Лондон денеска (2 март) ќе биде домаќин на состанок на европските лидери кои се обидуваат да се опорават од шокот по катастрофалната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Вашингтон во петокот (28 февруари). Во пресрет на состанокот, британскиот премиер Кир Стармер го пречека Зеленски во неговата резиденција на Даунинг стрит, по што следуваше објава за заем од 2,26 милијарди фунти (2,84 милијарди долари) за Украина. „Овој заем ...

Дел од Украинците се ужаснати, дел се горди на нивниот лидер. Но, без разлика дали тие чувствуваат гордост или ужаснатост, повеќето Украинци имаа една заедничка грижа: како да ги поправат заладените односи на Украина со нејзиниот најважен воен сојузник. Автор: Серхиj Стеценко Жестоката размена на зборови во Белата куќа меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски од една и американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс ...

Санкциите на Европската унија не ја принудија Владата на Косово да го промени својот курс, но тие влијаеја на благосостојбата на граѓаните. Без јасен консензус во Европската унија за тоа кога тие би можеле да бидат укинати, неизвесноста продолжува. Дваесет месеци по замрзнувањето на средствата за Косово и прекинувањето на посетите на високо ниво, Европската унија сè уште одбива да ги укине овие мерки, и покрај постојаните барања од Приштина и ...

Договорот за минерали остана без потпис, но поголемо прашање е дали САД ќе се оддалечат од Украина. Лошиот исход од средбата на Трамп и Зеленски, ќе ги засилат стравовите кај европските лидери дали ќе има „праведен мир за Украина, а може да донесе и проширување на раздорот меѓу САД и ЕУ. Тешко дека можеше да биде полошо. Посетата на Белата куќа на украинскиот претседател Володимир Зеленски имаше голем потенцијал. Можеше да донесе договор за ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски си замина без да потпише договор за пристап до украинските минерали со американскиот претседател Доналд Трамп, што беше главната цел на нивниот денешен (28 февруари) состанок во Вашингтон, а заедничката прес-конференција беше откажана. Клучната средба меѓу претседателите се чини дека заврши жестоко по тензичната размена на ставови во Овалната соба, при што Трамп во објава на социјалните мрежи рече дека ...

Поделени се мислењата дали новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата ги оправда очекувањата по една година од мандатот на новите членови. Додека новиот состав смета дека ја откочил работатата и ја зајакнал борбата против корупцијата, ДКСК се најде во фокусот на јавноста и за случајот со можен судир на интереси и дипломатските пасоши. После една година од формирањето на новиот состав на Државната комисија за спречување на ...

Граѓаните на Струмица бараат одговорност за загадениот воздух што го труе целиот град. Протестите открија сомнежи за бизнис интереси зад палењето кабли и индустриските емисии без филтри, додека институциите покажуваат немоќ да ги докажат прекршувањата. Значително повисоките концентрации на сулфур диоксид во споредба со другите градови го разгореа револтот кај струмичани кои протестираа барајќи решение за загадениот воздух. Сомнежите на ...

Војната во Украина влезе во четвртата година од почетокот на руската инвазија, но, сега како да и се гледа крајот. Трамп е решен да ја оконча, а клучните играчи во ЕУ како да фаќаат приклучок. Македонската влада ја избра страната на Трамп. Embed share Големи бранови од наглото вртење на американскиот „прекуокеански брод“ Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your clipboard No media source ...

Мислите дека договорот објавен меѓу Киев и Вашингтон во врска со вредните ретки минерали во Украина е голема работа? Читајте меѓу редови. Или во фуснотите. Или и во двете. Договорот, кој е технички рамка за договор, а не вистински правно обврзувачки договор - беше поздравен од американскиот претседател Доналд Трамп како „многу голема работа“ и тој рече дека ќе „поврати“ дел од милијардите долари оружје и помош што Вашингтон и ги обезбеди на ...

Инфлацијата освен по џебот, удира и по менталното здравје на граѓаните. Додека трговците се загрижени поради ограничувањето на маржите граѓаните негодуваат за скапата живеачка, а еден просечен граѓанин е константно во состојба на преживување - вели психологот, Тиана Ивановска во разговор за РСЕ Дали одењето во продавница може да биде извор на стрес? Што претставува поимот „финансиска анксиозност“? Дефинитивно претставува стрес и не само за ...

