Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Четириесет нови камиони за „Комунална хигиена“ ќе бидат набавени до април, најавува градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски. Дел од нив ќе бидат набавени преку јавна набавка за што се обезбедени средства во Буџетот на Град Скопје, а дел преку Светска банка. -Ќе ги набавиме до април во две фази (од една страна ние самите ќе направиме јавна набавка преку „Комунална хигиена“ за што одвоивме средства во буџетот, а од друга страна ...
Воено-политичката ситуација со западните соседи на Белорусија е затегната и сложена – западните земји се подготвуваат за воена акција и тоа не е блеф – изјави денеска белорускиот министер за одбрана, генерал-потполковник Виктор Хренин. Хренин за Првиот белоруски информативен канал изјави дека „ситуацијата може да се сумира во неколку зборови: затегната, склона кон радикализација и тешка“. – Тоа го гледаме во постапките, пред сè, на властите ...
Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека земјата вовела санкции против 10 поединци и 20 американски одбранбени компании, вклучувајќи ја и филијалата на „Боинг“ во Сент Луис, Мисури, поради продажба на оружје на Тајван. Мерките ги замрзнуваат сите средства што компаниите и поединците ги поседуваат во Кина и им забрануваат на локалните организации и луѓе да соработуваат со нив, соопшти министерството. На лицата на списокот со ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски разговараше со Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кому му пренесе дека руската војска не ги прекинала нападите ниту за време на Бадник и Божиќ, празници кои се славеа според грегоријанскиот календар. Тој додаде дека руските сили повторно гаѓале градови во источна Украина. Во Чернигов во напад со руски дрон врз станбена зграда, имало оштетувања и повредени лица. Американската сојузна држава ...
Сите даночни резиденти во својата држава треба да го пријават и оданочат целокупниот свој доход остварен во други земји, рече денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Елена Петрова. Според неа, воопшто што не се работи за ретроактивно оданочување, ниту за покривање состојби како немање пари во буџетот, туку за обезбедување фер и правично оданочување. -Не се работи ниту за некоја нова законска одредба која сакаме да ја ...
Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и Управата за јавни приходи (УЈП) извршија контроли кај приватни здравствени установи, матични гинеколози при што утврдиле дека кај 26 од 49 немало никакви неправилности. Клучните наоди покажале дека неуредност, (збирно утврдени неправилности од ФЗО и/или УЈП), имало кај 23, само од ФЗО кај 3, само од УЈП кај 11 и од двете институции, кај 9 установи. Генералниот директор на Фондот, Сашо Клековски на ...
Кризна 2026 година прогнозира лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче. Проценува дека државата наредната година ќе мора да се задолжи над 2 милјарди евра за да ги сервисира потребите на граѓаните. Дополнително, вели дека има стагнација во евроинтеграциите и нема прогрес во ниту една област. На предновогодишниот брифинг Филпче за лошите состојби ја обвини владејачката ВМРО-ДПМНЕ нарекувајќи ја антидржавен елемент бидејќи владеела со ...
Поради појава на магла, има намалена видливост од 60 до 70 метри на планинскиот превој Стража, до 50 метри на планинскиот превој Плетвар, од 15 до 20 метри во Крушево и до 20 метри на патниот правец Бунец - Маврови Анови, информираат од Јавното претпријатие „Македонијапат“. Сообраќајот на државните патишта, додаваат, се одвивал непречено, по претежно влажни коловози. На одредени патни правци што поминуваат низ усеци и клисури можна била ...
На 25.12.2025 во 20:18 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Ф.С.(39) од Куманово. при гранични проверки и контрола во возилото „фиат“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 271 монети со различни големини и форми, кои потекнуваат од различни временски периоди. Лицето е задржано во Полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител. По ...
Итна координативна средба на која беа повикани заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска, директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска, како и одговорни лица за квалитет на воздухот во МЖСПП, денеска се одржа во просториите на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). На средбата министерот Муамед Хоџа побара од директорката Гиновска информации во врска со ...
