Меѓународна конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани ќе се одржи денеска во Скопје. На конференцијата ќе учествуваат високи државни претставници, меѓународни експерти и водечки медицински професионалци од регионот и Европа. Воведните обраќања на премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Азир Алиу и министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се закажани за ...

Посебен режим на сообраќај ќе има денеска во Скопје поради протест, соопштија од Министерството за внатрешни работи. - Во 12:05 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија ќе се одржи протест со почеток на траса на движење од пред зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“, лево по „Филип Втори Македонски“, десно по „11 Октомври“, право по „Димитрие Чуповски“, десно по „Васил Главинов“, право по булевар „ВМРО“, лево по булевар ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски истакна дека државата денес покажува дека има институционален капацитет брзо и ефикасно да реагира во кризни ситуации, да ги заштити своите граѓани каде и да се наоѓаат, но и да помогне на своите пријатели и партнери. Тој посочи дека изминатата година за Министерството за надворешни работи и надворешна трговија била особено предизвикувачка во делот на кризниот менаџмент, ...

Постојат настани во историјата на една држава кои не се мерат со време, туку со болката што ја оставаат зад себе. Трагедијата во Кочани е еден од тие настани. Таа беше трагедија на еден град, но и трагедија која ја потресе целата наша држава и која засекогаш ќе остане врежана во колективното сеќавање на нашето општество, рече премиерот Христијан Мицкоски во воведното обраќање на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките ...

Од почетокот на воените дејствија на Блискиот Исток, 77 пловила поминале низ Ормускиот Теснец, при што повеќето од нив се дел од таканаречената „флота во сенка“, покажуваат нецелосните податоци на водечкиот снабдувач со информации за превозот, трговијата со товар и услугите за проценка на ризикот „Лојдс Лист Интелиџенс“ (Lloyd’s List Intelligence). - Регистриравме 77 поминувања од почетокот на месецот (март) низ теснецот, кој Иранската ...

Повеќе од 100 малолетници се убиени во Либан од почетокот на последната ескалација меѓу Израел и проиранската милиција Хезболах, соопштија денеска властите. Министерството за здравство во Бејрут информира дека вкупно 773 лица досега се убиени во израелските напади во Либан, вклучувајќи 100 деца и малолетници. Регистрирани се речиси 2.000 повредени лица. Ситуацијата за милиони деца во Либан е катастрофална, според Фондот за деца на ОН ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Иран е целосно победен и бара договор. – Медиумите, кои шират лажни информации, не сакаат да известуваат за одличните резултати што ги постигна американската војска против Иран, кој е целосно поразен и сака да склучи договор, но не договор што јас би го прифатил – објави Трамп на „Трут соушл“ (Truth Social), пренесува МИА. Тој претходно на сопствената социјална мрежа објави дека американската ...

Властите на Катар утрово евакуираа делови од областа Мшеиреб во Доха, каде се сместени владините канцеларии и канцеларија на „Гугл“, како и од реонот каде се наоѓаат шест американски универзитети. Очевидци тврдат дека во главниот град на Катар се слушаат експлозии. Евакуацијата беше спроведена еден час пред властите да известат за пресретнати ракети над Катар. Иранските медиуми пред три дена објавија список на потенцијални цели во регионот. ...

Армијата на Јужна Кореја соопшти дека пресретнала десетина неидентификувани балистички ракети истрелани од севернокорејската областа Сунан кон Јапонско Море. Северна Кореја последен пат истрела балистичка ракета со краток дострел во Јапонско Море на 27 јануари. Пјонгјанг тогаш соопшти дека тестира „систем за повеќекратно лансирање ракети со голем калибар, надграден со нова технологија“. Со резолуции на ОН на Северна Кореја ѝ е забрането да ...

Иранската новинска агенција Фарс, која е поврзана со Иранската револуционерна гарда, извести дека за време на американските напади на островот Харг се слушнале над 15 експлозии. Според информациите од Фарс, цел на дејствијата не била нафтената инфраструктура. Наместо тоа, бомбардирани биле противвоздушната одбрана, една поморска база, контролната кула на аеродромот и хангар за хеликоптери. Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп, ...

Поскапувањето на дизелот за 14,5 денари енормно им ги зголеми трошоците на транспортерите. Од „Макам транс“ велат дека досега пред да тргнат на пат, гориво точеле дома за да заштедат, но со повиоските цени и таа предност се губи. Токму затоа испратиле допис до Владата и министерствата за транспорт и финансии, да ја разгледаат можноста да се враќа дел од акцизата за комерцијален превоз. - На овој начин, без разлика која сума ќе ни се враќа, ...

