Бројот загинати во двата силни земјотреси што пред околу една и пол седмица ја потресоа Венецуела се искачи на 3.342, покажуваат официјалните податоци објавени денеска. Претседателот на Националното собрание на Венезуела, Хорхе Родригес, соопшти дека околу 16.740 лица се повредени, а повеќе од 17 илјади останале без своите домови. Земјотресите со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени ја погодија Венецуела на 24 јуни, по што следуваа серија послаби ...

Руски ракети и дронови го опустошија украинскиот главен град рано утрово, при што загинаа најмалку девет лица, а повредени се 46 луѓе, соопшти на Телеграм шефот на киевската градска воена управа, Тимур Ткаченко. Спасувачките тимови извлекуваа станари од зградите оштетени во ноќниот напад, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Меѓу загинатите се и две лица чии тела спасувачките служби ги извлекоа од тешко оштетена станбена зграда во ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика сојузниците да донесат „цврсти одлуки“ на самитот на НАТО, кој ќе се одржи утре и задутре во Анкара, по руските напади во Киев и регионот, во кои беа убиени најмалку 14 лица. „Од исклучителна важност е светот — на прво место САД и нашите европски партнери — да излезе од самитот во Анкара со јасни и цврсти одлуки за поддршка на нашата противвоздушна одбрана и така да го заштити животот на ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, во второ читање. Ова е трет ден од општата расправата во матичната собраниска Комисија, по што ќе продолжи со амандманска расправа. По предлог ребаланост на Буџетот за 2026 година, поднесени се вкупно 224 амандмани, од кои од ДУИ – 87, СДСМ – 78, Левица – 51 и од Коалицијата ВРЕДИ осум ...

Со изведување на материјални докази од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството, како што е најавено, треба да презентира листинзи од телефонска комуникација, со што од материјалните докази предложени од обвинителството ќе остане уште изведување на градежно вештачење и произнесување на вештите лица. ...

Еуролинк осигурување го зголемува својот капитал за 5,85 милиони евра преку докапитализација обезбедена од матичната компанија Grazer Wechselseitige Versicherung AG (групација ГРАВЕ) со седиште во Грац, Австрија, една од водечките европски осигурителни групации. Одлуката беше разгледана на Собранието на акционери, а со нејзиното усвојување вкупниот капитал на Друштвото надминува 20,5 милиони евра. Со докапитализацијата, вкупниот капитал на ...

Репрезентацијата на Англија успеа да се пласира во четврфтиналето на Мундијалот откако ноќеска го совлада Мексико, еден од домаќините со 3:2. На тој начин Англичаните се изборија за европско четвртфинале против Норвешка. Англија поведе со 2:0 со двата „брзи“ гола на Џуд Белингем, кој погоди во 36.минута и во 38.минута. Сепак неизвесноста ја врати Жулиан Куинонеш со голот во 42.минута кога намали на 1:2. Од 54.минута Англичаните играа со ...

Норвешка предводена од двојниот стрелец Ерлинг Халанд извојува синоќа сензационална победа над Бразил од 2-1 и се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство во фудбал. Ѕвезда на натпреварот беше незапирливиот Халанд, кој ги постигна двата гола за Норвешка, најпрво со глава и донесе водство на Норвешка во 79. минута, додека во 90. минута го удвои водството со прецизен удар од работ на шеснаесетникот. Нејмар од пенал во десеттата ...

Поморската трговија помеѓу Иран и Катар е обновена по речиси петмесечна пауза, изјави денеска иранскиот трговски аташе во Доха, Абас Абдолхани. Тој истакна дека бродскиот транспорт помеѓу иранското пристаниште Дајер и катарското пристаниште Ал Рувеис е обновен по координацијата меѓу Амбасадата на Иран во Доха и катарските власти. Претходно, Министерството за транспорт на Катар објави дека земјата ги обновува сите поморски активности со ...

Украина одби прекин на огнот во Костјантинивка, со што би се олеснило утрешното предавањето на посмртните останки на украинските војници, соопшти руското Министерство за одбрана. Претходно, Русија предложи шестчасовен прекин на огнот околу Костјантинивка, а Украина имаше рок до денеска да одговори. Руските команданти во петокот соопштија дека ја презеле контролата на Костјантинивка, но Украина демантираше. Москва подолг период се обидува да ...

