Утре се очекуваат повремени локални врнежи од дожд, особено во источните делови од државата. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите ќе престанат насекаде. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималните температури во текот на утрешниот ден ќе се движат во интервал од -1 до 6 степени Целзиусови, додека максималните ќе достигнат од 3 до 9 ...

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ на МВР (Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе), поради постоење основани сомненија за сторени кривични дела, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) денеска (24.12.) поднесе кривична пријава против пет лица, сите од Тетово, и тоа: против лицето Ф.М.(25) - за кривично дело „трговија со дете“ ...

Решени административнните пречки и паркингот на Клинички стана сопственост на државата, а во иднина со него ќе управува “Градски паркинг– Скопје”. Ваква одлука била донесена на вчерашната владина седница. Министерот за здравство информира дека скопското јавно претпријатие ќе има обврска да го модернизира просторот и да ја дигитализира апаратурата. Ќе има 400 нови паркинг места и катна гаража на местото на модуларната пред Инфективна. Цената ...

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ на МВР (Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе), поради постоење основани сомненија за сторени кривични дела, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈОГОКК) денеска (24.12.) поднесе кривична пријава против пет лица, сите од Тетово, и тоа: против лицето Ф.М.(25) - за кривично дело „трговија со дете“ ...

И Македонија може да биде „ветената земја“ – барем за 12 Македонци кои во изминатите 10-тина година решиле да се вратат дома. Во Свечената сала на Владата, пред премиерот Мицкоски и пред Националниот координатор за демографија Ѓорчев, ги кажаа своите приказни зошто одлучиле од Западниот свет да се вратат во Македонија. Носталгија, семејство, бизнис потенцијал, евтин живот. Ова се дел од причините за од иселеници да станат повратници. Ана ...

Се одложува просечната потрошувачка кошничка што ќе ја пресметува државата. Методологијата е готова и требаше да се применува од јануари, ама се уште се чека мислење од синдикатите и работодавачите, вели министерот за економија. Кошничката им била доставена на увид и на двете страни пред локалните избори за ако имаат да достават забелешки, но Дурмиши вели дека досега не се изјасниле ни едните, ни другите. Ако и следниот месец не дадат ...

Намалена видливост поради густа магла е забележана на планинските премини Стража и Плетвар, каде видливоста е до 50 метри, како и во Крушево, каде изнесува околу 70 метри, информираат од ЈП „Македонијапат“. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но по влажни коловози. На одредени патни правци кои минуваат низ усеци и клисури можно е појава на поситни одрони. ЈП „Македонијапат“ апелира до возачите да управуваат внимателно, да ...

Толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“ ќе биде иста како онаа што се применува кај останатите полициски радари, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. - Тоа значи дека за брзини до 100 километри на час ќе има толеранција од шест километри, за брзини над 100 километри на час осум километри, а за брзини над 200 километри на час дванаесет километри, појасни Тошковски, додавајќи, пак, дека ако е дозволено 50 км/ч ...

Украина го објави комплетниот мировен план од 20 точки, создаден заедно со САД, што треба да стане основен документ за завршување на војната – објави украинската агенција „Униан“. Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, нагласи дека Руската Федерација треба да го даде одговорот на планот до денеска, на состанокот со американската страна, и дека Украина е подготвена за преговори на највисоко ниво, особено во врска со територијалните ...

Началникот на Генералштабот на либиската армија, Мохамед Али Ахмед Ал-Хадад, загина во авионска несреќа во вторник откако ја напушти турската престолнина Анкара, изјави премиерот на Либија, додавајќи дека во авионот имало и уште четворица патници како и три членови ан екипажот – сите ги загубија животите. Авионот како полета кон Триполи. Турскиот министер за внатрешни работи изјави дека властите ги пронашле остатоците од авионот во близина на ...

Украинското воено разузнавање потврди дека стои зад утринскиот напад во Москва во кој загинаа двајца полицајци Според Рускиот истражен комитет, полицајците се приближиле до сомнително лице во близина на полициско возило, по што напаѓачот активирал експлозивна направа. Нападот се случи во непосредна близина на местото каде што само два дена претходно беше извршен атентат врз висок руски генерал со автомобил-бомба. Во мегувреме Укранскиот ...

