Владата денеска на предлог на Министерството за здравство, го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечко тело заради лекување, со кој се предвидуваат нови механизми за евидентирање на волјата на граѓаните за органодарителство и се проширува опфатот на можни дарители во системот, соопштуваат од Министерството за здравство. Со предложените измени, секој полнолетен граѓанин, при посета ...

По појавата на четврти пожар кај Штип за само неколку дена, Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), изјави дека претпоставува оти пожарите се подметнати и рече дека МВР истражува за да открие можни сторители. -Во олку краток период да има вака сериозни пожари е навистина симптоматично и секако дека нè загрижува. МВР работи на откривање на сторителите и времето ќе покаже дали и кој намерно го предизвикал овој ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 44-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став од Кривичниот законик, а јавен обвинител предложи мерка притвор. Како што информира ОЈО, тој на 15 јуни околу пладне, на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, пред Амбасадата на Реублика Бугарија, со пожар предизвикал значителна опасност за ...

Многу корисници на Андроид телефоните и понатаму сметаат дека за напредни функции и автоматизација им се потребни дополнителни апликации. Но, голем број корисни функции веќе се вградени во самиот оперативен систем и работат во заднина без потреба од дополнителни инсталации.Овие функции се создадени за да ги анализираат и учат навиките на корисниците, приспособувајќи се на начинот на кој се користи уредот. Како резултат на тоа, потребата од ...

Според докторските податоци собрани од повеќе од девет милиони возрасни лица од Јужна Кореја и САД, речиси секој човек кај кого се развива срцево заболување или кој има сериозен кардиоваскуларен проблем претходно почувствувал најмалку еден од четирите ризик знаци – покачен крвен притисок, зголемен холестерол, покачено ниво на шеќер во крвта и пушење. Кога овие фактори биле анализирани заедно, истражувачите утврдиле дека биле присутни кај 99 ...

Поранешната светска тенисерка број еден и четирикратна олимписка шампионка Серена Вилијамс ќе се натпреварува во двојки на Вимблдон 2026 со својата сестра, Венус Вилијамс, објави прес-службата на турнирот. Четириесет и четиригодишната Серена Вилијамс, која ја продолжи својата професионална кариера во јуни, доби вајлд-карта од организаторите. Во својот прв натпревар по враќањето, Американката, во тим со Канаѓанката Викторија Мбоко, ги победи ...

Народната банка ја затега монетарната политика Референтната камата ја зголеми за 0,25 процентни поени, односно од 4 на 4,25 отсто. Одлуката се носи за да се зачува ценовната стабилност, поради ефектите од глобалните случувања врз домашната економија. Последиците од војната на Блискиот исток ќе се чувствуваат до крајот на годината, со што ќе расте и притисокот врз инфлацијата. Затоа, според гувернерот Славески, неминовно беше благо заостаување ...

Нова инвестиција на компанијата „Џаво отомотив“ во ТИРЗ Тетово, која се очекува да отвори околу 500 работни места, објавија денеска премиерот Христијан Мицкоски и министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. Како што рекоа Мицкоски и Дурмиши на прес-конференција во Владата, инвестицијата вредна 20 милиони евра е уште една потврда за атрактивноста на Македонија како дестинација за странските вложувачи, но и за довербата што тие ја имаат во ...

Војните во Украина и на Блискиот Исток во фокусот на Г7 Самитот во францускиот ресорт Евијан-ле-Бен, на брегот на Женевското Езеро. Европските дипломати имаат една цел - да извршат силен притисок врз американскиот претседател Доналд Трамп за да ја ревидира својата стратегија за Киев бидејќи сметаат дека досегашните предлози на САД биле премногу во корист на Москва. На самитот присутен е и украинскиот претседател Володимир Зеленскиј, кој беше ...

Иран и САД во петок ќе одржат нова рунда разговори во Швајцарија со цел постигнување конечен договор, откако претходно беше усогласен привремен меморандум меѓу двете земји, соопшти иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи. Во изјава за иранската државна телевизија, Арагчи нагласи дека претстојните преговори ќе бидат насочени кон финализирање на договорот и надминување на преостанатите несогласувања меѓу Техеран и Вашингтон, ...

Американскиот потпретседател, Џеј Ди Венс, изјави дека меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран е „мошне општ документ“ и оти деталите за конечниот договор ќе бидат усогласени во текот на натамошните преговори. Значи, постојат некои дипломатски протоколи, Шон. Постојат некои низи според кои Пакистанците се вклучени во ова. Катарците се вклучени во ова. И она што претседателот го кажа е дека договорот ќе биде објавен во петок (19 јуни). Тој ...

