Сезоната на предновогодишните прослави во Охрид е во полн ек но угостителите повторно се соочуваат со истиот проблем недостиг на стручен кадар.Има потреба од секаков тип на персонал од келнери шанкери, до готвачи а многу тешко се наоѓаат и рецепционери.Трендот на заминување во Хрватска ,Словенија а последниве години се почесто и во Малта не запира . Иако платите во секторот пораснале, сепак тоа не е доволно да се задржат младите. Хотелиерите ...

Грчките земјоделци на граничниот премин Евзони кон нашата земја и денеска, како и во изминатите два дена, го блокираат сообраќајот на сите возила за влез и излез од Грција во периодот од 11 до 15 часот по македонско (12 до 16 по грчко време) и од 17 до 21 часот (од 18 до 22 часот по локално време). По пауза од четири дена за божиќните празници и за да го олеснат патувањето на граѓаните, земјоделците низ цела Грција во саботата одново ...

Во образованието ќе продолжат инвестициите во 2026 кога се планираат 166 во инфраструктурата, ќе има поголем буџет за наука, во март покачување на платите на наставниците во основно и средно меѓу 7,5 и 10 проценти, значајни промени во средното стручно образование, нов концепт на државна матура со два типа - стручна и гимназиска, нови закони за високото образование. На средба со новинарите денеска ресорната министерка Весна Јаневска рече дека ...

Собранието денеска во рамки на 79. пленарна седница со 73 гласа „за“и еден „воздржан“ го донесе Законот за Судски совет. Главната цел на законските измени е да ги отстранат досега утврдените слабости во постојната правна рамка и да обезбедат пофункционален, транспарентен и отчетен Судски совет. Клучни новини кои се предвидени со законот се јавност во постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет, прецизирање на критериумите за ...

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска пред медиумите истакна дека Владата постојано работи на подобрување на условите за живот на населението и на поголема еднаквост при распределбата на приходите кај населението. Во текот на денешната посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, одговарајќи на новинарски прашања се осврна и на последните статистички податоци за сиромаштијата во земјата. Говорејќи ...

Реконструкција на трите лабаратории и платото пред влезот, набавка на современа опрема, едукација на доктори и акушерки се само дел од реализираните проекти на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во рамките на процесот на реконструкција и набавка на нова опрема. На промоцијата присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Азир Алиу и директорката на Клиникиката Ирена Алексиоска Папестиев. Премиерот ...

Министерот за здравство Азир Алиу денеска, одговарајќи на новинарски прашања за паркингот на Клиничкиот центар, рече дека некаде до мај „ќе имаме паркинг што ќе биде потполно нов со 'смарт' - инфраструктура и катна гаража“. Тој појасни дека имало административен проблем во врска со инфраструктурата на паркингот на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Министерот информираше и дека заедно со Министерството за образование ...

Со сослушување на сведоци законски застапници на оштетените денеска во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Со солзи, длабоки воздишки и лелеци семејствата на починатите во пожарот во „Пулс“ ги слушаа сведочењата со скршен глас и длабока тага на мајките на починатите деца во пожарот на 16 март во дискотеката „Пулс“ ...

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 165-та седница едногласно ги донесе одлуките за подготовките за одржување на повторените локални избори закажани на 11 јануари 2026-та година во четири општини Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово Ростуше. На седницата ДИК го усвои и конечниот извештај за одржаните локални избори 2025 којшто треба да го достави до Собранието. - Овој извештај го доставуваме како и секогаш, после сите избори ...

Основниот кривичен суд Скопје денеска му изрече казна затвор во траење од 11 години на 25-годишниот Фатон Љури, обвинет дека на 1 јули годинава, управувајќи мотор „Кавасаки“ по пешачка патека на кејот на Вардар, го прегазил 68-годишниот Југослав Николовски и го напуштил местото на несреќата. Покрај затворската казна, на обвинетиот му е изречена и забрана за управување со моторно возило од А категорија во траење од пет години, која ќе започне ...

Интер ја победи Аталанта со 1:0 синоќа на гостински терен во натпревар од 17. коло од италијанското фудбалско првенство. Аргентинскиот репрезентативец Лаутаро Мартинез го постигна единствениот гол во 65. минута. Во 35. минута, голот на напаѓачот на Интер, Маркус Турам, беше поништен поради офсајд по преглед на ВАР. По овој натпревар заврши серијата од три победи на Аталанта во сите натпреварувања. Со 22 бода од 17 натпревари, тие се наоѓаат ...

