И покрај намалените трошоци на градежните материјали и за вработените, цените на становите продолжуваат да растат. Огромните профити на градежните инвеститори ги отвораат сомнежите за неформално „картелско градежно здружение“, велат синдикатите и дел од архитектите. Од Комисијата за заштита на конкуренција велат ќе реагираат кога ќе имаат сознанија или сериозни сомнежи за договарање меѓу конкурентни компании. Со бели плажи, тиркизна вода и убаво ...

Косово и двете земји од регионот на Западен Балкан кои се дел од Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО), Албанија и Хрватска, оваа недела потпишаа декларација за продлабочување на соработката во областа на одбраната и безбедноста. Без конкретни детали, министрите за одбрана на трите земји порачаа дека ќе ја зголемат интероперабилноста на нивните армии преку едукација, обука и заеднички вежби, како и дека ќе се вклучат во борбата ...

Обвинителството ја соопшти возраста на сите кои животот го загубија во кочанската дискотека „Пулс“. Денеска во Кочани и уште неколку градови, ќе се погребаaт настраданите во несреќата. Оние кои успеаја да се спасат и се лекуваат во болниците дома и во странство се во стабилна состојба, соопшти министерот Таравари. Во Штип, потоа во Кочани, па во Чешиново Облешево, но и во Скопје и други места денеска се погребуваат посмртните останки на жртвите ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата (19 март) за време на разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи САД да ја преземат сопственоста на украинските електрани, додека тој се обидува да го премости јазот меѓу Москва и Киев и да обезбеди прекин на огнот во повеќе од тригодишната војна. Трамп му рекол на Зеленски дека американската сопственост на снабдувањето со електрична енергија во Украина и нуклеарните ...

Настраданите во трагедијата во Кочани ќе бидат погребани на 20 март. Кочанци апелираат да се почитува нивната болка и приватност. Повредените се лекуваат во земјава и во странство, а според лекарите добро е што во првите 72 часа по пожарот нема починати од нив. Паралелно се спроведува истрага и во моментов 18 лица се во притвор. Фотографиите на жртвите, изгорените свеќи и свежите цвеќиња низ плоштадите во Северна Македонија сведочат за ...

Трагедијата во Кочани ги разбранува преживеаните од романската дискотека „Колектив“, кои им ја понудија својата помош и поддршка на повредените во разорниот пожар и на нивните родители Од 48 до 72 часа е „прозорецот на можности“ за безбедно транспортирање на жртвите од изгореници во специјализирани болници, вели Михаи Гречеа, еден од преживеаните во пожарот кој се случи во клубот „Колектив“ во Букурешт, на 30 октомври 2015 година. Тој на Фејсбук ...

Рускиот претседател Владимир Путин за време на разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп се согласи да ги запре нападите врз енергетскиот сектор и инфраструктурата на Украина за 30 дена, како чекор кон постигнување целосен прекин на огнот. Во соопштенијата од Кремљ и од Белата куќа, за 90 минутниот телефонски разговор меѓу Трамп и Путин е наведено, дека двете страни се посветени на изнаоѓање долгорочен мировен договор за ставање крај ...

Шеснасетмина се во притвор за пожарот во кочанската дискотека. Градоначалникот не е осомничен иако има претрес во општината. „Пулс“ која работела без лиценца и со низа пропусти го отвори прашањето за хаосот во неусоглсениот систем кој поттикнува корупција. Власта допрва ги „тресе“ дискотеките. Утрото во недела на 16 март 2025 година во 9 часот и 15 минути беше првото и единствено појавување на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов откако се ...

Младите сочувствуваат со врсниците кои ги загубија животите во пожарот во кочанската дискотека и бараат начини да покажат почит. Последиците од колективната траума ќе се видат по некое време, но едно е сигурно уште од сега - нема некој кој не беше допрен од трагедијата, велат психолозите. „Одеднаш престана да зборува...како нема да беше. Од утрото до попладне некое време, само плачеше, отвораше уста да каже нешто, но збор од уста не ѝ ...

Повеќе од 300 луѓе беа пријавени како загинати откако Израел изврши смртоносни воздушни напади во Појасот Газа, Либан и јужна Сирија во, како што рече, целни напади против екстремисти кои планираат терористички напади, што повторно ги разгоре тензиите што се закануваа да го зафатат регионот во нов, крвав конфликт. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека и дал инструкции на војската да преземе „силна акција“ против Хамас поддржан од ...

