Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Наградуваниот француски филмски продуцент Николас Алтмајер (61) и шефицата за односи со јавност на луксузниот моден бренд „Диор“, Матилда Фавиер (57), загинаа во тешка сообраќајна несреќа во западна Франција. Трагичниот инцидент се случил во понеделникот попладне во департманот Де Севр, кога нивниот автомобил автомобилот се судрил со камион што доаѓал од спротивната насока за време на претекнување, пренесуваат француските медиуми. Никола ...
Вечерва во Скопје ќе се спроведе дезинсекција против комарци, 13-та по ред, со теренски третман, а како што информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, ваквите активности ќе продолжат и во наредните денови. Издадов налози на 20 август да се спроведе теренска дезинсекција против возрасни форми на комарци, на 21 август, во раните утрински часови, да се изврши авионска дезинсекција, додека од 23 до 26 август да се спроведува терестична ...
Јаник Синер би можел да го пропушти претстојниот САД Опен, а неговиот настап на последниот грен слем во сезоната во моментов е под голем знак прашалник, пишува италијанската „Газета дело спорт“. Најдобриот тенисер во светот последен пат беше на теренот на 12 јули, кога го освои Вимблдон. По триумфот, Синер мораше да направи пауза поради повреда на коленото, а неговото отсуство би можело да се продолжи на повеќе од два месеци. Италијанецот ...
Фудбалската федерација на Македонија откако претходно изрази поддршка на УЕФА која се закани со бојкот на натпреварувањата на ФИФА поради контроверзниот план за продажба на првата од Мундијалот на приватни бизнисмени, сега ја откажува и поддршката за Џани Инфантино, дознава „Арена Спорт Македонија“. Во ФИФА се подготвуваат избори, а Инфантино до пред почетокот на Светското првенство имаше голема поддршка европските сојузи, сепак еден по еден ...
Судењето на Дуан „Кефе Д“ Дејвис за убиството на Тупак Шакур започна во Лас Вегас, а обвинителството го прикажа како човекот кој, од одмазда, го организирал пукањето во кое славниот рапер беше убиен пред речиси 30 години. Дуан Дејвис (63) е обвинет за убиството на Шакур. Обвинителите не тврдат дека тој пукал, туку дека го испланирал и организирал нападот. Дејвис ги негираше обвиненијата на почетокот на судењето и се изјасни за невин, ...
Откако Ливерпул ја освои Премиер лигата во 2025 година, следуваше турбулентна сезона во која тимот падна на петтото место, што во мај го чинеше отказ тренерот Арне Слот. На негово место беше доведен Шпанецот Андони Ираола, по одличните резултати на клупата на Борнмут. Сепак, и покрај засилувањата како талентираниот стопер Жереми Жаке од Рен, крилниот напаѓач Виктор Муњоз од Осасуна и Роналд Араухо, кој пристигна на позајмица од Барселона, ...
На 94-годишна возраст почина познатата шкотска глумица Филида Ло, препознатлива по својата децениска кариера во театарот и на филмското платно, како и по тоа што беше мајка на познатите актерки Ема и Софи Томпсон. Веста за нејзината смрт ја потврди нејзината менаџерка Џеки Лего, истакнувајќи дека „починала мирно во својот дом, опкружена со целото семејство“, пишува „Холивуд Репортер“. Од сценографија до театарски штици Филида Ло е родена во ...
Ужасно злосторство се случил во Кумберг, Австрија, каде што 37-годишен маж е осомничен дека ја нападнал својата осумгодишна ќерка со нож, пишуваат австриските медиуми. Девојчето било пренесено во болница со сериозни повреди, но лекарите не можеле да ѝ го спасат животот. Како што пишува австриските медиуми, трагедијата се случила синоќа во семејна куќа лоцирана покрај главниот пат, во самиот центар на градот. Местото на злосторството се наоѓа ...
Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги најновите содржини од домашната и светската политика во информативниот блок, во кој ќе ви презентираме и актуелности од повеќе области како здравство, економија, хроника, регионални случувања, спортски информации… Модератор на вестите е Александра Вуксановиќ. Секој работен ден со почеток во 16 часот гледајте Вести на „Слободен печат“. Следете ги ...
Само три месеци откако стави крај на професионалната кариера, поранешниот дефанзивец на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, Никлас Зуле, повторно се најде на фудбалскиот терен. Зуле во мај го раскина договорот со Борусија Дортмунд по уште една повреда на коленото. 30-годишниот Германец тогаш реши во преден план да ги стави своето физичко и ментално здравје и да се повлече од професионалниот фудбал. Сепак, очигледно не можеше долго без ...
