Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Хајден Панетиер отворено зборуваше за сложениот пат на мајчинството и за односот со својата единствена ќерка, 11-годишната Каја Евдокија Кличко. Низ годините, актерката искрено раскажуваше за постпородилната депресија, борбата со зависностите и болната одлука целосното старателство над девојчето да му го препушти на нејзиниот татко, Владимир Кличко, пишува „Пипл“. Ѕвездата од сериите „Херои“ (Heroes) и „Нешвил“ (Nashville) почина во ...
Откако се договори со Барселона за трансферот на светскиот шампион со Шпанија и најдобар играч на овогодишното Светско првенство, Родри, Манчестер сити експресно најде замена за него. Станува збор за 18-годишниот марокански репрезентативец Ајуб Буади. Според пишувањата на англиските медиуми, „граѓаните“ се во напредна фаза од преговорите со Лил за ангажман на младиот марокански играч за врска, чија вредност францускиот прволигаш ја проценува ...
Времето како да застанало за презентерката Татјана Стојановска. Таа со години важи за една од најнегуваните и најелегантни дами на македонската јавна сцена, а дека годините за неа се само бројка покажуваат и фотографиите што нејзиниот сопруг Михаил Китановски ги сподели на социјалните мрежи. Китановски објави две фотографии од нивните летувања, направени во период од десет години. На едната се Татјана и Михаил пред една деценија, а на ...
Словенечкиот судија Славко Винчиќ имал полни раце работа на финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија, кое „Црвената фурија“ го доби со 1:0 по продолженијата. Уште во текот на натпреварот Винчиќ сфатил дека Леандро Паредес може да биде проблем. Аргентинецот доби жолт картон во 52. минута по неколку остри стартови, а судијата потоа неколкупати го предупредувал капитенот Лионел Меси да го смирува својот соиграч. „Меси, ...
Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан се дружи со сестрата на новиот унгарски премиер Петер Маѓар во Опатија, Хрватска, објави унгарскиот медиуми 444. Според медиумот, средбата се случила вчеравечер. Според описот на читателот на медиумот, фотографијата е направена на истото место каде што Орбан летувал и пред три години, во близина на вилата која ѝ припаѓа на Ана Маѓар, ќерка на Марија Шмит и сестра на опозицискиот политичар Петер ...
Еден студент кој работел на градилиште во Белгија во текот на летото, наишол на вистинско богатство. Осумнаесетгодишниот Кобе, копал ровови за канализацискиот систем, кога нашол злато во вредност од девет милиони евра. Тој го открил ова богатство на локацијата на поранешна пиварница во Синт Гилис Дендермонд, а прво помислил дека станува збор за монети од едно евро, пишува „Гардијан“. – Одеднаш видовме нешто во земјата. Прво помислив дека се ...
Познатиот холивудски актер и некогашен Џејмс Бонд, Пирс Броснан (73) и неговиот 25-годишен син Парис Броснан, отворено проговорија за честите критики и обвинувања дека Парис е т.н. „непо бебе“, односно дека ја гради кариерата исклучиво благодарение на познатото презиме на неговиот татко. Во заедничко интервју, актерот и неговиот син решија да стават крај на овие коментари кои сè почесто ги следат децата на познатите личности во Холивуд, ...
Синдикатите на српските медиуми Нова.рс., Радар, Н1 и Форбс го осудуваат начинот на кој „Алпак капитал“ ги презема медиумите во Србија кои работат во рамките на групацијата „Адриа њуз нетворк“ која сè уште е дел од групацијата Јунитед. Денеска, сопственикот на таа португалска компанија, Педро Варгас Сантос Давид, на негово барање, е регистриран во Агенцијата за трговски регистри како директор на сите медиуми од групацијата – Нова.рс., Радар, ...
Шпанскиот фудбал доби нова тинејџерска сензација. Марк Сантос дебитираше во Ла Лига за Леванте со само 15 години и 288 дена и веднаш влезе во историјата на натпреварувањето. Сантос доби шанса против Еспањол, кога во 64. минута влезе во игра на местото на Иван Ромеро. Со тоа стана најмладиот фудбалер во историјата на Леванте кој заиграл во шпанската елита. Неговиот подвиг е уште поголем ако се погледне листата на најмлади дебитанти во Ла ...
– Знаев дека нешто е поинакво, бидејќи ајкулите беа на површината. Ги имаше многу – рекла Тајане Далазен, 37-годишна бразилска адвокатка. Дури подоцна дознала дека организаторите на турите ги хранеле морските суштества за да ги привлечат и да им овозможат на туристите да бидат во нивна близина. Тајане, која живее во Сао Паоло, во април учествувала во излет со нуркање со ајкули покрај брегот на Бразил. Во еден момент почувствувала силен ...
