Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека образованието ќе биде еден од врвните приоритет за оваа година, и оти ако сакаме да бидеме во првите илјада на Шангајската листа на универзитети треба да се зголеми бројот на научно-истражувачки трудови. -Без квалитетно образование и без квалитетна наука не можеме да јакнеме ниту како нација ниту како држава. и во име на тоа ги зголемуваме средствата кои се за поддршка на научно-истражувачките ...
Венецуелската влада ослободи уште 88 лица кои беа уапсени во протестите што следеа по претседателските избори во јули 2024 година. Овој потег го означува второто масовно ослободување на затвореници за две недели, во услови на зголемен притисок од САД врз владата на претседателот Николас Мадуро. Ослободувањето, на Нова Година, дојде откако венецуелската влада објави на 26 декември дека ослободила 99 лица, со што вкупниот број на ослободени ...
Руската воздушна одбрана (ПВО) собори 64 украински дронови преку ноќ над 10 руски региони, објави утрово руското Министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека над Самара се соборени 20 украински дронови, а над Воронежската и Саратовската област по осум. Се нагласува дека над Московскиот регион се соборени седум дронови, вклучувајќи пет што летале кон главниот град. Исто така, се наведува дека шест украински дронови се соборени ...
Швајцарија прогласи петдневна жалост по пожарот што го зафати популарниот бар во скијачкиот центар Кран-Монтана на новогодишната ноќ, во кој загинаа повеќе од 40 лица, а 115 беа повредени, додека граѓаните им оддаваат почит на жртвите, а истрагата и идентификацијата на жртвите продолжуваат. Според швајцарскиот портал 20mintes, знамињата на зградите на институциите во земјата ќе бидат спуштени на половина копје во тој период. Според ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на отворањето на нова градинка во Кочани. Во градинката ќе може да се згрижат 114 деца од девет месеци до шест години. -Објектот „Детелинки“, во состав на јавната општинска установа за деца, детска градинка „Павлина Веліанова" во Кочани, е со нето корисна површина од 1.011,64 м2 и двор од 2.510 м2. Во објектот ќе се згрижуваат сто и четиринаесет (114) деца, од девет (9) ...
Апел за помош до јавноста по исчезнувањето на младиот Стивен Ивановски во Швајцарија од страна на неговото семејство и пријатели. Последен пат е виден за време на пожарот што избувна на 31 декември во барот „Ле Констелејшн“ (la Constellation) во познатиот зимски центар Кран-Монтана. Стивен бил облечен во бели панталони и бел дуксер. Постои можност кај себе да ги има и специфичните очила за сонце кои ги носи на сликите. Апел за помош: ...
Државната каса никогаш потешка од пари од патарини. Рекордни приходи на Јавното претпријатие за државни патишта. Од наплата на патарини на македонските автопатишта, државата инскасирала 67 и пол милиони евра. Бројките покажуваат драстичен раст од пандемијата со Ковид, за пет години, приходите се речиси удвоени. Причината за добрата наплата, според директорот Коце Трајановски, е воведување дисциплина. Раст се бележи и на М-таг-ови, а ЈПДП ...
Бурна новогодишна ноќ имале лекарите на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Примени се пациенти од сообраќајни незгоди, пациенти со повреди здобиени од пад од висина, повредени од пиротехника, пациенти во алкохолизирана состојба, како и едно двегодишно дете со повреда во главата од огнено оружје. Дежурните екипи денеска оценија дека бројот на повредени за време на новогодишната ноќ е значително зголемен во споредба со претходните ...
Плоштад Македонија – срцето на централната прослава во метрополата. Илјадници лица уживаа во новогодишна атмосфера, со македонска музика, греeно вино и добро мезе. Преполн не само со скопјани, граѓани од целата држава и туристи. За добрата журка беа задолжени исклучиво македонските изведувачи. Се пееја познати песни, граѓаните играа во ритамот на Новата година. Новата година на Плоштад Македонија ја дочека премиерот со сопругата, но и ...
Евгенија Камчева трето дете во семејството и првото новороденче во новата 2026 најави плодна и бериќетна година. Точно на полноќ со царски рез на Клиниката за Гинекологија, мајката Емилија ја доби својата треа рожба. - Точно на полноќ кога многу луѓе ја дочекувавме Новата година, на нашата клиника дојде малата Евгенија, женско дете кое е симбол на плодност и кое е трето дете во една фамилија што претставува еден стимулс за многу семејства во ...
