Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД или ќе постигнат договор со Иран или ќе ја „довршат работата“, повторувајќи ја заканата со воена акција. Индиректните разговори помеѓу САД и Иран завршија минатата недела без знаци за напредок кон траен мир, и покрај 60-дневното примирје насочено кон создавање простор за дипломатијата. – Или ќе склучиме договор или ќе ја завршиме работата. Во ред. И нема да биде тешко да се ...
На 05.07.2026 во 15:20 часот во село Долно Оризари, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.О.(61) од Велес. Тој се сомничи дека околу 14:25 часот на место викано „Свилара“ во атар на село Долно Оризари, запалил сува трева во својот овоштарник и предизвикал пожар кој зафатил нива, помошна просторија, бандера и инвентар од викенд куќа, сопственост на 42-годишната М.Т од Велес. При обид да го изгасне пожарот, А.О се ...
На 05.07.2026 година во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А. (34) и И.Х. (39), двајцата од Скопје, поради сомнение дека сториле кривично дело „предизвикување општа опасност“. Според информациите, на 05.07.2026 околу 16:00 часот, тие предизвикале пожар во напуштен објект на булевар „Македонија“ во Скопје. Во инцидентот еден пожарникар се здобил со повреди, а две ...
Во рамки на Европската мултидисциплинарна платформа за закани од криминал (EMPACT) за приоритетната криминална област трговија со луѓе, во периодот 8-13.6.2026 беа спроведени заеднички акциски денови. Оперативната акција Global Chain, во која учествуваат вкупно 59 држави, е насочена кон сузбивање на трговија со луѓе за целите на сексуална експлоатација, трговија со деца, но исто така и илегална миграција, питачење, трудова експлоатација, се ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлог до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје за определување мерки на претпазливост за три лица осомничени дека во парк во Маџари извршиле насилство врз дете родено во 2011 година. Како што информираат од Јавното обвинителство, според првичните сознанија, осомничените на 22 јуни учествувале во насилничките дејствија кон малолетникот, го ...
Околу 30 ученици биле испратени минатиот и овој месец да ја претставуваат нашата земја на меѓународни научни олимпијади, без грижа за нивните семејства дали ќе можат да ги покријат трошоците за патување и котизација, информираше попладнево министерката за образование и наука Весна Јаневска на Фејсбук. Јаневска додаде дека Министерството за образование и наука и Владата целосно ги финансираат, втора година по ред. - Така ќе биде и понатаму. ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва најави дека наскоро ќе има тендерска постапка за целосно сервисирање на жичницата на Водно. Тој уште еднаш нагласи дека до крајот на сезоната, жичницата нема да биде ставена во функција. - Ќе има постапка објавена за скоро време, тендерска, во која ќе треба да се сервисира целосно. Јас кажав дека до крајот на сезоната нема да биде ставена во функција. Ако ревитализацијата биде целосно ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски смета дека со пуштањето на мостот „Генерал Михајло Апостолски“ и Градскиот воз, Скопје ќе добие поефикасен и побрз сообраќај. Како што рече вечерва во гостување на ТВ Сител, веќе се работи на адаптирање на линиите на Градскиот воз, кој треба да профункционира од септември. - Мислам дека ќе придонесе за подобрување на состојбите и намалување на сообраќајниот метеж во главниот град тоа што патниците ...
Вкупно 14 пожари на отворен простор се регистрирани низ државата денеска до 20 часот, од кои два сѐ уште се активни, соопштија вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Едниот активен пожар е во близина на Стадионот во Кичево, каде што горат стрниште и сува трева. Другиот активен пожар е на битолска територија, кај Тунелот на обиколницата. Изгаснатите пожари биле на територија на општините Дебар, Дебарца, Демир Капија, Ѓорче Петров, ...