Јувентус го комплетираше ангажманот на италијанскиот голман Гуљелмо Викарио, кој по три години поминати во Англија повторно ќе брани во италијанскиот фудбал. Викарио во Торино пристигнува на едногодишна позајмица и ќе остане во клубот до 30 јуни 2027 година. Во договорот е вклучена и опција за откуп, па „Старата дама“ ќе може да го задржи голманот и по истекот на позајмицата. За перманентен трансфер Јувентус ќе треба да плати осум милиони ...
Од денеска до 22 август, спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид ќе биде домаќин на петтото издание на меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“. На турнирот ќе учествуваат осум екипи, поделени во две групи. Македонија ќе има два претставника, домаќинот Охрид и Вардар, додека охриѓани ќе се обидат да го одбранат трофејот освоен на минатото издание. Во групата А се наоѓаат Охрид, репрезентацијата на Египет до 20 години, Војводина ...
Уапсен е 52-годишен кавадарчанец, по пријава дека со остар предмет ѝ се заканувал на сопругата, соопшти Министерството за внатрешни работи. „На 17 август во 22:50 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода З.Б. (52) од Кавадарци. Претходно било пријавено дека во семејниот дом тој со остар предмет ѝ се заканувал на својата 45-годишна сопруга. Мажот бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен јавен ...
Лука Модриќ зборуваше за својата одлука да потпише нов договор со Милан, тој истакна дека не размислувал летово да си замине од Милано и покрај болниот крај на минатата сезона. Во интервју за „Milan TV“, Хрватот се осврна и на повредата што ја заработи против Јувентус, која му ги засени последните месеци од сезоната. „Никогаш не помислив дека тоа ќе биде мојот последен натпревар за Милан. Длабоко во себе знаев дека сакам да продолжам, но во ...
Познатата македонска пејачка Биба Додева има посебен повод за славење, роденденот на нејзината ќерка Емануела. Пејачката на Фејсбук сподели моќна, емотивна и поучна порака преполна со љубов, поддршка и животни мудрости. Биба ѝ посака на својата наследничка да чекори храбро низ животот, да учи од грешките и никогаш да не се плаши да биде тоа што е. „Најмило на мама. Среќен ти роденден, жива, здрава и со к’смет да си ми. Диши слободно, обиди ...
Албанската полиција го уапси во Леван, кај Фиер, осомничениот сторител на убиствотос о повеќе убоди од нож на 21-годишеното момче, кое утрово беше пронајдено мртво на лежалка на плажа во Ксамил. Полицијата соопшти дека странскиот државјанин кој го загуби животот, за кого претходно се тврдеше дека е француски, е потврдено дека е португалски државјанин Луис Мигуел Варела Мендес, роден во 2005 година, пишуваат албанските медиуми. Полицијата ...
Натпреварот меѓу Тетекс и Работнички од второто коло во Втората македонска фудбалска лига нема да се одигра според првично утврдениот распоред. Причината е барањето на тетовскиот клуб за одложување на средбата, бидејќи двајца негови фудбалери ќе бидат дел од македонската делегација на Медитеранските игри во Таранто. Така, дуелот ќе добие нов термин, кој дополнително треба да го одреди Фудбалската федерација на Македонија. Работнички одлично ...
Популарната српска актерка Анѓелка Прпиќ, сега Стевиќ-Жугиќ, објави серија фотографии во сосема природно издание и отворено проговори за прифаќање на зрелоста и природната убавина без криење зад филтер. Во ерата на нереални естетски стандарди и филтри кои ја бришат секоја несовршеност, Анѓелка Стевиќ Жугиќ се одлучи за редок, но потег за пофалба. На својот инстаграм-профил, таа сподели серија снимки одблизу од своето лице без тешка шминка, ...
Објавен е идентитетот на британската брачна двојка која загина вчера откако се урнатуристичкиот хеликоптер на грчкиот остров Сифнос. Станува збор за Алекс Кроми и неговата сопруга Мари Еберт, кои беа на меден месец. Нивната смрт беше потврдена од компанијата за која работеше Кроми. Фирмата за управување со средства „Блекстоун“, каде што работеше Кроми, денеска објави соопштение кое го пренесе „Скај њуз“. „Шокирани сме од трагичната смрт, ...
Весна Петрушевска денеска повторно ја испрати својата ќерка Мина во Дубаи, каде што таа замина заедно со нивната блиска пријателка Моника Милков, која актерката со години ја нарекува свое „трето дете“. Петрушевска сподели неколку моменти од нивното заминување на својот инстаграм-профил. Најпрво објави видео од автомобилот додека ги возеше кон аеродромот. „Моите ќерки Мина и Моника одат на печалба во Дубаи. Многу сум горда на нив“, рече ...
