Русија се спротивставува на независноста на Тајван во која било форма и го смета тој остров за неразделен дел од Кина, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во соопштение објавено денеска. Во интервју за руската државна агенција, Лавров, исто така, ја повика Јапонија „внимателно да размисли“ за она што го опиша како пат кон милитаризација. Лавров во интервјуто изјави дека европски контингент, доколку биде распореден во Украина, ...

Советот за безбедност на ОН утре ќе свика итен состанок поради контроверзното признавање на Сомалиленд како независна држава од страна на Израел, јави ДПА. Пред седницата, 21 претежно муслиманска земја доцна синоќа издадоа заедничка изјава, предупредувајќи на „сериозни последици“ од израелската одлука за „мирот и безбедноста на Рогот на Африка“ и во поширокиот регион на Црвеното Море. Сомалиленд, регион со муслиманско мнозинство во северна ...

Во Централноафриканската Република (ЦАР) денеска се одржуваат избори, а претседателот на земјата Фаустин-Арчанг Туадера се кандидираше за трет мандат, нагласувајќи го подобрувањето на безбедноста во земјата постигнато со помош на руски платеници и војници од Руанда. Покрај претседателските избори, денеска се одржуваат и парламентарни, регионални и локални избори, а прелиминарните резултати се очекуваат до 5 јануари. Доколку ниту еден ...

Ангола и Намибија се согласија да го прифатат враќањето на нелегални мигранти и криминалци, откако британската Влада се закани дека ќе воведе визни санкции за земјите што одбиваат да соработуваат, објави британското Министерство за внатрешни работи. Во соопштението се наведува дека на Демократска Република Конго ѝ е прекината забрзаната постапка за добивање визи, како и преференцијалниот третман за службениците и лицата што донесуваат ...

Повеќе од 2.000 летови се откажани или одложени денеска во североисточниот регион и регионот на Големите езера во САД, откако зимска бура од мраз и снег ја погоди областа за време на фрекфентниот период помеѓу Божиќ и Нова Година, објави Си-Би-Ес Њуз (CBS News). До вчераутро, во Њујорк паднаа нешто помалку од три инчи снег - околу половина од тоа што го предвидоа некои прогнозери. Од петокот досега во САД се откажани најмалку 2.700 летови, а ...

Косово денеска ќе избере нов парламент, втор пат за 11 месеци, при што левоориентираното движење „Самоопределување“ на премиерот Албин Курти останува јасен фаворит за победа, јавува ДПА. Предвремените избори беа неопходни бидејќи иако „Самоопределување“ се појави како најголема партија на редовните избори на 9 февруари, не успеа да постигне практично мнозинство во парламентот. Оттогаш, новиот парламент остана заглавен, не можејќи да се ...

Времето денеска изутрина ќе биде ведро и студено, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до повремено силен ветер од северен правец со брзина од над 60 километи на час. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од ...

По рекордниот пораст на цената на биткоинот над 90.000 долари ја зголеми вкупната вредност на сите дигитални средства над 3,2 трилиони долари, најбогатите во светот на крипто забележуваат значително зголемување на нивното богатство. Форбс проценува дека 11-те најбогати крипто-милијардери, чии средства главно се состојат од токени и акции, колективно ќе го зголемат своето богатство за 38 милијарди долари во 2024 година. По рекордниот пораст ...

Социјалните мрежи Инстаграм и Фејсбук бележат проблеми, а веб-страницата „DownDetector“ покажува дека некои други услуги како Месинџер, Ватсап и други не работат. Речиси 100.000 корисници на веб-страницата „DownDetector“ пријавиле проблеми со Фејсбук, додека повеќе од 60.000 од нив имаат проблеми со Инстаграм. Повеќето извештаи доаѓаат од Соединетите Американски Држави, но извештаите за проблеми доаѓаат од целиот свет. Социјалните мрежи ...

Возачот на Мерцедес, Андреа Кими Антонели, го покажа најдобриот резултат синоќа во спринтерските квалификации на Големата награда на Мајами. Осумнаесетгодишниот Италијанец со време од 1:26.482 минута ја освои пол-позицијата. Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, е на второто место (+0,045), а неговиот соиграч Ландо Норис е на третото место (+0,100). Главната трка во Мајами ќе се одржи утревечер со почеток во 22 часот. Возачот на Мерцедес, ...

