Мисијата на ОН за мониторинг на човековите права во Украина (HRMMU) заклучи дека бројот на убиени и повредени цивили во оваа земја во мај бил поголем отколку во кој било друг месец во последните четири години. HRMMU потврди дека најмалку 274 цивили биле убиени, а 1.763 повредени во мај во Украина како резултат на насилство поврзано со конфликтот. „Интензивирањето на непријателствата и зголемената употреба на моќно оружје во урбаните средини ...

Десетици илјади луѓе синоќа маршираа низ улиците на Рим на сопернички анти и промиграциски демонстрации, откако екстремно десничарската граѓанска иницијатива која бара сеопфатни мерки против мигрантите доби доволно поддршка за да биде изнесена во парламентот. Петицијата на иницијативата собра 50.000 потписи потребни за започнување парламентарна дебата. Сè уште не е одреден датум за гласање за иницијативата. Предлогот, промовиран од ...

Швајцарците денеска гласаат на референдум за иницијативата за ограничување на бројот на жители со закон на десет милиони и задолжување за владата во иднина поригорозно да управува со миграцијата и, доколку е потребно, да ги раскине договорите за слободно движење со Европската Унија. Иницијативата ја покрена десничарската, евроскептична Швајцарска народна партија (SVP), која има две места во седумчлената влада и најголема парламентарна група. ...

Голем УФЦ спектакл е планиран за денеска на тревникот пред Белата куќа по повод 80-тиот роденден на американскиот претседател Доналд Трамп и 250-годишнината од Декларацијата за независност. Трамп ќе биде опкружен со членови на кабинетот, високи претставници на администрацијата, републикански пратеници и илјадници гледачи кои ќе ги гледаат борбите во специјално дизајниран осумаголен прстен со заштитна челична ограда, специјално осветлување и ...

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска ги предупредија жителите на 29 села и градови во јужен Либан да се евакуираат пред воздушните напади врз либанската милитантна група Хезболах. На жителите на 16 градови им беше наложено да се евакуираат најмалку еден километар од своите домови, додека на оние од 13 други градови им беше наредено да се упатат северно од реката Захрани, објави „Тајмс оф Израел“. „Со оглед на кршењето на договорот за ...

Кошаркарите на Њујорк Никс триумфираа во Сан Антонио Спарс со 94-90 во петтиот натпревар од финалната серија во НБА лига и со 4-1 во победи ја освоија шампионската титула, прва по пауза од 53 години. Џејлен Брансон одигра брилијантен натпревар со 45 поени и беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на финалната серија. Во редовите на Спарс, дебитантот Дилан Харпер беше најефикасен со 25 поени, додека најголемата ѕвезда во тимот Виктор ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 17, а максималната значително ќе опадне во однос на денешната и ќе биде во интервал од 25 до 33 степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а ...

Националниот интерес е најважен. Ние да имавме во многу прашања консензус поинаку ќе гледаа на нас и начинот на кој се однесуваат кон нас од надвор покажува дека ние сме ги охрабрувале дека уставните измени се главното решение, вели претседателката Гордана Сиљановска - Давкова во вториот дел од мега интервјуто за МИА. - Ние да имавме во многу прашања консензус и да не ја исклучувавме опозицијата - и сега не треба да се исклучува, нема ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека Украина е подготвена да отвори шест кластери за интеграција во Европската Унија и дека очекува ова лето да се постигнат повеќе резултати во процесот. Зеленски во своето редовно вечерното видео обраќање до сонародниците рече дека Украина веќе се подготвила за дипломатските настани во следната недела. Тој потсети дека ЕУ ја потврди својата подготвеност да го отвори првиот кластер во ...

Северна Кореја денеска соопшти дека прашањето за денуклеаризацијата е „неповратно завршено“, осудувајќи ги неодамнешните разговори меѓу Јужна Кореја и САД кои ја потврдија нивната цел за денуклеаризација на Северна Кореја. Неименуван портпарол на Министерството за надворешни работи на Северна Кореја ги критикуваше барањата за денуклеаризација на земјата откако Јужна Кореја и САД пред три дена потврдија, на состанокот на билатералната ...

Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГК) на Иран синоќа објави дека договорот меѓу Иран и САД денеска нема да биде потпишан, отфрлајќи ги претходните тврдења на американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека неговото инсистирање на овој рок врши притисок врз иранскиот преговарачки тим. Револуционерната гарда на својот канал на Телеграм изјави дека „необичното инсистирање“ на Трамп договорот да биде потпишан во недела, 14 ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска заедно со пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски беше во Волково, во општина Ѓорче Петров, каде го означи почетокот на реконструкцијата на улицата „101“. -За првпат откако е изградена, целосно ја реконструираме улицата „101“ во Волково! Денес, заедно со пратеникот Бојан Стојаноски, сме во Волково, општина Ѓорче Петров, каде го означуваме почетокот на реконструкцијата на една од најважните ...

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека во последното деноноќие едно лице е лишено од слобода од вкупно шест пријави за семејно насилство. На 12.06.2026 во 20:30 часот во Тетово, полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово го лишиле од слобода Б.А.(37) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна 40-годишна партнерка од тетовско дека од април 2026 година, по ...

Во периодот што следува односите меѓу нашата земја и Турција ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика, напиша на социјалните мрежи претседателот на Владата Христијан Мицкоски по билатералната средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. На средбата, како што наведува, била потврдена традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете држави. - На средбата беше изразено заедничко задоволство од одличните ...

Пожарникарите доброволци од Доброволното Противпожарно друштво(ДПД)-Штип кои функционираат веќе втора година, по големиот пожар на планината Серта деновиве очекуваат да им пристигне донација од Америка. Димитар Ташков командир на ДПД-Штип вели дека донацијата ја обезбедиле самите и се состои од заштитна опрема. - Преку приватна линија, успеавме да обезбедиме донација од Америка. Очекуваме да пристигне наредната недела. Веќе е на царина. ...

Во исчекување на конечниот договор за крај на војната, американската војска соопшти дека соборила неколку ирански дронови кои целеле на коемрцијални бродови во ормутскиот теснец. Централната команда соопшти дека ги неутрализирале сите и дека сообраќајот во теснецот се одвива без проблеми. Шефот на иранската дипломатија Арагачи, вчера доцна вечерта ја потврди информацијата која претходно ја соопшти американскиот Претседател Трамп, дека ...

Властите во јужна Холандија издадоа тридневно предупредување до околу 200.000 жители на кои им е наложено да ја зовриваат водата откако бактеријата ешерихија коли е откриена во нивната вода за пиење, објавија денеска локалните медиуми. Предупредување е издадено до жителите на Дордрехт, Цвајндрехт и Хендрик-Идо-Амбахт, што предизвика недостиг на флаширана вода во супермаркетите, објави денес „NL Times“. Службениците изјавија дека целата вода ...

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, денеска негираше дека договорот на Иран со САД ќе биде потпишан утре. „Потпишувањето на меморандумот со САД во Исламабад нема да се случи во недела“, рече тој, пренесен од британските медиуми. Багеи изјави дека не може да се исклучи можноста за потпишување меморандум со САД во наредните денови, но додаде дека „потребна е претпазливост“ во врска со какви било изјави за ...

Главната опозициска партија во Унгарија, Фидес, денеска го реизбра поранешниот премиер Виктор Орбан за лидер на уште една година и покрај тоа што партијата ја изгуби власта на изборите на 12 април од централнодесничарската партија Тиса. Орбан (62) беше инспирација за десничарските конзервативци низ Европа и САД како креатор на тоа што тој го нарече „нелиберален“ модел на демократија. По поразот на Фидес, политичката иднина на Орбан беше ...

Договорот е закажан да биде потпишан утре, како дел од напорите за завршување на војната со Иран, по што Ормусата Теснина треба повторно да се отвори, објави денеска американскиот претседател Доналд Трамп на својата платформа за социјални медиуми Truth Social, пренесе ДПА. „Договорот е закажан да биде потпишан утре, а веднаш по неговото потпишување, Ормуската Теснина е ОТВОРЕНА ЗА СИТЕ“, напиша тој. Американскиот претседател во објавата ...

Македонската Дејвис куп репрезентација избори промоција во Втората Светска група од откако денеска во Кишињев во дуелот за третото место ја победи Црна Гора со 2-1. Решавачкиот поен македонските тенисери го освоија во играта на двојки каде Калин Ивановски и Олег Приходко ги победија Петар Јовановиќ и Алекса Кривокапиќ со 2-0 во сетови (76(4) и 62). Во првиот сет немаше ниту еден брејк, а во тај брејкот македонскиот дубл направи „мини брејк“ ...