Честа да ја затвори џез-програмата на 16 август на Долни Сарај ја имаше бендот „Киото“ од Велика Британија, кој го сочинуваат наградуваниот пијанист и автор на музика Рохан Хит и вокалистката Лу Роудс. Нивната музика ги отслика заедничките музички искуства и навлезе длабоко во значајни животни теми. Четирите џез-вечери на фестивалот „Охридско лето“ изминаа во знакот на извонредни уметници, врвна музика и полни гледалишта. Музиката без ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција попладнево соопшти дека во рамки на истрагата за организиран транспорт на марихуана од земјава во Србија е донесена наредба за спроведување постапка против уште седум луѓе, осомничени дека го сториле истото кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори од член 215 став 3 во врска со став 1 од ...
Ракометарите на Вардар 1961 со победа ја отворија дебитантската сезона во новата Регионална лига, откако во Охрид славеа над Војводина со 36-30. „Црвено-црните“ имаа контрола во најголемиот дел од натпреварот. По почетното водство на српскиот тим, Вардар го презеде иницијативата и на полувреме замина со плус пет (20-15). Во вториот дел избраниците на Иван Чупиќ продолжија во ист ритам и без поголеми проблеми ја сочуваа предноста до конечната ...
Најмладиот син на Дејвид и Викторија Бекам, 21-годишниот Круз, очигледно многу жали за својот брат со кого е во заладени односи. Тој сподели фотографии од летото, меѓу кои свири на гитара, уживање со девојката Џеки Апостел, но сепак, посебно внимание привлече една архивска фотографија, пишува „Хелоу“. На фотографијата се гледаат тројцата браќа, Круз, Ромео и Бруклин кога биле мали. Насмеани, без маици и во спортски шорцови, момчињата ...
Руската амбасада во Лондон објави дека Велика Британија станува помагач и соучесник во „крвавите злосторства и терористички напади“ на Киев откако Украина почна да користи британски беспилотни летала за напади длабоко на руска територија, објавија светските медиуми. Според весникот „Тајмс“, во неделата, британските авиони почнаа да се користат за напади длабоко на руска територија, пренесува РИА Новости. „Велика Британија на тој начин ...
Лекарите во Мадрид извршија пионерска процедура која ги спаси ногата и коленото на 38-годишен пациент со сарком на потколеницата. Станува збор за првата персонализирана коскена протеза направена од метаматеријали, технологија развиена со помош на знаењето од воздухопловното инженерство. Тим од болницата „Грегорио Марањон“ во Мадрид, во соработка со инженери од Политехничкиот универзитет во Мадрид, разви имплант кој не се обидува едноставно ...
Водителката Искра Канзурова (Мишиќ) повторно јавно реагираше за состојбите во Македонија, овојпат откако по патување од илјадници километри се соочила со проблем веднаш по враќањето во земјава. Искра на Фејсбук објави фотографија покрај море, со кампер во заднина, и раскажа дека поминале околу 2.500 километри низ Пелопонез без никакви проблеми, но по влегувањето во Македонија заглавиле. Според неа, две сообраќајки кај Битола дополнително ја ...
Латвискиот премиер Андрис Кулбергс побара од Европската унија седум милијарди евра за покривање на воените и економските трошоци предизвикани од конфронтацијата на неговата земја со Русија, оценувајќи дека земјите од источното крило на ЕУ го поднесуваат непропорционално големиот дел од товарот во справувањето со Москва. Во интервју за бриселскиот портал „Политико“, Кулбергс изјави дека парите треба да се обезбедат од следниот седумгодишен ...
Новата сезона во Премиер лигата носи неколку промени со кои се цели кон побрза игра и помалку одолговлекување. Фудбалер кој ќе добие медицинска помош ќе мора да помине една минута надвор од теренот пред да се врати во игра. Судиите ќе можат да одбројуваат пет секунди при очигледно одолговлекување, а нови рокови ќе важат и за изведување аут и гол-аут. Измените исто така ќе бидат побрзи – играчот кој излегува ќе има 10 секунди да го напушти ...
Принцезата Евгенија и нејзиниот сопруг Џек Бруксбанк го открија името на нивното трето дете, две недели откако тоа дојде на светот. Девојчето, кое се роди во Португалија на 3 август, го доби името Аделаида Елизабета Анина Бруксбанк, пишува „Пипл“. 36-годишната британска принцеза ја сподели убавата вест на својот профил на Инстаграм, објавувајќи фотографии од новороденчето, од кои на една е заедно со нејзините постари браќа, 5-годишниот ...