Објавени се номинациите за овогодишните музички награди Ем-ти-ви видео музичк награди (MTV Video Music Awards) . На чело на листата се наоѓа поп-иконата Мадона со дури 11 номинации, додека Тејлор Свифт е зад неа со девет. По нив се Аријана Гранде и Сабрина Карпентер со по седум номинации, пренесува „Пипл“. Свеченото доделување ќе се одржи во недела, на 27 септември, со директен пренос од Лос Анџелес. Главни категории и номинации: Видео на ...
Даночни прекршувања во висина од 92.000 евра откриле инспекторите од Управата за јавни приходи на Грција (ААДЕ) за време на ненајавените контроли спроведени на туристички бродови и пловни возила што организираат целодневни или попладневни крстарења на грчкиот остров Санторини, при што биле изречени казни во вкупен износ од 43.000 евра, пренесува Катимерини. Во операцијата наречена „Ќе те однесам на крстарење 2026“, инспекторите направиле ...
Пелистер ќе мора да го напушти својот дом и вториот натпревар од новата сезона да го одигра на неутрален терен. Битолскиот клуб информира дека дуелот од 2. коло против Брера ќе се игра на Градскиот стадион во Кавадарци. Причината е тревната подлога на стадионот „Петар Милошевски“, која во моментов се обновува. По консултациите со ЈП „Комуналец“ – Битола и Фудбалската федерација на Македонија, донесена е одлука натпреварот да биде преместен ...
Салма Хајек неодамна стана баба откако нејзиниот посинок, Франсоа Пино Џуниор, го пречека своето прво бебе со сопругата, Лара Козима Хенкел фон Донерсмарк. Хајек е мајка на Валентина со својот сопруг, Франсоа-Анри Пино, а е и маќеа на трите деца на Пино, Матилда, Франсоа и Аугустин, објави „Пипл“. Во неделата, Хајек сподели слатко видео на Инстаграм, држејќи го својот внук и зборувајќи му на шпански. Во описот, таа откри дека и името на ...
Најмалку 50 млади луѓе се повредени во експлозија што се случила во училиште во западниот дел на Кабул, Авганистан, а најголем дел од повредените се ученици, соопштија болнички извори, пренесува „Кабул нау“. Според авганистанските медиуми, околу 50 деца се повредени откако рачна граната експлодирала во близина на училиште во населбата Дашт-е-Барчи во Кабул. Специјалниот известувач на ОН за Авганистан го осуди нападот и повика на независна ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје вечерва го одработија првиот тренинг пред новата сезона, во која македонскиот шампион го очекуваат настапи на три фронта – Суперлигата, АБА2 лигата и ФИБА Еврокупот. Тренерот Васко Атанасов на располагање го имаше поголемиот дел од ростерот, а амбициите остануваат највисоки – одбрана на домашните трофеи и што подобри резултати во регионалното и европското натпреварување. Особено внимание привлекува враќањето на МЗТ ...
Славниот фудбалер Кристијано Роналдо (41) и неговата долгогодишна партнерка Георгина Родригез (32) го изговорија судбоносното „да“ на приватна скромна церемонија одржана во нивниот дом во Кашкаиш, Португалија, опкружени само со нивните пет деца. Свадбата се одржа во дневната соба, на истата маса каде што секојдневно појадуваат и ручаат, со што симболично ја одбележаа и 10-годишнината од нивната љубов, пишува „Пипл“. Георгина за списанието ...
Холандското здружение на новинарите, Здружението на главните уредници, Фондот за слобода на печатот и гранковската организација на издавачите НДП (NDP) побараа итен разговор со Инспекторатот за здравствена заштита и млади, револтирани од високите глоби што ова тело им ги изрече на повеќе водечки весници поради новинарското известување за лекот „оземпик“, како и за лековите „вегови“ и „маунџаро“, пренесува „Ен-ел тајмс“. Инспекторатот парично ...
Динамо Загреб вечерва од 21 часот на „Максимир“ ќе го пречека норвешкиот шампион Викинг во првиот натпревар од плејофот за пласман во лигашката фаза од Лигата на шампионите. За загрепскиот гигант ова е огромна шанса. Две добри средби го делат Динамо од елитното европско натпреварување и од најмалку 30 милиони евра приход од наградниот фонд на УЕФА. Сепак, пред дуелот во центарот на вниманието во Норвешка се најде состојбата на стадионот ...
Во Калифорнија на 14 август се одржа 50. издание на американскиот натпревар за најгрдо куче во светот, каде титулата ја освои шестгодишен мопс по име Џини Лу, пренесува „Евроњуз“. Натпреварувачите на традиционалниот натпревар имаат една заедничка карактеристика: генетиката не била особено љубезна кон нив, но тоа не значи дека нивните сопственици ги сакаат помалку. „Веќе 50 години, овој настан ја слави уникатноста на секое куче, споделувајќи ...