Репрезентацијата на Италија синоќа ја победи Белгија во полуфиналето на Дејвис купот. Пресметката заврши со 2:0, немаше потреба да се игра мечот во двојки. Прво Матео Беретини го победи Рафаел Колињон (6:3, 6:4), а по него, Флавио Коболи го совлада Зизу Бергс (6:3, 6:7 и 7:6). Во финалето, Италијанците ќе играат против победниците од денешниот натпреварот Шпанија – Германија (почеток 12 часот). Италија е актуелен шампион на Дејвис купот. ...

Екипата на Наполи каде настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го освои Супер купот на Италија. Во финалето што се играше во Ријад, Саудиска Арабија ја совладаа Болоња со 2:0. Стрелец на двата гола беше Давид Нерес во 34.минута и во 57.минута. Елмас беше дел од стартните единаесет на овој натпревар, а на теренот мина 68 минути. За Наполи кој има четири шампионски пехари, ова беше трет освоен Супер куп. МИА Екипата на Наполи каде ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска телефонски ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски и други европски лидери, изјави портпарол на ЕК. Белата куќа претходно соопшти дека Трамп ќе се сретне со Зеленски утре во Палм Бич на Флорида. Средбата е закажана за 15 часот по локално време и ќе биде посветена на напорите за прекин на војната во Украина МИА Претседателката на Европската комисија, ...

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван ноќеска во Охрид и околината. Земјотресот бил со Рихтерова магнитуда од 2,2, а е почувствуван во 03:18 часот. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга на околу 105 километри југозападно од Скопје. MИА Земјотрес со интензитет од три ...

Довербата на Французите во нивниот претседател Емануел Макрон во декември падна на само 25 проценти, објавија француските медиуми, повикувајќи се на резултатите од анкетата на јавното мислење објавена денес. „Божиќ не ја врати довербата на францускиот народ во извршната власт. Според интерактивниот барометар Толуна-Харис за LCI, објавен вчера, само 25 отсто од населението велат дека му веруваат на претседателот Емануел Макрон“, пишува ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во недела ќе отпатува за САД, каде што во понеделник во Флорида ќе се сретне со блискиот сојузник, американскиот претседател Доналд Трамп, изјави за француските медиуми израелски функционер. Според локалните медиуми, програмата на посетата ќе биде исполнета со многу содржини, вклучувајќи дискусии за втората фаза од договорот за прекин на огнот во Појасот Газа. Тоа ќе биде петта средба меѓу Трамп и ...

Македонски шуми годинава бележат намален обем на дрвокрадство и зголемен број на пријави и откриени случаи. Сепак, од претпријатието оценуваат дека состојбата и натаму е незадоволителна, а клучен проблем останува недоволната координација меѓу надлежните институции. Според заменик-генералниот директор Кире Михаилов, нелегалната сеча со години наназад била присутна, но во минатото голем дел од криминалот не бил процесуиран. Денес, иако ...

На 82-годишна возраст денеска во Скопје почина проф. д-р Кирил Темков, познатиот професор во пензија по филозофија, етика и естетика, автор на голем број книги, учебници и научни дела, како и публицистички трудови од областа на филозофијата, етиката, естетиката и културологијата. Темков во текот на својата плодна кариера беше асистент, предавач, вонреден и редовен професор по Етика, Естетика, Филозофија на политиката, Филозофија на ...

Бројот на регистрирани станоиздавачи на охридското крајбрежје во нагорна линија.Од Секторот за туризам и локален економски развој посочуваат дека за разлика од изминатите години не само што има зголемување на понудата туку расте и квалитетот на категоризацијата на приватните сместувачки објекти.Моментално во Охрид има 3 илјади регистрирани станоиздавачи. Со подобрување на инфраструктурата и најавените локални проекти се очекува раст во ...

После 55 години, Струмичкиот театар ,,Антон Панов,, повторно ја враќа на сцена култната македонска драма ,,Бегалка,, од Васил Иљоски. Од театарот велат дека новата премиера претставува симболично навраќање кон делото кое оставило длабок белег во историјата на македонскиот театар, но и продолжување на мисијата за негување на македонската драматургија и оживување на значајните дела од домашното културно наследство. За Режисерот Дамјан Димовски ...

Дедо мраз пристигна на плоштадот Македонија со воз полн со пакетчиња. На бината беше дочекан од распеаните хорчиња. Град Скопје приреди новогодишно изненадување за сите деца кои дојдоа на плоштадот. Илјадници пакетчиња подели дедо мраз за нова година. Децата не ја криеја радоста. Со нетрпение го очекуваа пристигнувањето на дедо мраз и му порачаа што посакуваат за нова година. Градоначалникот на Скопје порача со пристигнувањето на дедо мраз ...