Бугарија ни понуди мазут за надминување на кризната состојба, македонската Влада одби. За да се обезбеди нормално снабудавање со електричка енергија, премиерот во оставка Желјазков преку бугарскиот министер за надворешни работи, во знак на добрососедство и солидарност му понудиле снабдување со мазут на министерсот Муцунски. Но, од Владата велат - во моментов помош не ни треба. - Ве информираме дека државата во моментов не се наоѓа во ...

Апелацискиот суд во Гостивар, двојно ги зголеми казните затвор за обвинетите за пожарот во тетовската модуларна болница. Наместо по една и пол година, двајцата поранешни директори на болницата, Флорин Бесими и Артан Етеми, според одлуката на повисокиот суд, ќе треба да издржуваат затворските казни во траење од по три години. Во одлуката, гостиварска апелација наведува дека изречените кривични санкции биле во согласност со степенот на ...

Судскиот совет денеска ја одложи закажаната седница поради немање кворум, бидејќи на седницата присуствуваа само шест од вкупно 15 члена. Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, информираше дека поради недоволниот број присутни членови не се исполнети условите за одржување на седницата, по што таа е одложена, а новиот термин дополнително ќе биде соопштен. Тој објасни дека дел од членовите се на годишен одмор а дел на ...

Македонија денес е земја која се развива, дом во кој има место за сите луѓе оние кои се тука, но и оние кои заминале надвор. Ни треба секој родум од Македонија кој сака да придонесе за татковината. Ни треба секој кој научил нешто надвор и е подготвен тоа да го вложи дома. Ни треба секој што верува дека оваа земја може и мора да биде подобро место за живеење. Преку вашиот пример денеска испраќаме порака за враќање до сите наши луѓе родум од ...

Македонска пошта следниот месец од Владата ќе добие 100 возила, 90 помали комбиња и 10 големи комбиња со кои ќе може да се подобрат условите за работа, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Како што информира Николоски на јавниот состанок што го одржа Агенцијата за пошти, се работи и на програма за дополнителна поддршка на Поштата. - Работиме и на програма што ќе значи дополнителна помош за Македонска пошта ...

Министерството за финансии информира дека продолжува со редовна исплата и реализација на доставените налози од буџетските корисници, кои што согласно насоките ги доставуваа налозите до 15 декември 2025 година. - Преку трезорот во изминатите неколку денови се реализирани исплати за субвенции за зелена нафта, субвенции за овчарство, средства за коридорите 8 и 10 д, исплата на две транши кон Развојната банка за домашните компании, средства за ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(44), М.А.(39) и Г.Ш.(25), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично „измама“. На 16.12.2024, пријавените се обиделе со лажно прикажување факти да измамат полициски службеници од сообраќајна полиција. Имено, тие се договориле и во круг на автоперална на ул.„Маршал Тито“ во Тетово фиктивно ги судриле возилата „бмв“ со швајцарски национални ознаки и „бмв“ со тетовски ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонреден инспекциски надзор во девет новогодишни куќарки во градската чаршија во Струга и издаде решенија за забрана за работа поради неисполнување основни хигиенски услови. На угостителите им се изречени парични казни од по 200 евра во денарска противвредност, а издадени се и налози за нивна регистрација во Агенцијата како оператори со храна. -Со контролата спроведена на 22 овој месец, ...

По повод празникот Рождество Христово, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов упати божиќна честитка која ви ја пренесуваме во целост: „И Словото стана тело и се всели меѓу нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот“ (Иван 1,14). Божјото Слово доаѓа меѓу нас во облик на човек, како дете родено од жена. „Дојде кај Своите, но Своите не Го примија. А на ...

Папата Лав XIV синоќа повика на еднодневно божиќно примирје низ целиот свет, не споменувајќи никаков конкретен конфликт, но изразувајќи жалење што „Русија се чини дека го отфрли барањето за примирје“. „Ја повторувам оваа молба до сите луѓе со добра волја да одбележат барем еден ден мир на овој празник на раѓањето на Спасителот“, рече папата додека ја напушташе својата резиденција во Кастел Гандолфо, во близина на Рим, пред да се врати во ...

