
Скопје
34ᴼ /
34ᴼ



Маскар во средно училиште во австрискиот град Грац. 8 ученици и еден наставник се убиени. Со повреди завршиле 30 ученици и инаставници.. Грозоморниот чин го извршил 22 годишен порашен ученик на истото улилиште, кој по нападот си ги одзел животот во еден од училишните тоалети сооошти полицијата. Со пиштол и пушка кои легално ги поседувал напагачот упаднал во училитетото околу 10 часот утрово и отворил оган во две училници. Полиција брзо ...
Баталјон маринци веќе е распореден во Лос Анџелес. Командантот на Маринскиот корпус, генерал Ерик Смит изјави дека маринците се подготвени да ги следат наредбите на Северната команда на САД, но оти сè уште не се повикани да интервенираат. Смит на дебатата за буџетот во Сенатот наведе дека маринците се обучени за контрола на толпата и дека нивната опрема ќе вклучува штитови и палки. Тој нагласи дека тие немаат овластување да вршат апсења и оти ...
Зеленчук со пестициди, нејодирана сол, бактерии во минерална вода, но и храна со изминат рок и со недозволени честички како стакло или метал биле откриени од контролите на Агенцијата за храна. И покрај зголемените санкции, небезбедна храна завршува на домашните трпези. Само за една година АХВ уништи 300 тони храна која е штетна за консумација. Од нив, над 56 тони се од почетокот на годината. Една од најголемите уништени пратки содржела 207 тони ...
СВР Скопје - Единицата за насилен криминал поднесе кривична пријава по брза постапка против А.Р.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи" по член 396 и „телесна повреда" по член 130 од Кривичниот законик. На 08.06.2025 во 20.30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р., постапувајќи по ...
Прво реконструкција и изградба на здравствените установи во Штип, Кичево и Тетово, па потоа ќе почне да се гради нов Клинички центар во Скопје. Премиерот Мицкоски најави дека новиот Клинички центар, ќе биде дел од втората фаза на реализација на договорот со Обединетото Кралство. „Треба да видиме врз основа на проектот којшто го имаме, колку легла ќе има, каков тип на опрема ќе биде вградени, но секако ќе биде барем за стотина 150 милиони евра ...
Ако гласањето за извештајот за напредокот на Македонија биде одложен и на 24 јуни во Брисел, тоа ќе значи дека сепак проблем е македонскиот јазик и идентитет, а не вметнување на бугарите во македонскиот Устав. Според премиерот Мицкоски, бугарски политичари директно лобирале во Брисел да се пролонгира гласањето, стравувајќи од протестен бран, бидејќи во исто време во нивниот парламент требало да помине законот за еврото. Околу обвинувањата на ...
Основниот суд во Кочани одреди 30 дневен притвор на сопственикот на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“ Алаксандар Нацев, кој се терети за тешки дела против општата сигурност. Нацев е осомничен откако Обвинителството ја прошири истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“, која вработените во агенцијата биле задолжени да ја обезбедуваат кобната ноќ на 16-ти март. Агенцијата работела без склучен договор со сопственикот на дискотеката, а прекршени ...
Финансиски криминал од невидени размери, вака јавното обвинителство го оцени случајот во кој првоосомничен е струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов. Заедно со уште 22 лица, сите од Струмица, направиле дупка во државниот буџет од 90 милиони евра. Парите ги испумпале преку лажно пријавување на ДДВ, а даночната измама траела повеќе од четири години. Во лажирањето фактури биле вклучени 15 фирми, за кои од обвинителството велат дека се на роднини или ...
Средношколците и оваа година ќе имаат право бесплатно да се возат во автобусите на ЈСП Скопје за време на летниот распуст доколку ги исполнуваат условите за користење бесплатен јавен превоз. - Правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од областа на средното образование во 2025 година која, меѓудругото, вели „со почетокот на 2025 година учениците од средните училишта на Град ...
Пониква станува рехабилитациски центар за повредените од трагедијата во Кочани. Одлуката е донесена на денешната 82 редовна седница на Владата. Како што информира владината прес-служба, со оглед на природата на повредите, особено кај пациенти кои претрпеле сериозни изгореници, неопходна е долгорочна и специјализирана нега, физиотерапија, психолошка поддршка и континуиран медицински надзор. Туристичкиот центар во Пониква, со своите природни и ...
