Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Најстудено со температура од -1 степен Целзиусов утрово е во Берово, 0 степени се измерени во Лазарополе, 1 во Mаврови Анови, 2 во Битола, по 3 во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Тетово, Охрид, Претор, Прилеп, Демир Капија, Струмица и Попова Шапка, 4 во Штип и Велес, 5 во Гевгелија и Kрушево, 6 во Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Кавадарци, а најтполо е во Виница каде е регистрирана температура од 7 степени. Највисока снежна покривка од 62 ...
Водата за пиење во Скопје е безбедна односно, сите примероци земени во рамки на неделната проверка за физичко-хемиска и за микробиолошка анализа одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, секторот за санитарна контрола анализирал примероци од водата за пиење во Скопје земени во периодот од 30 март до 3 април. Биле испитани 183 примероци за ...
Јавната установа Национален парк „Пелистер“-Битола викендов во реонот на Нижо Поле, Цапари, Вртушка и Брајчино постави 40 камери за мониторинг на истоимениот национален парк. Од ЈУНП „Пелистер“-Битола информираат дека активностите се во функција на системите за заштита и следење на природата, преку примена на современи методи за мониторинг и научно истражување. -Во рамки на овие активности, воспоставен е систем за следење на дивиот свет со ...
Припадници на МВР на Србија по наредба на Основното јавно обвинителство во Врање, привеле жител на Северна Македонија, бидејќи во неговото возило пронашле електронски цигари „вејп“ без придружни дозволи, во вредност од 1,3 милиони динари. Лицето е осомничено за сторено кривично дело нелегална продажба на акцизни стоки, соопшти МВР на Србија. Во Прешево, полициски службеници пронашле вкупно 1.303 парчиња електронски цигари „вејп“ од различни ...
На Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје денеска се пуштени во употреба шест операциони сали кои се дел од проектот за реконструкција на вкупно 10 операциони сали во вкупна вредност од 282 милиони денари. Реконструираните сали се на Оддел за трауматологија при клиниката за ТОАРИЛУЦ, две на Клиниката за урологија и две на Клиниката за детска хирургија. - Ќе добиеме оперативен блок со светски стандарди така што нашите млади доктори ...
Вчера во скопското село Кучково беше спроведена акција за пошумување, при што „Патриотско друштво“ засади 1100 нови садници. Во активноста учествуваа околу стотина млади, кои дадоа свој придонес во засадувањето. Настанот започна со литургија во црквата „Свети Петар и Павле“, а потоа следеше самата акција на терен. По нејзиното завршување, за учесниците беше организиран заеднички ручек со посен грав. Инаку, пред две недели, истото друштво ...
Водата од водоводот Лукар е исправна и може да се употребува за пиење, известија денеска од јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци, откако претходно, на 3 март, кавадаречкото и неготинското комунално претпријатие, соопштија дека е заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите и беше потребно да се преврива. - Сектор водовод при ЈП „Комуналец“ Кавадарци на карактеристични места низ градот направи интерни испитувања ...
Иран одговори на ултиматумот од американскиот претседател Доналд Трамп со објавување нови закани за Ормуската Теснина, што е витална артерија за глобалните испораки на нафта и гас, јави ДПА. „Ормуската Теснина ќе се отвори повторно само кога, според нов правен режим, штетите од наметнатата војна ќе бидат целосно компензирани од дел од приходите од бродарина за транзит низ преминот“, изјави синоќа на Икс, Мехди Табатабаеи, службеник за ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа се чини дека го одложи својот ултиматум до Иран за уште 24 часа, сега поставувајќи го „вторник во 20 часот“ по источно време, што е 2:00 часот наутро во среда по средноевропско време, за нов краен рок. „Вторник, 20 часот по источно време“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social. Претходно вчера Трамп изрази верување дека САД имаат добри шанси денеска, понеделник, да постигнат договор со ...
Најмалку пет лица беа убиени во воздушен напад врз станбена зграда во Иран, соопштија властите рано утринава, пренесе ДПА. Во нападот, што иранските власти го опишаа како заеднички американско-израелски напад, рано утринава е погоден централниот град Ком, објави новинската агенција Фарс, повикувајќи се на висок безбедносен службеник во покраината. Спасувачките операции сè уште се во тек, а бројот на жртви може да се зголеми дополнително, ...
Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека „слепо ги следи наредбите“ на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, предупредувајќи дека целиот регион може да биде вовлечен во поширок конфликт. Во објава на социјалните мрежи Галибаф истакна дека, како што рече, непромислените потези на Вашингтон ги туркаат САД кон сериозна криза, со потенцијално тешки последици за регионот. ...
Цените на нафтата на светските берзи пораснаа на почетокот на неделава откако американскиот претседател Доналд Трамп упати нови закани за можна воена акција против Иран што ги зголеми стравувањата од нарушување на глобалното снабдување. Цената на нафтата „Брент“ за испорака во јуни надмина 111 долари за барел, што е за речиси 40 долари повеќе во споредба со периодот пред ескалацијата на конфликтот. Пораст на цената бележи и американската ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде претежно сончево. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 25 степени. Според најавите од Управата за ...
Јубилејните 75 години од своето постоење, кои ги чествува со мотото „Столб на македонското битие“, Државниот архив на Република Македонија денеска ќе ги одбележи со три настани. Во Археолошкиот музеј на Македонија ќе биде промовирана поштенска марка, во Порта Македонија ќе биде организирана средба со претставници на 14 архиви и архивски асоцијации од регионот и од Европа, а вечер во Македонскиот народен театар ќе се одржи свечена академија ...
Последната седмица пред Велигден (Пасха) е Страдална или Страстна седмица, Седмица на маките (страст е црковно-словенски збор и значи: мака, страдание). Страдалната седмица ја претставува последната седмица од Христовиот живот на земјава. Таа е недела на страданијата Господови. Сè е во спомен на последните денови од земниот живот на Спасителот наш Господ Исус Христос: Неговите страдања, смртта и погребението. Оваа седмица се нарекува и ...
После 30 години охридскиот кеј со градското пристаниште и пристаништето кај хотелот Палас ќе добијат нов лик. Последен пат интервенции се направени во 90те години. Согласно проектот кој е во изработка, пристаништата ќе функционираат како марина. Министерот за транспорт и врски Николоски најави дека за овој проект се разговарало и во седиштето на Унеско во Париз се со цел од една страна да се задржи статусот и да се унапреди, а од друга страна ...
Македонија и САД во вторник ќе одржат сесија на стратешкиот дијалог. Настанот е закажан за во доцните попладневни часови по македонско време во седиштето на стејт департментот тука во Вашингтон а Домаќин ќе биде заменик-државниот секретар на САД Кристофер Лендау. Најавено е присуство на прилично голема македонска делегација. Ја предводи шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски а во секој момент во Вашингтон треба да пристигнат и минстрите за ...
Војската на САД успеа да го спаси и вториот член на екипаѓот на борбениот авион Ф15 кој беше соборен над територијата на Иран, објави Трамп порачувајќи дека никогаш нема да остават ниту еден свој пилот зад непријателските линии. САД ја извршија „една од најсмелите операции за пребарување и спасување во историјата на САД. -По моја наредба, војската испрати десетици авиони, вооружени со најсмртоносносто оружжје во светот, за да го извлечат. Тој ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска упати нова закана до Иран, најавувајќи дека САД ќе ги уништат иранските електрани и мостови во вторник, ден откако ќе истече ултиматумот што му го даде на Техеран за отворање на Ормуската Теснина. -Вторник ќе биде Ден на електраните и Ден на мостовите, сè заедно, во Иран. Нема да има ништо слично!!! Отворете ја прокелетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол – САМО ГЛЕДАЈТЕ! Слава му на ...
Истражувачка сторија на британски „Сан“ (The Sun) се наведува дека во Обединетото Кралство просечно по пет албански државјани дневно се осудени од судовите. -Според податоците на Министерството за правда, до септември минатата година, 1.865 Албанци биле испратени во затвор. Албанците ја сочинуваат најголемата група странци во британските затвори, околу девет отсто од вкупниот број затвореници, стои во написот, пренесува „Ора њуз“. Албанските ...
