Францускиот претседател Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит Макрон му посакаа добредојде на Доналд Трамп на Г-7 самитот, а средбата овојпат беше обележана со необичното ракување на американскиот претседател. За време на неговото пристигнување на Самитот во Евијан, Трамп накусо се ракуваше со Макрон, по што следеше поздравот со Брижит… И, ракувањето со неа траеше околу 13 секунди. Тоа, според некој набљудувачи, се опишува како ...

Неколку ирански бродови помина низ американската зона на поморска блокада во Оманскиот Залив, објавија иранските државни медиуми, по постигнувањето на прелиминарниот договор меѓу САД и Иран, чија цел е ставање крај на конфликтот во регионот. Најмалку три танкери што превезувале нафта и два товарни брода синоќа го минале подрачјето без инциденти, објави иранската телевизија „Прес ТВ“, повикувајќи се на информирани извори. Овој развој на ...

Унгарскиот експеримент за зголемување на наталитетот преку финансиски стимулации, воведен од владата на тогашниот премиер Виктор Орбан во 2010 година, не ги постигна долгорочните цели, објави Би-Би-Си.Стапката на фертилитет во земјата се зголеми од 1,25 деца по жена во 2010 година на 1,59 во 2020 година, но до 2025 година повторно падна на 1,31, што е блиску до почетното ниво. „Судејќи според поставените цели, ова недвосмислено е неуспех“, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли тврдењата дека Вашингтон обезбедува финансиска помош за Иран, оценувајќи ги извештаите за повеќемилијарден фонд за обнова како „лажни вести“, објавија Ен-Би-Си Њуз (NBC News) и „Фајненшл тајмс“ (Financial Times). „Приказната дека САД му плаќаат на Иран 300 милијарди долари е лажна вест“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушал“ (Truth Social). Иако го спомена износот од 300 ...

Првиот натпревар од групата Г одигран вечерва во Сиетл меѓу Белгија и Египет заврши без победник 1:1. Неочекувано репрезентацијата од Африка поведе, додека Белгија успеа да изедначи во вториот дел. Египет поведе по асистенцијата на капитенот Мохамед Салах, а Емам Ашур го совлада Тибо Куртоа во 19.минута за водство на „фараоните“. Со овој резултат заврши првиот дел, а нешто поквалитетно се играше во вториот дел. Египет пропушти да зголеми ...

Бразилскиот кошаркарски тренер Тиаго Сплитер ќе биде нов тренер на поранешниот НБА шампион Чикаго Булс. Сплитер изминатава сезона ја мина како тренер на Портланд и избори плеј оф со биланс 42-40 (победи/порази). Во плејофот неговата екипа беше елиминирана во првото коло од финалистот Сан Антонио. Сплитер е првиот бразилски кошаркар во НБА лигата што ја освои шампионската титула со Сан Антонио во 2014 година. Тој на позицијата тренер во ...

Репрезентацијата на Саудиска Арабија ноќеска ремизираше 1:1 со Уругвај во Мајами, САД, во нивниот прв натпревар од групната фаза на Светското фудбалско првенство 2026. Одбранбениот играч на Саудиска Арабија, Абдула Ал-Амри, го отвори резултатот во 41. минута. Играчот од средниот ред Максимилијано Араухо возврати во 80. минута. Во Х-групата на Мундијалот сите четири репрезентации имаат по бод по првото коло. Во второто коло, Уругвај ќе игра ...

Фудбалерот на Холандија, Вирџил ван Дајк, се изјасни против паузите за вода на Светското првенство во 2026 година. – Мислам дека паузите за вода се интересна тема. Досега ги гледав речиси сите натпревари од турнирот. Не ми се допаѓа фактот што секој пат кога се прекинуваат, се прикажуваат реклами. Сигурен сум дека ниту неутралните гледачи не го сакаат тоа. Ако е навистина жешко, треба да ги имаат овие прекини, но мислам дека секој натпревар ...

Голманот на Кабо Верде, Возиња, стана вистинска интернет сензација по историското реми без голови против Шпанија на Светското првенство 2026. Искусниот чувар на мрежата блескаше со серија неверојатни одбрани и беше најзаслужен што неговата репрезентација освои бод против еден од фаворитите на турнирот. Неговата партија веднаш предизвика огромен интерес на социјалните мрежи, па бројот на следбеници на неговиот Инстаграм профил експлодираше од ...

Ниту еден од деветмината обвинети полицајци од Штип и Кочани не се чувствува виновен за злоупотреба на службената положба. Денеска започна главната расправа и сите се изјаснија дека не го сториле кривичното дело за кое се обвинети. Обвинителството ќе докажува дека тие од 2021та до 2023тата година, со тоа што не си ја извршувале работата и не ги направиле потребните проверки му овозможиле на каберето Пулс да се стекне со лиценца и да продолжи ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен ...

Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе одржи јавна расправа по Предлог-законот за судска служба и Предлог-законот за јавнообвинителска служба. Со Предлогот на закон за судска служба се уредува посебниот статус на вработените во судската служба и тоа посебните државни службеници-судски службеници, државните службеници, судската полиција и помошно техничкиот персонал. Со Предлогот на закон за ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција ќе објави нова инвестиција од компанијата „Џаво Отомотив“ во ТИРЗ Тетово со која се очекува да се отворат над 400 нови работни места. Мултинационалната корпорација „Џаво Отомотив“ работи во индустријата за автомобилска опрема, дизајнира и произведува безбедносни производи, како и разни механизми и оперативни кабли за многу водечки производители на автомобили. Освен во ...

Македонија ќе го добие првиот центар за вештачка интелигенција „Везилка“, кој ќе биде промовиран идната недела, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски. Центарот ќе има клучна улога во развојот на македонски јазичен модел и во создавањето домашна дигитална база која ќе овозможи македонскиот јазик, култура и идентитет да бидат соодветно застапени во современите технологии. - „Везилка“ е проект насочен кон ...

На ситуацијата на копнените гранични премини со спроведувањето на ЕЕС системот, можноста што европската регулатива ја дава за привремена суспензија на биометриската регистрација, но и на одлуката да се постават модуларни контролни пунктови на Евзони со кои една сообраќајна лента се претвора во две, со цел да се скрати времето на чекање, се осврна заменик-министерот за внатрешни работи на Грција, надлежен за областите Македонија и Тракија ...

Децата во Северна Македонија се сè поизложени на повеќе климатски закани истовремено. Мнозинството од нив се погодени од топлотни бранови, суши и загаден воздух, според новиот глобален извештај на УНИЦЕФ, се наведува во денешното соопштение. - Извештајот за климатски ризици кај децата за 2026 година открива дека заканите што доаѓаат од климатските промени се широко распространети во Северна Македонија и веќе влијаат врз здравјето, развојот и ...

Со собрани вкупно 684.777 килограми отпад, 70.688 учесници, над 600 организации, повеќе од 250 државни институции, училиштата од целава земја и бројни компании, заврши шестото издание на ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД – најмасовната еко иницијатива во земјава и на Балканот, пишува во денешното соопштение, што МИА го пренесува интегрално. За шест години постоење, акцијата успеа вкупно да мобилизира повеќе од 170.000 граѓани и беа собрани вкупно 2,2 милиони ...

Поскапуваат горивата. Регулаторната комисија ги објави новите цени. Од полноќ, бензинот БС-95 поскапува за денар и пол и ќе се продава по 87,5 денари по литар. 98-октанскиот оди нагоре за два денари и ќе чини 90 денари. Минимално поскапување од половина денар има кај дизелот, кој ќе се точи за 87,5 денари. На полноќ завршуваат и мерките за горивата, што значи дека во новите цени се пресметани редовните акцизи од 22 денари за бензините и 15,5 ...

Безбедносните експерти со внимателен оптимизам ја следат најавата за договор за крај на војната меѓу САД и Иран, кој би требало да ги стиши тензиите на Блискиот Исток. Иако најавата за смирување на состојбите ги охрабрија свеските пазари за намалување на цената на нафтата, експертите предупредуваат дека и претходните обиди за мир завршуваа со нови ескалации. „Не заборавајте дека Трамп и републиканците ги очекуваат и среднорочните избори, па и ...

САД и Иран постигнаа договор за крај на војната и отворањето на Ормутскиот теснец.Ќе биде потпишан во петок во Швајцарија, по што ќе биде објавен и текстот. Честитки до сите!, напиша Трамп на социјалните мрежи. .Целосно го одобрувам отворањето на Ормутскиот теснец без наплата на такси и наредувам итно укинување на американската поморска блокада. Бродови на светот стартувајте ги моторите, нека тече нафтата, напиша Трамп. Објавата доаѓа откако ...

Веднаш по пријавата за пожар на две службени возила сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје денеска (15.06.2026) во 12.13 часот, СВР Скопје презеде интензивни мерки и активности за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот. Во рамки на преземените активности, во краток временски период е идентификувано и пронајдено лицето за кое постои основано сомнение дека го сторило делото. Станува збор за И.Д. (44) од Скопје, ...

