Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е задоволен од текот на подготовките во пресрет на Европското првенство 2026. -Со оглед на здравствената ситуација кај одредени ракометари, нема да брзаме со конечниот список за Европското првенство. Ќе почекаме да поминат последните тренинзи, па ќе се одлучи кои ракометари ќе патуваат на ЕП. Со федерацијата донесовме одлука за Данска да патуваат 19 ракометари. Задоволен сум ...
Северна Кореја денеска истрела повеќе балистички ракети кон Источното Море, познато и како Јапонско Море, јави јужнокорејската новинска агенција Јонхап, повикувајќи се на војската на Сеул. Јонхап го цитираше Генералштабот во Сеул кој соопшти дека ги детектирал лансирањата. -Нашата војска одржува цврст став на подготвеност додека тесно ги споделува информациите за севернокорејските балистички ракети со САД и Јапонија, во услови на засилен ...
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се префрлени во Њујорк по големата американска воена операција во Венецуела. Мадуро е задржан во притворен центар во Бруклин каде чека судење по обвиненијата за трговија со дрога и оружје, додека американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД ќе ја водат земјата сè додека не се постигне трансфер на власта и контрола врз огромните нафтени резерви на Венецуела. ...
Авиони од типот „Тајфун“ на британските Кралски воздухопловни сили (РАФ) и француски авиони извршија заеднички напад врз подземен објект во Сирија, кој бил окупиран од таканаречената Исламска држава, соопшти Министерството за одбрана. Во синоќешниот напад биле употребени наведувани бомби за гаѓање на голем број пристапни тунели до локацијата, сместена во планините северно од античкиот град Палмира во централниот дел на земјата. Објектот бил ...
Швајцарската полиција денеска соопшти дека идентификувала уште 16 жртви од пожарот во барот во Кран-Монтана, кој избувна за време на прославата на Новата година. Како што е наведено, меѓу нив има 10 Швајцарци, две лица се од Италија, едно е со италијанско-емиратско потекло, едно лице е од Романија, едно од Франција и едно од Турција. Кантоналната полиција претходно соопшти дека се идентификувани телата на уште четири лица кои загинаа во ...
Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека САД треба веднаш да го ослободат претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, и неговата сопруга Силија Флорес, и да ја решат ситуацијата во Венецуела преку дијалог и преговори. Во соопштението објавено на својата веб-страница, министерството наведе дека САД треба да ја осигурат и личната безбедност на Мадуро и Силија Флорес, тврдејќи дека нивното протерување од земјата го крши ...
Со повеќе од 17.000 сообраќајни незгоди и над 27.000 настрадани лица за четири години, државната статистика покажува дека РС Македонија има континуиран раст на опасности во сообраќајот. Во овој контекст, стартува и најобемниот систем за автоматска контрола на сообраќајот – „Безбеден град“, кој уште во тест-периодот регистрира десетици илјади прекршоци дневно, отворајќи прашање дали напредната технологија може да го прекине растечкиот циклус ...
На 03.01.2026 околу 19:00 часот на влезот на Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица лишија од слобода 15-годишник од с.Тркање, кочанско и 16-годишник од с.Будинарци, беровско, со престој во Виница. Претходно, околу 18:40 часот била забележана група од шест мигранти кои се движат од Грција во Македонија, а откако навлегле на наша територија забележени се две возила кои се движет ...
Во вечерта на 3 јануари, во скопското село Волково, се случила сериозна сообраќајна несреќа со трагичен крај, при што загинал пешак на возраст од 60 години. Инцидентот се случил околу 20:55 часот на улицата „100“, кога 40-годишната М.С. од Скопје, управувајќи патнички автомобил „мерцедес“ со скопски таблички, удрила во Г.И. (60) од Волково. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и починал на лице место, а смртта ја потврдил лекар од ...
Под влијание на нестабилна воздушна маса, до крајот на неделата времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат над 15 литри на квадратен метар. Според прогнозата на УХМР, до среда ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер претежно од јужен правец. -Во четврток и петок ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе услови пад на температурата. МИА Под влијание на нестабилна ...
