Македонскиот долгометражен игран филм „17“, дебитантско остварување на режисерката Косара Митиќ, вчеравечер (17 август) беше премиерно прикажан во рамките на 32. издание на Интернационалниот филмски фестивал во Сараево. Премиерата беше проследена со стоечки овации од публиката и го означи официјалниот почеток на трката на филмот за престижното „Срце на Сараево“, во главната натпреварувачка програма за долгометражен игран филм. На премиерната ...

Сè додека политиката е волшебна врата каде што се влегува како социјален случај, а се излегува како бизнисмен, и додека позицијата се сфаќа како привилегија наместо како должност, ќе продолжи трката по функции. Како што тргнало, нема да биде изненадување ако премиерот Христијан Мицкоски ги вдоми и им најде фотелја на државна сметка на речиси сите веќе разрешени министри. Последниот случај со назначувањето на поранешниот министер за култура ...

Атлетиката оправдано ја нарекуваат кралица на спортовите, а Македонија во овој спорт е на дното на Европа и на регионов, ако се суди според компарираните постигнати резултати на неодамна завршеното Европско првенство. Овој базичен спорт со години е запоставуван од надлежните институции во земјава, па затоа е лошиот пласман на Македонија, споредено со резултатите на соседите од регионов не изненадува. Поголем дел од нашите соседни земји, со ...

Поранешниот украински боксерски шампион Владимир Кличко се огласи по смртта на својата поранешна партнерка, американската актерка Хајден Панетиер, со која ја има ќерката Каја. Тој порача дека семејството минува низ период на „длабок шок и тага“. Панетиер, позната по улогите во сериите „Херои“ (Heroes) и „Нешвил“ (Nashville), почина во неделата, на 16 август, на 36-годишна возраст. Таа беше пронајдена без свест во својот дом во Гринвил, Јужна ...

Полицијата вчера уапсила 47-годишен насилник од Скопје откако турнал скала на која се наоѓал вработен во ЕВН, а потоа физички нападнал и друг вработен со тврд предмет. „На 17.08.2026 околу 10:10 часот во Скопје, на подрачјето на Шуто Оризари полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.Г.(47) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека турнал скала на која бил еден вработен на ЕВН Македонија, а потоа физички и со тврд ...

Групите за земјоделие и за продажба на домашни производи се преплавени со огласи во кои се нудат кајсии, јаболка, краставици, домати и други производи директно од нива. Се нудат набрани производи, но и има и такви огласи каде што се повикуваат заинтересираните да си берат сами, а производите ќе им бидат продадени по пониска цена отколку на пазар или во маркет. „Продаваме домашен јабучар во село Кадино, го береме пред вас, по цена од 100 ...

Додека јавноста се чудеше како пет тони марихуана од Македонија биле пренесени во Србија, без никој да забележи, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кое ја прошири истрагата, но и судските документи, откриваат дека цела година се шверцувале тони марихуана. Според груба проценка, границата ја поминале околу 8 тони марихуана, а перници, јоргани, постелнина, тортички, ролати и кори за торта биле заменети со дрогата. ...

Руската гимнастичарка Ангелина Мелникова стигна до европското злато на шампионатот во Загреб, но наместо триумфот да го прослави со насмевка, церемонијата на доделување на медалите заврши со солзи. Откако се искачи на највисокото место на подиумот, Мелникова не го виде руското знаме, а не беше интонирана ниту руската химна. Емотивниот момент беше премногу тежок за гимнастичарката, која не успеа да ги сокрие солзите. Иако Меѓународната и ...

Полицијата утрово извршила службен разговор со 25-годишен маж од Скопско кој е обвинет за вршење обљуба на 14-годишно девојче со кое наводно бил во врска. „На 18.08.2026 во 09:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со А.С.(25) од Скопско, постапувајќи по претходна пријава од 48-годишна жена дека извршил обљуба врз нејзината 14-годишна ќерка со која биле во љубовна врска. По ...

Израелскиот министер за финансии кој е екстремно десничарски ориентиран, Безалел Смотрич, откри 10-годишен план за доведување на еден милион еврејски имигранти од Северна Америка и Европа, демографски проект што оди рака под рака со неговата отворено декларирана цел за расчистување на Палестинците од нивната земја, пишува „Џерусалим пост“. Во едно интервју, Смотрич рече дека му го презентирал нацрт-планот на премиерот Бенјамин Нетанјаху пред ...

