Можно е Владата повторно да ги активира мерките за цените на горивата. Откако нафтата на светските берзи скокна на околу 80 долари за барел, по новите напади на Блискиот Исток, премиерот Мицкоски вели дека состојбата се следи. Доколку има потреба, мерките стојат на располагање. Оцени дека актуелните случувања создаваат неизвесност на енергетските пазари, но уверува дека државата има доволно резерви и план за навремено снабдување со енергенси. ...

Се следи состојбата со цените на горивата, ќе видиме како ќе се одвива – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој напомена дека економските мерки остануваат на располагање, но не кажа дали ќе се активираат. Како што истакна Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања, Македонија има убедливо најниска цена на горивата и успеа во јуни да има најниско ниво на инфлација од сите држави во регионот. – Живееме во прилично предизвикувачо ...