Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Преписката на социјалните мрежи по концертот на „Мизар“, „Синтезис“ и „Меморија“ во Струмица доби продолжение. Откако драмскиот писател и автор Митко Бојаџиски реагираше за високите цени на пијалаците на настанот, а во првичната објава по грешка напиша дека настапила групата „Нокаут“ наместо „Меморија“, повторно се огласи Петар Георгиевски – Камиказа, лидерот на „Меморија“. Камиказа и претходно со доза хумор му забележа на Бојаџиски за ...
Јубилејна изложба под наслов „90 години од раѓањето на Јован Петров“, посветена на творештвото на овој значаен македонскиот уметник и конзерватор, од 12 август е поставена во објектот Чифте амам при Националната галерија во Скопје. Свеченото отворање на изложбата и промоцијата на печатеното јубилејно-монографско издание ќе се одржи на 20 август, во 20 часот, во просторот на Чифте амам. Изложбата ќе ја прогласи за отворена директорот на ...
Нова сериозна турбуленција ја погоди ФИФА. Оперативниот директор на светската фудбалска федерација, Кевин Ламур, ја напушти функцијата во Цирих, само неколку недели откако јавно го критикуваше претседателот Џани Инфантино поради плановите за продажба на идните приходи од Светското првенство. Ламур застана во одбрана на вработените во ФИФА, тврдејќи дека тие биле „доведени во заблуда“ поради начинот на кој Инфантино го водел процесот поврзан ...
Тамара Тодевска направи хуман гест кој ги допре срцата на многумина. Таа беше дел од големото роденденско изненадување за Леон, момчето со аутизам чија животна приказна пред неколку месеци беше споделена на социјалните мрежи и допре до многу луѓе. Леон вчера, на 17 август, го прослави својот 13. роденден, а Тамара дојде да го изненади и да биде дел од неговиот посебен ден. На фотографиите и видеата од прославата се гледа веселата атмосфера, ...
Клиника за ин витро во Северен Кипар е обвинета дека најмалку 30 деца, од кои повеќето се Британци, биле зачнати со погрешни донори на сперма или на јајце-клетки, објави „Би-би-си“. Родители велат дека внимателно избирале анонимни донори врз основа на информации за нивната здравствена историја, изглед, карактер, образование и интереси. Сепак, тие се сомневаат дека бараните донори на сперма и јајце-клетки не биле користени во нивните третмани ...
Над 100 луѓе со и без попреченост, возрасни и млади на 15 август учествуваа на инклузивната велосипедска тура „Преспански аванТУРИ“, возејќи долж крајбрежјето на Претор и Сливница со стандардни и адаптивни велосипеди, со цел да се спои концептот на движење, дружење и уживање во природата покрај Преспанското Езеро. Според организаторите на настанот, особен интерес предизвикале адаптивните велосипеди. „По турата, за време на пикникот и ...
Директорот на ДЗС Стојанче Ангелов информираше дека во моментов активен е пожарот од Велес кој преминува кон Зелениково. Тој им се заблагодари на велешките пожарникари, за кои кажа дека со „ползење и пробивање низ екстремно густа вегетација полна со трња, изложувајќи се на ризик“ значително го намалиле пожарот и заштитиле две загрозени села. Во Македонски Брод пожарот е значајно намален. Имаме пожар на територија на општина Студеничани село ...
Селекторот на египетската фудбалска репрезентација, Хосам Хасан, доживеа неверојатна сцена откако неговата сегашна и поранешна сопруга се степале во хотелско одморалиште. Инцидентот завршил со тоа што Хасан морал да биде пренесен во болница бидејќи му се слошило откако бил сведок на жестокиот конфликт. Хасан и неговата сегашна сопруга Дан-Адам се одморале во хотел во одморалиштето Марина, на северниот брег на Египет. Тие штотуку завршиле со ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се закани дека САД ќе го нападнат ОМан и изјави дека Иран нема да го прифати договорот што тој го смета за неопходен за завршување на војната со САД и дека треба да се предаде, додека преговорите меѓу двете земји и натаму се во застој, пренесе „Ројтерс“. – Нема да склучат договор каков што сметам дека е потребен. Видете, ние сме таму поради една причина: Иран не смее да има нуклеарно оружје – им ...
Танкер за нафта управуван од грчка компанија вчера бил нападнат во Црното Море откако натоварил товар со потекло од Русија, објави „Блумберг“, повикувајќи се на извори запознаени со случајот. Танкерот „Скирос“ од класата „Суецмакс“, кој може да превезува околу еден милион барели нафта, бил нападнат откако натоварил нафта на терминалот на Каспискиот нафтоводен конзорциум (ЦПЦ) во близина на рускиот црноморски пристаништен град Новоросијск. Од ...
