Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп го прогласи левичарското движење Антифа за домашна терористичка организација. „Антифа е милитаристичко, анархистичко здружение кое експлицитно повикува на уривање на Владата на Соединетите Држави, органите за спроведување на законот и нашиот правен систем,“ соопшти Белата куќа. „Благодарение на лидерството на претседателот Трамп, тие сега се класифицирани како домашна терористичка организација.“ Трамп ја ...
Македонските кик бокс репрезентативци се враќаат од Европското јуниорско првенство од Италија 2025 со две бронзи. - Бронзи обезбедија Лука Змејкоски и Марија Димовска. Извонредни борби покажаа и Андријано Димишковски и Калин Бабоски кои се голема нова надеж меѓу нашите јуниори. Марија е минатогодишен светски јуниорски првак и беше фаворит на ова Европско првенство за злато но неслучајно по волја и влијание на судиите ја загуби борбата во ...
До утрово до 07:00 часот, на територијата на Македонија имало вкупно 30 пожари на отворен простор, од кои три се активни, четири се под контрола, а изгаснати се 23, информираат од Центарот за управување со кризи. Споредс ЦУК, активни се три пожари - во општина Гевгелија, Кожуф планина, кај село Пeтрово (букова шума), општина Македонски Брод, над село Бенче на планината Добра Вода (дабова шума и папрат), општина Студеничани, помеѓу селата ...
Седница на Советот на Град Скопје за проблемот со јавниот превоз во главниот град засега не е закажана. Според извори од ЈСП, најава за прекин на работењето нема и нафта за автобусите е пристигната вчера во двете бази, која како што велат е доволна за вчерашниот и денешниот ден. Независен член на Советот на Град Скопје и екс заменик градоначалник Скопје Александар Трајановски, за МИА потврди дека досега не е закажана итна седница на Советот за ...
Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, е прогласен за најдобар играч во НБА од страна на кошаркарски експерти. „ESPN“ спроведе анкета меѓу тренери, скаути и раководители низ целата лига. Тие веруваат дека 30-годишниот Србин е најдобриот играч во НБА и водечки кандидат за наградата за најкорисен играч на сезоната. Шеј Гилџус-Александар од Оклахома Сити тандер се пласираше на второто место, додека Лука Дончиќ од Лос Анџелес лејкерс ги заокружи ...
Фудбалерот на ПСЖ, Усман Дембеле, ја освои „Златната топка“ за 2025 година. Дембеле стана шестиот Французин во историјата што ја добил престижната награда. Претходни освојувачи на „Златната топка“ од Франција се Рејмон Копа (1958), Мишел Платини (1983, 1984, 1985), Жан-Пјер Папен (1991), Зинедин Зидан (1998) и Карим Бензема (2022). Франција сега е лидер во светот по број на освојувачи на „Златната топка“. Претходно, тие имаа ист број лауреати ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, планира денеска на арапските и муслиманските лидери да им го претстави предлогот за мир и управување со Газа по војната, пренесува Аксиос, повикувајќи се на американски и арапски претставници. На состанокот ќе учествуваат претставници на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Египет, Јордан, Турција, Индонезија и Пакистан. Покрај ослободувањето на заложниците и ставање крај на конфликтот, Трамп ...
Во седиштето на НАТО во Брисел денеска ќе се одржи вонреден состанок на Воениот комитет на Алијансата на ниво на постојани амбасадори на земјите членки, на кој ќе се разговара за нарушување на воздушниот простор на Пактот од страна на руски летала. Состанокот е свикан на барање на Естонија по инцидентот во петокот кога три руски воени авиони МиГ-31К без дозвола упаднаа во естонскиот воздушен простор. Според естонското Министерство за одбрана, ...
Фондацијата Гејтс ќе донира 912 милиони долари на Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларија, објави Бил Гејтс, повикувајќи ги владите да го запрат глобалното намалување на финансирањето на здравството. На настанот Ројтерс Њузмејкер (Reuters Newsmaker) во Њујорк, Гејтс изјави дека светот се наоѓа на раскрсница и предупреди дека милиони деца би можеле да умрат доколку средствата премногу се намалат. Донацијата на Фондацијата ...
Албанската министерката за внатрешни работи, Албана Кочиу, го разреши својот заменик, Анди Махила, поради тоа што не почитувал забрана за пушење во ресторан. Синоќа во објава на официјалната страница на Фејсбук напиша дека одлуката за разрешување на заменик – министерот од функцијата ја донесла по добиена жалба од албански државјанин кој живее во Њујорк. Во жалбата стои дека заменик-министерот Махила за време на посетата на САД пушел цигари во ...
Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Утрото ќе биде посвежо. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 33 степени. Во Скопје, слично време со минимална температура до 12 и максимална до 33 степени. До среда ќе се задржи претежно сончево и топло време за овој период од годината, а веќе од четврток попладне следува период на променливо облачно време со ...
Француската царинска служба заплени 1,5 тони кокаин, чија пазарна вредност се проценува на 36 милиони евра, јави денеска весникот „Паризиен“, повикувајќи се на париското обвинителство. Дрогата, спакувана во 30 пакети во вреќи, била откриена на 18 септември во камион запрен во градот Тур, во регионот Долина на Лоара. Камионот се движел кон департманот Ивелин, во регионот Ил де Франс. Зад воланот бил 53-годишен холандски државјанин, кој е уапсен ...
На 19 септември, кабинетот „Рама 4“ положи заклетва пред претседателот на Албанија, со што Еди Рама официјално го започна својот четврти, четиригодишен мандат. -Прв што му честита на премиерот Рама за повторното назначување на оваа позиција е претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Честитки доби и од лидерот на Демократската унија за интеграција од Северна Македонија, Али Ахмети. Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, му ...
Премиерот на Унгарија Виктор Орбан, отворајќи ја есенската седница на законодавниот дом за 2025 година, упати силно предупредување за последиците од потенцијалното пристапување на Украина кон Европската Унија, тврдејќи дека таков чекор би ја донел војната директно во блокот. – Ако ЕУ ја прими Украина и сака да ја брани нејзината територија, ние ќе бидеме до гуша во војна, рече тој. Орбан ја повтори долгогодишната позиција на Унгарија дека не ...
Сите ветуваат позитивна кампања, но на една недела до официјалниот старт политичките чинители не штедат на зборови за да се дискредитира противникот. Дел од експертската јавност очекува дури до 70 отсто негативна кампања, која нема да биде синхронизирана со она што е потреба на граѓаните. На централно ниво ќе доминираат национални теми, а на локално за конкретни проекти. - По меѓусебните обвинувања за направеното за Албанците, објавувањето на ...
Ѕвончето повторно заѕвони – учениците денеска се вратија во училишните клупи. Четирите училишта во Гази Баба – „Крум Тошев“, „Његош“, „Вера Јоциќ“ и „Наум Наумовски Борче“ – повторно имаат настава со физичко присуство, откако минатата недела учеа онлајн поради загадениот воздух од пожарот во Трубарево. Околу 1.800 деца денеска следат настава без проблеми. Денеска потврда и од образовните власти дека е безбедно да се биде во училница. Од ...
Измерените концентрации може да се оценат за вообичаени во урбани средини. Ваков е заклучокот на Штипскиот универзитет откако го објавија извештајот на загадувањето на воздухот во скопско Трубарево деновите по големиот пожар во Фабриката за електронски отпад. Во извештајот опфатени се на присуство на ПМ 10 честички во деновите по пожарот. И тие мерења се во граници на нормалата. Но Штипскиот универзитет ги мерел и вредностите на присуство на 29 ...
Веќе три дена пералната на Клинички не работи, вработените со месеци не земале плата а здравствените установи за чисти чаршави се снаоѓаат како знаат и умеат. Некои носат постелнина за перење на Онкологија или Инфективна, но вработени реагираат дека тоа не е решение. Проблемот се влече веќе подолг период а објектот кој треба да гарантира чистота и хигиена за заштита од интрахоспитални инфекции е пред распаѓање и без никакви стандарди. Тоа го ...
Седумгодишно девојче од Челопек почина во Клиничката болница Тетово после еден ден откако било хоспитализирано на одделот за педијатрија. Според информациите од болницата детето го примиле во саботата навечер со болки во мускулите, а вчера за време на аспирацијата на секрет од усната шуплина девојчето не давало никакви реакции, по што ја префрлиле на интензивна нега каде починало. Директорот на установата вели дека пациентката ја третирале по ...
Онкологот Мери Пешевска која призна вина, судот ја осуди на условна казна. Обвинетата покажала искрено каење, а делото го сторила од небрежност. Според пресудата, условната осуда не била избегнување на казната, туку предупредување што може да ја постигне целта на казнувањето. Пешевска одговара за сторено кривично дело, тешки дела против здравјето на луѓето. Седна на обвинителна клупа со уште тројца онколози заради несовесно лекување на седуммина ...
