
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



ЕУ размислува за зголемување на трошоците за одбраната додека американскиот претседател Трамп најавува дека ќе бара од земјите членки на НАТО зголемување на одбранбените буџети до 5 отсто од БДП. Колку земји како Северна Македонија ќе можат да го следат овој тренд во одбраната? Северна Македонија тешко ќе може да го достигне амбициозното барање на американскиот претседател Доналд Трамп за зголемување на одбранбениот буџет на 5 отсто од бруто ...
Неколку дена откако Соединетите Држави воведоа сеопфатни царини за стоки од Канада, Кина и Мексико, Европската Унија би можела да биде следна. Говорејќи на 2 февруари, американскиот претседател Доналд Трамп рече дека „ЕУ не ги зема нашите автомобили, тие не ги земаат нашите земјоделски производи, тие не земаат речиси ништо, а ние им земаме сè“ - навестувајќи дека блокот би можел наскоро да се соочи со царини. За многу функционери во Брисел, ...
Администрацијата на Доналд Трамп ја нападна УСАИД во серија потези кои би можеле да значат крај на главниот ентитет за меѓународна помош на Соединетите Американски Држави (САД). Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се чини дека ја затвора главната меѓународна помош од Вашингтон поради бранот извршни активности насочени кон владините трошоци, потег за кој меѓународните хуманитарни организации предупредуваат дека може да има ...
Наталожени фрустрации, толеранција на криминалот и пропусти во системот ги извадија македонските граѓани на улица за да побараат „Правда за Фросина“, вели политикологот Трошановски, кој смета дека ова е порака до целиот естаблишмент. Зошто потешките дела во сообраќајот уште се казнуваат прекршочно? Неказнивност и инертност на системот, селективна правда, години ветување дека ќе биде подобро, а години терање по старо. Oва ги мобилизираше ...
Во првите три недели од изборната кампања во Косово, четворицата кандидати за премиер: Албин Курти од владејачката партија Самоопределување, Бедри Хамза од Демократската партија на Косово, Лумир Абдиксику од Демократската лига на Косово и Рамуш Харадинај од Алијансата за иднината на Косово ја фокусираа својата кампања исклучиво на внатрешните прашања со меѓусебно обвинување. Редовните парламентарни избори во Косово ќе се одржат на 9 февруари. ...
Малку пари, малку импровизација - зголемен број болни, е исходот од нефункционалноста на превентивните скрининзи кои ги утврдува и ги плаќа државата од буџетот, велат граѓански организации. За рана детекција на малигни заболувања се определени помалку пари од пред 10 години, иако ракот е втора водечка причина за смртност меѓу населението. Жена која има инвазивен карцином на матка, ако не се открие навреме, ја чини државата околу 200 илјади евра, ...
Илјадници луѓе се собраа на вториот марш под мотото „Правда за Фросина“, револтирани од трагичната смрт на студентката. Побараа институциите да го казнат возачот кој ја усмрти, бидејќи се револтирани што до сега тој бил на слобода иако е сторител на кривични дела. Родителите го предводеа протестот. Молчешкум, со солзи во очите и со порака на маичките кои ги носеа, а на кои пишуваше „Правда за Фросина, започна вечерашниот протест на голема група ...
Сеопфатните мерки ризикуваат да разгорат трговска војна што може значително да ги оштети економиите на целните земји и Соединетите Држави, особено кога Канада, Мексико и Кина најавуваат одговор. Американскиот претседател Доналд Трамп наметна казнени нови царини за Мексико, Канада и Кина, кои ја поставија основата за пошироки трговски тензии со трите најголеми трговски партнери на Соединетите држави. Трамп ја објави долго ветената економска ...
За време на претходниот мандат на претседателот Трамп беше потпишан Преспанскиот договор и се надевам дека САД и конкретно би ни помогнале во откочување на процесот со ЕУ, вели претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за РСЕ. Смета дека власта неодговорно ја поткопува довербата во здравството. Кандидатите на СДСМ за локалните избори ќе се знаат во април, а вели дека од коалицирањето со ДУИ вели “многу работи ни се удрија од глава“. На ...
Мирослав Лајчак за прв пат по пет години нема да посредува во преговорите меѓу Косово и Србија. Европската унија одлучи нејзин нов пратеник за дијалог да биде Питер Соренсен. Официјално почна со работа на 1 февруари и ќе се занимава само со дијалогот меѓу двете соседни земји, а не со регионалните прашања на Западен Балкан, како неговиот претходник. Откако пред неколку недели почна да се споменува неговото име во медиумите, досега има позитивен ...