Русија изврши уште еден продолжен напад со беспилотни летала врз Украина во раните утрински часови во вторникот при што загина едно лице и оштетени делови од Киев притоа и четири лица се хоспитализирани во Киев, а нападнато е и породилно одделение во јужното пристаниште Одеса, соопштија регионалните власти. Нападите во текот на ноќта уследија по најголемиот напад на Русија со беспилотни летала врз Украина во понеделникот – и тие се дел од ...
Неколку лица загинаа во пукање во училиште во австрискиот град Грац, Австрија, соопшти Министерството за внатрешни работи, пренесе Би-би-си. Меѓу жртвите има ученици и наставници, а се верува дека напаѓачот се самоубил во училишниот тоалет. Локалните медиуми известуваат за осум загинати, но овие информации сè уште не се официјално потврдени. Според јавниот сервис ОРФ, речиси еден час по пријавеното пукање, во тек е голема полициска операција. ...
Вojната веќе не е незамислива, изјави денеска еврокомесарот за одбрана Андриус Кубилиус на форум за безбедност во Брисел. Тој нагласи дека НАТО располага само со половина од предвидените средства за подготвеност. – Се соочуваме со совршена бура: војната во Украина продолжува без изгледи за мир, рускиот претседател Владимир Путин не се стреми кон мир, а дипломатијата не дава резултати. Руската агресија се зголемува, а Путин планира напад врз ...
Пожар избувна синоќа во затворот „Билице“ во хрватскиот град Сплит, а неколку затвореници беа хоспитализирани поради вдишување чад, соопшти локалната противпожарна служба. Пожарот, кој избувна во една од ќелиите околу 21:30 часот, беше главно изгаснат од затворските службеници пред пристигнувањето на пожарникарите. Шестмина пожарникари евакуирале дел од затворениците, а неколкумина биле пренесени во градската болница поради проблеми ...
Албанскиот премиер Еди Рама, изјави дека земјата ги почнала подготовките за Самитот на НАТО, што во Албанија ќе се одржи во 2027 година. Во директната комуникација со граѓаните во емисијата „Очи в очи” на Фејсбук, нагласи дека на прв поглед се чини дека има време, но ова е “начинот да се постапува со организација на овие геостратешки настани”. -Почнавме со подготовките за самитот на НАТО, се чини дека има време, но всушност ова е начинот на ...
Денеска (09.06.2025) полициски службеници од Хеликоптерската единица при МВР, а по претходно добиено барање за преземање на активности во врска со спасување на повредено лице на падините на планината Јабланица, струшко, заедно со тим од САЕ „Тигар“, со хеликоптер се упатија на одредената локација за спасување на лицето. По пристигнување на посочениот терен и прецизно лоцирање на повреденото лице истото беше безбедно евакуирано од страна на ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднела кривична пријава против С.Н. во својство на градоначалник на Општина Росоман. Како што денеска соопштија од Финансиската полиција, пријавениот С.Н .во својство на градоначалник на Општина Росоман, во текот на 2022 и 2023 година постапил спротивно на Закон за градење чл. 58 став 2 (Службен весник на РМ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, ...
За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден од учебната 2024/2025 година и до 31 август ќе бидат на летен распуст. За матурантите наставата заврши на 16 мај, а утре (11 јуни) ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура. Првиот дел – задолжителниот испит по мајчин јазик, над 15 000 матуранти го полагаа на 31 мај. Полуматурантите, пак, овој месец треба да се запишуваат во прва година средно образование. Во јуни ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски изјави дека случајот со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ нема да го политизира, туку како што рече како Влада ќе сторат се што е во нивна моќ за семејствата на настраданите и за Општина Кочани. Тој најави дека наскоро ќе го објават и проектот кој е планиран за градот и на кој се работи заедно со ЕУ. -Јас никогаш нема да го политизирам овој случај и како Влада ќе сториме се што е во наша моќ ...
Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека ќе го разреши директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи ако уште еднаш му се повтори да не се обрати на македонски јазик. „Ќе биде разрешен директорот на инспекторатот за употреба на јазиците ако уште еднаш му се повтори да не се обрати на македонски јазик во Парламентот“, кажа Мицкоски. Претходно директорот одби да се обрати на македонски јазик пред новинарите, упатувајќи ги ...
Министерката за образование и наука Весна Јаневска при денешната работна посета на Тетово изјави дека наредната учебна година ќе има учебници за секое дете и оти дотогаш ќе се надминат одредени недоразбирања што постојат на релации министерство-општини-училишта. -Очигледно има некакви недоразбирања меѓу раководствата на училиштата, па и меѓу некои општини и централната власт. Учебници треба да има за секое дете. Министерството ќе обезбеди ...
Во јавноста имаше обид за девалвација на процесот за набавка на униформи за полициски службеници, оцени министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во одговорот на новинарско прашање денеска по пуштање во употреба на реконструираното Одделение за управни работи – Скопје. Тој посочи дека полициските службеници, во времето кога бил во техничката влада немале соодветни униформи и различно се облекувале. - Оваа набавка што беше спорна во ...
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на третата конференција на Обединетите Нации за океанот што се одржува во Ница, го потпиша Договорот според Конвенцијата на ОН за правото на морето за зачувување и одржливо користење на морската биолошка разновидност на области надвор од националната јурисдикција (Договор BBNJ). Како што денеска соопштија од Кабинетот на Сиљановска-Давкова, целта на договорот е преку зајакнување ...
Вкупните приходи за една година во Царинската управа изнесуваат 177,3 милиони евра, а само кај наплатените царински такси за увоз на возила е регистриран пораст од 20 проценти, истакна директорот Бобан Николовски на денешната прес-конференција на која направи пресек за едногодишното работење на Управата. -Царинската управа во мај наплати приходи во износ од 177,3 милиони евра, што е за 7,3 проценти или 12,1 милиони евра повеќе од лани истиот ...
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, најави дека караванот „Се гледаме во маало со Горан Герасимовски“ отпочнува денеска од населбата Капишец, а ќе трае до 4-ти јули. На средбата со новинарите утрово, тој потенцира дека преку овој караван, граѓаните ќе се информираат за тоа што е реализирано во изминатите три и пол години, но исто така центарци ќе можат да дадат и свои идеи, сугестии и предлози за поубав Центар. -Караванот ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Д.М.(44) и Н.К.(40), двајцата од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, соопшти МВР. На 04.05.2025 во соблекувална на Градскиот стадион во Виница, пред започнување на фудбалски натпревар помеѓу екипите на ФК „Слога“ од Виница и ОФК „Карбинци“, пријавените физички го нападнале М.Д., фудбалер на екипата на ОФК ...
На 09.06.2025 околу 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓорѓи Капчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(32) од Скопје и мотоцикл скопски регистарски ознаки, управуван од Х.В.(18) од Скопје, соопшти МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од ...
Околу 700 маринци привремено ќе распореди американската војска во Лос Анџелес додека пристигнат дополнителни војници на Националната гарда, изјави функционер на американската администрација. Околу 300 војници на калифорниската Национална гарда беа распоредени на улиците на Лос Анџелес во неделата за да помогнат во смирувањето на третиот ден од протестите против имиграциските мерки на претседателот Доналд Трамп, потег што демократскиот гувернер ...
Нова рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе се одржи денеска во Брисел под покровителство на Европската унија. Белградската делегација, во која учествуваат бројни експерти, ја предводи директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија и главниот преговарач на техничко ниво, Петар Петковиќ. Минатата недела во Брисел беа одржани одделни билатерални средби меѓу Белград и Приштина со медијаторот за дијалог на ЕУ, Петер Соренсен, а потоа беше ...
Претседателот на Градската изборна комисија на Заечар, Ненад Динуловиќ, ги објави доцна синоќа прелиминарните резултати од локалните избори одржани на 8 јуни во тој град и нагласи дека листата на Српската напредна странка „Не ја даваме Србија – Александар Вучиќ“ освоила најмногу гласови, односно 47,13 проценти од гласовите. Динуловиќ, исто така, нагласи дека нема да има повторување на изборите на ниту едно избирачко место бидејќи нема ниту една ...