Директорите треба да ги споделуваат политиката на министерството и на владата. Од тие причини, може некогаш да биде и политичка одлуката, вели министерот Љутков. Вработувања во јавната администрација и натаму се спроведуваат без Закон за висока раководна служба. Додека законот се очекува, партиски вработувања јавно најави министерот Изет Меџити, што премиерот ги отфрли. Вработените во македонска Филхармонија го очекуваат исходот од конкурсот за ...

Деновиве, во глобалните вести, секој ден има вонредни информации за американскиот претседател Доналд Трамп, војната во Украина, НАТО, Русија и „вртоглавата“ динамика на дипломатски потези. Тешко е да се остане во чекор, па еве ги четирите работи што треба да ги знаете. Минерали Претходната американска администрација ја сметаше руската војна против Украина како неиспровоцирана инвазија на која требаше да се спротивстави за да се зачува ...

Уставниот суд, со мнозинство гласови, донесе одлука и поведе постапка за оцена на уставноста на членовите 17 и 18 од измените на Изборниот законик со кои се крена прагот за собирање потписи за независните кандидати и листи што планираат да учествуваат на избори. Ваквите измени беа изгласани на 7 март 2024 и требаше да важат за локалните избори што треба да се одржат в октомври годинава. Претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски, изјави ...

Во обид да се стави крај на континуираниот раст на цените, властите најавуваат строги инспекциски контроли, а отворена е и истрага за можна ценовна манипулација од страна на неколку маркети. Дали новите владини мерки за ограничување на маржите конечно ќе дадат резултат? Државниот пазарниот инспекторат (ДПИ) неделава прави масовни проверки со цел свој капацитет од над 100 инспектори, дали маркетите и продавниците ја почитуваат мерката за ...

Пред неколку недели, се чинеше дека ретките елементи, критичните минерали и другите природни ресурси се само уште еден фактор во напорите да се стави крај на руската војна против Украина. Тие сега се во самиот центар и главен фокус на американските разговори со Киев, како и пат за интензивирање на дипломатските активности во кои се вклучени и Москва, Европската унија и други, додека руската инвазија влегува во својата четврта година. На 25 ...

Околу 40 отсто од извозот на Северна Македонија е на германскиот пазар, а од тоа најголем дел автомобилски делови. Стагнацијата на германската економија причина за неизвесност кај 30 илјади вработени во фабриките во слободните индустриски зони. Една компанија најави затворање, а во други има намалувањето на производството. Во однос на 2023 година, извозот лани забележа пад од 6,5 проценти. Германската економија, една од најголемите европски сили ...

За 10 години колку што постои законот кој дозволува жена под одредени услови да роди дете за друг брачен пар, во регистарот на Министерството за здравство се пријавени 42 брачни парови. Соговорници на РСЕ кои се обиделе да ја изодат постапката, велат дека законот во пракса тешко функционира - сурогат мајка е тешко да се најде, ниту смее да ѝ се плати. Порано за сурогат мајка се одеше во Украина, новата дестинација сега е Грузија. Да можам сега ...

Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски се очекува да биде усвоен на денешната владина седница. Премиерот Христијан Мицкоски вчера информираше дека постапката може да трае неколку недели или месеци, согласно законот. Одговарајќи на новинарски прашања на вчерашната прес-конференција, за тоа дали на денешната владина седница ќе се разгледа и прифати предлогот за разрешувањето на Коцевски, појасни дека Владата не може ...

По целосната руска инвазија врз Украина, Минск го престигна Киев како најголем снабдувач на масло од репка во ЕУ. Новинарите од РСЕ и други медиуми открија дека еден од најголемите извозници на масло од репка во Белорусија набавува суровини од Украина, окупирана од Русија пред да го продаде готовиот производ во Европа. *Автор: Крис Риклтон, врз основа на известувањето на Шеми, истражната единица на украинскиот сервис на РСЕ. Во јуни 2022 година, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утринава на социјалните мрежи им испрати порака на Украинците по повод третата годишнина од почетокот на руската инвазија. „Три години отпор. Три години благодарност. Три години апсолутен херојство на Украинците. Горд сум на Украина. Им благодарам на сите кои ја бранат и поддржуваат. Сите што работат за Украина. И нека е вечниот споменот на сите оние кои ги дадоа своите животи за нашата земја и народ“, ...

Политиките на Трамп се блиски со ВМРО-ДПМНЕ, но она што може да се очекува засега е само симболична поддршка за евроинтеграциите на Северна Македонија, смета аналитичарот Арсовски. Стефановски, пак, очекува САД да имаат проактивна улога во регионот, но и граѓаните да почувствуваат и економски бенефит од релациите на Скопје со Вашингтон. Од само симболична поддршка од САД до економски бенефит, но и поддршка од Вашингтон во евроинтеграциите на ...

