
Скопје
38ᴼ /
38ᴼ



Францускиот претседател Емануел Макрон го повика рускиот претседател Владимир Путин на „итен“ прекин на огнот во Украина за време на нивниот прв телефонски разговор од септември 2022 година, соопшти Елисејската палата. За време на двочасовниот разговор, Макрон инсистирал на започнување суштински преговори за ставање крај на конфликтот. Кремљ соопшти дека Путин пред Макрон ја истакнал потребата секое мировно решение за Украина да биде „сеопфатно ...
Специјализирана операција против трговија со дрога во Турција резултираше со запленување на 825 килограми хероин и апсење на 30 лица, објави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја на својата Фејсбук страница. Операцијата беше спроведена во седум градови во покраината Адана. За време на операцијата беа претресени 38 адреси. Покрај големата количина дрога, истражителите запленија и нелегално поседувано оружје и голема количина дигитални ...
Две лица починаа во Франција поради проблеми поврзани со жештината, а повеќе од 300 примиле итна медицинска помош, соопшти денеска француската министерка за животна средина, Ањес Пание-Рунахер. Голем дел од Франција вчера ја зафати екстремна жештина, при што највисоко ниво на тревога беше активирано во 16 департмани, вклучувајќи го и Париз. Температурите достигнаа над 41 степен Целзиусов во јужна и централна Франција, додека главниот град ...
Кремљ ја поздрави веста дека САД ги прекинале испораките на одредени видови оружје за Украина и оцени дека секое намалување на американската воена помош значи поблиску до крајот на војната. - Сфаќаме дека причината за оваа одлука е недостиг на оружје во американските магацини. Во секој случај, колку помалку оружје се испорачува на Украина, толку поблиску е крајот на специјалната воена операција, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. ...
Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера околу 19.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на пешачка патека во близина на ул.„Ленинова“ во Скопје, мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.Н.(68) од Скопје, по што мотоциклистот го напуштил местото на настанот. - Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а со телесни повреди се здобил сопатникот од мотоциклот Х.И.(26) од Скопје, ...
Скопјанец вчера бил усмртен под сопствениот прозор на кеј кај „Жабар“ од мотор без таблички кој бегал од полиција. Утрово на Фејсбук се појави една трогателна вест за човек кој бил прегазен од мотор под сопствениот прозорец. Статусот го пренесуваме во целост: "Да умрам недалеку од местото кај што се родив", најчесто се поистоветува со човековата желба, честопати вкоренета во чувството на поврзаност со сопственото потекло и желбата за враќање ...
Агенцијата за храна и ветеринарство остро реагираше на, како што вели, „лажните и манипулативни тврдења“ на градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, изнесени во негов статус на Фејсбук. Според АХВ, Костадинов дрско и безобразно ја манипулира јавноста и свесно ја довел во заблуда околу безбедноста на водата за пиење во повеќе струмички села и селективно го прикажал значењето на една судска одлука. Судската одлука на која се повикува ...
Ако ви бараат пари за операција, не сте задоволни од третманот, долго чекате термин за специјалист или со месеци немате резултати од направено снимање од денеска можете да пријавете на веб страницата на министерството. Пријавата е анонимна, но ако сакате објавете видео, фотографии или оставете контакт доколку имате сериозен проблем. Секој месец јавно ќе се посочуваат најчестите проблеми со кои се соочуваат пациентите во јавното здравство. - Ние ...
Повеќе пари за повисоки плати во МВР, законско зголемување на пензиите, нови вложувања во одбраната, помош за општините, но и поголеми капитални расходи за ифраструктурни инвестиции. Пари за овие намени во државната каса ќе влегуваат од неданочни приходи: такси, концесии и приходи оставрени преку Народната банка. Ова според Министерството за финансии се клучните компонентни на ребалансот на буџетот кој од оденеска влегува во собраниска расправа. ...
Предметот за трагедијата во дискотеката „Пулс“, пристигна во рацете на судиите од скопскиот кривичен суд. Денеска после пладне, со две возила и полициска придружба се донесени доказните материјали против 34-та обвинети. Бројни документи, вештачења, искази на сведоци но и многу снимки се дел од доказите со кои се поткрепува случајот против 34-та обвинети. Од кривичниот суд преку писмено соопштение ги објаснуваат следните чекори – прво ќе се ...