Пациент ја губи битката за живот. Лекарите прогласуваат мозочна смрт. Во моментите на најголема тага и болка, семејството одлучува органите да бидат донирани...неколку болни добиваат втора шанса за живот. Ова е главната суштина на органодонорството кое е најголемата вредност за човештвото. Во нашата земја треба подигнување на свесноста за донирањето на органи после смртта а тоа ќе биде олеснето и со законските измени кои деновиве треба да се ...

Две дипломатски возила во сопственост на Амбасадата на Бугарија во Скопје, денеска биле опожарени точно напладне пред влезот на објектот.. Пожарот според видеото од безбедносните камери на амбасадата кои го објавуваат бугарските медиуми, бил намерно подметнат.. До возилата доаѓа маж и од ќеса вади шише, ги полева двете возила, ги пали и бега.. Интервенирала противпожарната бригада, а увид направила полицијата и како што велат од МВР, се ...

Полицијата трага по непознат сторител кој денеска запалил две возила со дипломатски таблички пред бугарската Амбасада во центарот на Скопје. Според првичните информации, младиот маж прво полеал запалива течност и го запалил едно возило „Сузуки Витара“, по што огнот се проширил и на друго возило кое е во сопственост на Амбасадата на Република Бугарија во Македонија. По инцидентот, напаѓачот побегнал од местото. Пожарот брзо бил ставен под ...

Преку електронска алатка административците ќе учат да ги почитуваат и заштитат правата на граѓаните. Министерот за јавна администрација и делегацијата на ЕУ потпишаа меморандум кој треба да го подобри квалитетот и да го модернизира секторот кој на граѓаните им нуди директни услуги. Проектот е дел од потребните реформи на јавната админстрација, кои се и едни од клучните чекори на европскиот пат, со оглед дека вп преговорите за членство ...

Почна расправата на планарна седница за законот за правична застапеност. Решението кое доаѓа по укинувањето на балансерот, ќе стави крај на партиските влијанија во јавната администрација и ќе донесе вработувања базирани на мерит системот. Законот никому нема да се одземе некакво право им порача вицепремиерот Беким Сали на пратениците. Ги повика сите да го поддржат предложениот закон. Законот кој е во прво читање ги судри ставовите на партиите ...

Украина и Молдавија немаат опозиција како СДСМ за да ги кодоши кај меѓународните партнери, вели премиерот прашан за коментар на одуката на Брисел да ги почне преговорите со овие две земји. Според него, тоа е една од разликите меѓу нив и Македонија, заедно со фактот што ние, за разлика од нив, ја контролираме целата територија. Според Мицкоски, условвите во кои е ставена Македонија не треба да бидат причина за очај, туку дополнителна ...

“Мега понеделник” за проширување на Европската Унија. Вака го опиша денешниот ден Еврокомесарката Марта Кос пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург. Украина и Молдавија ги почнуваат преговорите по кластери и го прават најзначајниот чекор на својот пат да станат дел од европското семејство откако добија кандидатски статус во 2023 година. Прво, Украина и Молдавија ќе го направат својот најголем чекор ...

Во 2025 година, деловните субјекти изградиле 3 733 станови, чија просечна корисна површина е 75.2 м2, од кои 3 677 се во индивидуална сопственост, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Најмногу се градело во Скопскиот регион. Изградени се вкупно 1 852 објекти со вкупна станбена површина од 280 644 м2, а вредноста на извршените градежни работи изнесува 44.5 милијарди денари. МИА Во 2025 година, деловните субјекти ...

Разликата помеѓу овие две земји и нашата е тоа што ние ја контролираме целата држава и немаме такви проблеми какви што имаат тие и кај нив опозицијата не работи против своите граѓани и против својата влада, не ја кодоши сопствената влада и не работи за интересите на туѓи влади кои имаат поинакви интереси, како што е случајот кај нас, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по свеченото отворање на ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
48%
1018
weather icon

Белград

23ᴼ / 21ᴼ
4.12
35%
1016
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
68%
1015
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
63%
1020
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.01
44%
1018
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.51
74%
1016
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
3.58
54%
1015
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
53%
1015
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
0.0
47%
1015
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
3.09
62%
1020
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 21ᴼ
0.45
42%
1016
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
5.66
89%
1015
Currency

61.4762

Currency

53.1364

Currency

71.9634

Currency

37.6704

Currency

38.3539

Currency

65.3905

Currency

7.89266

Currency

0.63222

Currency

0.33409

Currency

0.52502

Currency

1.11186

Currency

0.55759

Иридиум

252383.36

Калај

56.34

Кобалт

45.39

Бакар

13.28

Родиум

282926.57

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.25

Сребро

2080.30

Злато

140678.81

Цинк

0.00

Паладиум

41731.67

Платина

56103.05