Скопје
18ᴼ /
18ᴼ
Во текот на седмицава ќе преовладува топло време. Утре ќе има локален развој на нестабилна облачност, а во среда на повеќе места се очекува променливо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд и услови за ретка појава на град, соопшти УХМР. Од четврток времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните ...
Шведска го победи Тунис со 5:1 рано утрово во Монтереј, Мексико, во нивниот прв натпревар од групната фаза на Светското првенство во 2026 година. Стрелци на головите за победничката репрезентација беа Јасин Ајари (два), Александар Исак, Виктор Ѓекерш и Матијас Сванберг. Единствениот гол за Тунис е дело на Омар Рекик. Шведска е на врвот на групата Ф со три бода, Јапонија и Холандија имаат по еден, Тунис е на четвртото место без освоен бод. Во ...
Авион со патници кои планирале да поминат сончево неделно попладне во скокање со падобран се урнал во американската држава Мисури, при што загинале сите 12 лица што се наоѓале во леталото, соопштија надлежните власти. Според соопштението на Сообраќајната патрола на Мисури, полициски службеници се на терен и им помагаат на полициската станица во Батлер и на Канцеларијата на шерифот на округот Бејтс во истрагата на несреќата. Авионот се урнал ...
Американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека е постигнат мировен договор со Иран. Претходно договорот го објави пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, кој посредуваше меѓу двете завојувани страни. „Договорот со Исламската Република Иран е постигнат“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушл“. Засега не се познати конкретните услови од договорот. Шариф изјави дека тој предвидува „итен и траен прекин на воените операции на сите ...
Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, потврди за иранската државна телевизија дека од ноќеска стапува во сила итен и траен прекин на војната и на воените операции на различните фронтови. Тој додаде дека преговорите за конечен договор ќе се водат во текот на 60-дневен период и предупреди дека Техеран ќе преземе мерки во случај на „прекршувања од другата страна“. Постигнатиот договор рано утринава беше објавен од ...
Германија, Франција, Обединетото Кралство и Италија изразија подготвеност да помогнат во обезбедување слободна пловидба низ Ормуската Теснина, вклучително и нивно учество во евентуална таква мисија. Во заедничката изјава на германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и италијанската премиерка Џорџа Мелони, се наведува дека итното отворање на Ормуската Теснина за „безусловна и ...
Ормуската Теснина ќе биде отворена по официјалното потпишување на договорот меѓу САД и Иран, закажано за в петок, соопшти американскиот претседател Долнад Трамп на својата социјална мрежа. Иранските медиуми повикувајќи се на неименувани извори, исто така објавуваат дека отворањето на Ормуската Теснина ќе следи по потпишувањето на договорот на 19 јуни. Од првичната изјава на Трамп по објавувањето на договорот можеше да се заклучи дека ...
Министрите за надворешни работи на Европската Унија денеска во Луксембург треба да разговараат за нови санкции против Русија и за дополнителна поддршка за Украина. На дневниот ред се и конфликтот на Блискиот Исток, како и односите на Унијата со Кина. Се очекува министрите да одобрат санкции против уште десетици бродови кои се дел од таканаречената руска „флота во сенка“ – термин што се користи за танкери и за товарни бродови кои Москва ги ...
Најмалку шест лица загинаа при судир на два хеликоптери над Рио де Жанеиро, додека полицијата проверува дали меѓу жртвите е и американскиот пејач и комичар Оливер Три. Несреќата се случила над квартот Рекреио дос Бандирантес, по што леталата се урнале на паркинг на автосалон во западниот дел на градот. При падот избувнал пожар, а биле оштетени околу 20 автомобили. Противпожарните служби соопштија дека сите шест жртви се наоѓале во двата ...
Цените на нафтата денеска забележаа пад на азиските берзи откако беше објавено дека САД и Иран постигнале договор за прекин на воените дејства. Цената на нафтата од типот „Брент“ се намали за 3,8 проценти на азиските берзи, на 84,02 долари за барел, додека американската лесна сирова нафта поевтини за 4,1 процент, на 81,40 долари за барел. За договорот за прекин на огнот првично соопшти Пакистан, кој посредуваше во напорите за ставање крај на ...