Една недела откако беше обелоденето дека Фабијани повеќе нема да биде тренер на Вардар, аргентинскиот стратег се огласи во јавноста и со емотивна порака се збогуваше со „црвено-црниот“ клуб. Фабијани им се заблагодари на фудбалерите, стручниот штаб, вработените, раководството и навивачите на Вардар, истакнувајќи дека од првиот ден се обидувал да работи со максимална посветеност. „Заминувам со мирна совест, знаејќи дека дадов сè од себе во ...
Поп-иконата Мадона деновиве престојува во Грција, каде што вчера го прослави 68-от роденден. И додека деталите за прославата на роденденот сè уште се држат во тајност, музичката кралица ги посетила Метеори, едно од најпрепознатливите историски и духовни места во земјата. За приватната посета, Мадона го избрала Светиот манастир Варлам. Η Madonna επισκέφθηκε ιδιωτικά τη Μονή Βαρλαάμ στα Μετέωρα. Έφτασε στην περιοχή με ελικόπτερο και ...
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Александра Вуксановиќ. Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги ...
Пејачката Ивона Јо отворено проговори дека се борела со деперсија и во еден период од животот ѝ било толку тешко, што како што изјави, „не ѝ се дишело“. Таа гостуваше во поткастот „Полиграф“ кај јутјуберот Стефанатор, каде што отворено одговараше на прашања за луѓето со кои повеќе не сака да има близок однос, но и за еден од најтешките периоди во нејзиниот живот, загубата на татко ѝ, во септември минатата година. На прашањето дали постои ...
Септември 2026 носи силна космичка динамика – последиците од две затемнувања, ретроградни движења и нагласени енергетски пресврти. Тоа е месец кој јасно покажува дека ништо не останува исто, а за одредени хороскопски знаци токму оваа енергија ги отвора вратите кон нови почетоци. За нив, септември 2026 станува нешто повеќе од премин кон ново годишно време: една фаза завршува, а се отвораат вратите кон друга, пишува „Атма“. Овен Овните ...
Дванаесет луѓе загинаа, а најмалку 10 се повредени во Унгарија кога автобус со полски регистарски таблички се преврте на автопат на истокот од земјата синоќа. Полицијата изјави дека го привела возачот и дека првичните информации укажуваат дека веројатно заспал, објавуваат медиуми. Автобусот слетал во канал во близина на градот Мезекерестеш, објави полицијата, а унгарската новинска агенција МТИ објави дека во автобусот имало 57 патници и ...
Свекрвата на осомничен лидер на криминална банда, неговата бремена сестра и 16-годишно момче се убиени во пукање поврзано со трговија со дрога во Јужна Шпанија, пренесува Ројтерс. 18-годишниот внук на осомничениот лидер бил тешко ранет во пукањето во неделата навечер, а уште едно лице било полесно повредено, изјави портпарол на шпанската полиција „Гвардија цивил“. Полицијата го истражува тројното убиство како пресметка меѓу ривалски банди ...
Фустанот во кој Мерилин Монро му ја испеа култната роденденска песна на претседателот Џон Ф. Кенеди во 1962 година останува едно од најпознатите парчиња облека во историјата. Но, зад таа легендарна креација стои францускиот гениј Жан Луи, човекот кој децении ги обликуваше најсексипилните и најнезаборавните силуети на филмското платно, пишува „Холивуд репортер“. Новата книга „„Жан Луи: Дизајнерот на холивудските бомби“ (Jean Louis: ...
Новак Ѓоковиќ откри дека неговата голема желба е професионалната кариера да ја заврши на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Српскиот тениски ас во интервју за каталонскиот весник „Спорт“ зборуваше за својот нов документарец „Волк во зима“, досегашната кариера, жртвите кои ги направил за тенисот, но и за плановите за периодот кој следува. Ѓоковиќ зад себе има една од најуспешните кариери во историјата на тенисот – 24 гренд слем ...
Милан е пред реализација на уште едно сериозно засилување. Италијанскиот гигант постигнал договор со Стразбур за трансферот на Диего Мореира, кој би требало да изнесува 50 милиони евра, плус бонуси и процент од идниот трансфер. Мореира, кој бил интересен и за неколку германски клубови, наводно јасно ставил до знаење дека сака преселба на „Сан Сиро“. Токму неговата желба била важен фактор во завршувањето на преговорите. Клучна улога во ...