Во двор на основно училиште во Битола, полициски службеници од СВР Битола синоќа во 20:40 часот лишиле од слобода двајца малолетници на возраст од 17 години, затоа што при преглед кај нив се пронајдени и одземени 48 пакувања со марихуана, соопшти Министерството за внатрешни работи. -При преземање на службените дејствија, полициските службеници биле физички нападнати од едниот малолетник, посочуваат од Министерството. Од МВР најавуваат дека ...
Во првиот квартал од годинава се очекува да бидат поднесени до Парламентот законските измени со кои ќе се зголемат глобите за оние трговски ланци кои не ги почитуваат одредбите од Законот за нефер трговски практики во кој сега максималната глоба е 20.000 евра. -Како Влада не сме љубители веднаш на репресивни мерки и секогаш во моите изјави се обидувам да испратам порака до тие кои се однесуват незрело, неодговорно и лакомо. На тој начин не ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со прогресот на проектот Градски воз, изјави дека проектот е исклучително важен и оти првата фаза веќе е отпочната. -Градски воз е исклучително важен проект за приградските населби и општини до центарот на главниот град. Во три фази ќе биде. Првата фаза веќе е отпочната, реконструкција на пругата и електрификација, ќе сообраќа електрична локомотива, ...
Полициски службеници од ОВР - Неготино лишија од слобода 36-годишна жена од Демир Капија, вчера попладне во 17 часот, постапувајќи по претходна пријава дека во домот, физички го нападнала нејзиниот 58-годишен сопруг, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес. -За настанот е известен јавен обвинител, таа е спроведена во здравствена установа и по документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок, додадоа оттаму. ...
На 03.01.2026 во 18:25 часот во СВР Тетово е пријавено дека на делницата помеѓу с.Митрови Крсти и с.Симница, гостиварско, при извршување работни активности – ископ со работна машина багер, вработени во фирмата кој вршела ископ, пронашле две пластични буриња кои биле полни со куршуми, оквири за автоматско оружје, мини и други експлозивни средства. Обезбедено е местото и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот. На ...
На 03.01.2026 во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода Е.М.(23) и А.М.(26), двајцата од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на улица „Видое Смилевски Бато“ во Кавадарци одзеле клупа, сопственост на општина Кавадарци. Полициските службеници извршиле преглед на патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од А.М., каде била пронајдена и одземена клупа. Тие се приведени во ...
Бугарија на почетокот на годинава стана 21-ва членка на Еврозоната во време кога се соочува со политички превирања, широко распространета корупцијата и раст на државниот долг, што може да биде причина за следната финансиска криза во Европа, оценува лондонскиот весник „Телеграф“. Весникот посочува дека Европската централна банка (ЕЦБ) се надеваше дека Еврозоната ќе ја пречека својата нова членка со стабилна Влада, ентузијастичка јавна ...
Пронајден e мртов Македонецот Стивен Ивановски, кој се водеше како исчезнат во страшниот пожар во Кран Монтана. По неколкудневна неизвесност и потрага низ болниците во повеќе европски држави, ДНК-анализата потврдила дека Ивановски не успеал да се спаси од огнената стихија. Семејството и пријателите уште веднаш упатија итен апел до јавноста за помош, откако тој исчезнал за време на пожарот што избувна во барот „Ле Констелејшн“ (La ...
Избори па мигранти. Опозициската СДСМ предвидува тешка 2026 година. Велат, недостасуваат една милијарда евра, се е поскапено, а поскапувањето на струјата ќе повлече зголемување и на другите цени. Бидејќи следуваат избори па мигранти оваа година Владата до изборите ќе се обидува со манипулации и мачкање очи да ги излаже граѓаните. Се најавува повторно минимално зголемување на пензиите кое инфлацијата и поскапувањата веќе го изеде. Но, ...
Реформската агенда од Планот за раст е значително забрзана, а најголем дел од предвидените чекори се веќе реализирани.. Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека Владата завршила 10 од вкупно 12 обврски.. Тој очекува конечната верзија на Изборниот законик да биде готова овој месец, по што ќе почне и постапката за негово донесување.. За да се избегне поскапување на струјата до 70 проценти, Мицкоски вели дека владата свесно одлучила да не го ...
