На 25 април, повеќе од 20 машки и женски студенти започнаа штафетна трка до Брисел со цел да им ги пренесат на европските претставници барањата од неколкумесечните протести и блокади. Тие го започнаа маратонот долг речиси две илјади километри од железничката станица во Нови Сад, каде што 16 лица загинаа при падот на настрешницата на 1 ноември 2024 година. Претходно, тие положија венци и одржаа 16-минутен молк на местото на трагедијата во Нови ...

Група студенти стартуваа денеска маратон со трчање до Брисел, со цел да го привлечат вниманието на европските институции кон ситуацијата во Србија јави дописникот на МИА од Белград. Со извици „пумпај“ собрани пред блокираната зграда на Радио-телевизија на Србија, голем број луѓе ја испратија групата студенти од Белград кои заминаа кон Нови Сад, па потоа кон Брисел. Тие ќе трчаат низ земји на Европската унија под слоганот „Од моето село до ...