Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Со 29 гласа ЗА и без ниту еден против, советниците го донесоа буџетот на Град Скопје за 2026-та. Градоначалникот Ѓорѓиевски кажа дека основниот буџет изнесува 5,2 милијарди денари, што е зголемување од 12% споредено со годинешниот. Вети реконструкција и изградба на улици, зеленило, двојно повеќе пари за животната средина, издвоени се средства за изградба на Луна паркот, детски игралишта, за заштита и уредување на скопското кале, аквадуктот, ...
Врисоци, повици за помош и густ задушлив црн чад. Сведок на обвинителството ги опиша првите минути по избувнување на пожарот во кочанската дискотека. Дејан Николов, сопственикот на автосервис кој се наоѓал веднаш до Пулс, освен што гледал како низ годините се менува намената на објектот, тој, бил и еден од гостите за време на настапот на ДНК. Таму бил и неговиот син, а во моментот на избувнување на пожарот, биле надвор од диското. Дека внатре ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на седницата за пратенички прашања истакна дека досегашните резултати од проектот „Безбеден град“ се многу позитивни и оти за 20 проценти е намален бројот повредени од сообраќајќи. - Резултатите коишто досега се увидени и тоа како се позитивни. Јас би сакал од оваа говорница да упатам огромна благодарност до македонските граѓани заради тоа што тие се тие кои спасија човечки животи во ...
Јавноста да биде спокојна бидејќи се додека е оваа Влада нелегална миграција, легална миграција, миграција како резултат на пропаднати барања за азил, како резултат на некакви си договори нема да има. И тоа се гледа, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски пред пратениците одговарајќи на пратеничко прашање. Обвинувањата на опозициската СДСМ ги нарече апсолутна лага и конструкција во врска со темата мигранти во процесот на постигнување ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ги предупредува граѓаните да внимаваат при купување на станови односно да купуваат станови кои се веќе изградени, со имотен лист и имаат употребна дозвола, за да не се доведат во ситуација да останат и без стан и без средства доколку инвеститорите немаат пари да го реализираат односно завршат започнатиот објект. -Сакам да дадам едно предвидување, мислам дека не е добро, но ред е да ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши заедно со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи, оствариле работна средба со министерот за правда Игор Филков, на која се разговарало за Изборниот законик. На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, било договорено Министерството за правда, до втората половина на јануари, да формира работна група која ќе пристапи кон подготовка на нов Изборен законик. Во работната група ...
Советот на Град Скопје без ниту еден глас против го усвои Буџетот за 2026 година, кој, според градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, претставува буџет на одговорност, развој и иднина, со јасна визија за подобар квалитет на живот на скопјани. -Буџетот за 2026 година е доказ дека кога има ред, визија и работа, ќе има и резултати. Сакам искрено и од срце да се заблагодарам на сите советници кои го поддржаа, напиша на Фејсбук скопскиот ...
ТИТАН Усје ги отфрла обвинувањата дека придонесува за загадувањето на воздухот во Скопје, уверувајќи дека работи согласно највисоките европски стандарди. „Целосно ги отфрламе неоснованите обвинувања кон ТИТАН Усје, кои се невистинити и не се засноваат на факти и на научни податоци. За жал, и овој пат компанијата се користи како изговор за неосновани напади, иако реалните, научни и мерливи факти јасно укажуваат дека причините за загадувањето ...
Германската фудбалска федерација (ДФБ) им изрече казни на германските клубови во трите професионални лиги од вкупно 12 милиони евра за сезоната 2024/25, наведувајќи оти дека казните се главно поради употреба на пиротехнички средства од страна на навивачите, јави денеска агенцијата ДПА. Вкупната сума за казните е малку помала од претходната сезона. Највисоки казни платил Келн, нешто повеќе од 900.000 евра, по што следува Ајнтрахт Франкфурт, ...
Папата Лав 14-ти, на свечената миса за Бадник со илјадници верници во базиликата „Свети Петар“ рече дека Бог е присутен во секое човечко суштество. „Каде што има место за човечката личност, има место за Бог“, рече тој. Папата службата ја прослави навечер што беше промена во однос на неговите претходници, кои настанот го оджуваа порано. Но, тоа не беше пречка надвор од базиликата, илјадници луѓе гледаа на екраните од плоштадот „Свети Петар“, ...