Претседателот на Русија, Владимир Путин не доби официјална покана од украинскиот претседател Володимир Зеленски да присуствува на Самитот на Г7, изјави портпаролот на Кремљ. – Во моментот нема официјални канали за комуникација помеѓу Киев и Москва – изјави Дмитриј Песков, при тоа повторувајќи дека Зеленски би можел да дојде во Москва на преговори. Тој наведе и дека сè уште не се одредени датуми за посета на Москва од страна на претставникот ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп на Самитот на Г7 изјави дека Русија би требало да се согласи на договор со Украина. – Видете, Русија треба да се согласи со договорот. Русија изгуби огромен број луѓе, како и Украина. Минатиот месец изгубија вкупно 35.000 војници, тоа е на месечна основа. Во просек изгубија 25.000 луѓе, претежно војници, млади, убави луѓе, и лудо е тоа што таму се случува – наведе Трамп. Тој додаде дека утрово „имал многу ...

Седумнаесетгодишната Флоринда Зекировски се води како исчезната од 11 јуни 2026 година, откако утрото околу 08:00 часот ѝ се губи трагата во германскиот град Корнвестхајм, во близина на Штутгарт. Последен пат била забележана кога заминувала на работа во локална градинка во Корнвестхајм. Според информациите од семејството, последниот сигнал од нејзиниот мобилен телефон е регистриран во градот Тибинген. Во моментот на исчезнувањето носела бела ...

На 15.06.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје, А.С. од Скопје пријави дека во парк на подрачјето на Шуто Оризари на клупа пронашол оставено бебе старо седум – осум месеци. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото, а екипа на Итна медицинска помош бебето го пренела во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што е извршен преглед и утврдено е дека бебето е во добра здравствена состојба без видливи повреди. По преземени мерки, во ...

Пациент со две механички пумпи, седум години чека ново срце и шанса за нормален живот. На листата за трансплантација на бубрег има лица кои и повеќе од една деценија одат на апаратите за прочистување на крвта чекајќи орган а во истата зграда на клинички, болни со месеци се хоспитализирани поради здравствената состојба додека добијат повик за нов црн дроб. Измените на законот за земање и пресадување делови од човечко тело заради лекување ...

Шеесеттина матуранти се фатени како препишувале на државната матура. Ваква е статистиката по само двата екстерни испити – странски јазик и полагањето на мајчин јазик. Најголемиот дел од нив употребиле мобилен телефон којшто е најстрого забранет за време на полагањето на тестовите. „Оваа година за разлика од минатите каде имавме огромен број на ученици млади во Вибер групи и во телеграм групи, всушност од испитот се отстранети само двата дела ...

По трагедијата во Струга каде 20 годишно момче од Октиси се удави во водите на Охридското езеро во близина на Машка плажа надлежните го вклучија алармот. Градоначалникот Ќура најави засилени безбедносни мерки на капалиштата и предложи забрана за паркирање и користење на педалинките кои со децении работат на диво. Струшкиот градоначалник Ќура предлага со плажите кои се горлив проблем да менаџира општината ,која ќе става ред во урбаната опрема ...

По три месеца, од денеска нема мерки за горивата. На полноќ истече важноста на намалените акцизи за дизелот и бензините, а не е во сила ниту попустот од најголемиот снабдувач. Со укинувањето на мерките, цените на горивата забележаа мал раст. Од денеска Бензинот БС-95 и дизелот се точат по 87,5 денари, а 98-октанскиот бензин се продава по 90 денари по литар. Допрва ќе се прави анализа колку ја чинеше државната каса намалувањето на ДДВ-то од 18 ...

44 годишен скопјанец со иницијали И.Д е лицето кое го подметнува пожарот врз возилата на амбасадата на Бугарија. Осомничениот е во полициска станица, а според првиот човек на МВР, засега не е познат мотивот за подметнувањето на пожарот. Од министерството за внатрешни работи велат дека во соработка со Агенцијата за национална безбедност, лицето кое го подметнува пожарот, било веднаш идентификувано. Тошковски го осуди инцидентот и рече дека ...