Наместо приближување, и најновиот предлог на Апасиев да попушти околу гласањето на дијаспората по пошта, за сметка на една изборна единица, и да го одблокира Изборниот законик, засега не може да ги спаси новите изборни правила на кои чека и Брисел. За една изборна единица сè уште нема консензус меѓу дел од албанските партии, додека концептот за гласање на дијаспората надвор од гласачко место сè уште е целосно неприфатлив за опозициската СДСМ. ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, призна денеска дека го повикал првиот човек на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино и побарал преиспитување на одлуката за црвениот картон што му беше покажан на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун во шеснаесетфиналето на Светското првенство. Балогун, кој со три голови е најдобар стрелец на американската репрезентација на Мундијалот, беше исклучен на средина од второто ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,47% во однос на одлуката од 29.6.2026 година. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 денари за литар, на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар, на Екстра лесното масло за домаќинство ...
Поскапуваат горивата – бензините за денар, дизелот за два и пол. Па така, од полноќ еуросупер бс-95 ќе се точи за 85,5 денари, 98-октанскиот за 87,5, а дизелот ќе чини 82,5 денари по литар. Од Регулаторна објаснуваат дека „референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,5%, а кај дизелот за 5,2%. Курсот на денарот во однос на доларот е повисок за ...
Експлозии одекнаа низ украинскиот главен град Киев утрово и во текот на ноќта откако Русија лансираше ракети и беспилотни летала при што загинаа најмалку девет лица, а 24 се повредени,и беа погодени станбени блокови и други згради, соопштија локалните власти. Експлозии имаше во и околу главниот град, а воздушната одбрана била во акција против руските беспилотни летала. Спасувачки екипи на терен од урнатините на зградите извлекуваа луѓе. ...
Итната потреба на Украина за посилна воздушна одбрана ќе биде тема на дискусија на самитот на НАТО оваа недела во Турција, изјави денес претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, реагирајќи на најновите напади на Русија врз Украина. „Синоќа, руските сили повторно безгрижно нападнаа цивили од воздух, со повеќе од 400 беспилотни летала и ракети што го нападнаа главниот град. На Украина итно ѝ е потребна дополнителна воздушна ...
Руски ракети и беспилотни летала го погодија Киев рано утрово , убивајќи најмалку 16 лица и сериозно оштетувајќи станбени блокови, соопштија градските власти. - Уште еден масовен напад, Циркони, Шахеди, балистика. Непријателот ги користи сите расположливи средства за да го уништи нашиот град изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Министерството за одбрана на Русија известува дека ги нападнале одбранбената индустријата и енергетските ...
Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, во соработка со Регионалниот центар за гранични работи Запад и инспектори од Капетанијата на пристаништа Охрид, вчера спроведоа координирана акциска контрола на пловните објекти во водите на Охридското Езеро. При контролата, извршен е преглед на вкупно 63 пловни објекти, а кај 31 пловен објект и 31 лице биле констатирани 52 прекршоци. Најчестите неправилности се ...
Со изведување материјални докази од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството најпрво презентираше докази од екстракција и анализа на телефонска комуникација од мобилните на првообвинетиот Дејан Јованов и неговиот син Михајло Јованов. Се презентираа СМС пораки и вибер комуникација на Дејан со контакти како ...
Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат податоците од направените анализи на 187 примероци од 41 мерно место. -Секторот за санитарна контрола во периодот од 29.06.2026 до 03.07.2026 зема 187 примероци за физичко-хемиска и 187 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет ...
Во периодот од февруари до јуни оваа година, бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40 отсто, од 55 жртви во истиот период минатата година, на 34 оваа година - соопшти Министерството за внатрешни работи. Посочуваат дека „Безбеден град“ е проект што спасува животи и гради побезбедна иднина. -„Безбеден град“ е проект за кој долго се зборуваше, а ние го реализиравме. Денес тој претставува еден од најважните механизми за ...
Зошто не се применува Законот за употреба на македонскиот јазик. На оваа тема на иницијатива на СДСМ денеска во Собранието се одржа надзорна расправа. И по цели две години од донесување на Законот, инспекторатот кој треба да ја следи примената има двајца вработени кои прво една година ќе се обучуваат, пред да почнат да пишуваат казни. Според опозицијата ова на дело ја покажува неспособноста на министерството за култура, на критиките Љутков ...
