба е прогласена на 6 Јуни по барање на установата и една од ...
Што и да се случи по бунтот на шефот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, само малку исходи одат во корист на рускиот претседател Владимир Путин Водачот на платеничката група Вагнер, Евгениј Пригожин, во повторувачките тиради против руските воени водачи во изминатите неколку месеци, се потруди да спречи да не го става директно на нишан претседателот Владимир Путин. Кога поранешниот затвореник со пис јазик, познат и како „готвачот на ...
Руските сили, наводно, пукале кон силите на Вагнер додека вооружениот бунт се шири кон Москва. Рускиот претседател Владимир Путин во вонредно обраќање рече дека ќе стори „сè за да ја заштити земјата“. Пригожин објави дека Вагнер ја презел контролата врз воените и цивилните објекти во Ростов на Дон. Руската војска, наводно, пукала врз силите на Вагнер кои напредувале на главниот автопат кон Москва, откако приватната платеничка група на чело со ...
Шефот на руската платеничка организација Вагнер, Евгениј Пригожин повика на бунт против руската армија, но негираше обид за воен удар. Кремљ нареди апсење на Пригожин, а против него се води истрага за поттикнување бунт. Драматична ескалација на конфликтот меѓу водачите на руската армија и платениците на паравоената група Вагнер. Во Москва се воведени антитерористички мерки, а на улиците може да се забележат оклопни возила, јавува Би-би-си. До ...
Авиокомпанијата Ер Србија, во која мнозински сопственик е државата Србија, во изминатите денови откажа десетици летови. Патниците до посакуваните дестинации стигнуваат со проблеми. Дополнителен проблем е што тоа се случува во ек на туристичка сезона. „Со еден ден задоцнување стигнав на посакуваната дестинација со малку покомплициран превоз“. Вака, Иван Милошевиќ од Белград, за Радио Слободна Европа (РСЕ), го опишува своето искуство од патувањето ...
УЈП и Министерството за финансии во изминативе пет години откриле низа неправилности во десетина фирми за брзи кредити, при што 13 се казнети, но висината на казните не ја откриваат. Две третини од добивката во овој сектор го добиваат фирмите основани со странски капитал, покажува анализата на РСЕ. Бизнисот со брзи кредити во првото тромесечје од годинава „тежел“ 154 милиони евра, што е за речиси 35 милиони евра повеќе од истиот период минатата ...
Дел од наставниците и родителите за РСЕ велат дека се против промена на датумот за почетокот на новата школска година, откако Министерството за образование најави можно поместување за 11 септември. Претседателот на СОНК , Неделков смета дека треба да се размислува и за почеток на 1-ви октомври. Климатски услови, годишни одмори или подобрување на квалитет на образованието за учениците – се уште не е целосно јасно која е главната причина за ...
Њузлетер 23.06.2023 - Кој сѐ има фирми за брзи кредити? Што ќе значи ставањето на Рамиз Мерко на американската „црна листа?“ Ке останеме ли сите без плати? Чии се фирмите за брзи кредити и колкави профити остваруваат? „Популарните“ брзи кредити многумина граѓани ги гледаат како брз излез од финансиските тешкотии. Лесно се доаѓа до кеш, но и уште полесно се заглавува, а во некои случаи, и се губи се. За начинот на кој функционираат фирмите за ...
Поплавите кои изминатиот период ја зафатија државата предизвикаа некаде помали, но, некаде и поголеми штети. Заедничкиот проблем на сите е сепак што преголемото количество на врнежи и влага предизвикува појава на болести на родот. Посеви во вода и непристапни ниви. Ваква е сликата и по пет дена од поплавите на земјоделските површини во Раотинце, општина Јагуновце. Водата се уште не е целосно повлечена од нивите посадени со пченка и луцерка на ...
Блиски роднини на поранешни функционери и актуелни политичари во земјава се дел од сопствениците на фирмите кои заработуваат од брзи кредити. Од вкупно 35 финансиски друштва, 60 проценти, односно 23 компании, се основани од македонски државјани. Во бизнисот со брзи кредити „тежок“ 150 милиони евра, каде што се регистрирани 35 фирми за брзи кредити, 23 компании се основани со домашен капитал. Кратката процедура за овие брзи кредити од половина ...
