Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека ги паузира нападите врз енергетските централи на Иран за 10 дена до 6.април на барање на иранската влада и рече дека разговорите со Техеран одат „многу добро“. На состанокот на министрите во Белата куќа, Трамп изјави дека Иран дозволил 10 танкери за нафта да поминат низ Ормутскиот теснец, оценувајќи дека овој потег ја покажува сериозноста на Техеран во преговорите за ставање крај на ...

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека Европа е безбедна од потенцијалниот дострел на иранските ракети, нагласувајќи дека континентот е заштитен преку системот на колективна одбрана на НАТО. За време на посетата на австралиска касарна во близина на Бризбејн, Писториус рече дека Европа е „безбедна, особено затоа што Германија не се брани сама во воздушната одбрана, туку во рамки на силите на НАТО“. Тој се осврна и на ...

Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави денеска дека Ормуската Теснина останува затворена и дека е забранета пловидба „до и од пристаништата на сојузниците и поддржувачите на израелските и американските непријатели“ преку кој било коридор или до која било дестинација – објавија иранските државни медиуми. ИРГЦ додаде дека секој транзит низ Ормуската Теснина ќе биде пресретнат со „строги мерки“. Три контејнерски брода што ...

Во сточарски фарми на Лезбос потврдени се четири нови случаи на шап и лигавка, со што вкупниот број се зголеми на 17, а министерот за земјоделство на Грција Костас Циарас денеска е во посета на островот, посета што предизвика реакции кај локалното население и сточарите, кои закажаа протест, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за земјоделство на Грција за случаите на шап и лигавка на Лезбос, информираа дека се следат ...

Од 29 и 30-ти март, Виз ер воведува три нови авиолинии до Милано, Неапол и Будимпешта. Мрежата на авиолинии на скопскиот аеродром се проширува со вкупно шест нови дестинации, додека на охридскиот аеродром - со четири нови дестинации. Летниот распоред на летови од двата македонски аеродроми управувани од ТАВ Македонија, почнува престојниов викенд - во недела на 29 март и со него ќе има вкупно 10 нови дестинации - шест нови авиолинии од ...

Бугарските власти заловија шест македонски бикови кои ја преминале граничната линија кај Гјуешево. Животните биле забележани во вторникот и по заловувањето се сместени во сточарски објект кај Ќустендил. Дека биковите потекнуваат од Македонија, откриле нивните ушни маркици. „Две од животните имаат ушни маркици преку кои се утврди дека тие всушност се од РСМ“, изјави Кристиан Иванчов, областен управител на Ќустендил. „Во моментов ги храниме и ...

На 26.03.2026 во 13:30 часот на патот Струга – с.Калишта, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода С.Д.(52) од с.Калишта. тој бил затекнат при обид на патот пред негова парцела да запали сува трева и грмушки. При преземање мерки, полициските службеници констатирале дека С.Д. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,90 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена ...

Зарем некој може да верува дека говорот на првата дама на САД пред таа да го каже во јавност оди на рецензија кај некој дипломатски претставник? Јас не верувам во тоа, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ги написите во медиумите во коишто се наведува дека Грција реагирала бидејќи сопругата на претседателот на САД Меланија Трамп го употребила името Македонија на настанот во Вашингтон на кој присуствуваше сопругата на ...

Припадниците на Генералштабот денеска го одбележаа Денот на Генералштабот и шестгодишнината од членството на нашата држава во НАТО. На одбележувањето, покрај министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на ГШ, генерал-мајор Сашко Лафчиски, присуствуваа заменик-министерот за одбрана Адмир Шабани, поранешни началници на Генералштабот, активни и пензионирани генерали, претставници од Министерството за одбрана, како и команданти на ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за една изборна единица и гласање на дијаспората, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со разговорите во рамки на работната група за Изборниот законик. -Ние сме за една изборна единица, и не ги менуваме ставовите и го кажав тоа на лидерската средба, но да има еден праг кој би го договориле со останатите политички партии. Во таа една изборна единица логично ...