Министерството за надворешни работи на Србија доцна синоќа соопшти дека го примило соопштението на МНР на Црна Гора и оцениле дека тоа претставува „потврда за хибридната природа на постапките на одредени кругови во Црна Гора кон политичкиот живот на Србија“. „Наместо вакви груби и во суштина неиспровоцирани најави и јавни навреди и обиди за замолчување, јасно насочени кон идејата за прекумерно влијание врз политичкиот живот на Србија, ...
На „Плочник“ кај Градски ѕид синоќа се одржа второто издание на „Центарска симфонија“, во организација на Општина Центар. Како што соопштија од Општината, публиката уживаше во македонските евергрини и филмска музика, во изведба на „Сонора Колектив“ оркестарот и одличните вокали на Иван Наумовски и Елена Васова. -Центар останува место на најубавите културни настани. Среќен сум што вечерва ве гледам овде, во толку голем број, на уште едно ...
Се потврди дека се невистина тврдењата на СДСМ, затоа што нема мигранти во државава, но ќе има брза пруга, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, на новинарско прашање до каде се проектите за финансирање со Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Студиите за брзата пруга на Коридор 10, како што рече, треба да бидат готови најдоцна до јули, по што следува постапка за закон во Собранието и од есен и на терен да се почне ...
Едно лице се здобило со минимални изгореници во пожарот што денеска избувнал помеѓу селата Долани и Љуботен, во Општина Штип, информираат од Центарот за управување со кризи. Екипата на Итната медицинска помош веднаш интервенирала и на лицето му била укажана соодветна медицинска помош. Според досегашните информации, нема други повредени лица. По пријавата за пожар во во атарот на селото Долани, Општина Штип Територијалната противпожарна ...
Американскиот Претседател Доналд Трамп тврди дека Иран се согласил да се откаже о нуклеарното оружје. Во објава на социјалните мрежи, Трамп вели дека официјален Техеран никогаш нема да има вакво оржује. „Договорот е предвидено да биде потпишан утре, а веднаш по неговото потпишување, Ормускиот теснец ќе биде ОТВОРЕН ЗА СИТЕ. Нашиот однос со Иран е многу поинаков и подобар од оној што го имаа претходните администрации.“ – напиша Трамп во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги повика Израел, Хезболах и „другите страни“ да престанат со напади „за да не ги расипат“ напорите за постигнување мир во регионот. „Нападот врз Бејрут утрово не требаше да се случи, особено на посебен ден кога сме толку блиску до мировен договор со Иран. Израел има право да се брани од закани, но нападот на кој реагираше беше многу мал и бесмислен, никој не беше повреден, или убиен, и не треба ...
Главниот ирански преговарач и претседател на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, денеска изјави дека израелските напади во јужниот дел на Бејрут покажуваат дека САД немаат ниту волја, ниту капацитет да ги спроведат своите обврски. „Со давањето зелено светло (на еврејската држава) не можете да добиете никакви отстапки … Ако немате ниту волја, ниту капацитет да ги исполните вашите обврски, невозможно е да се зборува за продолжување на ...
ВМРО-ДПМНЕ на 17 јуни на стадионот во Струмица ќе го одбележи роденденот на партијата, а потоа ќе започнат разговорите за реконструкцијата на Владата, посочи денеска премиерот Христијан Мицкоски по пуштањето во употреба на Домот за стари лица „ПУСЗ Оаза by Adora“ во Општина Илинден. За најавите за парламентарни избори, рече дека ВМРО-ДПМНЕ сака редовни избори, но ако биде предизвикана ќе оди на избори пред рокот и ќе победи. - Следната ...
На автопатот Скопје - Гевгелија, кај село Милетково, гевгелиско, синоќа околу 20:00 часот полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија го лишиле од слобода И.Р.(21) од село Батинци, општина Студеничани. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека И.Р. управувал патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 244 километри на час на место каде со сообраќаен знак брзината на ...
Во Прилеп денеска се одржа хуманитарната трка насловена „Трка со срце“ кој се трчаше низ прилепските улици. Учесниците трчаа на две патеки, едната долга 5,а другата 10 км. Организатор е Ротаракт Клуб од овој град. Трката се организира за прв пат, а целта е да се упати силна порака за хуманост, заедништво и инклузивност, покажувајќи дека трчањето не е само натпревар, туку и начин да се помогне таму каде што е најпотребно. Сите собрани средства ...