Традиционален Вашингтон често се вознемирува околу средбите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега, претседателот Владимир Путин. Лидерот на Соединетите Држави покажа афинитет кон авторитарниот владетел на Кремљ, што доведе до тоа многумина да се запрашаат дали лукавиот поранешен полковник на КГБ може да користи ласкање и други средства за да ги оствари своите цели. Сега, додека Трамп се подготвува да разговара со ...

Солзите и лелеци на блиските и граѓаните на Кочани кои денеска излегоа да им оддадат почит на жртвите, но и протестираа и бараат одговорност за трагедијата во која загинаа 59 млади луѓе, а уште 20 се во тешка состојба. Истражните институции уапсија 23-ца и најавуваат уште апсења, но нема осомничени од локалната власт. Тивко, траорно и по некој лелек од родителите и роднините на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се ...

Вкупно 84 пациенти од пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени во болниците во Скопје, а 51 повреден се пратени во странство, информира министерот за здравство, Арбен Таравари. Според него, пациентите се генерално во стабилна состојба. Досега е извршена обдукција на околу 15 лица. Лекари се борат за здравјето на повредените, патолози прават обдукција на телата на починатите, на вториот ден од трагедијата во диско клубот „Пулс“ во Кочани каде ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави нови приведување од различни институции, меѓу кои и МВР. Во пожарот во Кочани загинаа 59 лица, а од повредените во државава се лекуваат 84 пациенти, а во странство 51 пациент. Ден по трагедијата градоначалникот на Кочани поднесе оставка. На 23 лица се зголеми бројот на осомничени за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ во кој животот го загубија 59 лица, а 155 беа повредени. На денешната ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира телефонски да разговара со рускиот претседател Владимир Путин на 18 март, додека тој се обидува да постигне прекин на огнот во војната во Украина, која ги исцрпи војниците и ресурсите на двете страни. „Ќе разговарам со претседателот Путин во вторник. Многу работа се заврши во текот на викендот“, им рече Трамп на новинарите доцна на 16 март за време на летот од неговото одморалиште во ...

МВР и Обвинителството во акција - се обезбедува документација за опожарената дискотека, како и лицата поврзани со неа. Меѓу загинатите во дискотеката е и полицаец. Државниот обвинител Коцевски им вети на семејствата на починатите дека истрагата ќе биде целосна и брза. Бројот на загинати лица во пожарот во дискотеката во Кочани се искачи на најмалку 59 лица, а бројот на повредени кои се хоспитализирани низ болниците низ Северна Македонија е 155. ...

Изминатата ноќ во дискотеката „Пулс“ во градот на истокот Кочани избувнал пожар во кој, според информации на МВР дадени за новинската агенција МИА, има најмалку 50 жртви. Бројот на повредени лица засега се уште не се знае и допрва се утврдува. Дел од повредените се префрлени во штипската и во скопските клиники. Официјални податоци за тоа како настанал пожарот и кои се причините се уште нема. Како што известуваат локалните медиуми, причина за ...

РКЕ ќе воведе читање на броилата секој месец поради сомнежите за јануарски сметки за струја. Ќе оди и во инспекција по домови кои дале приговор за да види дали има проблеми со броилата. Сепак високите сметки ќе мора да се платат, па ако утврдат нерегуларности парите ќе се враќаат на следни сметки. Со оглед на големиот број поплаки од страна на граѓаните во однос на јануарските сметки за струја кои се повисоки од очекувањата утврди ли ...

Координативно тело за арбитражни постапки во Владата избира адвокатска куќа за разговори на Министерството за одбрана со италијанската компанија „Леонардо“. Договорот за набавка на хеликоптери не се раскинува, туку ќе се репреговара. Нема потреба од адвокатска куќа, сите дилеми при имплементација на договорот може да се надминат, вели поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска. Владата подготвува терен за репреговарање на договорот ...

Иако се оддалечени повеќе од 1600 километри и се многу различни по големина, Косово и Украина делат заедничка борба за суверенитет - едниот од нив сè уште ги чувствува последиците од војната од пред 26 години, додека другиот се бори против Русија за да го зачува својот територијален интегритет. Како што продолжуваат дискусиите за тоа како би можеле да изгледаат мировните сили во Украина, 25-годишното искуство на Косово со меѓународните мировни ...

Партиско – политички битки за столбовите во правосудството – Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Вкрстените интереси се пречка за вистински реформи во оваа област, па правдата е таква каква што е. Њузлетер 14.03.2025 Embed share Њузлетер 14.03.2025 Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your clipboard No media source currently available 0:00 0:07:38 0:00 Директен линк Многу врева се ...