Јапонскиот амбасадор во Москва утрово бил повикан во руското Министерство за надворешни работи, откако Токио упати остар протест поради првата посета на претседателот Владимир Путин на спорните Курилски Острови, објави „Москва тајмс“. Јапонија тврди дека четирите најјужни острови од Курилскиот Архипелаг, кои се наоѓаат северно од префектурата Хокаидо, биле незаконски заземени од Советскиот Сојуз откако тој го објавил своето предавање во ...
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре е првиот рок за пријавување кандидати за запишување на студии во прва година. На 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава се слободни вкупно 8.851 место за бруцоши во академската 2026/2027, која ќе почне на 1 октомври. Според Конкурсот на УКИМ, од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од ...
Цела ноќ тим од доброволци на Дирекцијата за заштита и спасување работеше на гаснење на пожарот во атарот на прилепското село Чаниште, каде гори на два крака. Последна информација од ДЗС е дека во селото не е изгорена ниту една населена куќа и дека синоќа сите жители останале во своите куќи. Огнената стихија изгоре неколку стари напуштени куќи или куќи во кои сопствениците престојувале повремено. Нема повредени лица. Инаку, во изминатите 24 ...
Ракометниот клуб Вардар стартуваше нов серијал под наслов „Љубовта наша голема“, преку кој клубот сака да им оддаде признание на навивачите, кои веќе 65 години се важен дел од историјата и идентитетот на „црвено-црните“. Во пресрет на новата сезона, во серијалот ќе бидат претставувани долгогодишни навивачи на Вардар, кои ќе ги споделуваат своите најубави спомени, омилени моменти и емоции што ги поврзуваат со клубот. Честа да биде прв гостин ...
Денеска се одбележуваат 123 години од раѓањето на Никола Мартиноски, еден од најважните македонски уметници – пример за највисоки вредности остварени во македонското ликовно творештво. Мартиноски остави длабоки траги во културата на визуелните ликовни уметности во нашата средина. Значењето на неговото творештво се согледува преку уметничките вредности кои го определуваат неговото историско место. Приказната за фреските во кафеаната „Океан“ ...
Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го засилува составот, а ново име во тимот е Давид Димевски, кој пристигнува од Куманово. Димевски примарно игра на лев бек, но може да покрие повеќе позиции во бековската линија. Младиот ракометар е и поранешен младински репрезентативец на Македонија, а настапуваше и на Светското младинско првенство во 2025 година. Пелистер 2, кој во новата сезона ќе го предводи Бранислав Ангеловски, летово ги ангажираше и ...
Според податоците на Националниот институт за статистика (ИНСТАТ), бројот на странски посетители кои престојувале во сместувачките капацитети во јуни, во Албанија, изнесувал 445.846, што е зголемување за 20,6 проценти во споредба со истиот месец минатата година, додека вкупниот број на посетители се зголемил за 17 отсто, пишуваат албанските медиуми. Бројот на ноќевања се зголемил за 9,8 отсто на годишно ниво. Најголем раст е забележан во ...
Една од највпечатливите водителки и пејачки на балканската естрада Сузана Манчиќ годинава доаѓа во Македонија како дел од 33. издание на фестивалот „Охрид фест–Охридски трубадури“. Некогашната мегапопуларна лото-девојка ќе настапи на втората интернационална фестивалска вечер на 27 август, по повод јубилејот – 50 години кариера. За некои генерации таа засекогаш останува легендарната „лото-девојка“, една од најубавите и најпосакуваните жени на ...
Венус и Серена Вилијамс, тандемот кој освои три олимписки злата и дури 14 грен-слем титули во двојки, повторно заедно излезе на тенискиот терен. Но, времето си го прави своето. По четири години пауза, најпознатите сестри во историјата на тенисот се вратија во двојки на турнирот во Синсинати, но претрпеа пораз. Украинката Марта Костјук и Американката Пејтон Стернс подобро го отворија мечот и убедливо го освоија првиот сет со 6-2. Сепак, ...
Германската Социјалдемократска партија (СПД) повикува на промена на Уставот со цел проширување на федералното финансирање за мерки за приспособување кон климатските промени, додека земјата се соочува со сè почести топлотни бранови, суши, шумски пожари и недостиг на вода, јавува Анадолу. Во акцискиот план од четири страници за кој денес извести јавниот радиодифузер ЗДФ, министрите од СПД – помал коалициски партнер во Владата на канцеларот ...