Француски државјанин утрово бил пронајден мртов на лежалка во албанското туристичко село Ксамил, а полицијата се сомнева дека бил избоден до смрт по расправија околу девојка, објави „Газета тема“. Според првичните информации, 20-годишниот турист Мигел Мендес бил избоден со нож пред бар на плажа. Главен осомничен за убиството е 29-годишниот Сократ Вата од Хас. Според првичните информации од полицијата, Вата побегнал веднаш по нападот, по што ...

Македонската актерка Ана Стојановска привлече внимание со своето појавување на 32. Сараевски филмски фестивал, каде што присуствуваше на регионалната премиера на филмот „17“ на режисерката Косара Митиќ. За фестивалското појавување Стојановска избра впечатлив син кожен фустан, со кој внесе доза холивудски гламур на настанот во Сараево. Самоувереното издание на актерката не помина незабележано, а таа и претходно привлекувала внимание со своите ...

Руски ракети утрово го погодија селото Печенехи во Харковската Област, при што беа убиени 10 луѓе, а 18 беа повредени, објави „Киев пост“. Гувернерот на Харковската регионална воена администрација, Олег Синехубов, изјави дека повредените биле пренесени на лекување, додека спасувачките екипи работеле на расчистување на последиците од нападот. Подоцна Синехубов појасни дека бројот на повредени се зголемил од осум на 18. За нападот се огласи и ...

Синот на бизнисменот Трифун Костовски, Коста Костовски, вчера го примил обвинението за случајот Еуростандард банка, неофицијално дознава „Слободен печат“. Минатата недела судот соопшти дека не може да го најден Костовски за да му го достави оценетото обвинение, за да закаже рочиште, па побарал од МВР да го извести дали е достапен. По неколку години истрага, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение ...

Познати се термините за натпреварите од четвртото коло во Првата македонска фудбалска лига, кое носи прилично необичен распоред. Два натпревари ќе се играат во петок, еден во сабота, додека недела е целосно празна. Колото ќе биде затворено со две дерби средби во понеделник. Први на терен ќе излезат Скопје и Тиквеш, кои својот натпревар ќе го одиграат во петок од 17 часот. Истиот ден, два часа подоцна, во Штип повторно ќе светнат ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека синоќа околу 22 часот во селото Богородица, Гевгелиско, полицајци уапсиле жител на Латвија, откако во неговото возило пронашле 10 мигранти од Египет. „На 17.08.2026 околу 22:00 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишија од слобода Р.С.(59) од Латвија. При контрола во патничко возило „фиат ...

По повеќе од 11 години откако беше ставен клуч на Универзална сала, по многу најави и „тргни-запри“ реконструкции, префрлање надлежности, барање виновници, па и пожар на објектот, она што сега го гледаме на местото на некогашната култна сала е железна конструкција и купола, кои веќе се нагризени од „забот на времето“ и за’рѓани. Пред четири месеци скопјани помислија дека конечно ќе тргне работата и дека ќе започне изградбата на салата, затоа ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека привремено ја паузира изградбата на спорниот проект за изградба на границата во Националниот парк „Биг Бенд“ во Тексас, додека раководителот на агенцијата задолжена за изградба на ѕидот не направи „евалуација на теренот“, објави АП. Проектот низ националниот парк во Јужен Тексас се соочи со жестоко спротивставување кај двете најголеми американски политички партии. ...

Нов смртен случај од западнонилска треска во Македонија. Се работи за 76-годишен пациент, кој имал и други сериозни заболувања и починал на Клиниката за инфективни болести, соопшти директорот на Клиниката, Фадил Цана. Тој рече дека пациентот претходно бил хоспитализиран кај нив 27 дена, но поради дополнителните придружни сериозни заболувања и тешката невроинвазивна форма на мозокот и мозочната обвивка, во доцните попладневни часови настапил ...

Актерката Хајден Панетиер, најпозната по своите улоги во сериите „Херои“ и „Нешвил“, почина на 36-годишна возраст. Таа беше пронајдена во нејзиниот стан во Гринвил, Јужна Каролина, а новите детали што се појавуваат упатуваат на тоа дека причината за смртта е веројатно предозирање, со оглед на тоа што на местото на настанот е пронајден наркан, лек што се користи за брзо поништување на ефектите од предозирање со опиоиди. Наркан, лек што обично ...