Во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се одржа традиционалната церемонија на свечено менување на државното знаме, на која присуствуваа повеќе од 170 ученици од скопските основни училишта „Христијан Тодоровски–Карпош“, „Петар Поп Арсов“ и „Гоце Делчев“, придружени од своите наставници. Според соопштението од Кабинетот на претседателката, по завршувањето на свечениот чин гостите ја разгледале работната околина на ...

Соединетите Американски Држави испраќаат експедициска единица од 2.200 маринци на три бродови на воената морнарица кон Блискиот Исток како поддршка на воената операција против Иран, дознава Еј-Би-Си Њуз од двајца американски официјални претставници. Станува збор за 31. експедициска единица на маринци, која е постојано распоредена во Јапонија и делува во рамките на Индо-пацифичката команда на американската војска, но сега ѝ е наложено да се ...

Албанија ќе го прогласи Иран за државен спонзор на тероризмот, додека иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и движењето Хезболах за терористички организации, со што Албанија се усогласува со стратешките сојузници, за што Парламентот ќе усвои резолуција идната недела. Ова попладнево на прес-конференција го изјави премиерот Еди Рама, додавајќи дека „секако, ние не сме пионери во овие чекори, бидејќи имало сојузници кои го правеле тоа и ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска ги повика САД и Израел да обезбедат „убедлив“ патоказ за тоа како планираат да ја завршат војната со Иран, пренесе ДПА. – Со секој изминат ден се појавуваат повеќе прашања отколку што се даваат одговори – рече Мерц на маргините на вежбата на НАТО во Норвешка, која ја набљудуваше заедно со норвешкиот премиер Јонас Гар Стере и канадскиот премиер Марк Карни. – Пред сè, станува сè појасно: потребен е ...

Американскиот претседател Доналд Трамп сугерираше дека рускиот претседател Владимир Путин би можел да му нуди ограничена поддршка на Иран за време на тековната војна меѓу Вашингтон и Техеран. Во интервју за Фокс Њуз, американскиот претседател беше прашан дали Москва можеби му помага на Иран, пренесе Ал Џезира. – Мислам дека тој можеби им помага малку, да, претпоставувам. И тој веројатно мисли дека ние и помагаме на Украина, нели – рече ...

Влијателниот ирански свештеник Алиреза Арафи денеска испрати писмо до папата Лав XIV, во кое бара поглаварот на Римокатоличката црква да го осуди убиството на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи. Очекуваме гласно и јасно да ги осудите овие гнасни злосторства против човештвото и непочитувањето на достоинството на верските водачи и да ги означите како некомпатибилни со учењата на христијанството, наведува Арафи во писмо до папата. Претходно, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските и израелските напади против Иран ќе продолжат и во третата недела, предупредувајќи дека Техеран ќе се соочи со дополнителни тешки напади во наредните денови. – Ќе ги удираме многу силно во текот на следната недела – изјави денеска Трамп за Fox News Radio. – Уништивме поголем дел од нивните ракети – додаде тој. Трамп исто така рече дека кредибилитетот на новиот врховен водач на ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице на кое му се ставаат на товар три кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45, односно телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, потоа Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и кривично дело – Наведување на самоубиство и помагање во ...

Силна теорија, слаба пракса. Основците во Македонија ги знаат поимите за финансиската писменост, но тешко се снаоѓаат кога треба да донесат практична одлука со пари, покажува анализата на Бирото за развој на образованието. Пример, 75% од анкетираните четвртоодделенци знаат што е буџет, штедење и банкарска сметка, но 60% од нив тешко се снаоѓаат во ситуација каде треба да распоредат џепарлак. Во анализата се наведува дека 90% од анкетираните ...

Полицијата уапси 18-годишник од тетовска Палатица кој се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во средното медицинско училиште во Тетово. Случајот вчера го пријавиле професори од училиштето „Никола Штејн“, кои добиле информации од родители дека М.Р испраќал заканувачки пораки до учениците. 18-годишникот според информации од полицијата, не бил ученик во медицинското училиште, туку посетувал настава во тетовската гимназија. По ...