Сакам уште еднаш да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на македонските граѓани, затоа што со смирувањето на сообраќајот во Скопје директно придонесоа да се намали бројот на повредени лица кои се згрижувани во Центарот за трауматологија, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски говорејќи за резултатите од проектот „Безбеден град“ на промоцијата на 120 нови полициски возила. Тошковски нагласи дека почитувањето на ...
Насилен скопјанец ја претепал сопругата, но и својата 60 годишна мајка. - На 25.12.2025 во 12.15 часот во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со К.С.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Карпош, физички ги нападнал неговата 36-годишна сопруга и неговата 60-годишна мајка, известија од полицијата во денешниот билтен на настани. По целосно документирање на случајот ќе ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска на промоцијата на новите полициски возила во Министерството за внатрешни работи, најави дека службите на Брзата помош низ целата држава ќе бидат подновени со нови возила. Според премиерот, во следните две години ќе бидат испорачани вкупно 150 возила. -Во текот на следната година Владата донесе одлука да набави 100 возила за Итната медицинска помош и вредноста на тој проект е мислам околу 7,5 милиони евра, ...
Денеска е реализирана исплата на средства во вкупен износ од 39.065.031 денари кон 663 оризопроизводители, информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Исплатата, како што велат, се однесува за финансиска поддршка од 6 денари по килограм предадена оризова арпа во откупувачки центри, за периодот од 1 март до 30 септември 2025 година. -Со ова се опфатени сите оризопроизводители од минатата реколта. Нашата цел ...
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, на годишната прес-конференција работењето на Уставниот суд изминатата година го оцени како ефикасно и транспарентно, нагласувајќи дека во услови на динамични општествени политички процеси Уставниот суд и покрај притисоците и влијанијата остана цврст столб на правната држава, и неприкосновен чувар на Уставот. Уставниот суд, според Костадиновски, одговорил на доверината задача професионално, ...
Повластената стапка на ДДВ од 5 проценти за новоизградени станови ќе важи и по 1 јануари 2026 година. Ова го предвидуваат измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност што беа усвоени во Собранието, поптврдуваат од Министерството за финансии (МФ). -Согласно измените на Законот, рокот на примена на повластената стапка од 5 проценти на првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој тие се користат за станбени ...
Македонската ракометна репрезентација по четирите дена подготовки во Скопје денеска заминува за Пореч, Хрватска како втор дел од подготовките за претстојното Европско првенство. Селекторот Кирил Лазаров за Пореч ќе смета на 20 ракометари. На 28. декември (недела) македонските ракометари ќе одиграат и контролен натпревар со Хрватска. Репрезентацијата ќе биде комплетна на 2. јануари во Скопје кога голманот Мартин Томовски ќе се приклучи на ...
Истражувачите со години укажуваат на тоа дека сопствениците на домашни миленици имаат понизок степен на стрес и поголемо чувство на среќа. Сепак, долго време остануваше дилемата дали кучето или мачката навистина го зголемуваат животното задоволство и нè прават среќни. Најновото истражување укажува на тоа дека домашните миленици директно придонесуваат за подобро ментално здравје, а тој ефект, според научниците, е еднаков на вредност од околу ...
Лансирањето на ракетата-носач „Сојуз-2.1а“ од космодромот Плесецк во предвидената орбита се одвиваше според планот, а леталото е поставено во целната орбита навреме, соопшти денеска руското Министерство за одбрана. Ракетата „Сојуз-2.1а“, која беше лансирана денеска од космодромот Плесецк во Архангелската област, постави сателит во орбитата и тој работи нормално, се наведува во соопштението. – Во предвиденото време, леталото беше исфрлено во ...
Папата Лав XIV во својата божиќна порака „До градот и светот“ (Urbi et Orbi) порача дека Црквата му го доверува европскиот континент на Исус Христос, Принцот на мирот, и дека посебно се моли да „замолкне татнежот на оружјето“ во Украина, како и Киев и Москва да најдат храброст за искрен дијалог. – Целиот европски континент му го доверуваме на Принцот на мирот, молејќи го да продолжи во него да инспирира дух на заедништво и соработка, верен ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во својата божиќна честитка изјави дека „многу гадови“ во Соединетите Американски Држави го сакале финансиерот и осуден сексуален престапник Џефри Епстин, за потоа, кога Епстин беше обвинет за педофилија, „лажно да тврдат дека немаат никаква врска со него“. – Среќен Божиќ на сите, вклучително и на многуте гадови кои го сакаа Џефри Епстин, му даваа купишта пари, одеа на неговиот остров, присуствуваа на ...