Модернизацијата на Армијата се реализира според планираната динамика, веќе се испорачани оклопните возила ЏЛТВ и „Страјкер“, артилериските системи „Боран“, најголем дел од системите за противвоздушна одбрана „Мистрал 3“, а до крајот на годината се очекуваат и првите два нови хеликоптери, најави министерот за одбрана, Владо Мисајловски, на свеченоста по повод Денот на Армијата во Охрид. Министерот најави и ново законско решение за ...

Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до јавноста да не се создава непотребна загриженост при појава на поединечна угината птица во урбана средина, вклучително и гаврани и други диви преселни птици. „Особено внимание треба да се посвети доколку се забележи поголем број угинати гаврани или други диви преселни птици на исто подрачје и во краток временски период. Граѓаните кои ќе забележат ваква невообичаена појава се повикуваат да ја ...

Американската тенисерка Аманда Анисимова, која неодамна играше против Лина Ѓорческа на Вимблдон се најде во центарот на вниманието, но овојпат не поради својот тенис. Анисимова во Синсинати ја совлада Еала со 2-1 во сетови, откако славеше со 6-4, 4-6 и 6-2. Сепак, нејзината победа остана во втор план по еден необичен момент за време на мечот. При една од паузите, Американката извади пијалак кој вообичаено не се гледа на тенискиот терен. ...

Синоќа по полноќ во скопската општина Аеродром дошло до сериозна тепачка поради што кривично ќе се гонат пет луѓе. „Единицата за насилен криминал при СВР Скопје – Одделение за насилен криминал поднесе кривична пријава против Е.М., Е.Р.(30), Ѓ.А., А.Р.(32) и еден малолентик поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 396 став 3 од Кривичниот законик“, информираа од МВР. Во 01:15 часот по полноќ, на ...

Дипломатот Крум Ефремов ќе биде нов амбасадор на Македонија во Бугарија, а во тек се подготовките за неговото заминување во Софија, соопшти денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Муцунски на прес-конференција рече дека постапката за именување на амбасадорот во Софија веќе не е класифицирана, поради што може јавно да го соопшти името. Ефремов е професионален дипломат и актуелен директор на Директоратот ...

Пеп Гвардиола во период кога Манчестер сити имаше послаби резултати одлучил да употреби своја животна ситуација за да ги разбуди фудбалерите. Шпанскиот стратег пред две години во соблекувалната зборувал отворено за разводот со Кристина Сера и се обидел на тој начин да ги мотивира фудбалерите. Гвардиола неодамна, по девет години на клупата на „граѓаните“, го напушти Манчестер сити. Во периодот додека го водеше англискиот гигант, тој се ...

Силни емоции, по кои завладеала заглушувачка тишина што траела долго, а потоа била прекината со силен аплауз од присутната публика – така поминала светската премиера на „Добри луѓе“, документарниот филм на македонскиот режисер Милчо Манчевски посветен на трагедијата во Кочани, прикажан во натпреварувачката документарна програма на 32. Сараевски филмски фестивал на 16 август 2026. Во интервјуто за „Слободен печат“, Милчо Манчевски зборува за ...

Еден од четворицата осомничени за намерно предизвикување десет пожари на подрачјето на Задар и Задарската жупанија, Владимир Чупиќ, е сопственик на земјиштето во бенковачкото село Билјане Доње на кое со години се наоѓаше озлогласеното „Црно Брдо“ — депонија со околу 140.000 тони канцероген индустриски отпад, објави хрватскиот портал Нет.хр, повикувајќи се на извештајот на РТЛ Данас. Чупиќ за целиот случај проговорил дури во мај минатата ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, најави дека во четврток и петок ќе се одржи Амбасадорски совет, каде еден од говорниците ќе биде и заменик-претседателот и министер за надворешни работи на Република Чешка, Петр Мацинка, кој утре ја започнува официјалната посета на Македонија. Амбасадорскиот совет ќе се одржи во Скопје, а на него учествуваат шефовите на македонските дипломатско-конзуларни претставништва ...

Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст. Во текот на животот беше препознатлива по остриот, провокативен и често контроверзен стил, а во интервјуата, книгите, колумните и јавните настапи остави зад себе бројни изјави кои и денес се прераскажуваат. Нејзиниот хумор беше директен, неретко суров и без цензура, а преку него зборуваше за политиката, општеството, мажите и жените, парите, љубовта, сексот и ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
0.51
74%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.01
94%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.58
65%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
65%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
3.13
65%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / -2ᴼ
1.03
93%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53