Цената на славењето со оружје и невниманието уште еднаш ја платија најмладите. Две годишно дете се бори за живот на клинички. Со повреда на главата завршило по новогодишната ноќ, постои сомнеж дека се работи за прострелна рана. Настанот е пријавен во ПС Гази Баба, но засега нема детали како се случила повредата. Неофицијано 2 годишното дете било со родителите. Случајот за 2 годишното дете го потврди и министерот за внатрешни работи, Панче ...
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во западните делови ќе има слаб локален дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -6, а максималната ќе биде од интервал од -4 до 6 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и студено со умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -11, ...
Пожар избувнал попладнево на Скопска Црна Гора над селата Арачиново и Страчинци. Според првичните информации, гори сува трева на повисоките делови над овие две села. - Денеска во попладневните часови, на Единствениот повикувачки број за итни повици 112, беше пријавен пожар на планината Скопска Црна Гора, при што се евидентирани активни жаришта на повеќе локации, информираа од ЦУК. На терен се екипи од Бригадата за противпожарна заштита на ...
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на локација во Старата скопска чаршија каде еден турски државјанин бил убиен, а еден повреден. Издадени се и наредби за прибирање докази. - Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на локација во Старата скопска чаршија каде околу 1 часот по полноќ беа пронајдени двајца турски државјани со повреди од остар предмет, од кои едниот ...
Град Скопје набргу ќе го избере и објави најдобро украсениот дом во главниот град. За изборот ќе одлучува формираната комисија и сопственикот на најдобро украсениот дом ќе добие парична награада. Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска изјави дека по повеќе години Град Скопје повторно оваа година објави повик и условите биле „ јасно и јавно пропишани“. -Предвидена е парична награда за најдобро украсениот дом што ќе биде избран. ...
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од 1 до 5 јануари 2026 година. Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека во април, со мартовската пензија, ќе има линеарно зголемување на пензиите. Во изјава за медиумите дадена денеска во Кавадарци, премиерот рече дека статистичките податоци за нивото на сиромаштија и Џиниевиот коефициент ја оправдуваат политиката за линеарното зголемување на пензиите. - Во април, со мартовската пензија, ќе има линеарно зголемување на пензиите така што продолжуваме со таа ...
Македонската амбасада во Швајцарија објави телефонски број на кој македонските граѓани може да се обратат во врска со трагичната несреќа што се случи во Кран - Монтана. - Амбасадата на Република Северна Македонија внимателно ги следи случувањата во Кран-Монтана и е во состојба на подготвеност да им пружи помош на своите државјани. Во случај на потреба од асистенција, ве молиме контактирајте го итниот број на Амбасадата: +41 79 923 79 57, ...
На секоја точка на светот пристигна новата 2026 година. Наместо огномети оваа година во Киев одекнуваа сирените кои предупредуваа за руски воздушни напади Американскиот претседател Трамп беше прилично елегантен на донаторската забава која ја организираше на својот имот Мар а Лаго на Плам бич во Флорида. На неа со 100.000 долари ја почна аукцијата за сликата на Исус која на самата забава ја наслика сликарката Ванеса Хорабуена и која на крајот ...
Новогодишната прослава во швајцарскиот ски-центар Кран-Монтана заврши трагично. 40 луѓе загинаа, а над 100 се повредени во пожар што избувна во барот „Ле Констелејшн“. Експлозијата се случила околу 1:30 часот по полноќ, во момент кога барот бил преполн со гости кои ја славеле Новата година. Очевидци раскажуваат дека пожарот започнал откако пиротехника поставена на шишиња шампањ се доближила до дрвениот таван. Огнот се проширил брзо, а за ...
Од наплата на патарини од почетокот на минатата година заклучно со 23-ти декември остварен е промет од 4.158.914.362 денари (67.624.624 евра). - Според досегашниот остварен промет, 2025-та ќе биде рекордна ако се има предвид фактот што, заклучно со 23.12.2025, остварениот вкупен промет е веќе зголемен во однос на претходно рекордната наплата од 2024 година и е зголемена за над 71 милион денари, а декември сѐ уште не е завршен. До 23.12.2025 ...