Можни дисциплински постапки ако вработените излезат на протест. Ваков допис според тврдењата на сиднидкатот испратила директорката на УЈП, Елена Петрова до административците во Управата, кои за денеска закажаа 2 часовен протест, но по добиениот мејл, го откажаа. Во дописот, како што тврдат тие, Петрова се повикала на законот за работни односи, кој не дозволува прекин на работата Синдикатот Солидарност пак има спротивен став од неа. Сличен ...
Секој ден во текот на летото, најмалку 120 доброволни пожарникари ќе бидат во состојба на готовност за интервенција при пожари. Нов модел на мобилизација денеска беше договорен меѓу Дирекцијата за заштита и спасување и доброволните противпожарни друштва. Целта е полицијата и Армијата во делот на човечките ресурси да биде сведен на минимум, а примарниот товар во првиот одговор да го понесат професионалните и доброволните пожарникари, кои се ...
Две лица од Скопје се уапсени за вчерашниот пожар кај Рампа кој ги вознемири скопјани, а во кој еден пожарникар се здоби со повреди. Според полицискиот билтен ќе одговараат за предизвикување на општа опасност, односно околу 16.00 часот, предизвикале пожар во напуштен објект на бул. „Македонија“ во Скопје. Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе следува соодветен поднесок. Две лица од ...
И по две недели се уште се на слобода напаѓачите кои избодеа 14 годишно момче во парк во Ченто. Откако беа сослушани во полициска станица, трите лица на возраст од 19 и 23 години се на слобода. МВР поднесе кривична пријава за насилство врз дете, дело за кое максималната казна е три години затвор. Полицијата го пронајде и го предаде на вештачење ножот со кој му биле нанесени 7 убоди во грб на момчето но резултат се уште нема. „Истражните ...
Сопственикот на дискотеката „Пулс“ во која загинаа 63 лица, бил во редовна пријателска комуникација со инспекциските служби и полицијата.. Ова го откриваат пораките од телефонот на Дејан Јованов, кои денеска беа презентирани во судницата во Идризво. Тој редовно добивал дојави кога ќе има полициска рација во дискотеката и што ќе се контролира, а според пораките, Јованов бил во блиска комуникација и со вработени од министерството за економија ...
И покрај најавите за денеска, пропадна обидот пратениците да ги испеглаат разликите за Изборниот законик. Утре на нова координација уште еднаш на маса ќе ги стават своите позиции и понуди во обид да постигнат компромис. Сите страни кои се дел од процесот не отстапуваат од кажаното - власта е подготвена за компромис но само ако се дозволи електронско гласање на дијаспората , за опозицијата токму ова е главниот камен на сопнување, но и ...
Турските власти приведоа повеќе од 100 луѓе кои учествуваа во анти-НАТО демонстрациите што завчера ги организираше Комунистичката партија на Турција (ТКП), во пресрет на самитот на лидерите на НАТО закажан за утре и задутре во Анкара. Турција утре и задутре во Анкара ќе биде домаќин на лидерите на 32-та сојузници на НАТО, како и на официјални претставници од партнерските земји. Властите ги заострија безбедносните мерки ширум Анкара во ...
Во Техеран денеска започна погребната поворка во чест на убиениот врховен лидер на Иран, Али Хамнеи, како и на тројцата негови роднини кои загинаа заедно со него. Иранската државна телевизија пренесува слики од поворката со телото на Хамнеи како поаѓа низ главниот град, притоа истакнувајќи дека додавајќи дека во неа учествуваат „огромен број“ граѓани кои дошле да му оддадат последна почит. Хамнеи беше убиен на 28 февруари, на првиот ден од ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно ја нападна италијанската премиерка Џорџа Мелони на социјалните мрежи, објавувајќи нејзина фотографија со коментар дека е „потребна забрана за приближување“. За време на состанокот на Г7 во француското одморалиште Евијан минатиот месец, Трамп и Мелони беа фотографирани како разговараат, но Трамп по тој разговор во интервју за ТВ Ла 7 изјави дека премиерката на Италија го молела да се фотографираат. ...