Русија ги интензивира нападите во Доњецк, додека Украина истрела проектил кон мостот Чонгар, кој поврзува делови од областа Херсон, со полуостровот Крим кој е под контрола на Русија. Руските сили погодија цивилни и инфраструктурни цели со нов бран проектили и беспилотни летала во текот на ноќта, соопшти украинската војска во утринско соопштение на 22 јуни, додавајќи дека се водат жестоки битки во источниот регион Доњецк, каде Русија ги ...
Членовите на семејството на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко се првите на американската „црна листа“ по доаѓањето на новата американска амбасадорка Агелер. Антикорупциска работи на нов случај за Мерко, но Обвинителството молчи за наводите за негова вмешаност во голема корупција. Веста за влегувањето на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на „црната листа“ на Соединетите Американски Држави доаѓа во време кога во Државната комисија за ...
Црна Гора 11 години преговара за влез во Европската унија. Но „лидерот“ во регионот во евроинтеграциите, веќе шест години не затвори ниту едно од преговарачките поглавја. Црна Гора ги отвори сите 33 поглавја и привремено затвори три. Црна Гора во последната деценија, го носи епитетот на лидер во процесот на пристапување во Европската унија (ЕУ) и „прва следна членка“. И премиерот Дритан Абазовиќ порача дека Црна Гора како локомотива треба да ги ...
Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко од политичката партија ДУИ денеска се најде на „црната листа“ на САД поради корупција и мешање во судски процеси, соопшти Стејт Департментот. Соединетите Држави го ставија градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко на „црната листа “ на лица на кои им се забранува влез во САД. Во соопштението од Стејт Департментот е наведено дека причината за тоа е неговата вмешаност во голема корупција. „Додека ја ...
Јавното претпријатие за државни патишта среде туристичка сезона уште блокира две точки на автопатот „Пријателство“. Туристи од европските земји и Србија кои патуваат кон Грција кај Петровец и кај Неготино ќе возат по пат како „макадам“ бидејќи државата сега реши да ги реконстуира. „Наместо кружен тек, Република Северна Македонија да стане крстосница на Балканот“. Ова е визијата на премиерот Димитар Ковачевски кој промовирајќи го стартот на ...
Откако премиерот Ковачевски побара проверка на имотите на вработените во Царина и УЈП, нивните директори најавуваат засилени контроли. Ова барање на премиерот во време кога почнаа штрајкови за повисоки плати, синдикатите го оценуваат како закана и притисок. Прво темелна проверка на имотната состојба на избраните и именуваните функционери, а потоа сеопфатна проверка и на вработените во администрацијата, реагираат синдикатите. Тие се збунети по ...
Косово и Србија се во преговори, некогаш за технички, а некогаш за политички прашања, од 2011 година. Меѓутоа, никогаш директно не се разговарало за демаркација на границата. Во изминативе две децении во оваа „неутрална зона“ се забележани низа инциденти. Косово и Србија делат гранична линија долга околу 350 километри. За 24 години од крајот на војната, се случија неколку инциденти на овој простор, кој е граница за Косово и административна ...
Поранешниот претседател Бранко Црвенковски не е оптимист дека земјава наскоро ќе биде членка на ЕУ, па затоа предлага нова стратегија за приближување, односно да се искористат европските пазари и фондови. На домашните политичари им порача да не и стават партиски печат на иницијативата. Нема простор за поголем оптимизам дека Северна Македонија наскоро, ниту пак во наредните години ќе се интегрира во Европската унија (ЕУ), рече поранешниот премиер ...
Нападите во Шебекино и на другите места во регионот на Белгород ја донесоа војната во Русија, додека локалните жители се обидуваат да се справат со новата реалност. Русија -- По серијата неодамнешни напади во регионот, Сергеј вели дека решил да патува од својот дом во Санкт Петербург до градот Белгород, кој е на само 40 километри од украинската граница, барајќи да се приклучи на локалната територијална одбранбена единица. Гранатирањето и ...
Сѐ додека владее неказнивост и неодговорност за лошото работење и сѐ додека партиите поставуваат свои луѓе на раководни позиции, ќе има ниска доверба во институциите, вели Марко Трошановски од Институтот за демократија, чие последно истражување покажува дека македонските граѓани имаат најниска доверба во судството, Владата и Собранието. Недоверба „уживаат“ и македонските политичари. Недовербата на граѓаните во македонските политичари, а се ...