Зголемувањето на буџетот, а без системски реформи нема многу да придонесе во борбата со ретките болести кои мачат над 950 граѓани. Во меѓувреме, пациентите и семејствата се соочуваат со низа предизвици. Пациентските здруженија по седми пат во февруари ја организираат кампањата „Ги запознаваме ретките болести“. „Мојот син почна да пројавува симптоми уште како тримесечно бебе, но до дијагнозата дојдовме кога тој имаше 12 години. Петар ја има ...

Пишува: Маријана Драх Украинските новинари не само што известуваат за целосната руска инвазија - тие се и нејзини жртви. Една од нив беше Викторија Рочшина, поранешна хонорарна новинарка на украинскиот сервис на РСЕ, која почина во руско заробеништво. Смртта на 27-годишната новинарка беше потврдена во октомври, но нејзиното тело сè уште не е вратено на семејството. Таа не е единствената. Тригодишната војна во Русија имаше огромно влијание врз ...

Германија влезе во нова политичка фаза по изборите на 23 февруари, каде што конзервативниот блок ЦДУ/ЦСУ освои најмногу гласови. Фридрих Мерц сега има можност да формира влада, но коалициските преговори ќе бидат клучни за иднината на земјата и нејзината улога во Европа. Насловите покажуваат дека екстремно десничарската партија АфД го постигна својот најдобар резултат на германските парламентарни избори, завршувајќи на второто место со околу 20 ...

Во Германија денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори, на кои 59,2 милиони граѓани ќе изберат 630 пратеници. Гласањето се одвива по нови изборни правила, а анкетите ја фаворизираат опозициската ЦДУ. Во Германија денеска се отворени гласачките места за избор на 630 пратеници во новиот Бундестаг. Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат 59,2 милиони граѓани. Избирачките места се отворени од 8 до 18 часот. Покрај 59,2 ...

Директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, во интервју за РСЕ коментира дека дебатата за промената на грбот и химната може да биде дел од коалициски договор, но и средство за дефокус. Според него, правосудните реформи бараат подлабоки промени, а јавниот притисок ретко носи системски решенија. Г-не Кржаловски, како гледате на дебатата за промена на државниот грб и химната, откако премиерот Христијан Мицкоски потврди дека прашањето било отворено ...

Додека војната во Украина продолжува, политичката сцена се загрева со шпекулации за претседателските избори. Иако Уставот забранува гласање во воена состојба, ривалите на Зеленски веќе прават први чекори, очекувајќи можен прекин на борбите оваа година. Украинскиот претседател Володимир Зеленски беше наречен како „диктатор, без избори“, но неговите ривали веќе покажуваат интереси за неговата работа додека очекувањата за гласање подоцна оваа ...

Македонската влада ги има ратификувано потребните два договори и чека исплата на првиот дел од парите од европскиот План за раст, кои беше планирано да бидат достапни од почетокот на оваа година. Првите редовни плаќања се очекуваат помеѓу вториот и третиот квартал во 2025 година, одговорија од Европската комисија за РСЕ. На почетокот на април, Северна Македонија можно е да ја добие првата исплата од европскиот План за раст тешка 52,5 милиони ...

Партијата Алтернатива за Германија (AfD) можно е да го постигне својот најдобар резултат досега на изборите што ќе се одржат на 23-ти февруари. За прв пат ќе има можност да предложи и кандидат за канцелар на земјата. Иако веројатно нема да има удел во владата, таа стана фактор што другите политичари не можат да го игнорираат и влијаеше на обликувањето на германската дебата за миграцијата. Оваа екстремно десничарска партија првпат влезе во ...

Со измените на Законот за урбанистичко планирањемногу полесно ќе се пренаменува земјоделско земјиште во градежно, што отвора простор за засилена експанзија на фотоволтаични централи и ветерници. Еколошките организации предупредуваат на ризик од трајна загуба на земјиште за производство на храна Значително се поедноставува процесот за пренамена на земјоделско земјиште во градежно, откако Собранието на 12 февруари усвои измени на Законот за ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
72%
1019
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.57
70%
1019
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
57%
1023
weather icon

Софија

20ᴼ / 15ᴼ
1.03
54%
1021
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
0.11
49%
1017
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
91%
1023
weather icon

Атина

27ᴼ / 27ᴼ
7.72
35%
1012
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
72%
1015
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
0.51
39%
1016
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
1.54
55%
1017
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 18ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
4.63
83%
1016
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326