Од училишни дворови до улици – насилството меѓу малолетниците станува се побрутално, оценуваат експертите. Сцените од тепањето девојче во Аеродром и нападот со нож врз 12 годишник во Шуто Оризари се последни во низата инциденти што ја разбудија јавноста и го вклучија алармот во институциите. Изразената изолација кај младите, дисфункционалните семејства, лошата социјална положба, според експертите се основата на врсничкото насилство. ...

Пожарот кој пред неполн час избувна во објект кај „Рампа“, благодарение на брзата, храбра и професионална интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, во рекордно време е ставен под контрола и локализиран, објави на Фејсбук скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. Со тоа, додаде градначалникот, беше спречено негово проширување кон околните објекти и избегната е поголема трагедија. -Фала Му на Бога, жртви нема. За жал, еден ...

Во текот на изминатото деноноќие полицијата лиши од слобда пет лица и со тројца извршен службен разговор во вкупно девет пријави за семејно насилство во Скопје, Куманово, Тетово, Велес и Штип информираат од Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 22:40 часот го лишија од слобода Ф.С. (32) од Куманово, по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата мајка. Тој бил приведен во ...

Голем шумски пожар беснее во околината на Солун. Огнот брзо се проширил и зафатил индустриска зона каде целосно се пеплосани две фабрики, што предизвика итна евакуација на локалното население. На терен се 160 пожарникари со над 50 возила, а од рано наутро во гаснењето се вклучени и канаддери и хеликоптери. Жителите велат дека биле немоќни пред огнената стихија. „Го видов пожарот во моментот кога започна. Мислевме дека навреме ќе го стават под ...

Вулканот Етна денеска повторно исфрли пепел, а поради зголемената вулканска активност привремено е суспендиран авионскиот сообраќај на меѓународниот аеродром „Катанија-Винченцо Белини“ на Сицилија. Вулканската активност продолжи откако на 26 јуни се отвори пукнатина во кратерот Ворагине на врвот на Етна. Опсерваторијата за Етна на Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија соопшти дека Етна исфрлила облак пепел во висина ...

Украина во текот на ноќта нападна неколку трафостаници во Крим, како резултат на што полуостровот што се наоѓа под руска окупација остана без електрична енергија, објавија каналите на социјалните мрежи. Цели на украинскиот ноќен напад беа трафостаниците Бахчисарај и Жимино, објавено е на каналот на Телеграм Ексиленова Плус. Проукраинскиот канал Кримски ветер претходно извести за прекини во снабдувањето со електрична енергија низ Крим како ...

Пожар избувна на Бруклинскиот мост во Њујорк за време на градскиот огномет по повод Денот на независноста. Пламен и облак од чад се издигнаа над мостот пред пожарникарите да го изгаснат пожарот. Американските медиуми пренесуваат дека според достапните информации од локалните служби во пожарот никој не е повреден. Две противпожарни возила учествуваа во гаснењето на пожарот, објави градската противпожарна служба. Пожарникари околу 22 часот беа ...

Очекувам да имаме зголемување од околу 2 до 2,5 денари за литар за дизел горивото и околу денар за бензините. Но, да почекаме утре Регулаторната комисија да ги каже последните бројки, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што рече, има зголемување на цената на нафтата од околу 5-6 проценти на светските берзи во текот на минатата седмица и благо зголемување на цената на бензините за 2 до 3 проценти. -Но, и покрај тоа што станува ...

Големиот пожар што доцна синоќа избувна во солунското предградие Ореокастро, зафати бизниси и фабрики, беа евакуирани две села како и установа за лица со хронични заболувања, рано утрово беше ставен по контрола. По битката со огнените јазици што траеше во текот на ноќта, уапсен е 76-годишен маж за предизвикувањ ена пожарот, јави дописничката на МИА од Атина. Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос, за државната ...

Високата предност на партијата во последната анкета ја гледам како потврда за политиките и работата на Владата, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека неговиот фокус останува на реализација на проекти, реформи и исполнување на очекувањата на граѓаните. Одговарајќи на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник за изградба на нов објект во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци, Мицкоски рече дека ...

Од училишни дворови до улици – насилството меѓу малолетниците станува се побрутално, оценуваат експертите. Сцените од тепањето девојче во Аеродром и нападот со нож врз 12 годишник во Шуто Оризари се последни во низата инциденти што ја разбудија јавноста и го вклучија алармот во институциите. Изразената изолација кај младите, дисфункционалните семејства, лошата социјална положба, според експертите се основата на врсничкото насилство. ...