На улицата каде што секојдневно поминувал, пред зградата во која живеел со години, токму тука вчера загина маж откако беше прегазен од мотор, на само неколку чекори од неговиот дом, под неговиот прозорец. Чичко Југо, како што го нарекоа соседите со кои разговаравме, излегол вчера да фрли ѓубре во приквечерието, но на пат накај дома на пешачката патека која е под неговиот прозорец е удрен од мотор, модел Кавасаки. Од силниот удар и повредите тој ...
Армиски и полициски возила кои со години фаќаат прашина во магацини летово ќе гасат пожари на тешко пристапен терен. Дел од опремата е веќе модернизирана. Очекувањата се дека ќе бидат подготвени 60-ина вакви возила, опремени со резервоари за вода до шест тони. „Дел од застарената и магационирана опрема, како што се БТР 70, 80, старите хермелини, пинцгауери и слично, коишто беа во магацините на министерството за одбрана и министерството за ...
Премиерот нема дополнителен коментар по она што го кажа на вчерашната прес конференција со еврокомесарката Марта Кос. Владата фокусот го става на враќање на изгубените позиции и обид на светот да му ја покаже реалната слика за проблемот кој Македонија го има со Бугарија Дека Уставните измени не се единствената желба на Бугарија денеска констатираше и шефот на дипломатијата. Според него, срамен е обидот на официјална Софија во 21 век да прави ...
Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера околу 19.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на пешачка патека во близина на ул.„Ленинова“ во Скопје, мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.Н.(68) од Скопје, по што мотоциклистот го напуштил местото на настанот. Од здобиените повреди, Ј.Н. починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. На социјалните мрежи се огласи и ќерката на загинатиот скопјанец ...
Пописот не е и не смее да биде политичка тема, вели премиерот Христаијан Мицкоски, нагласувајќи дека „нас ни е потребна вистинска бројка за да знаеме како да ја развиваме државата, додека „политичките теми поврзани со проценти, со бројки, права итн., тоа е завршено“. Електронски попис, според Мицкоски, треба да направиме од проста причина што треба да знаеме со што располагаме по критериумите дефинирани на Евростат. -Јас не реков дека тоа ќе го ...
На 30.06.2025 во 19.00 часот во Полициската станица Демир Хисар е пријавено дека на место викано „Вис“, во атар на с.Единаковци, општина Демир Хисар, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.В.(24) од с.Бараково, демирхисарско и мотоцикл со демирхисарски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од Демир Хисар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а ...
Вчера во 22.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул.„Христијан Тодоровски-Карпош“ со ул.„Цетинска“ во Скопје, патничко возило „ауди а4“ со скопски таблички, управувано од 68-годишниот И.И. од с.Тисовица, скопско, се превртело на коловозот. „Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатничките Ф.И.(64) од с.Тисовица, скопско и Н.Ш.(28) од с.Елово, скопско, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште двајца ...
Секторот за внатрешни работи Куманово до Основното јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против М.А. (37) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривични дела „проневера во службата“ по чл.354, ст.3, во врска со ст.1 и во врска со чл.45 и „фалсификување или уништување деловни книги“ по чл. 280 ст.2 во врска со ст.1 во врска со чл.45 од КЗ и против Ј.А. (52) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека ...
Расправата за ребалансот на Буџетот продолжува утре во матичната Комисија за финансирање и буџет. Денеска на првиот ден од расправата, пратениците од власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за тоа кој повеќе направил на економски план за државата. За пратениците од владејачката ВМРО-ДПНЕ, ребалансот е реален и гарантира економски раст и подобрување на животниот стандард, а за опозицијата е доказ дека е направена краткорочна политичка ...
Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија денес ќе ја има последната контрола пред настапот на ЕП дивизија Б во Ерменија. Противник на младинската репрезентација (играчи до 20 години) ќе биде јуниорската селекција на Македонија, која пак се подготвува за настап на Европското првенство А дивизија за играчи до 18 години. Избраниците на селекторот Горан Самарџиев досега во делот од подготовките одиграа два контролни натпревара со ...