Граѓаните од денеска ќе плаќаат за 2,28 отсто повисока цена на електричната енергија, а засега и евтината дневна тарифа ќе продолжи во истиот временски тајмниг, односно од 13:00 до 15:00 часот. Од 1 јануари 2026 година цената на струјата ќе биде повисока за 2,45 отсто во првиот блок, за 2,87 отсто во вториот блок, за 3,32 отсто во третиот и за 3,84 проценти во четвртиот блок, додека евтината тарифа ќе се покачи за 2,5 отсто. Ова е овозможено ...
Најстудено утрово е на Попова Шапка, -15 степени. Како што информира УХМР, -14 степени се измерени во Берово, -12 во Mаврови Анови, Kрушево, Крива Паланка и Битола, -11 во Претор и Охрид, -10 во Скопје – Петровец, Прилеп, Тетово, Демир Капија, Велес, Штип и Пожаране, -9 во Струмица и Ѓуриште, -8 во Скопје – Зајчев Рид, Виница и Кавадарци и -4 степени во Гевгелија. Според прогнозата на УХМР, утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот ...
Искусни македонски планинарки и планинари и нивни гости планинари од Црна Гора и Германија, први на 1-ви јануари го освоија врвот Пелистер, висок 2.601 метар. Во изјава за МИА, планинарот Иванчо Тошевски, воедно директор на ЈУ Национален парк „Пелистер“, истакна дека освојувањето на Пелистер го почнаа во рамки на манифестацијата „Први на 1-ви“, на една минута по полноќ. -Годинава на нашата петта по ред манифестација „Први на 1-ви“ учествуваа ...
Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија Дарко Костадиновски ја честита Новата 2026 со порака таа да биде година во која „Уставот ќе остане цврст темел на нашата заедница, а владеењето на правото заедничка вредност што нè обединува“. -Во мое лично име и во име на Уставниот суд, ви посакувам Новата година да ви донесе здравје, мир и благосостојба. Нека 2026 година биде година во која Уставот ќе остане цврст темел на ...
Првото бебе во 2026 во државава е девојче - Евгенија, родено на полноќ на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК). Родена е со царски рез, тешка е 2,8 килограми и долга 48 сантимери и е трето дете во семејството Камчеви. Мајката е 38-гидишната Емилија Камчева. На полноќ се родени и две близначки во Гинекологија Чаир. Мајката и бебето на ГАК денеска ги посетија министрите за здравство и за социјална политика, Азир Алиу и Фатмир Лимани, ...
Женско е првото бебе родено во 2026 година во кавадаречката Општа болница со проширена дејност. Директорката на јавната здравствена установа, Гордана Ѓорчева - Камчева, за МИА информираше дека бебето е родено спонтано, 28 минути по полноќ. Бебето е родено со тежина од 2.550 грама и 51 сантиметар должина. Мајката Ивона е од Кавадарци, родена во 1997 година. МИА Женско е првото бебе родено во 2026 година во кавадаречката Општа болница со ...
Демократот Зохран Мамдани, првиот муслимански избран градоначалник на Њујорк, денеска ја презема функцијата со четиригодишен мандат. Мандатот на противникот на американскиот претседател Доналд Трамп има значајна политичка и симболична вредност. Мамдани ќе положи заклетва кратко по полноќ по локално време во тесен круг луѓе, вклучувајќи ја и главната обвинителка на Њујорк Летиција Џејмс, заколната противничка на Трамп, коо го тужеше. За ...
Швајцарската полиција изјави за Скај њуз дека во експлозија во бар во скијачки центар загинале најмалку 10 лица, а уште 10 се повредени. Полицијата, исто така, потврди дека инцидентот не се третира како терористички напад. Портпаролот на полицијата претходно изјави дека има многу повредени и многу мртви. „Имаше експлозија од непознато потекло“, изјави портпаролот на кантоналната полиција Галтан Латион. Експлозијата се случила во швајцарскиот ...
Францускиот премиер Себастијан Лекорну вети дека денеска ќе ги укине доживотните привилегии за поранешните премиери и други поранешни високи функционери во Франција, објави БФМ ТВ. Поранешните премиери и министри за внатрешни работи ќе бидат лишени од вкупно 24 автомобили со шофер и 24 обезбедувачи што ги имале доживотно. Секој поранешен премиер и министер за внатрешни работи беше писмено известен од Лекорну непосредно пред почетокот на ...