Резолуција против историските блокади на патот кон ЕУ и против понижувачките граѓански контроли за македонските граѓани е усвоено на конгресот на Европската либерална партија Алде во Виена, соопшти ЛДП. Документот поднесен од оваа партија и од партнерите од либералната мрежа на југоисточна Европа бара да запре практиката земјите-членки да го злоупотребуваат ветото за билатерални историски спорови. Резолуција против историските блокади на ...

Огромно мнозинство граѓани го поддржуваат законот за заштита од пушење, покажува вториот дел од анкетата на Маркет вижн за МКД.МК Речиси 84% од граѓаните се запознаени со законските измени, а од нив 68% поддржуваат да се ограничи пушењето цигари на јавни места и во угостителски објкети. Една третина од граѓаните пак се против законските измени кои веќе го поминаа првиот филтер во Собранието, а конечно усвојување се очекува по амандманската ...

Игор Ивановски со јавниот настап во кој искажа сериозни критики кон претседателот на СДСМ предизвика серија реакции на политичката сцена. Од партиското седиште го обвинија Ивановски дека претставува проект под назив ЗНАМ 2.0 и е директно диригиран од премиерот со цел да ја ослабне партијата одвнатре во моменти кога СДСМ ја враќа довербата кај граѓаните а вмро дпмне опаѓа за повеќе од 150 000 гласови. Опозицијата тврди дека платформата на ...

Се поизвесно дека преговорите за Изборниот законик ќе пропаднат по вчерашната неуспешна координација меѓу пратеничките групи во Собранието. Партиите со различни гледишта на владиното барање за гласање на дијаспората, но и на барањето на Левица за Една изборна единица. Премиерот вели дека не е оптимист оти преговорите би можеле да имаат позитивен исход. Уверува дека за ВМРО-ДПМНЕ, се е прифатливо, само да и се дозволи на дијаспората да гласа. ...

На 04.07.2026 полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар, по претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена наредба од Основен суд Гостивар, извршија претрес во објект на С.Б. (63) во с. Здуње, гостиварско. При претресот, во дворот е пронајдена кеса со околу 116 грама хашиш. С.Б. е лишен од слобода и по целосно документирање ...

Почна функционирањето на новиот состав на Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје за новиот мандатен период (1 јули 2026 - 1 јули 2029) по конститутивната седница на Сенатот одржана на 23 јуни 2026. Универзитетскиот сенат ги извршува своите надлежности во согласност со законските и статутарните одредби на УКИМ. Како што објави Универзитетот, по спроведено гласање на конститутивната седница проф. д-р Владо ...

На 04.07.2026 во СВР Велес, полициски службеници, во присуство на родител и социјален работник од Центар за социјални работи Велес, извршија службен разговор со 15-годишник, кој истиот ден на ул. „Алексо Демниевски“ во Велес го одзел возилото „опел“ со велешки регистарски ознаки“, сопственост на О.Т.(63) од Велес и со возилото удрил во бетонски ѕид, по што го напуштил местото на настанот. Набргу, малолетникот бил пронајден и спроведен во ...

На 04.07.2026 во 15:00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Б.(21) од Скопје. Истиот ден во 13:20 часот, жена од Скопје пријави дека на 03.07.2026 на подрачјето на Шуто Оризари, С.Б. се обидел да изврши обљуба врз нејзината 16-годишна ќерка, а пред шест месеци, пријавениот извршил обљуба врз малолетничката, а негов пријател снимал со мобилен телефон. По целосно документирање на случајот, ќе следува ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
1.54
35%
1017
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
3.13
49%
1021
weather icon

Загреб

26ᴼ / 26ᴼ
2.75
39%
1023
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
3.41
27%
1018
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
3.53
35%
1018
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 25ᴼ
1.5
43%
1024
weather icon

Атина

33ᴼ / 31ᴼ
7.6
34%
1013
weather icon

Тирана

35ᴼ / 34ᴼ
1.54
34%
1014
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
3.64
29%
1016
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
9.77
53%
1020
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
1.02
39%
1024
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 29ᴼ
6.08
100%
1016
Currency

61.5217

Currency

53.3095

Currency

71.9016

Currency

37.6328

Currency

38.2957

Currency

65.7252

Currency

7.903

Currency

0.64661

Currency

0.3348

Currency

0.52421

Currency

1.11625

Currency

0.55894

Сребро

2099.49

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.36

Паладиум

43596.41

Платина

56263.81

Бакар

13.39

Злато

141562.95

Калај

55.56

Цинк

0.00

Родиум

278907.73

Иридиум

252383.36