Пет лица загинаа синоќа откако се урна хеликоптер на највисоката африканска планина Килиманџаро, Танзанија. Несреќата се случила на една од најпопуларните планинарски патеки, а хеликоптерот што се урна бил во спасувачка мисија, при што загинаа двајца странски туристи, локален лекар, туристички водич и пилот. Несреќата се случила помеѓу кампот Барафу на планината и врвот Кимбо на надморска височина од над 4.000 метри. Танзиската управа за ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Божиќното обраќање на украинскиот претседател Володимир Зеленски беше „нецивилизирано и полно горчина“, што, како што рече, сугерира дека тој е „ментално нестабилна личност“. „Видовме извештај за навистина бизарното божиќно обраќање на Зеленски. Тоа е некултурно, огорчено и звучи како донекаде нестабилна личност“, изјави Песков за руските медиуми. Тој додаде дека Кремљ ја доведува во ...
Советот на Град Скопје денеска треба да го усвиои буџетот за следната година. Планираните приходи се над 7 милијарди денари, додека расходите надминуваат 8 милијарди. Советниците на денешната седница треба да одобрат и субвенции за помош на јавните претпријатија под капата на Град Скопје. Градоначалникот Ѓорѓиевски во своето обраќање пред советот рече дека на сметката на градот наследиле само 40.000.000 денари, а денеска имаат над 400 милиони ...
На 24.12.2025 во 08:35 часот на наплатна станица Градско, полициски службеници од ОВР Кавадарци во содејство со Единицата за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал при Одделот за криминалистичка полиција, ги лишија од слобода Н.Р.(41) и И.Р.(41), двајцата од Скопје. При контрола во товарно возило „пежо боксер“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал Н.Р., а сопатник бил И.Р.-полициски службеник во ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши апелираше до пратеничките групи да се изнајде политичка волја и во Собранието да се избере народен правобранител. На денешната средба со новинарите тој кажа дека лично ќе се ангажира да се најде решение за ова прашање, бидејќи станува збор за важна институција и оти е недозволиво толку долго да нема прв човек. -Што се однесува до процедурата ние сме направиле се таа да тече нормално, но затекнати сме со ...
Предлог-измените на Законот за додадена вредност со кои се бара прологирање на рокот за ДДВ од 18 проценти за прв купен стан денеска го поминаа собранискиот филтер на Комисијата за финансирање и буџет. Предлог-измените се поднесени од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и со нив се бара прологирање на одредбата за зголемување на ДДВ од пет на 18 проценти од 1 јануари 2028 година. - Со законот ја одлагаме примената на одредбата која требаше да ...
Општина Аеродром денеска соопшти дека започнува со интензивни контроли и мерења на прекумерната бучава, со цел заштита на здравјето, мирот и квалитетот на живеење на граѓаните. - Согласно со член 9 од Законот за заштита од бучава во животната средина, забрането е емитирање бучава над пропишаните гранични вредности. Во станбените објекти, во вечерниот период од 19:00 до 23:00 часот, дозволеното ниво на бучава не смее да надмине 35 dBA, а во ...
Најмногу дожд изминатите 24 часа наврнало во Гевгелија - 36 литри на метар квадратен, а најмалку еден литар во Охрид. Според податоците на Управата за хидрометеоролошки работи за изминатите 24 часа, до седум часот утрово, во Струмица наврнале 34 литри на метар квадратен, 25 во Радовиш, 16 во Штип, Демир Капија и Виница, 15 во Берово, 12 во Крива Паланка, 11 во Кавадарци, 9 во Крушево, осум во Велес и Куманово, седум во Скопје, кај Петровец, ...
На денешното судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ сведочеше, Дејан Николов, сопственик на авто-лимарски сервис лоциран веднаш до дискотеката. Николов сведочеше за реновирањето на „Пулс“ од неговата перспектива како сосед на објектот, како и за трагичната ноќ кога објектот беше зафатен од пожар. Тој објасни дека сервисот го работи од 2009 година, а објектот на дискотеката бил изнајмен во летото 2012 година, кога започнало неговото ...
Најмалку 60 проценти покачена плата ќе имаат наставниците во четири години. Со договорот што Владата го потпша со СОНК се дефинирани покачувањата за секоја од четирите години, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска на собраниската седница посветена на пратенички прашања. Пратеничката Драгана Бојковска постави прашање за платите на наставниците упатено до премиерот Христијан Мицкоски, кој одговорот ѝ го препушти на ...