Фудбалерите на Борусија Дортмунд обезбедија пласман во четвртфиналето на Светското клупско првенство, откако синоќа во последната преостаната осминафинална пресметка го совлада мексикански Монтереј со 2-1. Противник на Борусија Дортмунд во четвртфиналето ќе биде мадридски Реал, кој обезбеди пласман меѓу осумте најдобри екипи со триумфот од 1-0 над Јувентус. Преостанатите четвртфинални двојки на Светското клупско првенство кое се одржува во САД ...
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди го заврши својот претстој во турска екипа Бодрум и од денеска е слободен играч. Клубот денеска на социјалните мрежи и официјално му се заблагодари на Барди за придонесот. Македонскиот репрезентативец шест месеци го нозеше дресот на Бодрум, откако се пресели од Трабзон во јануарскиот преоден рок. Барди ќе има нова средина, а интерес во своите редови да го видат имаат екипи од Турција ...
Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја совлада втората светска тенисерка. Во првиот сет двете тенисерки имаа по еден брејк. Јастремска поведе со 5:2 во гемови, но Гоф изедначи на 5:5 и сетот беше решен во тај брејкот. Во вториот сет тенисерката од Украина веднаш на стартот ...
Седумкратниот победник на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, не дозволи неговиот дуел против Александар Муле да влезе во нов ден и пред полноќ успеа да го скрши отпорот на Французинот, совладувајќи го со 3-1 во сетови (6-1, 6-7 (7), 6-2, 6-2). Шестиот тенисер во светот до победата на централниот терен на „Ол Ингланд Клуб“ дојде по три часа и 20 минути игра. Противник на Ѓоковиќ во 2. коло ќе биде домашниот тенисер Даниел Еванс. Британецот го почна ...
Екипата на Милвоки Бакс го отпушти Демијан Лилард. Одлуката е изненадувачка бидејќи клубот ќе мора да му исплати 113 милиони долари, како дел од двегодишниот договор. Сепак Милвоки оваа сума ќе треба да ја исплати во период од пет години. Како причина за прекинот на договорот е и повредата (скината Ахилова тетива) на Лилард за време на годинашниов плеј оф и најверојатно ќе треба да ја пропушти целата следна сезона. Управата на Милвоки на ваков ...
Иранската војска минатиот месец натоварила подводни мини на бродови во Персискиот Залив, што дополнително ги зголемило загриженостите во Вашингтон дека Техеран се подготвува да го блокира Ормускиот теснец по израелските напади врз цели низ Иран, изјавија двајца американски претставници, пренесоа британските медиуми. Подготовките за минирање на важниот воден пат, кои претходно не беа објавени и кои ги откри американската разузнавачка служба, се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека Израел се согласил со условите на конечниот договор за 60-дневен прекин на огнот во Газа, за време на кој ќе се вложат напори за завршување на војната во палестинската енклава. „Израел се согласи со потребните услови за конечен, 60-дневен прекин на огнот, за време на кој ќе работиме со сите страни за да ја завршиме војната“, рече Трамп преку социјалните медиуми. „Катарците и Египќаните, ...
Обвинителството во соопштението наведува дека во април била започната итна потрага по осумте лидери по извештаите дека тие биле повикани на распит од фронтот Армандо Риос, отцепена група од Револуционерните вооружени сили на Колумбија (FARC) кои дејствуваат во тој регион на земјата. Истрагата утврди дека двајца од лидерите биле повикани на 4 април, додека другите шестмина биле повикани три дена подоцна за да бидат „испитани“ за евентуалното ...
Забавувањето на дел од испораката на оружје што ѝ го вети администрацијата на поранешниот американски претседател Џо Бајден на Украина се случи во последните денови, велат изворите, додавајќи дека меѓу доцнењето на испораките имало пресретнувачи за воздушна одбрана наменети за соборување на руски беспилотни летала и ракети. Пентагон изјави дека му дава можност на претседателот Доналд Трамп да продолжи со воената помош за Украина во согласност ...
Известителката на Парламентарното собрание на Советот на Европа за Србија, Викторија Тибло, по повод масовниот протест за Видовден во Белград, објави дека е „длабоко загрижена за ескалацијата на тензиите“ во земјата . Таа додаде дека жали што митингот завршил со судири меѓу демонстрантите и полицијата што го обезбедувала кампот на поддржувачите на владата. Таа истакна дека по 15 март, во главниот град на Србија се одржа уште еден масовен ...