Официјална Софија подготвува дипломатска офанзива во Брисел за одбрана на своите позиции во однос на македонските евроинтеграции. Ова доаѓа во период кога сè погласни се пораките од европските институции за укинување на ветото при прием на нови членки и премин кон квалификувано мнозинство. Бугарската ретседателка Јотова свика итен состанок со европратениците од својата земја, порачувајќи дека е потребна поактивна координација и ангажман на ...
Дизелот по стара цена, бензините поевтини за 2 денари. Владата на вонредна седници одлучи да ја намали акцизата за 4 денари кај дизелот и 2 кај бензините. Продолжува и мерката за пониското ДДВ кај горивата од 18 на 10 отсто, а со Окта договорено е попустот од 2 кај бензините и 3 денари кај дизелот, да продолжи до крајот на април. Мерките стапуваат на сила од утре на полноќ, и според премиерот Мицкоски, ќе придонесат да се зачува стандардот ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив шестмина возеле без возачка дозвола, од кои двајца во Скопје, двајца во Прилеп и по еден во Битола и Свети Николе. Четири лица (по еден во Кичево, Маврови Анови, Скопје и Кочани) возеле иако имале активна забрана за управување со возило, а едно лице управувало возило под дејство на ...
Не постои национална стратегија за решавање на проблемот на родителите на децата со аутизам, затоа што нема регистер, нема Центри за згрижување и во догледно време ќе се соочат со проблем да нема кој да се грижи за овие лица. Наместо работите да се поместуваат нанапред, зашто постојано се зголемува бројот на деца со развојни нарушувања, кај нас од ден на ден е полошо, вели Зоран Мијалков, родител на деца со аутизам. -За аутизмот многу се ...
Една иста компанија во Прилеп во последните неколку години има добиено јавни тендери за дејности кои не се никако поврзани една со друга, односно истата компанија добила јавни набавки од вградување на видео надзор, па се до набавка на новогодишни пакетчиња, средства за хигиена и слично. Додека пак во Крушево 60% од јавните набавки лани се доделени на само една компанија. Ова се резултатите од истражувањето на Finance Think поврзано со ...
Со почетокот на учебната година ќе стартува и првата линија од проектот “Градски воз” од Зелениково до Транспортниот центар. Реконструирани се 65 проценти од 25 –километарската пруга која поминува во Драчево, Ново Лисиче, Кисела Вода, Аеродром и Нова железничка станица. Планирано е возовите да сообраќаат на 1 час , а вечерните часови поретко, со брзина до 90 километри на час. -Во овој момент тие се заменуваат со бетонски прагови коишто беа ...
Католичката црква ги отвори вратите за христијаните кои денеска го празнуваат Христовото воскресение. Со празнична миса, голем број на верници, скопската катедрала беше исполнета со христијани од секаде кои дојдоа да се причестат и помолат за празникот кој ја симболизира победата на животот над смртта. Верниците празнувањето го започнаа синоќа со миса, која ја предводеше бискупот Киро Стојанов, а празнична миса имаше и денеска во сослужение ...
Мисијата Artemis 2 на НАСА веќе неколку дена е во фокусот на вниманието светската јавност. Леталото кое тртеба да направи круг околу Месечината со цел да се обезбеди успешна мисија во иднина, во моментов се наоѓа најдалеку од планетата Земја. Четворицата астронаути кои се во него ја добиваат целосната поддршка од центарот на НАСА во Хјустон, Тексас, а таму се наоѓа и единствената македонка Мартина Димоска. Мисијата Artemis 2 на НАСА веќе ...
Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил. Ова, како што вели. е симбол на новото време со кое Скопје се гради и се развива. Работите се реализираа со засилена динамика, често и во ноќните ...
Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, фондацијата Елеуса од Струмица ја започна реализацијата на традиционалната хуманитарна акција насловена „Сподели дел од својата трпеза , нахрани гладен“. За таа цел, веќе тече дистрибуцијата на 220 хуманитарни пакети со храна и основни продукти кои ќе бидат поделени на исто толку семејства во социјален ризик во рамки на Струмичката епархија. Содржината на пакетите е прилагодена да ги ...