Почнувајќи од 1 јануари 2026 година, во Холандија ќе стапат во сила повеќе од 80 нови закони и прописи што ќе влијаат на секојдневниот живот, буџетите на домаќинствата, домувањето, поседувањето домашни миленици, потрошувачката на електрична енергија и оданочувањето. Тука е вклучувена и забраната за чување мачки без влакна, поради здравствени опасности. Мачките родени и микрочипирани пред 1 јануари можат да останат во домаќинствата, но не ...

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, не е премногу разочаран од вчерашниот пораз на првиот тест-натпревар во рамките на подготовките за Европското првенство 2026. Македонските ракометари загубија во Пореч од Хрватска со 23:26. – Промашивме пет пенали, три на почетокот, а така не може ништо да се направи. Имаме многу проблеми, имаме многу дупки, но се обидовме да направиме некои работи на најдобар начин, да се ...

Средбата со висок влог меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Флорида заврши доцна синоќа без значаен пробив, иако двајцата лидери истакнаа дека е постигнат напредок кон мировен договор меѓу Украина и Русија. На прес-конференцијата по разговорите во приватната резиденција на Трамп, Мар-а-Лаго, американскиот лидер рече дека договорот „би можел да биде многу блиску“ и дека би можел да биде ...

Германскиот министер за животна средина Карстен Шнајдер, се залага за забрана на електронските цигари за еднократна употреба во земјата. – Тоа е мојата многу јасна претпочитана опција, изјави политичарот од СДП за ДПА. „Јас сум силно за тоа“, додаде тој. Е-цигарите за еднократна употреба, популарно познати како „вејпови“ (vapes), станаа сè попопуларни меѓу младите и тинејџерите во последните години, при што кинеските брендови како „Елф Бар“ ...

Пекинг почна воена вежба од големи размери околу островот Тајван, јави денеска државната новинска агенција Синхуа, повикувајќи се на кинеската војска. Под кодното име „Мисија Правда 2025“ (Justice Mission 2025), вежбите се спроведуваат во морските зони и воздушниот простор околу Тајван. Ова се првите големи кинески воени вежби во близина на Тајван од април минатата година. Според државните медиуми, фокусот е ставен на патроли за борбена ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен информира дека заедно со уште неколку европски лидери синоќа разговарале со претседателите на САД и на Украина, Доналд Трамп и Владимир Зеленски. – Имавме добар едночасовен разговор за нивниот состанок за мировните преговори. Имаше добар напредок, што го поздравивме, објави Фон дер Лајен на Икс. Таа во објавата додава дека Европа е подготвена да продолжи да работи со Украина и ...

Во морскиот дел северно од грчкиот остров Самос во тек е спасувачка акција на крајбрежната служба на Грција по четворица исчезнати мигранти, а досега било извлечено безживотното тело на еден од нив, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба информираа дека откако на копно биле откриени 26 мигранти, кои посочиле дека четворица се исчезнати во морскиот дел, започнала спасувачката акција. Извлечено било едно безживотно тело, а ...

Партијата на премиерот Албин Курти победи на вчерашните парламентарни избори во Косово, а прелиминарните официјални резултати сугерираат дека освоила близу 50 отсто од гласовите, што потенцијално би можело да го прекине политичкиот застој кој ја парализираше земјата. Централната изборна комисија објави дека партијата „Самоопределување“ освоила 49,79 отсто од гласовите откако беа пребројани ливчињата на околу 95 отсто од избирачките места. ...

Пред Домот на Народното собрание во центарот на Белград, доцна синоќа беа отстранети шаторите каде што повеќе од осум месеци престојуваа поддржувачите на властите. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави во обраќање пред приврзаници на властите собрани синоќа пред парламентот, дека во следните неколку дена, таму ќе биде отворено божиќно село за сите граѓани, по што сообраќајот во тој дел од градот ќе биде нормализиран. Вучиќ, исто ...