Матурантите завршија со полагањето на екстерните предмети, а пред нив преостануваат уште двата интерни испити. Директорката на Државниот испитен центар за Сител вели дека е забележан зголемен број на матуранти фатени како препишуваат на вториот испит. Прецизни бројки сè уште нема, бидејќи процесот на проверка на тестовите е во тек. Поради ваквите појави, за следната година повторно се разгледува можноста за инсталирање блокатори на мобилни ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека сторителот за палењето на двете возила на бугарската амбасада е брзо идентификуван и приведен, во координација со безбедносните служби. Тој порача дека насилството е недозволиво и најави дека случајот, според информациите од СВР Скопје, ќе се води по итна постапка. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека сторителот за палењето на двете возила на ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска учествуваше на настанот на високо ниво за превенција на насилството кај младите и на Церемонијата за потпишување на Декларацијата за намери за превенција од насилство кај младите, организиран со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На настанот, на кој присуствуваа претставници на Владата, меѓународната заедница, институции, младински и граѓански организации, беше истакната потребата ...

Седумнаесетгодишно момче од општина Карбинци се здобило со тешки телесни повреди по пад од коњ, по што итно било пренесено на лекување во Скопје. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 15 јуни 2026 година, во 11:30 часот, од Клиничката болница во Штип било пријавено дека кај нив бил донесен 17-годишник од селото Почивало со сериозни повреди. Според првичните информации, малолетникот се повредил откако паднал од коњ. ...

Скопје предолго време беше град оставен на заборав - со запуштени јавни површини, нарушена хигиена, недоволно одржувана инфраструктура и проблеми што со години остануваа нерешени. Денес, сликата постепено се менува. Во повеќе делови од градот се реализираат активности за чистење, уредување и реконструкција на јавните простори, со цел враќање на редот, функционалноста и достоинството на главниот град, пишува во денешното соопштение на Град ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка дозвола, од нив тројца малолетници, а двајца учествувале и во сообраќајни незгоди. Пет лица во Тетово (двајца малолетници), тројца во Скопје, двајца во Прилеп (еден малолетник) и по едно лице во Делчево, Штип, Гевгелија, Зајас и Демир Хисар возеле без возачка дозвола. ...

Американскиот потпретседател, Џеј Ди Венс, изјави денеска дека меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран е „мошне општ документ“ и оти деталите за конечниот договор ќе бидат усогласени во текот на натамошните преговори. „Меморандумот за разбирање има околу една и пол страница и е многу општ документ“, изјави Венс во разговор за „Си-Ен-Ен“. Тој додаде дека за повеќе прашања ќе биде потребно решение да се бара во фазата на техничките ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави на Меѓувладината конференција на Европската Унија дека заедно со американскиот претседател Доналд Трамп му предложиле на рускиот лидер Владимир Путин да одржат средба во САД. - Му предлагавме на Путин да се сретнеме каде било, доколку тоа овозможи донесување реални одлуки за прекин на војната - изјави Зеленски пред заминувањето на самитот на Г-7 во Франција. Според него, Путин досега одбивал ...

Речиси половина од сите деца во светот или околу 1,1 милијарда, се изложени на најмалку три преклопувачки климатски закани, се наведува во извештај на УНИЦЕФ. Во денеска објавениот документ насловен „Извештај за климатски ризици за децата 2026“ се истакнува дека најчестата комбинација на ризици се суша, екстремни температури над 35 степени Целзиусови и топлотни бранови, додека речиси секое дете во светот е изложено на барем една од ...

Сите осум лица кои се наоѓаа во американскиот бомбардер Б-52 загинаа кога авионот се урна кратко по полетувањето од воздухопловната база Едвардс во американската сојузна држава Калифорнија во понеделникот, потврдија Воздухопловните сили на САД. – Денеска воздухопловната база Едвардс доживеа страшна трагедија и загубивме осум извонредни Американци – изјави полковникот Џејмс Хејс на прес-конференција. Тој посочи дека надлежните се во процес на ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
45%
1017
weather icon

Белград

24ᴼ / 21ᴼ
5.66
33%
1016
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
53%
1015
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
59%
1019
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.41
41%
1018
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
1.03
71%
1016
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
4.12
53%
1015
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
53%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
0.0
44%
1015
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 20ᴼ
4.12
58%
1019
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 22ᴼ
2.4
39%
1015
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
6.17
89%
1015
Currency

61.4762

Currency

53.1364

Currency

71.9634

Currency

37.6704

Currency

38.3539

Currency

65.3905

Currency

7.89266

Currency

0.63222

Currency

0.33409

Currency

0.52502

Currency

1.11186

Currency

0.55759

Алуминиум

3.25

Злато

140678.81

Рутениум

53852.50

Калај

56.34

Иридиум

252383.36

Родиум

282926.57

Паладиум

41731.67

Сребро

2080.30

Бакар

13.28

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Платина

56103.05