Сопругот на Ивана која заедно со шест годишната ќерка си го одземаа животот, заработи обвинение. Ќе одговара за три кривични дела. Обвинителството го гони Стојанче за Наведување на самоубиство, Загрозување на сигурноста и телесна повреда како продлжено дело на семејно насилство. „Согласно обезбедените докази, обвинетиот подолг временски период сурово и нечовечно постапувал кон оштетената, која спрема него се наоѓала во положба на фактичка и ...

Поранешниот в.д директор на Комунална хигиена Сабахадин Рустеми се сомничи дека исплаќал илјадници евра на негови познаници, за интелектуални услуги, давање совети и сметководствени услуги иако лицата немале никакво познавање од овие дејствија. Финансиската полиција денеска му поднесе кривична пријава до Обвинителството. Според пријавата, тој лани како директор со намера да ги исцрпи сите пари од склучениот договор со фирмата за интелектуални ...

Загубените животи не можат да се вратат, но Кочани може да изгради темели кои ќе гарантираат дека ваква трагедија никогаш нема да се повтори. Една година подоцна градот е во фокусот на Владата со повеќе инфрастурктурни инвестиции. Премиерот Мицкоски е задоволен од тоа како државата реагираше во првите моменти од пожарот во кочанската дискотека, правејќи споредба со сличната трагедија во Швајцарија. - Кога правите споредба на лоши настани ...

Маслото за јадење, јајцата и солта се продаваат по повисоки цени во маркетите. Од оваа недела, покрај поскап бензин, скок на цените во маркетите, како што покажале пресметките на синдикатот за 10 денари имало кај солта, 7 јајцата, 4 маслото и денар до 2 овошјето и зеленчукот. Колку зголемувањето на цените ќе ги зголеми трошоците на домаќинствата, Синдикатот се уште пресметува. Целосната кошничка, променета со новите покачени цени ќе ја ...

Поевтинуваат горивата на бензиниските пумпи кои ги снабдува ОКТА. Макпетрол кој од почетокот на минатата година има 3 годишен договор за набавка на нафта од ОКТА вели дека се уште не добил официјална информација за намалувањето на цената. Сепак, од компанијата сметаат дека тоа не е доволно. „Макпетрол“ како најдобро решение за надминување на проблемот за сите засегнати страни, вклучувајќи ги граѓаните, смета дека е замрзнување на набавните ...

За околу 2,5 денари по литар се очекува да бидат намалени цените на нафтените деривати во земјата, откако Владата и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини договорија попуст со најголемиот снабдувач, компанијата ОКТА, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Кочани, тој истакна дека разговарал и со голем дел од сопствениците на бензински пумпи кои кажале оти ...

Решението за транспортерите ќе биде во насока на издавање на долгорочни работни визи, коишто треба да значат регулиран престој на сите наши превозници кои влегуваат во Шенген зоната без разлика дали се работи за камионски превоз или автобуски превоз, изјави денеска од Кочани вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на новинарски прашања. - Швајцарија веќе издава такви визи за македонските превозници, Хрватска ...

Професорот од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, против кого имаше пријава за сексуално вознемирување ученичка, е суспендиран. Ова денеска го изјави министерката за образование и наука, Весна Јаневска. - Државниот просветен инспекторат постапува. Пријавен е во полицијата - истакна Јаневска одговарајќи на новинарско прашање по презентацијата на резултатите од истражувањето „Анализа на финансиската писменост во основното ...

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје ги демантира информациите кои вчера беа изнесени на седницата на Советот на Град Скопје, и предизвикаа паника и вознемиреност кај дел од граѓаните, особено кај учениците од средните училишта во Град Скопје. ЈСП Скопје ги известува граѓаните дека автобуската линија број 35 воопшто не е укината ниту променета. Дополнително, таа не беше ниту предмет на разгледување во Одлуката за измена на линискиот ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
1006
weather icon

Белград

12ᴼ / 9ᴼ
3.13
67%
1001
weather icon

Загреб

11ᴼ / 10ᴼ
2.06
87%
999
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
76%
1007
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
83%
1006
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 7ᴼ
5.14
97%
1000
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
4.12
63%
1005
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
88%
1006
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
100%
1006
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 6ᴼ
1.54
86%
1006
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
4.12
56%
1000
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
0.51
93%
1007
Currency

61.635

Currency

52.9053

Currency

70.7501

Currency

38.0585

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Родиум

320703.70

Алуминиум

3.64

Рутениум

51376.89

Злато

151413.64

Платина

68577.54

Калај

55.99

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Сребро

2812.48

Паладиум

47550.95

Кобалт

45.39

Бакар

13.22