Според статистиката добиена во Државната изборна комисија, вкупно потврдени листи за градоначалници на општините и Градот Скопје се 303, а за членови на советите во општините и Советот на Град Скопје се потврдени вкупно 558 листи, соопшти вечерва прес-службата на ДИК. За општините Куманово, Аеродром, Карпош и за Град Скопје, ДИК информира дека се уште има листи кои се во фаза на отстранување на неправилности по доставено известување од ...
Основното јавно обвинителство поведе постапка против 40-годишен скопјанец кој физички ја нападнал својата мајка во семејниот дом барајќи и пари. Осомничениот се сомничи за кривично дело „телесна повреда“ казниво согласно член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Настанот се случил во дворот на семејниот дом на улицата „Славејко Арсов“, на 21 септември, кога осомничениот најпрво на висок тон барал пари од неговите мајка и татко. ...
Речиси 12.000 свињи ќе бидат евтаназирани во фармите Соколовац и Неметин во регионот Славонија, откако беше потврден вирусот на африканска свинска чума, јавија хрватските медиуми. Само во Соколовац, кај Осиек, има околу 9.800 свињи што ќе бидат уништени. Во операцијата ќе бидат вклучени полицијата и хрватската армија, а фармите со повеќе од 1.000 свињи ќе бидат под 24-часовен надзор. Шефот на регионалниот штаб за цивилна заштита, Горан ...
Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека Москва ќе се придржува до Договорот за ограничување на нуклеарното оружје уште една година откако ќе истече договорот со САД во февруари 2026 година. Нов СТАРТ (Strategic Arms Reduction Treaty) е потпишан во 2010 година и е последен договор помеѓу Русија и САД за контрола на вооружувањето. Путин наведе дека суспензијата на Договорот Нов СТАРТ ќе има негативни последици по глобалната ...
Бунт во затвор во јужниот дел на Еквадор, предизвикан од судири меѓу ривалски банди, заврши со 14 загинати и уште 14 повредени, соопшти началникот на полицијата. Полицијата информира дека затвореници убиле еден чувар и киднапирале полициски службеници. Дел од затворениците успеале да избегаат, но досега 13 од нив биле фатени, изјави полицискиот началник Вилијам Кале за телевизиската мрежа „Екуависа“. Еквадорските затвори во изминатите години ...
Презентацијата на кандидатите за овогодишната награда Сахаров, за која се номинирани и студенти од Србија, ќе се одржи утре во Брисел. Студентите кои ги предводат протестите во Србија, за наградата Сахаров беа предложени од групата „Обнови ја Европа“, поради нивната борба што ги одразува клучните принципи на ЕУ и претставува „инспирација надвор од границите на Србија“. Членовите на Европскиот парламент Ирена Јовева и Хелмут Брандштетер, на 18 ...
За секој освоен глас на парламентарните избори, спроведени на 11 мај, политичките партии во Албанија, ќе добијат по 94 лека (98 лека=1 евро). Владејачката Социјалистичка и најголемата опозициска Демократска партија, ќе добијат најголеми износи, поради освоените гласови. Така, социјалистите ќе добијат 80.448.114 лека додека ДП 49.687.648 лека. Двете партии веќе добија авансен фонд пред 11 мај, Социјалистичка партија 65.291.390, Демократска ...
Економијата се стабилизира тврди Владата, статитистичките бројки покажуваат раст на бруто домашниот производ, извозот, туризмот, градежништвото, странските инвестиции. Премиерот Мицкоски пред првиот човек на Стопанската комора на Дубаи ги презентираше можностите за вложување кај нас. Акцент стави на автомобилската индустрија – каде земјава нуди низа поволности, во време кога Европа се соочува со предизвици. - Би сакале да се претставиме како ...
По Обединетото Кралство, Канада и Австралија објавија дека формално ја признаваат Палестина како суверена држава. Канадскиот премиер Марк Карни соопшти дека Канада официјално ја признава државата Палестина и го прави тоа со меѓународни партнери за да ја зачува перспективата за решение со две држави. Австралискиот премиер Ентони Албанезе, пак, соопшти дека Канбера им придружува на Лондон и Отава во донесувањето на оваа историска одлука. Одлуката ...
Кремљ денеска ги отфрли како „неосновани“ соопштенијата на членките на НАТО дека руски воени авиони го нарушиле нивниот воздушен простор. Одговарајќи на пријавите за упади, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека „тие тврдења ги сметаме за бесмислени, неосновани и продолжение на целосно неумерената политика што се состои во поттикнување на тензии и создавање клима на конфликт“. Тензиите меѓу Москва и НАТО во моментов се најголеми од ...