Во време кога мирот никогаш повеќе не му бил потребен на светот, вредноста на македонските мировници никогаш не била повидлива – ваква порака упати претседателката на државата до македонските војници кои се дел од мировните мисии низ државите во светот. Сиљановска Давкова им се обрати преку видео врска од касарната на скопскиот аеродром на традиционалната предновогодишна средба со нивните семејства. Свои пораки до македонските мировници ...

СДСМ денеска го обвинува Јован Деспотовски за соработка со ВМРО-ДПМНЕ со цел рушење на партијата од внатре. Од овие причини велат дека е испратено барање и до Централниот одбор за итно исклучување на Деспотовски од партијата. Изјавата на Деспотовски за Дојче Веле во која тој го критикува начинот на кој СДСМ комуницира со јавноста и новинарите, оценувајќи дека тоа не доликува на сериозна партија, од СДСМ тврдат дека е дадена со цел ...

Од 17:10 часот Граничниот премин Евзони е блокиран за секаков вид на сообраќај за влез и излез од Грција, информира АМСМ. Грчките земјоделци денеска на четири часа го затворија граничниот премин за сообраќај на сите возила до 16 часот по грчко, односно 15 часот по македонско време, а за попладне најавија втора четиричасовна блокада од 18 часот по локално време. Оттаму посочуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по ...

Тренерот на Бенфика Жозе Мурињо можно е да го стопира евентуалниот трансфер на Николас Отаменди во Барселона. По повредата на коленото на Кристенсен, каталонскиот клуб бара играч како замена, а според португалските медиуми Отаменди е еден од нив. Но, тренерот на Бенфика побарал од управата да го продолжат договорот со играчот, кој му истекува следното лето. Тоа би значело дека евентуалниот трансфер на Отаменди зимава нема да се реализира. ...

Пет лица се повредени во рускиот напад врз Киев синоќа, објави градоначалникот на главниот град, Виталиј Кличко, на Телеграм, цитиран од Укринформ. „Досега, четворица од повредените во непријателскиот напад добиле медицинска помош. Тројца се хоспитализирани, а еден е прегледан и се лекува надвор од болницата“, рече Кличко. Според него, пожар избувнал во сервис за автомобили во југозападниот дел на Киев. Во северниот дел на главниот град, ...

Хрватска од 1 јануари ќе ја преземе контролата и заштитата на сопствениот воздушен простор со повеќенаменски борбени авиони „Рафал“ како дел од интегрираниот систем за противвоздушна и ракетна одбрана на НАТО, соопшти денеска хрватското Министерство за одбрана. „Преку интензивната обука на персоналот во процесот на воведување на повеќенаменскиот борбен авион „Рафал“ во оперативна употреба, постигнато е ниво на подготвеност за спроведување на ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа повика на „воздржаност“ поради ескалацијата на насилството во Јемен, но избегна да заземе страна меѓу Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, двајца клучни партнери на Вашингтон, вмешани во конфликтот, објавија светските агенции. „Повикуваме на воздржаност и континуирани дипломатски напори за постигнување трајно решение. Благодарни сме на нашите партнери, Кралството Саудиска Арабија и ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ во телефонски разговор со унгарскиот премиер Виктор Орбан „ја разгледал актуелната ситуација во однос на енергетската безбедност, како и следните чекори за стабилизирање на ситуацијата во таа област“. „Исто така, ги разгледавме плановите за развој на регионални мрежи за транспорт, складирање и прием на енергија, имајќи го предвид приоритетното значење на стабилното снабдување со енергија за двете земји“, ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на пат кон Флорида, каде што ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, ќе ја посети и Канада, каде што ќе разговара со премиерот на земјата, Марк Карни. Како што објави Укринформ, Зеленски им изјавил на новинарите дека за време на неговиот престој во Канада е планирана и онлајн комуникација со европските лидери. Според него, разговорите ќе ги опфатат сите релевантни ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
76%
1011
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
10.8
69%
1010
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
91%
1007
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
9.26
67%
1012
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
3.28
83%
1016
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
91%
1006
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
6.17
71%
1009
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
51%
1008
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1008
weather icon

Букурешт

0ᴼ / -1ᴼ
3.6
72%
1017
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
7.2
76%
1010
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
9.26
71%
1011
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Цинк

3.29

Калај

46.04

Бакар

11.84

Платина

68416.79

Родиум

334367.76

Кобалт

64.04

Паладиум

55363.59

Иридиум

215504.98

Рутениум

45750.51

Сребро

2677.51

Алуминиум

3.07

Злато

163216.16