Во процес се преговорите и се надевам дека до крајот на оваа недела ќе ги имате информациите, одговори министерот за култура и туризам Зоран Љутков на новинарско прашање дали се точни неофицијалните информации дека и тој ќе биде опфатен со реконструкција на Владата. На прашањето дали има желба и натаму да го води ресорот, Љутков одговори дека процесот е на средина, а тој секогаш ќе стои зад културата. -На средина сме на процесот. Како што ...
Најмалку шест имиња се ставени на масата околу која владејачките партии ја договараат реконструкцијата на Владата. Според информациите до кои дојде Рацин.мк, под најголем притисок се министрите Зоран Љутков, Игор Филков, Цветан Трипуновски, Борко Ристовски и Фатмир Лимани, како и вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ. Конечната одлука сè уште не е донесена. Но, разговорите веќе не се водат само за тоа која партија ...