Лекарската комора на Република Северна Македонија е примена во полноправно членство во Европскиот совет на лекарски комори (European Council of Medical Orders – CEOM). Овој значаен чекор претставува меѓународно признание за работата на Комората како и за заложбата за унапредување на медицинската професија во земјава. „Приклучувањето кон CEOM е од стратешко значење за нашите лекари и за целиот здравствен систем. Како полноправен член, ...

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.Д.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 15.03.2026 во Казнено - поправната установа Затвор Идризово, при претрес на пакет наменет за пријавениот, осуденик во установата, затворската полиција пронајде и одзеде марихуана и кокаин, соопшти МВР. СВР Скопје ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против А.Р.(38) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете“. Во периодот од 20.01.2026 до 25.02.2026, пријавениот ја запоставил родителската должност за грижа и воспитување на неговото дете, со што му овозможил да изврши повеќе кривични дела на подрачјето на општина Крива Паланка, соопшти ...

На 26.03.2026 во 09:45 часот во СВР Куманово е пријавено дека на пат пред средно училиште во Долно Којнаре, кумановско, автобус „ман“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Б.Т.(61) од с.Алгуња, општина Старо Нагоричане, со кој се превезувале ученици, движејќи се наназад удрил во 16-годишна ученичка во училиштето од с.Старо Нагоричане. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила ученичката, констатирани во Општа болница ...

Владата ја следи состојбата со цените на нафтата и доколку продолжи растот на берзите по истекот на двонеделната мерка за намалување на ДДВ-то од 18 на 10 отсто, доколку продолжи растот следна мерка ќе биде намалување на акцизите и маржата, односно цената на складиштење и транспортните трошоци, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања по отворањето нова трафостаница „ТС Централна“ во Скопје, тој нагласи ...

СВР Велес поднесе кривична пријава против Б.Т.(58) од општина Чашка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, соопшти МВР. Пријавениот на негов профил на социјална мрежа прикачил видео запис на кој се гледа како тој во дворот од својот дом испукува куршуми во воздух. СВР Велес поднесе кривична пријава против Б.Т.(58) од општина Чашка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично ...

Македонија е кредибилен сојузник во НАТО и како држава покажавме дека кога е потребно тука сме да застанеме рамо до рамо со сојузниците, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски. По отворањето нова трафостаница „ТС Централна“ во Скопје, одговарајќи на новинарско прашање, денеска кога се одбележува шест години од членството во НАТО, за тоа дали Македонија е кредибилен сојузник и покрај големата цена што ја плати, Мицкоски забележа дека од ...

Македонските фудбалери не успеаја да изборат финале во баражот за СП 2026 откако вечерва во Копенхаген беа убедливо совладани од домаќинот Данска со 4:0. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски беа конкурентни само во првиот дел од првото полувреме, а тоа што го најавија во завршницата на првото полувреме данските фудбалери го реализираа во вториот дел. Првата посериозна шанса во 14.минута ја имаше домаќинот кога ударот на Хојлунд, Зајков го ...

Македонската фудбалска репрезентација со поразот од 4:0 од Данска во Копенхаген синоќа го заврши настапот во баражот за Светското првенство 2026. Во своето деби селекторот Гоце Седлоски имаше непријатно искуство, особено што по првиот дел резултатот беше 0:0, а на стартот на вториот дел за десет минути Данска постигна три гола. -Се распаднавме. Првиот гол на противникот создаде хаос. Имавме големи проблеми со Густав Исаксен и Микел Дамсгард. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп најави преземање извршни мерки за исплата на 50.000 работници на аеродромите откога во Конгресот закочи договорот за решавање на недостигот од персонал што го парализира внатрешниот авиосообраќај во САД. Трамп соопшти дека му наложил на Министерството за татковинска безбедност (ДХС) „веднаш да ги исплати агентите на Управата за безбедност во транспортот (ТСА)“ со цел да се реши вонредната состојба и, ...