Германија нема да учествува во меѓународните сили за стабилизација (ISF) за спроведување на мировниот план за Газа „во догледна иднина“, според министерот за надворешни работи Јохан Вадефул. Во изјавите објавени денеска, Вадефул за ДПА рече дека германските војници нема да бидат дел од сили од кои би се барало да „обезбедат конкретна сигурност во случај на сомнеж“. „Многу луѓе не можат да замислат германски војници да го прават тоа во овој ...
Во Русија е разбиена криминална група која контролирала мрежа на печатници за производство на фалсификувани пасоши и други документи, а во текот на полициската акција се уапсени 14 лица, соопшти портпаролката на руското Министерство за внатрешни работи, Ирина Волк. Волк во објава на Телеграм наведе дека во полициската акција се запленети повеќе од 50.000 фалсификувани документи, како и дека се проценува дека од оваа нелегална активност ...
Белгискиот министер за внатрешни работи Бернар Квинтан донесе одлука за стопирање на проектот за дигитализација на федералната полиција, наречен „и-полиција“, поради неисполнети очекувања, објави денеска бриселскиот весник „Соар“. Весникот, повикувајќи се на извори во Кабинетот на Квинтан, наведува дека одлуката за стопирање на проектот се должи на тоа што постигнатите резултати не ги исполниле првичните очекувања, како и на сериозни ...
Синоптирачарите за утрово најавуават облачно време, во крајните југозападни делови од државата со услови за слаби врнежи од дожд и снег. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени. Во Скопје, променливо облачно, во текот на денот со сончеви периоди. Ќе дува ...
Директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова и генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски денеска ќе одржат прес-конференција во врска со резултатите од спроведените контроли кај приватни здравствени установи. Резултатите што ќе ги претстават се од извршените контроли во 49 приватни здравствени установи кои имаат склучени договори со Фондот за здравствено осигурување за вршење дејност од областа на ...
Со 10 барања, меѓу кои и дислокација на Цементарница Усје, група граѓани ги блокираа булеварите Борис Трајковски и Србија, на само 100-тина метри од главниот влез на фабриката. Сметаат дека Усје е најголемиот загадувач на воздухот во главниот град кој, со исклучок на денеска, во изминатите две недели беше токсичен. Скопјани поддршка добија и од еко-активисти од другите градови кои во изминатиот период водеа свои локални битки. Протестот ...
Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, посети градилиште за подморници на нуклеарен погон и беше сведок на тестирање на „нов тип“ противвоздушна ракета, јави денеска севернокорејската агенција КЦНА. Како што пренесе сајтот „Јуроњуз“ (Euronews) на француски јазик, Ким за време на посетата ги критикувал напорите на Јужна Кореја да развие сопствени подморници на нуклеарен погон со САД, нарекувајќи го тоа „закана на која мора да се ...
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека преговорите со Соединетите Држави за ставање крај на војната во Украина напредуваат бавно, но сигурно. Во процесот на преговори со Соединетите Држави за решавање на конфликтот во Украина може да се забележи бавен, но постојан напредок, рече Захарова. Таа речиси и да не ја спомена Украина и наместо тоа се обиде да ги соочи Вашингтон и неговите ...
Без долготрајни екстремни периоди, но со епизодни студени бранови ќе биде оваа зима, покажуваат најновите сезонски климатски очекувања за државава. Средната зимска температура ќе биде над повеќегодишниот просек за околу +1°C. Студени бранови со температури околу или под нормалните се очекуваат кон крајот на декември до средината на јануари, како и кон крајот на февруари, но без сигнали за долготрајни или екстремни зимски студови. Климатскиот ...