Три пати ќе биде проширена позитивната листа на лекови во 2026 година, а фокусот ќе биде на лековите за кардиоваскуларни заболувања. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, кој рече дека според нивна проценка, има голема потценетост на кардиоваскуларните заболувања од кои е најголема смртноста. Во врска со проширувањето на позитивнита листа лекови, Клековски им се извини на граѓаните ...
Според шведски епидемиолози и токсиколози од Универзитетот во Лунд, лицата со тетоважи на телото имаат зголемен ризик од добивање рак на кожата, особено меланом. Истражувањето опфатило речиси 3.000 лица со дијагностициран меланом и околу 8.500 здрави испитаници. Според резултатите, 22 отсто од лицата со меланом биле тетовирани, наспроти 20 проценти без ни една тетоважа. По добиените резултати истражувачите утврдиле дека најголем ризик од ова ...
Американската музичка суперѕвезда Тејлор Свифт ѝ подари милион долари на добротворната фондација „Храна за Америка“ или „Фидинг Америка“ (Feeding America), како и милион долари на „Американското здружение за срце“. Нејзината втора донација е во чест на нејзиниот татко, Скот Свифт, кој бил подложен на операција за петкратен „бајпас“ оваа година – по што неговата ќерка се смести кај него за да му помогне во заздравувањето. Овие донации ...
Администрацијата на американската сојузна држава Калифорнија прогласи вонредна состојба во Лос Анџелес и во неколку окрузи во јужниот дел на државата поради обилните дождови што предизвикува поплави. Во јужниот дел од Калифорнија прогласено е највисоко ниво на подготвеност за евакуација на населението. Во три градови во округот Лос Анџелес беше издадено предупредување од појава на торнадо, но подоцна беше укинато. Властите ги предупредија ...
Американското Министерство за правда соопшти дека се откриени повеќе од еден милион дополнителни документи поврзани со случајот на починатиот сексуален предатор Џефри Епштајн. Министерството наведе дека ќе бидат потребни неколку недели новите документи за се обработат и потоа ќе бидат објавени. Министерството за правда соопшти дека ги доби документите од Канцеларијата на државниот обвинител за Јужниот округ на Њујорк и од ФБИ за да ги ...
Илјадници верници синоќа на Бадник присуствуваа на плоштадот во Витлеем. Тоа е прво одбележување на Бадник од 2022 година, бидејќи градот ги откажа или намали празничните настани изминатите години од почит кон илјадниците луѓе, кои загинаа во војната во Појасот Газа. Мисата ја водеше кардиналот Пјербатиста Пикабала, највисокиот католички лидер во Светата земја, кој пристигна во Витлеем од Ерусалим и повика на „Божиќ полн со светлина“. ...
Воената морнарица на иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) заплени странски танкер во Персиски Залив, под сомнение за шверц на околу 4.000 тони гориво. Танкерот и неговиот нелегален товар се конфискувани, а 16 членови на екипажот се приведени. Како што јави Иранската новинска агенција (ИРНА) горивото на танкерот било натоварено со чамци и требало да се дистрибуира до бродовите откако товарниот брод ќе го напушти Персиски Залив. Но, ...
Материјална штета на згради и на неколку паркирани возила предизвика силната експлозија што во текот на ноќта се сучи пред филијала на банка во населбата Евсомос во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. Од експлозијата нема повредени лица, а според првичните информации, не претходел предупредувачки повик или какво било друго известување. Според државната телевизија „ЕРТ“ експлозијата била толку силна што се слушнала и на оддалеченост од ...
Пратеникот и поранешен министер за здравство Беким Сали е нов министер за евроинтеграции. Поранешниот владин портпарол Мухамед Хоџа пак, стана министер за животна средина. Собранието попладнево со 71 односно 72 гласа „за“ ги избра двајцата нови членови на кабиентот на Мицкоски. Новите министри влегуваат во Владата откако Изет Меџити од вицепремиер и министер за животна средина стана градоначланик во Чаир, па се ослободија две места што ...
Судиите и обвинителите на чекор до повисоки плати.. Уставниот суд одлучи да поведе постапка за испитување на уставноста на ланските намалени коефициенти за пресметка на плати на судиите. Под лупа на Уставниот суд оди и намалувањето на коефициентите за обвинителите.. Според Уставен, пониските плати заради намалување на коефициентите, влијаат на успешноста во извршување на работните обврски на јавните обвинители. Од уставен велат свесни се дека ...