Во текот на првите три недели од вооружениот конфликт со Иран, американската војска веројатно изгуби до 2,9 милијарди долари во воена опрема, изјави за „Волстрит џурнал“ Елејн Мекаскер, висок функционер за буџетот на Пентагон за време на првата администрација на американскиот претседател Доналд Трамп. Таа ги процени штетите од битката и надоместокот за загубите на приближно 1,4 до 2,9 милијарди долари, при што втората проценка ја одразува ...

Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе ...

Делови од Кисела Вода, Карпош и Гази Баба денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, додека без вода поради уличен дефект ќе биде една улица во населбата Нерези. Според информациите од ЕВН Македонија, од 8 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците од булеварот „Борис Трајковски“ и фирмите „Милсон“ и „М-Гома“ во општина Кисела Вода, а од 10 до 12 часот деловните простории пред „Термо ...

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни чинители - Делегацијата на ЕУ, УНИЦЕФ, Светска банка, ГИЗ, УНДП, ЕТФ, Стопанската комора, Швајцарската амбасада, Бирото за развој на образованието, Центарот за развој на стручното образование, ...

Нa 29 март, в недела наутро, точно во 2 часот, стрелките на часовникот се поместуваат на 3 часот. Во тој миг, имаме еден час помалку за сон од нашиот викенд. Правилото е едноставно: Додека наесен стрелките одат еден час наназад, напролет стрелките од часовникот ги поместуваме еден час напред. Со други зборови, се движиме кон летото и подолгите денови… Но, за разлика од некои луѓе, повеќето паметни телефони и часовници автоматски ќе се ...

Советот на јавните обвинители денеска треба да ја одржи 40-тата седница, на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои донесување одлука за избор на виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство - Скопје. На дневен ред е и донесување одлука за избор на јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција - Скопје. Седницата првично беше закажана за 18 март годинава, но беше одложена. МИА Советот ...

Кумановските пожарникари интервенирале на пожар во стан на улицата „Димитрије Туцовиќ“ во центарот на Куманово, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи. Во пожарот нема повредени лица. - Територијалната противпожарна единица интервенирала од 10: 55 часот на пожар во стан на улица. Димитрие Туцовиќ“. Пожарот е успешно локализиран во 12:45 часот, со една екипа и едно противпожарно возило- соопшти РЦУК Куманово ...

Дваесет и петгодишна Шпанка, која е инвалидизирана од половината надолу, вчера беше евтаназирана на нејзино барање по двегодишна правна битка со нејзиниот татко, кој беше против нејзината одлука. Шпанија е една од ретките земји во Европа што ја декриминализираше евтаназијата од 2021 година. Ноелија почина вечерта во болница во град на 40 километри од Барселона. „Сакам сега да си одам во мир, да престанам да страдам, тоа е тоа“, рече Ноелија ...

Државите од еврозоната на денешниот онлајн состанок ќе разговараат за мерките против растот на цените на енергијата предизвикан од последните случувања на Блискиот Исток, се наведува во програмата на Еврогрупата. Европската комисија (ЕК) во работниот документ доставен пред состанокот предупредува дека Унијата се соочува со можни прекини во снабдувањето. Војната во Блискиот Исток предизвика сериозни нарушувања на пазарот на нафта и гас, а ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека косовскиот премиер Албин Курти денеска во Париз ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон и ќе му изнесе две барања, од кои едното е „многу опасно“. Тој ги повика сите светски претставници „да не си играат со тоа“. Вучиќ на телевизијата Прва изјави дека Курти ќе побара од Макрон НАТО да ја напушти копнената безбедносна зона на северот од Косово и Франција да го поддржи ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
72%
1005
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
58%
1002
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
87%
1000
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
3.6
71%
1006
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
2.45
73%
1006
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
4.12
96%
1000
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
2.06
66%
1006
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
2.57
77%
1007
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
3.6
77%
1006
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
68%
1006
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 14ᴼ
3.6
48%
1001
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 11ᴼ
1.54
77%
1007
Currency

61.635

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Сребро

2812.48

Рутениум

51376.89

Родиум

320703.70

Платина

68577.54

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Паладиум

47550.95

Злато

151413.64

Калај

55.99

Бакар

13.22

Алуминиум

3.64

Кобалт

45.39