Полни ходници со болни деца – слика карактеристична за работен ден а не за викенд. Во клиниката за белодоробни заболувања Козле само до пладне имале над 100 прегледи што укажува на масовно ширење на грипот и останатите респираторни инфекции. Капацитетите се исполнети и има 80 пациенти кои поради компликации се под постојан болнички надзор. -Мешањето е најголема причина за ширењето на вирусите. Празниците си го направија своето. Речиси сите ...
Со возило излетаа од патот и завршија во Радика. Дваjца сопружници од Видуше трагично го загубија животот во тешка сообраќајка кај Бигорски манастир. Надлежните екипи со часови го ваделе автомобилот од водите на Радика. Неофицијално, замрзнатиот коловоз е причината 56-годишник возач да изгуби контрола над воланот и да заврши фатално. Несреќата кај Бигорски не е изолиран случај. Поради ниските температури вчера, дојде до замрзнување на ...
Семејството на детето кое почина откако беше погодено од залутан метален предмет во главата, денеска јавно побара правда и одговорност. Сликата од кобната вечер за таткото Муша Арслани е се уште во магла. Се се случило за секунда додека мајката го држела детето во раце во дворот за да гледаат огномет, детенцето одеднаш паднало, а неговата глава била облеана во крв. Роднини на семејството кои биле очевидци го опишаа настанот кој се случил пред ...
Младиот Стивен Ивановски е меѓу загинатите во пожарот во швајцарскиот бар. Негова блиска роднина за Сител потврди дека по неизвесноста и потрагата низ повеќе европски болници, ДНК анализата потврдила дека 16-годишниот Стивен не успеал да се спаси од огнената стихија. Тој е меѓу четворицата засега идентификувани од швајцарската полиција. Останатите се две девојчиња на возраст од 21 и 16 години и уште едно момче од 18 години, сите швајцарски ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево ја поздрави акцијата за приведување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Во објава на платформата X, Муцунски ја поздравува објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Мадуро е уапсен и дека ќе се соочи со правдата. - Одговорноста е важна. Ние стоиме зад Соединетите Американски Држави и венецуелскиот народ за слобода и демократија“, пишува ...
Планинар од Прилеп кој претпладнево беше пријавен за изгубен на подрачјето на Националниот парк „Пелистер“ е пронајден, жив и здрав, и се наоѓа во населеното место Ниже Поле, изјави за МИА Иванчо Тошевски, директор на ЈУ Национален парк „Пелистер“. Тошевски потврди дека планинарот најверојатно избрал друга патека на движење низ планината и пристигнал во селото Нижо Поле. -Планинарот беше достапен на телефон во еден период, а потоа сигналот ...
Америка ја нападна Венецуела и го зароби Претседателот Мадуро и неговата сопруга. Во 2 часот наутро по локално време американските ракети погодија дел од воената инфраструктура на Венецуела. Владата во Каракас тврди дека иа жртви но не соопшти бројки. Американскиот Претседател Трамп ги потврди информациите. „Соединетите Американски Држави успешно извршија голем воен удар врз Венецуела и нејзиниот лидер, претседателот Николас Мадуро, кој ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска одржа прес-конференција на која се осврна на „вонредната“ воена операција спроведена во главниот град на Венецуела во текот на ноќта и утрово по негова наредба. Тој рече дека била употребена „преголема“ американска воена сила „од воздух, копно и море“. Трамп изјави дека американските сили отишле против „силно утврдена воена тврдина“ во срцето на Каракас за да го доведат Мадуро „пред лицето на ...
Смртоносниот пожар што избувна во бар во швајцарското алпско одморалиште Кран Монтана за време на прославата на Новата година, во кој загинаа најмалку 40 лица, веројатно е предизвикан од прскалки поствани на шишиња шампањ кои биле преблиску до плафонот и го запалиле – соопштија синоќа швајцарските власти. Беатрис Пилу, генерален обвинител на кантонот Вале, изјави дека истражителите дошле до овој заклучок откако ги прегледале видеата, ...
Четири лица загинаа откако хеликоптер се урна на планинска падина во американската држава Аризона. Несреќата се случила синоќа на околу 103 километри источно од градот Феникс, соопшти локалната канцеларија на шерифот. Загинати се сите кои биле во хеликоптерот – 59 годишниот пилот на хеликоптерот, две жени на возраст од 21 година и една на возраст од 22 години. Американската управа за цивилно воздухопловство и Националниот комитет за ...