Нова книга за Дејвид Боуви открива до каде одел за да ја скрие својата терминална болест од јавноста – пред да почине во 2016 година. Според биографијата „Лазарус: Второто доаѓање на Дејвид Боуви“ (‘Lazarus: The Second Coming of David Bowie‘), се чини, на британскиот пејач му бил дијагностициран рак на црниот дроб во 2014 година, а во ноември 2015 година му било кажано дека болеста е неоперабилна. Легендарниот пејач почина на 69-годишна ...

Општина Центар организира предновогодишна забава „Вечер под ѕвездите“, која ќе се одржи денеска на Боемска 1, во Дебар Маало. - Ветувам добро и незаборавно расположение. За сите подготвивме по нешто - од утринските, па сѐ до вечерните часови. Најдобрата журка секогаш е овде, во Центар, во срцето на Скопје, порачал градоначалникот Горан Герасимовски, се наведува во соопштението на Општината. Предновогодишната програма, како што информираат од ...

Времето денеска ќе биде ведро и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус девет до минус два степени, а максималната ќе достигне од пет до 12 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до минус шест, а максималната ќе ...

Собранието денеска ќе го разгледува дополнетиот предлог на Законот за Судскиот совет во второ читање. Главната цел на законските измени е да ги отстранат досега утврдените слабости во постојната правна рамка и да обезбедат пофункционален, транспарентен и отчетен Судски совет. Клучни новини кои се предвидени со законот се јавност во постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет, прецизирање на критериумите за избор на „истакнат ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ каде ќе биде заокружен процесот на реконструкцијата и набавката на нова опрема за клиниката. Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски, информира владината прес-служба. МИА Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Универзитетската клиника за ...

Во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На денешното рочиште е предвидено сведочење на законски застапници на оштетените во случајот. На изминатото рочиште на предлог на обвинителството сведочеше сопственик на авто-лимарски сервис лоциран веднаш до дискотеката кој зборуваше за реновирањето на „Пулс“ од неговата перспектива како сосед на објектот, како ...

Утрово во земјава e ведро и многу студено, најниска температура е измерена во Крушево – 8 степени, а во Битола, Прилеп, Маврови Анови и Крива Паланка - 7. Во Тетово, Пожаране и Берово измерени се -6, во Претор, Охрид и Попова Шапка -5, - 4 во Виница, -3 во Скопје-Петровец, Струмица, Кавадарц и Куманово, -2 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Демир Капија, -1 Штип и 3 Гевгелија, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во ...

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва претрпе пораз во контролниот дуел со Хрватска (подмладен состав) во Пореч со 26:23 (14:11). Ова беше првиот подготвителен дуел за македонските ракометари за Европското првенство 2026. По изедначениот почеток резултатот последен пат беше нерешен 7:7 во 15.минута, а потоа Хрватска направи серија од 5-1 и во 24.минута резултатот беше 12:8. На стартот од вториот дел противникот ги имаше и ...

Американката Микаела Шифрин победи на денешната вечерна трка во Семеринг. Таа по првата трка беше пласирана на четвртото место, но со извонредното второ возење стигна до петтата слаломска победа во исто толку трки. Шифрин имаше вкупно време од 1:48.82 минута. Со второ време заврши Камила Раст од Швајцарија, која беше водечка по првата трка, но имаше грешка во второто возење и заостана девет стотинки зад победничката. Третопласирана е Лара ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп ќе имаат телефонски разговор со европските лидери по нивниот состанок во Флорида, изјави попладнево портпаролот на Зеленски, Сергеј Никифоров. Зеленски изјави одделно дека веќе имал „детален телефонски разговор“ со британскиот премиер Кир Стармер. „Разговаравме за подготовките за состанокот со претседателот Трамп, како и за сите наши контакти со европските ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1010
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
9.26
64%
1008
weather icon

Загреб

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
89%
1006
weather icon

Софија

2ᴼ / 0ᴼ
8.75
67%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.87
84%
1015
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 7ᴼ
1.03
83%
1005
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
5.36
65%
1009
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
51%
1007
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
93%
1008
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
73%
1017
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
5.14
77%
1009
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
9.26
73%
1010
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Иридиум

215504.98

Платина

68416.79

Рутениум

45750.51

Родиум

334367.76

Паладиум

55363.59

Алуминиум

3.07

Калај

46.04

Сребро

2677.51

Кобалт

64.04

Бакар

11.84

Цинк

3.29

Злато

163216.16