Граѓани кои се организираа на социјалните мрежи протестираа на „Партизанска“, улицата каде во средата 22-годишната Фросина Кулакова беше прегазена од пијан возач без дозвола. Протестот заврши пред судот и обвинителството, барајќи одговорност за несреќата. Власта најави ригорозна казнена политика. Со триминутен молк за последните три девојки кои беа прегазени на скопскиот булевар „Партизански одреди“ низ градот се одржа граѓански протест против ...
„Уште колку, а“? пишуваше меѓудругото на еден транспарент на кој беа наведени имињата на три млади девојки кои токму на булеварот „Партизански одреди“ прерано ги загубија своите животи. Во среда вечерта згасна животот и на дваесет и двегодишната Фросина Кулакова, која беше прегазена од 20-годишен возач без возачка дозвола, додека минувала на пешачки премин. Случајот предизвика реакции во јавноста, откако беше обелоденето дека возачот возел под ...
Еднодневниот бојкот на маркетите беше успешен и покажа дека хрватските потрошувачи можат да го променат своето однесување, но, ќе видиме дали ќе го претворат во навика, вели во интервју за РСЕ професорот на Економскиот факултет во Загреб, Шиме Смолиќ. Тој не очекува промени на краток рок и укажува на сите фактори кои ги формираат цените, особено на мали пазари како Хрватска или Северна Македонија. Професоре Смолиќ, кампањата за бојкот на ...
Граѓани бојкотираат супермаркети, масовно, барем по социјални мрежи, град Скопје бојкотира некои општини, српските студенти и граѓани ја бојкотираат власта. Њузлетер 31.01.2025 Embed share Бојкотирање Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your clipboard No media source currently available 0:00 0:07:11 0:00 Директен линк Каде е излезот од високите цени во маркетите? Граѓаните преку социјални ...
Родовите стереотипи ги кочат жените да дојдат до раководни позиции во правосудството иако се побројни. Најчесто се дискриминирани во бременоста. Ова го нотира анализата на Центарот за правни истражувања, која покажа дека за жените во судството предизвик е и безбедноста. Дали имаш долга врска? Што работи твојот партнер? – Овие прашања ѝ биле поставени на Неда Чаловска Димовска кога аплицирала за работа во адвокатска канцеларија. Со ваквите ...
Апликацијата на Северна Македонија во единствената област за плаќање во евра - СЕПА се очекува наскоро да биде одобрена, а целосното интегрирање би можело да се случи во октомври годинава. Придобивките за граѓаните, но уште повеќе за бизнисот би биле побрзи трансакции, дигитализација и пристап до европскиот пазар, но и најважно – помали трошоци. Ретко пуштаме пари од странство на македонските сметки. Многу се големи провизиите, на само стотина ...
Севгинар Махмуд се сеќава на 26 декември 1984 година, како да беше вчера. Таа се сеќава на нејзината пријателка која била погодена од куршум, очајните плачења на нејзините соседи кои умираат во каналот покрај патот. И се сеќава на војниците кои упаднале во нејзиното село за да и го сменат името. Пред околу 40 години, во декември 1984 година, комунистичките власти во Бугарија започнаа насилна и систематска кампања за да ги принудат етничките ...
Патнички авион на Американ ерлајнс со 64 лица се урнал во реката Потомак што тече низ Вашингтон, откако се судри со воен хеликоптер над главниот град на САД, во близина на аеродромот Роналд Реган, соопштија тамошните власти. Портпаролката на Белата куќа Керолин Левит изјави дека воен хеликоптер и патнички авион се судриле на регионален лет. Официјалните лица не соопштија бројка на загинати од судирот. Но сенаторот Роџер Маршал од Канзас, од каде ...
Одложените уставни измени се единствено решение на преговарачката маса или почетна позиција е прашањето што се наметнува по различните изјави на владините коалициски партнери. Експерти за РСЕ велат дека се скептични дека со новата политичка Влада во Софија се можни промени во бугарската позиција за одблокирање на евроинтегративниот процес на земјата. Новата влада во Бугарија, која е седма по ред за три години, нема да донесе ништо ново за ...
Граѓаните преку социјални мрежи организираат бојкот на маркетите, по примерот на Хрватска. Премиерот Мицкоски „го разбира повикот за бојкот“, додека државата бара решение во законот за нефер трговски практики. Но за граѓаните цените и натаму се нереални, а основните прехранбени производи се се поскапи. Се чека и следната празнична кошничка. Владата очекува стабилизација на цените на производите, а тоа на долг рок би требало да го издејствува со ...