Вонредно прскање од земја против комарци вечерва започна во скопската општина Ѓорче Петров. „Реагираме навремено. Се грижиме за секое населено место. За побезбедно и попријатно Ѓорче Петров! Грижата за граѓаните е наш приоритет“, напиша на Фејсбук градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски. Вонредното прскање против комарци се спроведува по прогласувањето епидемија на западнонилска треска во скопските општини: Кисела Вода, Гази ...
Сплитски Хајдук на интересен и духовит начин го претстави своето ново засилување, Денис Хаџикадуниќ, а видеото веднаш привлече големо внимание на социјалните мрежи. Темата на видеото е едно од најпознатите балкански јадења, бурекот. Иако ова јадење е омилено низ целиот регион, во Босна и Херцеговина важи едно непишано правило: бурек е само оној со месо. Бурек со сирење, спанаќ или друг фил за Босанците едноставно не постои. Токму на оваа ...
Кога се соочуваме со зголемени масти во крвта, обично веднаш помислуваме на ригорозни диети и болни откажувања од омилените оброци. Кардиоваскуларното здравје е исклучително важно, но борбата против високиот холестерол не мора секогаш да биде тешка и непријатна. Лекарите и нутриционистите се согласуваат дека клучот за успехот лежи во мудриот избор на намирници кои природно ги чистат нашите крвни садови. Меѓу нив се издвојува една исклучително ...
Ученик вооружен со пиштол и пушка утрово пукал во училиште во Филипините, при што загинале двајца луѓе, а деветмина биле повредени, објави „Фил стар“. Инцидентот се случил во училиште при Универзитетот „Атенео де Замбоанга“ околу 7:50 часот. Локалните власти и полицијата соопштија дека осомничениот напаѓач, кој бил ученик во средно училиште, влегол во училница на четвртиот кат и отворил оган кон ученици од осмо одделение. Во пукањето загинал ...
Џејми Варди би можел да продолжи да игра фудбал во Бразил, откако Сао Паоло покажал сериозен интерес за искусниот англиски напаѓач. Триесет и деветгодишниот Варди е слободен агент по заминувањето од Кремонезе, каде минатата сезона постигна седум гола на 29 натпревари. Во Сао Паоло веруваат дека неговото искуство и победнички менталитет можат да бидат голем плус. Засега нема официјална понуда, но клубот ја разгледува можноста за негов ...
Знамињата на владините објекти се спуштени на половина копје, а безбедносни возила се распоредени во центарот на Пекинг, додека Кина се збогува со поранешниот премиер Жу Ронгџи. Жу почина минатата недела на 97-годишна возраст по болест, а денес ќе биде кремиран на погребна церемонија во Пекинг. Меѓувремено, на интернет објавите за Жу се ограничуваат и цензурираат, пишува Би-би-си. Како што објави медиумот, од церемонијата од погребот досега ...
Италијанскиот весник „Република“ објави пораки од група на Ватсап која е поврзана со поддржувачи на Роберто Ваначи, поранешниот генерал и европратеник кој ја предводи крајно десничарската партија Футуро Национале, која претставува сериозен предизвик за владејачката десница на премиерката Џорџија Мелони. Пораките ги навредуваат Евреите и Арапите, изнесуваат пофални тврдења за Хитлер и повикуваат на „силна акција“. Групата наречена „Vannacci ...
Хрватската писателка, новинарка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст, по долга и тешка борба со ракот. Веста за нејзината смрт за хрватскиот портал „Шоубаз“ ја потврдиле извори блиски до неа. Утрово, на официјалниот профил на Рудан беше објавена кратка порака која навести дека таа починала. „Ведрана отиде на подрачје без сигнал“, стои во објавата. Набргу потоа беше променета и насловната фотографија на нејзиниот профил, ...
Украина со стотици дронови ги нападна Москва и нејзината околина преку ноќ. Според извештаите од руските канали на Телеграм, кои се повикуваат на изјави од жители, нападот го оштетил магацинот на најголемата онлајн продавница во Русија „Вајлдберис“, која се нарекува и „рускиот Амазон“. Ова ги продолжува украинските напади врз компанијата, пишува „Киев Индепендент“. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека воздушната одбрана ...
Европското пливање доби нова голема ѕвезда. Италијанката Сара Кертис го одбележа Европското првенство во пливање во Париз со шест медали, два светски рекорда и серија национални рекорди. Кертис, која настапува за Универзитетот Вирџинија, натпреварувањето го заврши со злато на 50 метри грбно, две сребрени медали и три бронзени. Во финалето на 50 метри грбно исплива неверојатни 26,56 секунди и го собори светскиот рекорд, кој го постави ...