Рускиот претседател Владимир Путин вели дека Русија се согласува со предлогот на САД за прекин на огнот со Украина, но дека „постојат нијанси“ и секој договор треба да води кон долгорочен мир. Претходно оваа недела на состанок во Саудиска Арабија, делегациите од Киев и Вашингтон се согласија на 30-дневен прекин на огнот предложен од американскиот претседател Доналд Трамп. За време на состанокот во Белата куќа на 12 март со ирскиот премиер Мајкл ...

Законот за семејство ги става децата на средина на битката меѓу родителите кои се разведуваат, смета здружението „Наши“ кое бара да се воведе заедничко старателство. Но од Националната мрежа против семејно насилство предупредуваат дека овој модел, иако е добар, тешко би се имплементирал, додека властите планираат да го вметнат во Граѓанскиот законик. По 17 години заеднички живот, Сашо и неговата сопруга решиле да се разведат. Распаѓањето на ...

Мирот ќе ја подобри и европската и македонската економија, а обновата на Украина ќе отвори врати за македонски фирми, пред сè, градежни, но и можност за поголем извоз, оценуваат економски аналитичари. Ниту со Русија ниту со Украина, државата нема голема трговска размена – лани најмногу им извезувала лекови и зелка, а најмногу увезувала руски гас и украински производи од железо и челик, масло и репка. Македонски власти досега не забележале ...

И покрај тоа што ерупцијата на насилство во западна Сирија го покрена прашањето за способноста на преодната влада да ги контролира нејзините фракции, таа исто така, во фокус ги стави и руската и иранската вмешаност во „сириските работи“. Откако на 6 март избија судири меѓу владините сили и вооружените лица лојални на соборениот претседател Башар ал-Асад, разни групи за човекови права кои ја следат ситуацијата во Сирија, документираа над 800 ...

Струен удар здрма илјадници семејства поради надпросечно високите сметки за струја дури и за 300 насто. Приговори има до ЕВН, Регулаторна комисија и Народниот правобранител, но, корекции на сметките се ретки. ЕВН велат дека 85% од броилата ги читаат секој месец, освен во непристапните терени. 33-годишниот Павле живее под кирија во скопската населба Кисела вода. Неговите стандардни трошоци за месечниот закуп изнесуваат 12.000 денари и сметки за ...

Келнери, готвачи, негуватели на деца и стари лица, аргати на нива и сите други кои работат привремено во државата ќе можат да бидат ангажирани легално, со платени придонеси, според новиот предлог на закон што е во собраниска процедура. Предлагачите очекуваат да се реши голем проблем, но агенциите кои посредуваат за работа во странство се сомневаат дека ќе го спречи одливот на сезонски работници во Хрватска, Црна Гора, Словенија... Сум направила ...

Американскиот претседател Доналд Трамп и светот се на пат да откријат дали Русија е навистина заинтересирана да стави крај на својата повеќе од тригодишна целосна инвазија на Украина или да ги следи своите максималистички цели за заземање на земјата. По деветчасовни преговори во Саудиска Арабија на 11 март, Украина се согласи на американскиот предлог за итен прекин на огнот од 30 дена, кој може да биде продолжен од двете завојувани страни. Сега ...

Украина се согласи со американскиот предлог за 30-дневен прекин на огнот во војната против Русија, а САД ќе ја укинат суспензијата на воената помош, се вели во заедничката изјава на официјалните претставници објавена од Киев по повеќе од девет часа разговори во Саудиска Арабија. Разговорите на 11 март уследија по големиот напад со украинско беспилотно летало што го погоди московскиот регион и другите руски провинции во текот на ноќта, при што ...

Високи украински и американски функционери одржуваат состанок со високи влогови во Саудиска Арабија на 11 март, на кој се разговара за тоа како да се стави крај на руската војна против Украина во услови на неодамнешни тензии меѓу Киев и Вашингтон и интензивирање на борбите на бојното поле. Разговорите дојдоа 11 дена по спорниот состанок во Белата куќа меѓу Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп, кој ги разгоре односите меѓу двете ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
63%
1018
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
2.57
64%
1019
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
4.12
50%
1022
weather icon

Софија

22ᴼ / 17ᴼ
2.57
50%
1020
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.04
46%
1017
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
90%
1023
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
5.66
35%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
0.51
68%
1015
weather icon

Подгорица

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
32%
1016
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
1.54
51%
1017
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
1.03
68%
1022
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
5.14
78%
1016
Currency

61.5

Currency

52.8334

Currency

71.0408

Currency

34.4801

Currency

38.4145

Currency

65.3538

Currency

7.35687

Currency

0.66541

Currency

0.35742

Currency

0.52499

Currency

1.29923

Currency

0.60326