Врховниот суд на САД денеска му стави на претседателот Доналд Трамп нова пречка во неговите планови за распоредување на Националната гарда во Чикаго. Врховниот суд го отфрли итното барање на американскиот претседател со кое се тој иницираше суспензија на одлуката на понискиот суд со која привремено се забранува употребата на трупи на Националната гарда во државата Илиноис, јави ДПА. Националната гарда е воена резервна сила која е дел од ...

САД синоќа им соопштија на Обединетите нации дека ќе воведат и спроведат максимални можни санкции за да го лишат венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговиот наркокартел од ресурси. Британските медиуми пренесуваат дека адинистрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп со месеци наназад спроведува кампања на смртоносни напади врз бродови покрај венецуелскиот брег и пацифичкиот брег на Латинска Америка, за кои постои сомневање ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека САД сè уште се посветени на постигнување мировен договор, откако беше информиран за разговорите што украинските преговарачи ги водеа со американската страна. Како што објави парискиот весник „Ле Монд“ на својата веб-страница, Зеленски во своето редовно обраќање синоќа изјави дека добил детален извештај од секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Рустем Умеров и ...

Грчките земјоделци, привремено, поради Божиќ ги отворија сите блокади низ целата земја, со што сообраќајот на автопатиштата се одвива непречено, но сепак тракторите остануваат паркирани на крајните коловозни ленти на низа локации во Грција. Земјоделците, кои на 30 ноември ги започнаа протестите во земјата, решија до петок да ги олеснат празничните патувања на граѓаните, со што, во координација со полицијата делумно ги повлекоа тракторите. ...

Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег. Наместа во источните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 9 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до ...

Уставниот суд на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 28-та и последна седница за 2025 година, на која ќе бидат разгледани девет иницијативи за оценување на уставноста и треба да се донесат конечни одлуки за пет предмети. Меѓу предметите од поголем јавен интерес се иницијативите со кои се оспоруваат измените на Законот за платите на судиите. Подносителите тврдат дека намалувањето на коефициентите за плати претставува повреда на ...

Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 534-та седница на која ќе се разгледаат прашања поврзани со престанокот на судиска функција поради стекнување услови за старосна пензија, поплаки и претставки за работата на судиите и судовите, како и формирање комисии за постапки за утврдување одговорност. Ќе бидат разгледани повеќе претставки и поплаки поднесени од граѓаните и правните лица за работата на судиите, ...

Собранието денеска ќе ја одржи 75. седница, на чиј дневен ред е и изборот на новите министри за европски прашања и животна средина. Како прва точка на дневниот ред е Предлогот за разрешување на Орхан Муртезани од министерската функција во Министерството за европски прашања. За нов вицепремиер и министер за европски прашања е предложен сегашниот пратеник и поранешен министер за здравство Беким Сали. Изборот на новите членови на Владата дојде ...

Условите кои ДУИ ги постави за влез во идна влада не им се допаѓаат ниту на ВМРО ниту на СДСМ. Условот на Али Ахмети, според кој идната Влада би се избирала со Бадентерово мнозинство доколку некоја партија коалицира со нив, за лидерот на СДСМ, Венко Филипче е обид за собирање политички поени. Министерот за надворешни работи пак Муцунски му порача дека се уште живее во времето од пред 20 години и со ваквите политили долго ќе си седи во ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1010
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
9.26
64%
1008
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
89%
1006
weather icon

Софија

2ᴼ / 0ᴼ
8.75
67%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.87
84%
1015
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
1.03
83%
1005
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
5.36
65%
1009
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
51%
1007
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1008
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
73%
1017
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
5.14
77%
1009
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
9.26
73%
1010
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

55363.59

Алуминиум

3.07

Сребро

2677.51

Платина

68416.79

Злато

163216.16

Родиум

334367.76

Кобалт

64.04

Калај

46.04

Цинк

3.29

Рутениум

45750.51

Бакар

11.84

Иридиум

215504.98