Охрид деновиве пулсира во знакот на спортот. Бројните настани привлекуваат посетители но и ги мотивираат младите наместо да седат пред компјутери и на телефон кои доведуваат до физички деформитети, намален имунитет и психолошки проблеми да спортуваат. Ситуацијата е алармантна велат добрите познавачи и посочуваат дека тоа е сериозен предизвик на денешницата кој влијае врз здравјето на новите генерации. Спортот е клучен за правилен физички, ...
Доброволното противпожарно друштво од Штип наскоро ќе добие значајна поддршка во опрема за своите членови. Доброволците очекуваат испорака на донација од САД, која ќе придонесе за подобрување на нивната подготвеност при интервенции. Командирот на ДПД-Штип, Димитар Ташков, информира дека донацијата е обезбедена преку сопствени контакти и иницијатива на членовите на друштвото, а во моментот се наоѓа во царинска постапка. - Пристигнат е ...
Ако сѐ биде како што треба, брзата пруга долж Коридорот 10 ќе почне да се гради уште на есен. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека веќе бил на состанок со потенцијалните заемодаватели. Во меѓувреме, се чека физибилити студијата, а во текот на летото ќе треба да бидат донесени потребните закони за изградбата да може да почне. Говорејќи за Стратешкиот договор со Велика Британија, повтори дека не предвдивува носење мигранти, односно, ...
Од традиционалната риба на трска, преку крап тава , па се до познатите дојрански лангиди. Со презентација на богатото кулинарско наследство и специјалитети од дојранското поднебје, во Дојран се одржа фестивалот на традиционална храна, обичаи и култура „Дојран гурман фест“. Со оваа манифестација, веќе 14 години по ред, и симболично се означува почетокот на летната туристичка сезона. Градоначалникот на општина Дојран, Илија Тентов, вели дека ...
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по повеќе од две децении на чело на партијата, најави повлекување од претседателската функција.. Во говор на партиски состанок во Куманово, без да прецизира кога би ја напуштил лидерската позиција, Ахмети порачал дека нема намера засекогаш да биде претседател и дека својот ангажман сака да го продолжи во редовите на партиските ветерани.. Политичките аналитичари оценуваат дека најавата за повлекување, до следнтите ...
Довербата од два проценти во правосудство може да се реши само со сериозни реформи против партизацијата вели претседателката Сиљановска Давкова. Во интервју за МИА, побара поголема одговорност и сериозно преиспитување на потеклото на имотот на функционерите. Целосно напуштање на партизацијата при изборот на судии и јавни обвинители, но и на убедувањето дека со пари и влијание може да се купи речиси сè. Секој кога ќе стапи не само на ...
По партискиот роденден, премиерот го најави стартот на разговорите за реконструкција на неговиот кабинет Мицкоски ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека турка предвремени избори поради лошата финансиска кондиција, коментирајќи дека на Бихаќка владее страв од избори. Наредните парламентарни избори без разлика дали ќе бидат превремени или во редовниот термин ќе бидат последните кои ќе ги организира Пржинска влада. По партискиот роденден, ...
Во воведното коло во групата Ц на Светско првенство, Бразил и Мароко одиграа без победник 1-1, а Шкотска минимално го совлада дебитантот Хаити со 1-0, додека стартна победа во групата Д извојува Австралија, триумфирајќи над Турција со 2-0. Бразил и Мароко на стадионот „Метлајф“ во Њу Џерси одиграа возбудлив натпревар, особено во првото полувреме, во кое Мароканците дојдоа во водство со голот на Саибари во 21 минута, а Винисиус донесе ...
САД и Иран, со посредство на Пакистан и Катар, и со учество на Египет и Турција, како што се очекува, денеска ќе одржат виртуелен состанок и електронски ќе потпишат меморандум за разбирање со кој ќе се продолжи прекинот на огнот за 60 дена, повторно ќе се отвори Ормуската Теснина и ќе започнат нови преговори за иранската нуклеарна програма, објави синоќа Аксиос, повикувајќи се на свои извори. Меморандумот за разбирање треба да придонесе за ...
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, му порача на својот индиски колега Субраманјам Џајшанкар дека сите трговски бродови во Ормуската Теснина мора веднаш да ги почитуваат наредбите на американските сили, објави синоќа американскиот Стејт департмент. По телефонскиот разговор меѓу двајцата функционери, Рубио рече дека „сите комерцијални бродови треба веднаш да ги почитуваат наредбите на американските сили“ во овој стратешки важен ...