По повеќедневната потрага по дедо Јане од селото Јастребник на планината Осогово, кој беше пријавен за исчезнат и боледуваше од деменција, денеска е потврдена веста дека тој е пронајден починат во планински предел. Откако бил пријавен за исчезнат, изминативе денови се спровела интензивна потрага по него во поширокиот планински регион. Починатиот боледувал од деменција, што дополнително ја отежнувало потрагата и неговата ориентација во ...

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 36-годишник кој од јануари до јуни годинава во неколку наврати вршел полов однос врз 12-годишно девојче, со што извршил продолжено дело – Силување на дете кое не наполнило 15 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, со девојчето родено 2014 година контактирале и се допишувале на социјалните мрежи, а покрај тоа што ...

СВР-Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривични пријави против Д.К.(48) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „лихварство“ и „тешка кражба на дрзок начин“, против Л.К.(41) од Струмица поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела „лихварство“ и „изнуда“ и против Н.К.(25) од село Василево, струмичко , поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела ...

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР-Скопје вчера во 23:45 часот на патот помеѓу селата Шишево и Грчец на подрачјето на општина Сарај ги лишија од слобода Н.С.(54) од село Сарај и Р.С.(58) од село Крушопек. При извршен преглед на патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал Р.С., а сопатник бил Н.С., во возилото биле пронајдени и одземени две ловечки пушки „Бајкал“, калибар 12 мм, 22 ...

Општина Дебар продолжува со редовните активности насочени кон заштита на јавното здравје и унапредување на хигиенските услови на својата територија, во чии рамки успешно е реализирана првата фаза од дератизацијата и дезинсекцијата на нејзина територија. -Во тие рамки извршена е теристичка, од земја, дезинсекција со цел уништување на комарците. Беа опфатени зелените површини во општината, крајбрежјето на Дебарското Езеро, депонии и ...

Велосипедистите бараа велосипедско поврзување меѓу Охрид и Струга но и патеки кон населбата Свети Стефан и Пештани. На денешната јубилејната Ипа велосипедска тура од Охрид до Радожда тие испратија порака за посериозно вложување во изградба на функционална и безбедна велосипедска инфраструктура во регионот. Велосипедистите се најзагрозена категорија во сообраќајот. Особено стариот пат Охрид-Струга е небезбеден каде за жал изминатите години ...

Двата пожари едно по друго, што зафатија делови од периферијата на градот Штип, повторно ја отвори дебатата за одговорноста на лицата кои намерно предизвикуваат огнени стихии. Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите доброволци е спасен животот на 69 годишен сопственик на викендичка, кој за малку ќе настрадаше во подметнат пожар. При обид да го изгасне огнот се здобил со изгореници на левата рака и подколениците и вдишал токсичен ...

Нов духовен симбол се издигна над село Таринци во општината Карбинци. Крстот кој е висок 20 метри денеска беше осветен пред бројните верници, а чинот на осветување го изврши митрополитот брегалнички, Иларион. Крстот е донација од семејствата Јовчевски, Димитрови и Колеви, кои со овој гест, како што велат, сакале да остават траен белег и духовна вредност за идните генерации. И додека со изградбата на крстот се остава траен белег за идните ...

Шест години откако државата изгради два километри кои не водат никаде, Министерството за транспорт го избра изведувачот на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце, долга 10,5 километри. Изградбата ќе почне летово, а ќе треба да биде готова за три и пол години отсега. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски по средба со претставниците од Европската банка за обнова и развој кажа дека изведувач ќе биде конзорциум предводен ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
48%
1018
weather icon

Белград

23ᴼ / 21ᴼ
4.12
35%
1016
weather icon

Загреб

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
68%
1015
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
63%
1020
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.01
44%
1018
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
0.51
74%
1016
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
3.58
54%
1015
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
53%
1015
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
0.0
47%
1015
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
3.09
62%
1020
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 21ᴼ
0.45
42%
1016
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
5.66
89%
1015
Currency

61.4762

Currency

53.1364

Currency

71.9634

Currency

37.6704

Currency

38.3539

Currency

65.3905

Currency

7.89266

Currency

0.63222

Currency

0.33409

Currency

0.52502

Currency

1.11186

Currency

0.55759

Алуминиум

3.25

Кобалт

45.39

Паладиум

41731.67

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Злато

140678.81

Бакар

13.28

Рутениум

53852.50

Калај

56.34

Сребро

2080.30

Платина

56103.05

Родиум

282926.57