Европската Унија никогаш не се изјасни дали ги поддржува барањата на српските студенти кои протестираат веќе трет месец, барајќи одговорност за смртта на 15 лица по уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад. Претставниците на ЕУ се огласија дури по бројните прашања на новинарите за ситуацијата во Србија, а реакциите најмногу се однесуваат на демократското право на протест или потребата да се дозволи непречена работа на ...
Силно цензурираните весници во Туркменистан содржат малку реални вести, што ги наведува луѓето да најдат алтернативна употреба за нив. Често, тоа вклучуваше користење на државните дневни весници, во кои доминираат пофалби на претседателот Сердар Бердимухамедов и неговиот татко, поранешниот претседател Гурбангули Бердимухамедов, како тоалетна хартија, завиткување предмети или за палење оган. Сега, властите ги принудуваат државните службеници да ...
Професорите по филозофија, но и по социологија, латински јазик и психологија алармираат дека со предложените реформи на гимназиското образование им се укинуваат предметите. Министерството за образование тврди дека не се укинуваат, но се предлага сите да бидат изборни предмети во трета и во четврта година. Професорите стравуваат и за работните места и за образованието на учениците. Седум испити и дипломски труд го делат студентот Илија Велјаноски ...
Оставката на српскиот премиер Милош Вучевиќ можеби не е доволна за ставање крај на студентските протести што ја потресоа балканската земја по катастрофата на железничка станица во ноември кога загинаа 15 лица. Ситуацијата е таква и покрај тоа што оставката на Вучевиќ беше меѓу првичните барања на демонстрантите. Нивната позиција се развиваше во текот на неколкумесечните протести кои започнаа откако се урна бетонската настрешницата на ...
За седум месеци се запалија четири автобуси на ЈСП. Три од нив беа од украинските нископодни автобуси, а еден од кинеските двокатни. Вработени во ЈСП и експерти предлагаат украинските автобуси да се повлечат од линиите во висинските населби. Извештаите на ЈСП покажуваат дека ретко се прават ремонти, а вработените и за антифриз бараат одобрение од директорот. Со резервни делови сме слаби, ама со стравови големи штом седнеш зад волан, вели за ...
Лудилото околу четбот со вештачка интелигенција создаден од кинескиот технолошки стартап DeepSeek ги потресе берзите во понеделник (27 јануари)и поттикна дебати за економската и геополитичката конкуренција меѓу Соединетите Држави и Кина во развојот на технологијата за вештачка интелигенција (AI). Асистентот за вештачка интелигенција на DeepSeek беше на прво место меѓу бесплатните апликации на „Apple store“ вчера, поради интересот за конкурентот ...
Милост за обвинетите, а не ослободителна пресуда. Вака накусо судот ја образложи одлуката за амнестија на организаторите на „крвавиот четврток“. Се отвора прашањето што со Никола Груевски кој беше меѓу организаторите? Амнестија добија генералите, војниците се во затвор, коментираат адвокатите на дел од осудените. Последната одлука на Кривичниот суд да се амнестираат петтемина обвинети за организирање на упадот во македонското собрание што се ...
Со две минимални плати не се врзува крај со крај, велат граѓани со кои разговараше РСЕ, а покажуваат и пресметките на синдикатот. Храната и пијалаците во основната потрошувачка кошничка во јануари се за 2.000 денари поскапи од јануари лани. Економско-социјалниот совет треба да одлучи дали минималецот ќе расте, како што бараат работниците, но седница на ова тело досега не е закажана. Кога ќе излезам од продавница застанувам пред врата и повторно ...
Осумдесетгодишнината од Денот на сеќавање на Холокаустот, со кој се одбележува ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц, се одржува во сенка на зголемените тензии во светот, пред се на војната во Украина и на зајакнувањето на авторитарните и популистички сили чија политика потсетува на оние што доведе до најголемиот конфликт и страдање во историјата. Делегации од 54 земји ширум светот ќе присуствуваат на комеморацијата во Аушвиц, ...
Белорускиот авторитарен лидер Александар Лукашенко кој е на власт од 1994 година, го освои седмиот последователен мандат на изборите на 26 јануари, кои ги осудија Европската Унија(ЕУ) и белоруската опозиција во егзил, јави агенцијата АФП. Со оглед на тоа што неговите противници се во затвор или во егзил, 70-годишниот владетел освоил 87,6 отсто од гласовите, покажуваат податоците на официјалната излезна анкета. Овојпат, кандидатите избрани да се ...